Мислам дека животот е многу краток да го поминуваш со некој што не го сакаш...година ипол а тебе не те привлекува?! тоа е проблем!Совет од мене.... излези,дружи се,запознавај луѓе, уживај во животот
Не вреди да си го губиш времето со некој што не го сакаш..оди запознавај нови луѓе животот е пред тебе Ако се сакате треба да останете заедно , не гледам причина зошто не би биле заедно.Понатака времето ќе покаже како ќе биде.
Како да го вратам со мене во кревет да спиеме заедно толку ми недостига има постојано ГЛУПАВИ изговори! Прво бев бремен му било страв да не ме повреди или му било многу жешко во просторијата каде што спиеме,сега од како имаме бебенце тесно му било башка страв и ќе се сторат не знам колку години додека почнам да спијам со него .Додека бев бремена секогаш ме бакнуваше и галеше кога ќе легнеме или пред да оди на работа, сега ништо не ни кажува кога излегувал наводно да не тропал,а може да се растропа кога му треба нешто од гардоберот
littleflower ако не го сакаш нема потреба да го врткаш детето. Не те привлекувало? оди најди некој што те привлекува и можда повеќе ќе го сакаш барем ќе си праведна, полесно и за тебе и за дечко ти, ќе си најде некоја што ќе го смета за привлечен.
Донекаде се пронаоѓам во ситуацијата, само што разликата е тоа што мојот прави планови за иднина со мене, и тоа големи планови и кога ке ме праша нели нема никогаш да ме оставиш, заедно ова ке правиме она, бебето вака ке ни се вика јас се согласувам и правам планови со него а во главата ми е урнебес и незнам што сакам, се плашам, зошто знам дека сме многу различни и дека после некое време повторно ке биде карање и несогласување како на почетокот од врската кога немаше доволно љубов од двете страни... а љубовта кога тогаш поминува и останува навика.
Паааа, до некаде и је нормално т.е ненормално така да се однесуваат некои мажи спрема своите сопруги откако ќе се породат (затоа што самите жени така си направат). Ја гледаат сопругата со други очи - како мајка доилка на своето дете и забрането за допирање. Не го одалечувај од себе, тоа е најголемата грешка која ја прават мајките откако ќе се породат (целото внимание го насочуваат на бебушот а сопругот го ставаат во втор или последен план), па додека да се освестат што направиле или е доцна или кризираат во брак. Тука највеќе сама ќе си помогнеш. Едноставно кажи му дека имаш потреба од него и отворено разговарајте ( објасни му дека бебушот треба да се учи на бука да спие немора да е се тивко, на бебушот ништо нема да му биде ако мама спие со тато , прашај што толку го плаши....). Незнам колку ти е мал бебушот па можеби и ти си премногу преокупирана со него а мажот го тргаш на страна па тој се чувствува како вишок. Бебушот мора да има свое креветче за спиење или ако нема и спие на спална тогаш имате други соби/простории . Ти треба само малку да ја разгориш страста и повратиш својот маж.
Време и соби за таа работа користиме активни сме си колку ни дозволуваат обврските ,него сакам да спиеме ЗАЕДНО, да се гушкаме ,галиме ,да си збориме како пред тоа ,бебето е во месеци сеуште ,ама како тргнала работава,ме фаќа паника ,скарани не скарани абе се знае ЗАЕДНО се спие послатко е .Ми вика да го доглеам ова (нешо на тв) и доаѓам и ја го чекам ,по некое време го глеам крчи таму ми иде секој пат да го треснам со нешто.Долго време спијам сама веќе се чувствувам глупо. P.S.Јас немам замо гради и други делови од телото си имам кои ме возбудуваат не е тоа работата има нешто друго.Ме нервира што кука како сме спиеле одвоено ,а ништо не превзема ,а кога потегнувам јас се прави наудрен.
Секако и ние правиме понекогаш планови, но плановите ни се за во блиска иднина. Не правиме планови за брак семејство зошто е навистина премногу рано а и двајцата сме многу мади сеуште, најчесто се за тоа каде би сакале да отидеме, за нешто што сакаме да направиме. ЈАс сум многу збунета, некако повеќе немам вола да се трудам за врската да успее, како да сум изморена од сето тоа и повеќе немам надеж за нас. Но сепак знам дека длабоко во себе многу го сакам, дека ќе ми биде тешко без него. Незнам можеби и правам грешка што се така однесувам кон него, но сепак времето ќе покаже.
Знам како ти е, понекогаш кога ке ме изнервира и јас помислувам што ке се случи ако прекинам, дека ке бидам помирна, нема да ме нервира секој ден...ама па од друга страна колку го сакам и каква сум емотивна знам дека ке плачам доста, можеби ке поплачам некое време, недели, месец па ке ми помине маката, незнам како би било кога би било и затоа вака си терам и оставам времето изгледа да ми го реши проблемот, некако не сум човек кој донесува големи одлуки во животот за жал
Понекогаш треба да оставиме некои работи со текот на времето да се средат сами, но за некои мора да превземеме нешо. Јас решив да превземам нешто, не е оваа работа која треба да ја реши времето. Одлучив да разговарам со него, да му кажам се, дека немам надеж за нас, дека сум изморена од тоа да се трудам постојано бидејќи мислам дека тој воопшто или пак недоволно се труди за нашата врска. Па ќе оставам доколку ме сака навистина и е сигурен дека сака да биде со мене, тој да се потруди и да се бори за врската. Но искрено се плашам од неговиот одговор доколку е Не, и длабоко во себе посакувам да не дозволи така лесно да си заминам.
Ајде девојки да слушнам ваше мислење Ми се допага многу еден долго време го гледав и конечно кога се запознавме и навистина работите одат кон добро имаме излезено неколку пати на кафе, се слушаме во денот 3 4 пати. Значи се е ОК уште да се смуаме па натаму врска ... тој постојано ми зборува за иднина за врска за нешто сериозно. Но проблемот е во тоа што мојот бивши со кој бев година време во официјална врска, а по раскинувањето уште година време се гледавме цело време и од како се запознав со овој го одбегнувам бившиот тој ми постојано вели да се видиме но јас не сакам, не сум се видела од тогаш со него. Бившиот знае дека ми се допага овој дека сум била со него на кафе (многу работи си кажуваме еден за друг нема никакви тајни), но тие двајцата се знаат до некаде се другари но не од исто друштво. И бившиот ми кажа дека ако отидам со него ке ми скршил главата (нормално нема тоа да го направи, но може да го смени мислењето и да почне да зборува за мене). Што мислите вие би требало ли да отидам со овој што ми се допага или да останам само во другрски однос ?
Прекини ги сите врски со бившиот твој каде ти бил паметот кога си му кажала дека ти се допаѓа дечкото па уште и другари биле безразлика дали блиски или не ? Знаеш дека е можно да му изнакаже 3000 лаги за тебе на тој што ти се допаѓа и повеќе да не ти се приближи. Ти си искомплицирала самата. Тргни се од него ако веќе планираш нешто сериозно со дечково и не кажувај многу многу Колку подобро знаат другите толку подолго ќе трае
Фала ви девојки и јас го мислев истото ама сепак јас да си се посоветувам Кетрин се надевам дека се излезе како што треба на вашиот состанок позз
офф..не баш не отидов тој ден , му излезе нешто , а јас искрено потајно бев среќна бидејќи не не можам сеуште ме влече се назад. се надевам ти ќе бидеш посреќна од мене
Девојки да ве прашам нешто? ДАЛИ Е НОРМАЛНО ДА ИМАТЕ ДЕЧКО 1 ГОДИНА,И УШТЕ ДА НЕ ВЕ ОДНЕЛ КАЈ НЕГО ДОМА СО ИЗГОВОР ДЕКА НЕ МУ Е СРЕДЕНО,ИМАЛ ПРОБЛЕМИ СО МАЈКАМУ,ВУЈКОМУ И СО КОЈ УШЕ НЕ???? ТОА СЕ САМО ИЗГОВОРИ ! ЈАС ИДАМ ЕДНА ГОДИНА СО НЕГО А НЕЗНАМ КАКО МУ ИЗГЛЕДА КУЌАТА,НЕ ЈА ПОЗНАВАМ МАЈКАМУ ! ЗАРАЗЛИКА ШТО ОН БИЛ НЕКОЛКУ ПАТИ КАЈ МЕНЕ,ШТО МОРАМ ДА ИМАМ ОДНОСИ ПО ПАРКОВИ И НЕЗНАМ КАДЕ УШТЕ НЕ ЗАРАДИ ТОА ШТО ОН НЕ МЕ ОДНЕЛ КАЈ НЕГО КАКО СИТЕ НОРМАЛНИ ПАРОВИ НА КРЕВЕТ И НА ЧИСТО И НА ТОПЛО !!! Еднаш дури и се скаравме,бев кај него во населба и он си отиде дома а јас си вртев кругови да се смирам и отидов кај него пред куќа и ме молеше да си одам на телефон ми вика идиси од уличкава ке дојдам понатака да не те види некој,10000000 пати пробав да го прашам што е причината и ми вика не сме средени се караме,мајками болна вака така.. и сега се испокаравме неможам девојки веќе неможам! ке ме праша некоја другарка: абе идеш кај дечкоти? и ја таква да бе да.. НЕ ПОЗНАВАМ ПАР ШТО ИДАТ БАРЕМ 6-7 МЕСЕЦИ А ОНА НЕ БИЛА КАЈ НЕГО,А ЈАС 1 ГОДИНА ИДАМ СО НЕГО ! како можеше бе кога бевме другари 2 месеци пред да се фатиме да ја однесе бившата кај него дома и да ја ебе,а биле у врска 2 месеци? А ЈАС ШТО СУМ 1 ГОДИНА СО НЕГО?? ми има кажувано дека носел девојки за една ноќ кај него,А ЈАС ШТО СУМ? СЕ СРАМИ ЛИ ОД МЕНЕ? ЗОШТО НЕЈКЕ НА ЕДНО КАФЕ ДА МЕ ОДНЕСЕ,ТРЕБА ЛИ ДА ГО МОЛАМ ЗА КАЈ НЕГО ДОМА ДА МЕ ОДНЕСЕ ШТО СИТЕ НОРМАЛНИ ПАРОВИ ГО ПРАВАТ ТОА,А НЕ ДА ИМАМ ОДНОСИ КАДЕ СТИГНАМ ДАЛИ СТОЕЧКИ ИЛИ НЕЗНАМ КАКО,НА ШТО ЛИЧИ ТОА?? ШТО СУМ ЈАС,ДРОЉА? СЕ СРАМИ ЛИ ОД МЕНЕ? КЕ УМРАМ ВЕЌЕ ОД ОВИЕ НЕРВОЗИ!! КАЖЕТЕ МИ,НОРМАЛНО ЛИ Е ОВА ???
Lana,по ова што го кажуваш ,не ми стои на нормална работава.ги носел сите дома,освен тебе ?тоа никако не е позитивно и ако имаш малку гордост би ја прекинала ,,врската,,.какви проблеми и да има,би те однел на едно кафе како човек што се вика,нели и другари претходно сте биле .мислам дека крие нешто,но сигурно нема да ти каже.а како си можела да дозволиш да имате односи по паркови,на улица,навистина не те разбирам
Ни јас неможам да го разберам тоа,сега се карав со него на телефон,да не почнам да кажувам што се не ми прави,немам ниту една другарка ради него со никого не се дружам дека не ми дава,немам ни фб ради него,ме уценува за се,морам на голем одмор со него да зборам а да не јадам дека не ми верува и дека е љубоморен за се,ме има и тепано а јас глупава пак му се јавувам,се плашам од тоа дека ке останам сама затоа што немам ниту еден пријател и не би се вратила во нормалниот живот ако му раскинам,а очигледно и се случи тоа после муабетов што го имав со него пред 5 минути,психички пропаднав,само плачам и се нервирам,сама сум на светов,немам на кого да му се исплачам,а он има другари,излегува навечер а јас ? цела недела сум болна он излезе пред некој ден 3 саати а јас дома си седам болна,он има друштво и другари за разлика јас што немам ниту една другарка ни за на кафе ни за да ми се јави некој да ме праша како сум и дали сум жива а пред него имав друштво од 20 и нешто деца и сите се дружевме,имав и фејсбук,имав живот каков што имаат сите... уништена сум,УНИШТЕНА !! Што се не преживеав,цела година од мојот живот изгубив,ПЕКОЛНА! што се не ми праеше! има една викендица таму шо ја има ама напуштена е не бил со години,морав таму да одма шо се вика надвор од скопје е има многу до таму и јас морам таму да одам односи да имам! ми го знае и акаунтов и ми рече дека и он ке си направел акаунт и дека ке ми пишувал на сите постови и мислња мои! ми се заканува дека на моите ке им каже се што сме прале(секс) и дека моите незнаат за него затоа што е поголем од мене 10 години дека ке им каже се! ме нарекувал дроља и курва,што се не ми праел! јас се сум трпела ама неможам веќе да издржам,плачам и неможам да се изнаплачам.. незнам што да правам !!!
Извини ама ти стварно не се цениш себеси.Не сум јас тука незнам која за да ти давам совети ама кога го прочитав ова се упропастив.Добро,нели гледаш дека си игра со тебе и си му како играчка?? Ти препорачувам да го оставиш да не се гледате,да го заборавиш. Јас имам поинаков проблем од тебе,но сепак знам дека е најдобро да го оставиш.Ти тртеба да бидеш своја да не дозволуваш некој да си игра со тебе. Еве јас на пример вчера.Он сакаше себеси да се спаси јас да си го добијам ни крива ни ништо но му реков само извини неможам и си отидов го оставив. Така и ти,не му се јавувај,ако ти се јавува не му се јавувај,ако ти се заканува или ти прави нешто слободно пријави го и спаси се.Инаку не само една година туку цел живот ке ти биде ваков дури и полош.
Дечкото е 99,9 % женет, друго објаснување за неговото однесување нема И стварно не ве сфаќам што треба некој да ви направи за да сфатете дека си игра дрн дупка со вас, тепање, малтретирање, забрани ама не вие го сакате, не можам да ве сфатам и .