Јас барам мислење и од машка и од женска страна.. дали е можно, женското да свиѓа некој (не сакам да речам сака), но машкото не ја свиѓа неа, работитете после некое време (недела, две, незнам) да се свртат..односно машкото да почне да ја свиѓа девојката..не е битно дали она уште го свиѓа него или не..(прашањево важи и во обратен случај, он ја свиѓа неа она него не, па после почнува да го свиѓа, али пошто сум женско, секако го потенцирам првиот случај) можно ли е тоа да се деси? И ако да, од што зависи? Се надевам на повеќе мислења
Епа доколу е можно, зошто и како тоа се случува? Ве молам немојте на прашање да ми одговарате со прашање си имам мака..кој знае поубаво да објасни нека одговори
Совет :/ Незнаев каде да ја отворам темава и незнам дали е ОК во овој дел Вака : Пред една година одев со едно момче, се запознавме случајно, на свадба почнавме да контактираме, се океј, и почнавме врска која траеше 6 месеци. Ептен си одговаравме, се разбиравме пред се. После тоа ми раскина, онака без да ми наведе конкретна причина само ми рече дека немал доверба во мене. Инаку не се изневеривме, барем од моја страна немаше неверство, знам дека и од негова немаше. После разделбата не контактиравме воопшто, цело лето. Кога дојдовме во Скопје (двајцата сме студенти, тука во Скопје) ненадејно почна да ми пишува, да ми се јавува, да стапува во контакт преку заеднички пријатели, да се интересира за мене. Мене ми е многу чудно пак да контактирам со него, зашто се плашам дека ќе ме сфати погрешно, незнам, ми е страв дека ќе почне да мисли дека сакам да ја обнвам врската. Навистина ептен си го сакам, уште му верувам, но не си давам надеж дека ќе сме пак заедно. Што да правам? Гледам дека сеуште има хемија меѓу нас, но се плашам да се опуштам во комуникација со него, кога разговараме, се чувствувам стегнато, ми е страв да сум јас таа што сум. Искрено не очекував да стапиме повторно во контакт, бидејќи ми нагласи еднаш дека не контактирал со бившите. Целата ситуација ми изгледа како „ем сами, ем зафатени“. И двајцата цело лето немавме други партнери .... И сега што....?
Совет :/ како можиш уште да му веруваш,а велиш дека ти раскинал без никаква причина...мое мислење е дека ти се јавил онака од забава...зошто не ја играш неговата игра,и се понашаш онака баш ладно спрема него,па да видиш како ќе реагира на тоа...без навреда ама мислам дека не е баш искрен со тебе...
Значи нему сето тоа му е кажано, дека е себично од негова страна и дека е рано. Ама тврди дека го сака тоа со мене, од една страна бидејќи со мојте имаме проблеми и не можеме ептен често да се гледаме,од друга страна дека имало услови за тоа, финансиите не се проблем, идејата не му е лоша ама за некоја година... Јас прво мислев онака го кажува тоа, ама кога осетив при односот дека не се трга се изнервирав. Ме збуни ептен со идејава, некоја задна намера да нема, не сум способна да размислувам и јас, се надевам само тестот ќе биде негативен во случај да не купиме утре апче..
Тиквичке, рецни го еднаш засекогаш! Ти раскинал за банална причина, којзнае што навистина била причината, оти ако толку те разбирал, секако би имал доверба во тебе. Ти викаш дека нема надеж од твоја страна, штом нема, окончај си со него и терај даље!
Абе жено божја не се заебавај! И ја сакам деца и дечко ми ама брат не се напињаме и двајцата иаме по дваесет и една/две години. Не за едно за шес деца имаме време! Сврти му муабет не се зезај! Така се прават деца ќе си го родиш и тоа само ќе си се чува првите 3 години.Мислете малце. Верувам дека многу сака и верувам дека ако ти го сакаш го разбираш.Ама подзамисли се. Со средно како ќе го чуваш? Недај боже да те остаи
Цело време не контактиравме, нема надеж од моја страна, зашто мислам: „зошто би била со некој кој не ми верува “ ама упорно ме контактира, се интересира, зошто, како, што било со мене .... Сето тоа ми прави еден куп збунки
Ти реков, прекини секаков контакт. Ти си го преболела, зошто да се враќаш на старо? Ако уште имаш чувства, тогаш во ред, може ќе се среди. Али ти викаш дека не го сакаш веќе, дека немаш надеж, дека не сакаш да се смириш. Зошто не го игнорираш? Само така верувај, нема да имаш збунки.
Ее моево проблемче е тоа што јас сеуште имам чувства за него , ама некако како да си ги потиснувам, зошто самата си викам дека нема надеж. И кога решив да го игнорирам тој се врати .....
Спојлер Врската е нешто кое треба да ти го разубавува животот, да ти биде прибежиште од сите проблеми и сите сивила кои ни' ги приуштува животот. Кога ќе видиш дека тоа го нема и згора е некој кој постапува на начин кој те нервира и те тера да мислиш на него и зошто така прави и зошто овака не прави... Зошто да бидеш дел од нешто кое те измачува, а е креирано да биде нешто во кое ќе уживаш? Во 21 век сме, сега и во брак ако се почувствува некој неудобно, измачувано и несреќно, не трпи, не па во врска. Мани го таму, уживај си во годините, учи, надградувај се, забавувај се и не дозволувај некој кој и самиот не знае шо сака да те натера да скршнеш од патот.
после цела година одложување конечно се согласив да се обидеме ние двајца,беше пред 2 недели и од тогаш неколку пати ми има кажано да одиме на кафе ама некако несакам немам доверба во него,дури несакам да бидам видена со него бидејки сите ми зборат семејството му било такво-онакво,некако неможам да се замислам во иднина со него,во тие 2 недели ме викна еднаш-двапати на кафе ама некеко како несигурно и не се согласив,во тие 2 недели се видовме во саботата само и тоа не ме викна тој да излеземе заедно туку си излегов со другарките(инаку не им кажав на другарките дека сме заедно,туку дека уште размислувам) и тој дојде со еден другар и цела вечер стоеше со мене и јас веке си имав пијачка ама ни од култура не ме ни праша што ке пијам,и најмногу ме погоди моментот кога ми кажа дека некој негов другар му се лутел бидејки мислел дека тој оди со девојкаму и ама не било точно и си помислив ако другарму така го обвинил макар и без причина значи правел некои такви глупости и кога ми дојде едно гроооозно чувство,и на крај не се ни понуди да ме однесе дома туку си отиде со другар му а ние со такси си отидовме,знам дека чувствувам нештокон него ама ми изгледа нестабилен а мене ми треба некој кој одвај ке чека да ме види,да ме гушне,некој со кого ке шетаме фатени за рака,некој стабилен сепак не сум тинејџерка,а ке заборавев да кажам се слушаме неколку пати дневно ама последниве 2 дена само на 1 мин.дневно сме и се си мислам дека ке најде причина да се скара со мене или ке го снема бидејки уште 3 дена ми е роденден за да не ми купи поклон,не оти до поклон ми е дојдено и така на конец виси и толку ке е,проблемот е дека сум свесна дека и не е за мене ама несакам да раскинувам и да се нервирам баш пред испити кога треба да учам
^ Ти сакаш некој кој едвај ќе чека да те гушне и да те фати за рака, а понудите за кафе му ги одбиваш! Е навистина не те рабирам...
Секако дека нема да му веруваш од прво гледање, дај му време, запознај го убаво па после суди! Ти несакаш ниту на кафе да одиш со него, а велиш дека била ваков таков, претпоставуваш дека ќе се изгуби баш за твојот роденден. Јас од ова заклучив дека ти всушност не си дозволуваш самата на себе да го запознаеш убаво и да донесеш одлука за него.
Девојки ве молам за малку помош Пред неколку дена братучетка ми ми се довери. Има 16 години (за некој месец 17), има дечко 19 години мислам дека, и во врска се околу една ипол година. Таа ми има раскажувано дека им е одлично во врската, до сега немале никакви расправии, се знае со неговите родители, пресреќна е. Но сега во скоро време излегол еден проблем..тие биле понекогаш за викендите сами, но така само колку да се видат (НЕ по дискотеки, кафичи, туку или кај него дома или кај нејзе), но секогаш кога ќе се договорел тој со другарите да излезат пример петок/сабота навечер во некоја дискотека(не се случува премногу често), тие оделе по дискотеки каде што нема пристап за помали од 18 годишни. Таа го замолила, некогаш да сменат, да одат на место каде што и таа ќе може да оди, но тој само и одговорил „па и така не излегувам многу често по дискотеки“, што било вистина, но сепак девојчево не е спокојно воопшто бидејќи тој не се трудел ни малку на другарите да им спомне да излезат на некое место каде што би можела таа да оди. Кажете ми што да ја посоветувам бидејќи од една страна и го разбирам дечкото, не излегувал многу често по такви места, нема некоја голема вина. А од друга страна е братучетка ми која е многу чувствителна, криво и е бидејќи сака да излезе да се дружи со неговото друштво,да биде прифатена од сите,да ја запознаат подобро и слично.. навистина сакам да и помогнам, но незнам како
Уф навистина и јас го сваќам дечкото, но барем можел еднашка да излезе на место каде пуштаат и малолетници, но сепак јас би и посоветувала да не се грижи толку многу, да си го гледа дечкото а не друштвото, сепак тој за нејзе одвојува толку многу, дури и со родителите ја запознал, јас сум ан нејзина возраст ја сваќам, но и дечкото е во право, треба да го остави малку тој како што прочитав е многу повеќе со нејзе отколку со друштвото, нека остави се како што си е
Епа единствено решение, ако сака да се дружи со неговите другари, би било да излегуваат на кафе заедно, а не по дискотеки. Јас би ги сфатила неговите другари доколку не сакаат да излегуваат на места кај што излегуваат помали. Во ред е дечко и‘ да оди со неа на такви места, но не мора цело друштво, само заради девојката на едниот, да одат на места каде не излегуваат нивни врсници.
Vaka...imam 16 godini a devojka mi ima 15 godini i ideme veke skoro 5 meseci no dojde den koga ona ja izgubi doverbata vo mene i nemi veruva bidejki nie si vetivme sve da si kazuvame no jas go prekrsiv toa pravilo bidejki padnav bolen i nejkev da i kazuvam dali sum dobro i poslem toa i kazav i mi se naluti i mi vika deka poveke nemi veruva..a isto taka nejzinite se golema precka za nie da se gleame bidejki ne ja pustaat cesto da izlaga..ako sakate vie kako devojki da mi dadete sovet kako da i ja vratam doverbata bidejki mie mnogu potrebno fala odnapred.. [mod-kirilica:384rbhhp][/mod-kirilica:384rbhhp]