Од пред некое време западнав во огромна дилема и двоумење, едноставно не знам што да правам. Со дечко ми (ама величествено звучи ) одиме веќе некое време и ми е супер. Ми се допаѓа, мислам дека блиску сум и до заљубување, знам дека ме сака, а и сам ми кажа дека за одредени личности се врзувал многу силно и потоа му било тешко. Проблемот е во тоа што од една страна, со него ми е супер, а од друга се плашам да не го повредам, зошто навистина не можам уште сега да се впуштам во нешто што ќе трае подолго и ќе биде поозбилно. Чаре?
Јас можам само да ти кажам едно, немој да размислуваш што ќе биде и колку ќе трае, а всушност и не знаеш дали воопшто ти ќе го повредиш него ИЛИ пак можеби и ти ќе се заљубиш, па тој ќе те повреди(недај Боже де ). Ако зборувам од сопствено искуство исто така ќе кажам, ни на сон не можев да поверувам дека јас ќе се заљубам во човекот со кој што сум скоро 4 години. таква е љубовта не знаеш кога и како ќе дојде. Да завршам, би те советувала да живееш во сегашноста и да ја искористиш, не во минатото , не во иднината и не се оптоварувај со размислување за тоа што ќе биде, туку размислувај за тоа што е. Со најдобра намера
^ Верувај дека да се случи такво нешто, тој да ме повреди мене би ми било мнооооооогу полесно. Не сакам да чувствувам вина. Toа ми е само проблем во ситуацијава.
Затоа и ти пишав, можеби ќе се сменат работите, гледам не сум го навела тоа во претходниот пост, значи можно е и тој да се олади во иднина, можно е да се растопи таа поврзаност која ја чувствува кон тебе, но може и ништо од ова да не се случи. Затоа пак велам, уживајте си и двајцата во моментите поминати заедно, нормално ако ви е убаво и не се оптоварувај со тоа што може да биде. Никој не може да знае што го чека.
Сите машки го прават истото ќе им раскинат на девојките потоа доаѓа тага,празнина,ужасно му фали паѓаат во искушение да го свртан нејзиниот број и да и се извинат и што ли не,вака нормално е да ти фали посебно ако многу често сте се гледале и сега наеднаш све се пресече е сега немаш овде потенцирано дали ти си ставил крај на врската или твојата девојка(сега бивша)тоа има многу голема важност,бидејќи скоро секогаш полесно му е на тој што остава а потешко на тој што е оставен,како и да е нормално е да ти недостига а и плус скоро половина ден на факс сте заедно а сепак повеќе не сте двојка и треба да држиш дистанца ии таја те игнорира е пак не е сеедно нормално е тоа но сепак е почетна фаза на секое разкинување зошто да бидеш во депресија?нема потреба ако не одела врската подобро е вака отколку 2та да се мачите сепак времето лечи све не избрзвај и не се преоптоварувај нема потреба...
од се што прочитав можам да кажам дека ти си тој кој што е заљубен и сака а таа некако не и одговара да го види сето тоа и љубовта која ја имаш кон неа не знае да ја цени... јас би ти кажала вака.. колку и да е голема љубовта кон неа не смееш да се доведеш во ситуација да дозволиш да те гази и да те прави неприметен...верувај има девојка на која оваа љубов и внимание ке и бидат многу важни и ке знае да го цени тоа но ти си според мене со погрешна личност која со тие нејзини постапки те прави да се чуствуваш како било кој или како што кажа како нејзин другар се однесува кон тебе, да не речам ладно.немој да ја изгубиш самодовербата и да си се цениш онолку колку што вредиш и запомни никој не вреди до толку за да си го уништиш денот,неделата или годината и да плачеш .... сврти и го сега пак ти малку грбот и покажи и дека имаш достоинство и дека сепак не си нејзина марионетка со која ке прави што сака кога ладно кога топло,ако те сака ке биде со тебе и ке го казе тоа јасно и гласно ако не тогас ке ја почитуваш како другар (ако го заслужила тоа) и ке си се сконцентрираш на друга девојка која едвај чека да биде сакана и поцитувана од некој како тебе ..се надевам дека ти помогнав барем малку и уживај во животот и не се секирај и нервирај за нешто што неможес да го смениш ок?
девојки како што гледате заедно сме 8 дена.. јас неодамна прекинав долга врска и тој знае, всушност плачев за бившиот пред новиот си мој дечко (пред да бидеме заедно) .. секогаш беше тука за мене и ми понуди врска сакав да пробам да видам дали и како сеуште ке се чуствувам заради бившиот (знам дека згрешив требаше да почекам барем малце повеке) .. знам дека не сум спремна за да навлезам во нова посериозна врска (свесна сум дека се плашам од повторно да не бидам повредена) ама новиот дечко е премногу добар да не речам срценце ми е што буквално неможам да се оттргнам од него и неможам да дозволам да изгубам некој што толку многу ме разбира потполно во се .. патем ако го изгубам знам дека нема да можам пак да бидам со него нема да биде ништо исто ке го изгубам воедно и како мој најверен другар. Проблемот е во тоа што неможам и незнам како да направам да бидам малце послободна или подобро речено да не се плашам толку многу од тоа да се впуштам во нова авантура .. незнам ни дали воопшто треба ама знам дека детето несакам да го испуштам од раце дека премногу ми значи .. неможам да му верувам што е нормално и сум секогаш збунета ред него .. начинот на зборување неможе да ми биде ист како со претходниот и некои работи да речеме што ги правев со него неможам да ги правам и со новиот затоа што сепак не сме долго во врска .. паметот ми е збунет не е дека го барам бившиот во новиот .. има голема разлика помегу нив двајца .. едноставно незнам како да се однесувам пред него незнам што треба да направам .. како треба да направам без да биде неубаво сватено .. Знам дека избрзав со оваа одлука да се впуштам во нова врска ама несакам да го испуштам детето .. совет
совет?епа вака... тоа што си избрзала веќе сама си го знајш.....не сакаш да го изгубиш па не ни мораш! доближи се до него сега како другар само што и + ќе си разменувате бакнежи! одете на некое место каде че бидите сами. пример: некаде на излет, на планина (не чини времево малку ама тука е баш она да се доближите). или пак со некое ново друштво што не го знаат бифшиот твој, играјте карти кладете се за било што направете си интересно на другарски начин така верувајми дека со тек на време че сватиш дека твојот другар или дечко тие премногу мил а ако се биди во ред и че го засакаш ама се со тек на време во меѓувреме избриши се буквално што може да те потсети на бифшиот и ќе успееш поззз
Како да си ми украла дел од мојот живот слична ситуација имам и јас баш денес имам состанок и тотално се плашам , од нови почетоци ,однесувања. Времето носи промени , потруди се , тешко се носиме со промените некогаш, но верувај,ако си спремна на нов пат ке успееш но ако живееш во минатото , не. со среќа
Летото Запознав еден тип што многу ми се допадна завршивме заедно таа ве4ер.Преубаво ни беше како да имаше некоја посебна хемија мегу нас.Потоа се слушавме неколку пати по 2-3 дена се видовме пак.На Неговиот нареден повик не одговорив и го исклучив телефонот бидејки имав конфликт со еден мој бивши.Тогаш го изгубив контактот со него бидејки утредента ми рече дека знае дека имам друг.Го негирав сетоа тоа безразлика што беше вистина јас кога се видов со него сеуште не ја бев прекинала врската со мојот бивши но висеше на конец.После недела дена отидов во неговиот град му се јавив и му кажав дека сум таму да се видиме утредента....но утредента јас си отидов и не му дадов никакво објаснување. Ми рече дека веке кога ке доага во мојот град мене нема да ми се јави. Сакав да ја опоравам сетуацијата бидејки навистина ми остави убав впечаток и отидов во Велес му се јавив дека сум таму да се видиме...ме одби ми кажа дека е на роденден. Јас си излегов и го видов го беше многу ладен со мене имавме само пријателски контакт.Излеговме заедно да си одиме демек да ме носи и си направивме малку муабет во кој тој ми кажа дека бил многу изненаден од мене дека сум најладната девојка која ја запознал. Почна да коментира за мојот бивши.Ми кажа дека сум многу несериозна и незрела.МЕ налути и си отидов. По 3-4 месеци му се јавив да го слушнам си направивме муабет ама на тоа остана. Првпат ми се случува да се заинтересирам за некој бидејки сите поранешни ме гонеле мене а овој има принцип упм ............. Некоја брилијантна идеа за како да го вратам?
Купи му кола за роденден и гарант ке ти се врати,проверено. Еве јас на пр ако девојката ми се налути,и ме напушти,во рок од 1 месец и купувам кола и ме сака највеке на свет,и така се сме заедно.
сестра ми оди со дечко и година ипол има 16 а он 19,ги имаат тие претензии околу сексот,да биде или не,јас искрено не знам што да ја советувам.. па барам помош од вас
мислам дека треба да и нагласиш дека е многу рано да почни со сексулни односи, поубаво е да ја советуваш отколку да си пречутиш па знаеш сепак тие сестра. И немој твоите совети или зборови да ја осудуваат на некој начин зошто че ти се направи светица, таа че го направи тоа, и нема да ти кажи биди отворена со неа...ти го кажувам од искуство мавнете еден искрен сестрински муабет
Многу ми треба совет. Се плеткавме скоро 2 и пол месеци, а во врска бевме месец и пол. Кога почна нашето од почеток тој многу се двоумеше дали да е во врска со мене или само на мување да остане, наводно бил повреден порано (а од после ми кажа дека сум му прва девојка). Не сакаше да не сме заедно, после немало да му зборам воопшто. И така почнавме, се гледавме секој ден, доаѓаше кај мене. Плус колеги сме на факултет и ги имаме истите предмети, во иста група сме. Јас како и секогаш се лутев за ситни глупости, а тој одма се обидуваше да ме смири. Инаку тој е многу нежен, добар, повлечен, мирен. Јас за разлика од него сум опуштена, гласна, иако во душата сум добра и наивна. Ракче сум во хороскоп, а тој е девица. Неговите се разведени што е уште една причина да биде таков како што е. И сега во петокот на пијанство малку се подскаравме ама после тоа дојде кај мене и си заспавме заедно. И следниот ден јас продолжив со лутината зошто како и секогаш знаев дека тој ќе ме побара. Ми имаше речено и дека ме сака. И се немавме видено во саботата јас уште повеќе му се налутив, ми звонеше ама сестра ми му крена. И во неделата се видовме дојде тој кај мене. Ми рече дека не бил спремен за врска, односно дека тој не бил за врска, се му дошло некако одеднаш и "те сакам" и се. И ми рече ти го кажав тоа уште на почетокот, затоа и толку се двоумев. И после ми рече исто така дека ме излажал дека ме сака не знаејќи што да ми каже. Седевме така после тоа едно 2 саати свртени со грб и ќутевме двајцата. Му реков после тоа дека јас немаше да имам срце да глумам цела врска, секој ден да глумам како што глумел тој. Тој ми рече дека ништо немал изглумено. Ме праша што сум мислела за него, што сум очекувала и колку време сум планирала да одиме? Јас му реков дека тоа не се планира, туку иде спонтано и не може да кажеш колку време ќе одиш со некој од напред. Ама добро сфаќам, машко и плус прва врска. Другарите го чекаа, требаше да оди но уште остана кај мене. Едно време стана, шеташе низ собата и ми рече дека ќе си оди. Се облече, седеше на вратата неколку пати ја отвори и ја затвори, и ми рече извини. Јас му реков ни извини ни ништо друго нема да поправи ништо и му ја затворив вратата. Вечерта многу се испијанил, и не се ни сеќавал што прави. Вчера бевме на факултет и не направивме муабет, односно тој седна поназад од мене, а ја седев со негов другар.( другар му знаеше дека сме скарани и пак седна до мене ). А тој рекол дека ако ја не му зборнам прва, нема никогаш да зборнеме. Е сега, сфаќам дека згрешив и се. Прва женска, не знам колку мувачки имал до сеа, не ме ни интересира ама како што е страмежлив не верувам дека има многу. Јас сум крива знам, и за тоа што го правев што претерував, се лутев за глупости, претставата што тој сеа си ја има за девојка е лоша. Во првава врска нон стоп поттрчнуваше по мене, ме молеше и слично. Искрено сега не знам зошто ми раскина всушност, дали е заради тоа што тој вели дека не е спремен за врска, дали вистина не е спремен да се врзе, не ме сака... или пак мисли дека врската цело време ќе ни биде таква и не сака да биде во таква врска. Јас сум подготвена да се сменам, зошто тој тоа го заслужува. Не велам дека мора од одма да ме сака, сакам да имам втора шанса. Ама не знам како да постапам, ако вистина не сака да е во врска тогаш ништо. Е сега феминки ве молам за совет. Очајно сакам да се смириме зошто мислам дека вината е во мене, и многу ми е тешко.
Мн детски од твоја страна а од негова мн нерешетилност. У секој случај одлучи се што сакаш. Седните и направите муабет. Сфати го и него едноставно бега од врска страв му е да започне нешто ново. Дај му време . Тоа е тоа . Ама претходно одлучи се и ти самата што сакаш уствари ..
Пеперутќе стварно сте сте плеткале и ептен сте се заплеткале.И двајцата според мене сте несигурни во вашите чуства.Но немој да се обвинуваш самата ,за секоја кавга се потребни двајца.А мислам дека и типчево малку сака да те стави на тест,со тоа со демек на другар му му кажал дека ако ти не му прозбориш тој нема да биде прв со ќе ти прозбори.Во кое не верувам дека е така.Сепак мој совет ти е го почекаш некое време да биде тој прв ,ќе видиш дека ќе го направи тоа .Ако прв ти пријде,значи дека чуствува нешто за тебе, а ако не си го троши времето на некој што не те заслужува.И не избрзувај стави го малку и ти на тест
Во последно време сум Многу сум збунета, незнам што да правам,поточно незнам дали треба да продолжам да бидам во врска, дали има смисла да продолжам да се трудам за таа врска. Во врска сум со дечко ми 1 година и 9 месеци. Сме поминале низ многу проблеми, кавги низ најразлични моменти и лоши и добри. Тој е првата и единствената личност која сум ја сакала.Но во последно време се прашувам дали навистина треба да останам во таа врска, незнам дали веке навистина искрено го сакам или пак сум само од навика со него. Ние двајцата сме многу различни во карактерите, различно го гледаме светот, различно размислуваме, сакаме различни работи, едноставно многу малку заеднички работи имаме. Дека се премногу разликуваме ние двајцата го знам скоро од самиот почеток и тоа не ми е сметало никогаш. Но една од причините за ваквите мој измешани чувства е што сватив дека нашите планови за иднината се многу разликуваа. Во мојте планови за иднината тој е сосема малку застапен, а и јас во неговите планови сум сосема малку застапена (барем така јас претпоставувам спорет разговорите кои кои се случиле на оваа тема и биле многу кратки ). Тој ми значи многу, го сакам него и тој мене но во некои моменти се прашувам дали треба да бидам со него дали вреди да вложувам толку многу во таа врска. Мислам дека сета таа конфузија и двоумење за врската се причината од мојот страв дека премногу се врзувам на некоја личност и дека таа личност можеби ке си замине. Се надевам дека ке ми дадете некој ваш совет за тоа како да постапам.
Феминки, веќе некој период имам проблем. Во врска сум година ипол, дечко ми е супер човек, онака ни иде, ама никогаш не ме привлекувал. Веќе неколку месеци ми се допаѓа друг дечко, кој е другар на мој другар. Вториов го немам запознаено лично, го гледам со другаров некогаш, ама премногу ми се допаѓа. Не знам што да правам. Дали да пробам да се запознаам преку другаров (со кој и не сум кооојзнае колку блиска), или да си терам со врскава, каква-таква иде... не знам. Кажете ми што да правам....