Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. slatka.slatka.mala99

    slatka.slatka.mala99 Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    како и да е што и да се случува во нивниот живот не е толку важно секако заедно се тие двајцата ....
    туку мојот проблем е во тоа што неможам да го прифатам животот без него неможам да го поминувам денот а да не седам во соба затворена и да не мислам на него , сакам се да се промени сакам да бидам таа што бев само незнам како да почнам како да го ЗАБОРАВАМ :)
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Кристалин, сите имаме своја животна приказна. Тој те прифатил тебе во секој поглед, меѓутоа семејството е веќе друга приказна. Ако тој зад себе нема брак, тогаш многу потешко ќе биде прифаќањето од страна на неговите родители и можеби тој подготвува терен за такво нешто. Не ме сфаќај погрешно, не дека ти си направила криминално дело, туку балканскиот менталитет уште е длабоко всаден во нашите семејства, а посебно во генерациите чии бракови датираат од пред распаѓањето на Југославија и тешко родителите ги прифаќаат љубовите на своите деца кога тие се во врска со некого кој зад себе имал брак . Кај мајката постои некоја патолошка љубомора и себична љубов кога се работи за синчето. Дај му време, уживај во она што го имате, гради ја својата врска постепено, не се заморувај со небитни прашања, уживај во она што ти се случува, а останатото остави му го него.Тој е нивни син и само тој може да ја контролира таа релација.
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Kукличке,а што му случило,некоја девојка ли го повредила толку многу?
    би требало да пробаш да не го притискаш многу ,остави работите да течат по свој тек,биди пријателски настроена кон него,нека ти се отвори,да стекне доверба,зашто ти за него си непозната личност а и тој е доста ранлив сега и е збунет многу,и ќе му треба време.значи пробај да му дадеш време да се запознаете,тој сам да посака да биде со тебе,се ќе се среди верувај ми,само имај трпение.
     
  4. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    13
    Одам со дечкото 6-7 месеци. Пред него сум имала само 1 секс.партнер-бившиот дечко. Сегашниов никако не можеше да се помири со тоа, тој си имал замисла дека треба да има сериозна врска само со невина девојка(иначе и двајцата имаме 20+години). Цело време ми спушташе муабети за тоа, па после дозна дека се имам мувано со некој негов познаник и за тоа паничеше, иако 2-3пати имам излезено со тој.. после тоа пак тој ме бараше, вели дека ме сака екстремно, ама тоа минато константно ни прави проблеми. Јас пукнав зашто не можам да ја трпам таа негова болна љубомора за нешто што поминало и не е важно, никаков контакт немам со бившите и му кажав да прекинеме такви муабети, да забораме на минатото и да бидеме среќни. Цело време вика дека и тој сака да е така, а пак го прави истото..де ќе го види бившиот, де ќе му текне нешто и се менува спрема мене сто посто. Дури кажува дека ме замислувал со бившиот во кревет. Јас пукнав и му реков да одлучи како сака, зашто вака не можам да издржам и не можам да сменам ништо што поминало. Типот воопшто не покажа разбирање и ладнокрвно ми рече- јас и ти раскинуваме, терај си работа. Просто не ми се верува што ми се случи. Живеевме заедно 7 месеци, се делевме буквално. Не знам како да ја сфатам неговата одлука, дали не ме сака доволно или пак сфатил дека не може да свари некои работи па најбезболно би било да се отераме у курац. Иако не ми е многу сфатливо, ако некој стварно сакаш како што тој вели дека мене ме сака, мислам дека не би му влијаеле толку некои работи што поминале. Сепак само еден постоел пред него. Мислење?
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    5.394
    мое мислење дека добро што завршила работава. Ако не тој ти ќе си му раскинела за кратко. А и што ќе ти е таков кога за година две или понатаму во животот при секој проблем тој ќе ти спомнува глупави работи кој тебе ќе те болат. Уживај во животот ќе најдеш некој со повеќе разбирање и љубов, љубомората не треба да биде во твоето опкружување.
     
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Нема право да те осудува за минатото. Заслужуваш дечко кој нема да мисли со кој си се смувала пред 5 години. Очигледно типот си зацртал во главата дека мора да и биде прв и последен на некоја па тоа што си имала некој пред него никако неможе да го прифати. Подобро што сте раскинале. Подобро да бидеш сама и подоцна да си најдеш дечко кој нема да биде опседнат со твоето минато отколку да бидеш со некој кој цело време ќе ти префрла за глупости.
    Заслужуваш подобар... ;)
     
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    да бре,па ако сакал до толку невина-зошто и тој не се чувал невин и супер ,ќе имал сериозна врска каква што сакал :clap: .
    зошто и ти не му префрлаше за неговото минато?и јас така бившиот го трпев,моето минато му сметаше-па и јас му префрлив за сите негови секс партнерки додуша и прв ми беше па почна да ме споредува со негова бивша на која и бил прв |( ,е ова ми беше врв ,па се ставил пријател со неа на фејсбук и прекинав со него.
    додуша,велиш дечково сакал се да отерате во неповрат,мислам имавте ли некакви проблеми додека живеевте заедно?
    а за љубомората негова можам да речам не е тоа од љубов,иако зависи од личноста-некој навистина го боли ,некој изведува заради егото,сепак биди среќна што сте раскинале,не ти треба болна љубомора ,ќе сретнеш подобар дечко кој нема да отценува по тоа дали си скината или не.поздрав и ти посакувам се најубаво :hai:
     
    На homealone му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Многу е важно тоа што сакаш да му помогнеш, а мислам дека тоа најдобро ќе го постигнеш со многу разговор и буквално да му се доближиш најблиско што можеш до срцето, до душата. Да види дека може да ти верува и тогаш ќе се отвори пред тебе, а кога убаво се ќе ти каже мислам дека ти ќе знаеш како да постапиш. Се зависи од проблемот, а ти проблемот не го наведе, така да не би можела да ти дадам конкретен совет.
    Инаку секоја чест што ти си го презела првиот чекор, јас на пример незнам дали би можела да направм такво нешто без разлика колку и да го сакам. :)
     
  9. kuklicka

    kuklicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    9
    охххх ќе пробам да бидам повеќе трпелива, па времето само ќе си кажи, друго ништо не ми преостанува освен да чекам
     
  10. martina98

    martina98 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    10
    Здраво на сите...јас искрено направив профил тука само затоа сто во моментов имам гооолем проблем и сакам да видам васе мислење.Јас сум во врска со дечко сто е 10 години помал од мене...знам дека тоа не е во ред затоа сто тој е помал толку време ама мене ми е убаво со него навистина убаво.Во последно време и не ми одеше така лесно во љубовта бев премногу разочарана и посакав да имам несто на сто нема да се надевам многу само да се препуштам и да уживам без да очекувам ништо од него.Ве молам извинете ако ваква тема постои на друго место затоа што немам баш многу време за да ги пролистам.Ве молам дајте ми некој совет затоа сто поради моите дома имам ужасна вина а несакам да ја имам.Поздрав до сите :(
     
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    ^
    Аааа проблемот беше ??
     
    На martina98 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Проблемот беше изгледа што оди со дечко кој е 10 години помал од неа. Ако ти е убаво на тебе во таа врска, ако се сакате и почитувате меѓусебно, не гледам проблем овде јас. Годините не се предуслов за љубов нели? А и не гледам зошто би имала вина поради твоите. Ако ти мислат добро, ќе те поддржат. Покажи им дека ти е убаво на тебе, дека си среќна. Верувам дека ќе те поддржат и тие.
     
    На martina98 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Мартина honey, објаснувањето не ти е најдобро што точно те прави да се чувствуваш виновно, тоа што си со него? тоа што ти е забава? или реакцијата на твоите?
    Според тоа што го кажуваш ти немаш конкретен проблем само многу мало себе почитување (sorry). За да бидеш со некого помал/поголем за кој си свесна дека не треба да бидеш,треба навистина да постои љубов, а ако ти е забава може да си најдеш врсник,а не самата на себе да си нафрлаш нешто што не постои

    love :inlove:
     
    На martina98 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. klinkata

    klinkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    88
    Јас сум прва година а он е седмо оделение.. детето и психички и физички не личи на седмо ... Двајцата се свиѓаме ама јас се двоумам дали да бидам со него затоа што другарките ми се смееат кога ќе слушнат колкав е,а камоли другите кога после ќе дознаат :/ Што мислите да бидам во врска со него затоа што годините не се важни или не затоа што ќе бидам исмејувана од луѓето околу мене?
     
  15. kegi22

    kegi22 Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Со дечко ми сакаме да се земеме но моите дома не ми даваат да бидам со него не го сакаат. Со него се договоривме да се земеме кога ке се вработам а тоа скоро ке биде, инаку тој работи. Сега проблемот е после како да им кажам тие несакаат ни да слушнат за него ми велат ако сум со него нема ништо да ми дадат ни алишта ни колата ни пари буквално ништо. Тој ми вели полека да си ги собирам алиштата и да му ги давам незнам дали тоа ке биде правилно. Ве молам помогнете ми да го решам проблемот
     
  16. Angy.g

    Angy.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    30
    [СДК] Сакам да кажам...

    Дај помагајте..можит ќе ме мислите како несозреана личност шо прашвам вакви работи..ама ако.
    Епа вака..сакам да излезам со поранешниот дечко,ама ако ги прашам моиве немат да ме остат..затоа незнам шо да прам..ако излезам,ќе требит да ги измамам моиве,а несакам..еден период само со лажење поминував..а сега не сакам пак истово да го правам,меѓутоа сакам да излезам со дечково..ве молаам за совеет :sweat:
     
  17. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    клинката во прва година нема потреба да се заараш со муабети. Секако репутацијата е важна,но ако ти се свиѓа гоу он грл ако убаво ви оди. Немора да значи дека целиот свет мора одма да знае дека сте заедно 1-2 не е проблем. Сме имале случаи по 10-20 години разлика. Уживај

    кеги треба да седнеш до двете страни прво треба да си 100% сигурна дека сакаш да се омажиш,потоа да зборуваш со твоите зошто точно не го сакаат. Ако пак не се согласуваат покажи им ја љубовта кон него,покажи заби,ќе омекнат родители ти се те сакаат!

    Анги.г јас неможам да ти помогнам доколку не ми кажеш што се десило со тој дечко и зошто твоите не го сакаат
     
    На klinkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lalitas

    lalitas Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    Здраво девојки, ми треба вашата помош. Имам 14 години за некој месец ќе полнам 15, и 1 година економско сум, мојот проблем е тоа што сеуште се немам мувано, а не сум некоја срамежлива ниту пак премногу отворена. А и страв ми е дека ако прифатам со некој нема да знам да се мувам и не знам што да правам.
    Ви благодарам :)
     
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно де, на 14 години не ни сум се замарала со ова. Не брзај. ;)
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    имас време нема за сто да се брзас :!: а кога ке ти дојде моментот за тоа се ке биде ок :)