И да му одиш да ти кажам. Кој е тој да ти исклучува телефон,како што прочитав во другана тема кај што си пишала. Спремај нешто што многу го сака и пред врата на ѕвонче. Неможе да не ти се смири. Со среќа.
My се извини? Па што треба да правиш? Зарем да го молиш на колена?? Доволно било што си се извинила и тоа од срце затоа што ти е битен. Нема потреба ништо друго да направиш. Пак тој ќе те побара
Се гледаме 3 ипол години ама без обврски ....тој се гледа со уште еден куп други девојки ама цело време ми кажува дека ме сака мене дека со мене му е најубаво дека единствено за мене има чувства .Кога некој пријател ке ми заѕвони тој се бунтува ми љубомори.Се гледаме многу често 3-4 пати во неделата и сите мои и негови пријатели знаат дека сме заедно.Само што не сме во врска за да тој биде слободен и оди со други девојки.Но јас во овие 3 години се вљубив лудо во него толку лудо што незам како да го оставам било што да направи јас секогаш се враќам кај него.Еднаш дури не ме ни поздрави бидејки 2 метра од мене седеше друга девојка што се гледа со него и тој избега....незнаел како да изреагира кога не видел двете мислел дека јас ке направам сцена. Пред некој ден го излажав и ми удри силен шамар си отидов дома.Татко ми му се јави и му кажа веке да не стапи во контакт со мене.Пак стапивме во контакт.Се слушаме прво тој сакаше да се видиме јас го одбив потоа јас сакав да се видиме и кога се слушнавме тој ме излажа дека е договорен со другарите го осетив дека ме лаже....отидов дома кај него се испотепавме му ја скршив вратата нервозна бидејки ме цело време лаже а од мене бара верност, искреност а не нуди ништо.....ете ги неговите шпекулации после 1 недела од таа случка Ти немаш право мене да ми доагаш тука. Ми направи еден куп проблеми станот не е мој ..Знаеш.Газдата дојде и ми се закануваше дека ке ме избрка, сите комшии зборуваат за нашите тепачки ми рекоа ако дојде до таква сетуација дека ке ми повикаат полиција.На моите уште не сум и кажал ништо.Знаеш дека не сме во врска, знаеш дека идам со други и пак ми доаѓаш дома.ЈАс не ти кажав на телефон мојата вистинска локација и те излажав бидејки морав за да не те повредам. Знам дека не сум праведен спрема тебе ама ете знаеш и ти сама дека сакам овие години да живеам лудо. Сам сум ми праќаат пари од моите за овде да уживам. Не можам да се затворам со една девојка кога ги има многу што ми се нудат.Што знам дека можам да ги имам без ни малку труд. Млад сум сакам да живеам.Ти ми значиш со тебе поминав 3 години од животот и имам незаборавни моменти.Ти си единствената што разбуди во мене чувства.Би сакал да можам нешто да променам ама ти претера навистина...претера.Ми ја скрши вратата. Имаш среќа што се водржав...инаку ке те тепав многу. Несакав тоа да ти го направам тебе ....ти ме полуде.ЈАс те сакам тешко ке мие да се одделам од тебе но најубаво е да оладиме малку барем да се гледаме 1 во неделата......... Дајте некој совет ова веке вака не иде морам да станам поцврста ....
Јас мислам дека треба да го врзеш и да го натераш да те гледа како се работиш со друг, да сфати колку е он уствари љубоморен и дека те сака само за себе.
Јас мислам да научиш кик бокс и да го претепаш,па друг пат да не смее да те допри! И после тоа можиш да му се вратиш демек жалиш и да му покажиш дека го сакаш и го сакаш само за себе
Добри совети ти дале девојкиве, меѓутоа јас мислам дека најдобро би било да му ја измачкаш колата со пена за бричење, и не само да ја измачкаш туку и да ја избричиш. Ќе ти се зголеми самодовербата, а тој ќе те моли ама за секој случај носи си ја пената со тебе.
Девојки помош имам дечко со него сум 2 години...Тој ме сака ми има докажано но и јас го сакам Но тој се сака да кажува се е по негово и за мали ситнице се тој се лути нз што да правам ...!Не ми дозволува со другарки да дружам Или ако треба некаде да одам ке ми се јаве и ке сака да прави муабет ...Многу е љубоморен ! Дајте некој совет ве молам ???
Ајдеее бог да чува. Машкиве многу ги разгалиле дома -_- Инаку мислам дека најубаво е да го олабавиш малце, да не му идеш по гзот. Ако ти се лути СТВАРНО ќе трае 2-3 дена и тоа ќе се примети. Он изиграва нешо ама ти 100 % му дозволуваш он така да се понаша спрема тебе, стегни го малце седнете прајте муабет кажи му дека не си ти играчка па да те врти како сака, или нека се уозбили па нека најде подобра причина за да се лути или да престане со тие детски работи!
Девојко мислам дека со него ти е само потрошено времето.. Од кај знаеш дека е вистина он тоа што ти го зборува? Како можеш да му веруваш на него кога се гледа со 100 други девојчиња? Може истите муабети и на нив им ги прави само за да ги освои.. Немој толку да бидеш наивна.. А за да бидеш поцврста убаво ти викаат другите девојки нешо кик бокс, таеквондо, џиу џитсу, кунг фу пошо за таков човек треба еден добар Чотек, кој е он да крева рака на девојче..
Еее баш така Витомир убаво ви пиша Како тоа бре ќе ми ѕвони и саат време ќе ми прави бош муабет кога сум со другарки, јас никогаш не дозволувам такво нешто, а уште помалку па да ме контролира или да се срди. И јагодка на шлагот е ЗНАМ ДЕКА МЕ САКА- е од каде знаеш кога он ништо не направил за тебе освен шо ставил бесплатни на вип Не зборувам за тебе девојко конкретно-онака општо, јас имам една школска што има исти таков дечко-значи човекот буквално на секој школски одмор и се јавува(што час имала, што јадела..), а камо ли па кога е излезана и таа несмее да му исклучи Немој така да дозолувате, па тој ти го контролира животот-сега а што понатаму??
Извини вака, ама дали ти си во ред ?? мислам со главата?? Човекот УПОРНО ти кажува дека се гледа со други девојки, ти го знаеш тоа ама изгледа уживаш да бидеш последна у низа. Шамар од негова страна и кршење врата од твоја страна Незнам зошто се понижуваш покрај тоа што ги го кажал и ти го прави, ти да му ползиш по дома, да го следиш и да предизвикуваш хистерични, пароноични испади. Тој ти кажал какви услови сака, ако ти одговараат тие услови, да имате врска без обврски и ти уживаш во тоа тогаш седи со него, ако не ти одговараат тогаш најди друг, малку ли има луѓе на оваа планета? И мислам дека ти треба некој асален момак кој ќе ти го сврти умот па да видиш што е љубов, ама додека киснеш и плачеш по овој и слепо го гледаш, асалниот нема ни да го приметиш дека постои, а камоли да го имаш
Се уморив дури го читав постот,искрено според мене ни било нешто од оваа врска пак ни ќе биде,многу време си изгубила без потребно све ова што си напишала е гола вода за каква љубов зборуваш девојко кога си во VRSKA BEZ VRSKA и кога овај дотичниот несака никаква поврзаност со тебе за какво сакање зборуваш?се додека се тешиш со вакви глупости ќе пропаѓаш а животот ќе поминва покрај тебе и кога овај ќе налета на некоја што сака да се обврзе со неа бидејќи тоа мора да се случи еднаш тебе ќе ти мафни со рачето за ЧАО...
проблемот е шо типот воопшто не ме забележува,си имам преубави спомени кога сме биле на иста забава,а ова ми се случува октомври :\ my poor hope
Здраво девојки, не сум запознаен за тоа дали тука Смее да се регистрираат машки но ровареќи од тоа што немам што да правам бидејќи сум депресивен налетав и на ова. Пред недела дена ставивме крај на љубовната идила со девојка ми ( исто така колешка од факс, ист клас ист смер се исто ) ииии ... страшно многу ми фали, можеби не е до толку во ред зависи кој како го сваќа али ја сакам повеќе од себеси па би ве замолил за некој совет ... отворен за дискусија ... благодарам
здраво BoyBoy најпрво да ти кажам дека ти ја разбирам болката затоа што сите барем еднаш во животот сме пателе по некој кој ни значел повеке од се .... би сакала да знам повеке за ова за да можам да ти дадам мое мислење како на пример зошто сте раскинале и кој бил крив?
Можеби дечкото сега е млад и сака да се забавува, но мислам дека несериозноста кај таквите личности не заминува, така да дури и да сфати он дека те сака, дури и да се согласи да биде само со тебе... кога сега може да прави вака како што прави, што ке се случи за неколку години, во брак, со деца. Во последно време и мојата врска ја толкувам и размислувам на таков начин, иако не превземам некој чекор зошто сум лудо вљубена кога тогаш проблемите ке бидат неизбежни и свесна сум за тоа, а твоите проблеми се големи уште пред почеток на врска.
Не може да се каже прецизно кој е крив зошто ни самиот не знам, пред мене имаше 3 год врска која ја остави поради мене кога се запознавме на факс, со бившиот имаше премногу проблеми, ја оттргнав од се, два месеци имавме врска од соништата, после тоа почна да се оддалечува од мене, престанаа многу работи па дури заретчија и односите кои на почеток ги имавме премногу, после одреден период кон мене се постави како кон другар со што почнав да се осеќам заникаде и да ја замарам со разговори за тоа што е причината што така се измени ( следеа купови караници раскинувања смирувања итн ... нејзин одговор на Се ... не ми врши притисок и не знам ) за Валентајн и спремив нешто преголемо што до сега го нема видено, бев во друг град, на ФБ и напишав дека утре е денот на вљубените, а од неа место да добијам по соодветен одговор и да ми се оправда цел труд што сум го вложил беше : - Ти дане си католик. на тој одговор побеснив и се напраивме лом, тогаш и раскинавме и сега стои на дистанса као другари нешто ...