А тоа што сум сама? Што немам ниту една другарка? Како ке се вратам у нормален живот? другарките со кои што се дружев ме избегаваат затоа што он не ми дава да се дружам со нив и кога и да пробам да исконтактирам со нив се они неможат или имаат закажано.. како ке се вратам во нормала? што ке правам? Еве не му се јавувам уште од прееска и не ни планирам,ке видам дали ке ме побара до вечер,ако ме побара ке му речам да не ми се јавува веќе,свесна сум за се Solider,свесна сум! знам што се случува не сум глупава,сто пати сум му кажала и сум расговарала но џабе е се! незнам како ке се опоравам незнам... :// Си размислив,дали да искочам сега и така изненадно да му отидам на врата да му заѕвонам??
Не знам како да постапам....Една моја другарка има другарка која му е партнерка за матурската на тоој којшто го сфиѓам.А мислам дека и тој мене.Имам пишувано за тоа повеќе пати.Е сега мојата другарка ја прашала партнерката му дали си има девојка или слично и таа кажала дека си нема и прашала за кој.Другарка ми кажала дека е за мене.И партнерката рекла дека ако сакам нешто ќе го потбуцне за мене,ќе праша па можеби ќе бидне нешто.Јас треба да кажам дали да му рече или не.Е сега,јас сакам ама ми е срам.Што ако рече не сакам или пак испаднам глупа пред него?Не сакам да го правам првиот чекор и да испадне дека трчам по него.Ми велат пробај си ја среќата ама ми е срам.... Инаку синоќа бевме излезени и стоев со еден сосед малце поголем од мене и се смеевме и тој излезе од кафичот и ме погледа 10 мин стоеше и скисна и влезе внатре сам....Не знам што се случува.
Се решив да го оставам доста ми е од се,само сакам да ги знам работите кои не сум ги знаела 1 година и толку! Сакам да отидам и да видам тоа што не сум го видела,имам доволно причини да го оставам и решена сум,и да ми отвори жена му или детето нема да се изненадам.. се мислам дали да го направам тоа,барем ке бидам на чисто! му реков пред да се скараме дали сакаш да дојдам кај тебе у населба да се видиме на пола саат дека сум болна и ми рече не сега ке спијам бев на работа.. само незнам што ке правам сама и без никого? :/ ке си ги вратам старите другарки и ке разговарам со нив,само ме копка ова,дали е женет? ...
Ке одам решена сум,сум зборела со мајкаму на телефон,не ја познавам жената во живо,и што ке и кажам ако она ми отвори? :/ Што ке му кажам на него ако он ми отвори? :/ Доволно сум разочарана нема ништо да ме изненади од него,се претрпев така да сеедно ми е,сакам да си знам на што сум си и да ја затворам таа страна во животот,многу пати пробав ама не успеав,сега сум решена да го оставам,не ме заслужува,не ја заслужи ни мојата невиност што му ја дадов ! Каде ми беа очитееееее.. :/
Лошо, не знам јас мислам мора нешто да крие не може секогаш исти изговори да ти дава , од друга страна може има некои фамилијарни проблеми , знам дека се нервираш и ти е тешко и не знам која е поздината ,кажи му дека доста е веќе нека биде тотално искрен дека ова те повредува и не сакаш кај ќе стигнеш да бидеш интимна со него ,која е таа фамозна причина поради која те тера дури да бегаш од пред куќа?кажи си дека заслужуваш поинаков пристап .И да, може да не те однесе дома и по една година ама ако веќе носел други и само за една ноќ ти не го заслужуваш тоа. разговарај . и покажи почит кон себе !!!!! отвори очи !!! мора нешто да крие од тебе
Па он наводно кажува дека неколку дена пред да се смуваме донел некоја дома и вујкому (дека се лепенка еден до друг со куќите) му се фрлил се истепале зошто носел девојки и другари дома додека мајкаму била болна,наводно тоа била причината и тогаш му стоев пред врата и збориме на телефон и му викам ке заѕвонам на ѕвонче и он ми вика те молам одиси да не те види вујкоми и дури и ми заплака на телефон и незнам што се не.. не му верувам! па вујкому додека е на работа можел да ме однесе како другарка
океј тоа разбирам ама ти лана..мислиш дека можеби е женет тоа е голема работа !!! велам прво дознај со каков човек си ти , покажи почит кон себе , мораш ...сомнително е се и сама знаеш ако си решена на нов чекор ке најдеш пријатели тешко е но барем ке знаеш дека сама не се живее
Не знам Лана што ако ти отворат жена дете, шок !!! зарем немаш слушнато нешто за неговата фамилија женет не женет како би можел да крие од тебе такво нешто биди храбра сега кога не си била порано , или крај краева раскини среди се малку дојди при себе . не можеш ли од страна да дознаеш дали е женет?
Па лана неможам да кажам дека те сваќам, врснички сме додека мене најголем проблем ми е што да облечам за вечер, ти немаш другарки, немаш фб, потполно си се предала на некого кого не требало, дури можеби боли но те искористил. А за одењето на врата: Оди и пиши ни на форумов потоа дали жената или детето ти отворило врата како што пишале погоре 99% е женет, ти така мала неискусна супер си му послужила. Оди за да завршиш со тоа да си бидеш сигуна во одлуката да ја прекинеш врската, да не ти биде жал, кога веќе толку си се понижила уште малку кај не отишло. Но најдобро размисли што ќе им кажеш на родителите, имаш 17 години , а 30 годишен те мотал цела година
На родителите ништо не им кажувам,само сакам да знам на што сум и толку,решена сум да ја прекинам врската,само сакам да знам дали е женет,зошто се понашал така и зошто не ме носел кај него дома,сакам да ги знам причините иако он проблемот цело време во мене го бараше,ке дознаам се и мене ми има текнато на тоа дека е женет ама незнам.. моите родители нема да ги мешам,уше малце полнолетна ке станам,треба цврсто да стојам на нозе и да се справам сама со проблемите.
Девојче свести се малку што правиш. Човекот манипулира со тебе и тоа нај-дрско и безобразно! Според мене има доста криминогено во целава твоја приказна. Ти си малечка и наивна, и си подлегнала на сите лаги и манипулации. Сега кога си веќе тука, мораш да кажеш што се случува на некој кој ти верува, и кому му веруваш ти. Можеби треба да и кажеш на мајка ти доколку си уплашена. Без разлика на се тој нема право да злоупотребува твои лични податоци и да ти се заканува. Не наседнувај на тие заплашувања и покажи му јасно дека не се плашиш. Другарки и другари ќе си најдеш нови ич немој да се плашиш заради тоа. Само одстрани го човеков од твојов живот веднаш!
Додека не е дома, пр е на работа, оди кај него дома заѕвони на врата, види кој ќе ти отвори. Побарај некој демек бараш некој што живее на таа адреса. Нешто смисли, па ќе видиш кој ќе ти отвори и ќе бидеш на чисто.
Добра Идеја! Лана остави го веднаш и игнорирај се од него, смени телефон, направи си фб и пробај да си ги вратиш другарките. Ништо страшно и ако не успееш да ги вратиш, млада си, кога ке отидеш на факултет во секој случај ке запознаеш нови и ке се зближиш со многу луѓе и нема да бидеш без пријатели, за тоа ич да не се плашиш. Ке си најдеш нов нормален дечко со кој ке излегуваш и ке се дружиш и со неговите пријатели така да за ништо не е доцна и ништо не е изгубено.
Девојки многу ми е тешко,се гушам,едноставно неможам да дишам ниту пак да живеам,мн ми е мака! Со дечко ми сме заедно 2 год. скоро 3 недели се немаме видено, тој оди секој ден на раб по 12 сати или 2 или 3 смена,а јас сеуште учам и одам на школо и никако неможиме да се видиме,премн ми недостига неможам да издржам а да не се видиме,да го гушнам, да му кажал колку го сакам да помини заедно една ноќ...оф леле...и бидејќи толку време немаме изл на само да се видиме и почнавме за секакви ситници да се караме и онака ќе се слушниме на кратко и пак почнуваме да се караме! Но,раб е што во саб беше слободен и му реков да изл да се видиме и тој рече добро ама на кратко мака ми е утре сум пак на раб од 5 сабалје ќе изл на кратко добро се согласив, и на крај му ја јави другар му и одма прифате и изл во пар и цела ноќ седевме и не му беше мака од изл дирек на раб,потоа вчера од 3 одеше 2 смена и дента стана и со другари му на кафе, јас бев изл со брачеда ми на кафе и помина ме бакна и си заминаја во др кафич на кафе, и само за мене нема време,кога и да му речам дека тој се лути и ми вика сфатиме, а мене кој да ме сфати!? Повеќе се гледа другари му колегите место со мене Мн ми е мака неможам повеќе да издржам сакам да сум со него, нз мислам дека го губам,дека се оддалечува од мене,порано разг си праевме планови за иднина за свадбата за деца, куќа,а сега кога ќе ми се јави нема ниш што да ми кажи а со др има по цел ден да разг, и на крај ќе ми речи мака ми е ае ќе се слушниме утре, и повеќе не ми кажува секоја вечер дека ме сака,јас го викав за изл (оти имам проблеми со мојте не ме пуштат на секое да изл) и сега му реков не те викам дури тебе не ти текни,но не издржав и му реков пак да изл вечерва, и ми вика нз ќе видам зависи како ќе завршам на раб оф леле господеее.... Што мислите дали ме одбегнува и сака да ми раскини но незнај како!? Ме нарекува и срце и муце понекогаш ќе ми пиши те сакам, ама неможи да се гледаме како порано,на почетокот од врската бевме секој ден заедно а сега од двај се гледаме еднаш неделно и то само од далеку а не сме биле сами заедно веќе 3 недели....полудев! Морам да го прашам вечер до кога ќе биди вака,дали сеуше има место за мене во неговото срце и во неговата иднина,ама знам дека ќе се налути и ќе се изнервира и пак ќе ми речи ти немаш доверба во мене по толку време поминато заедно. Ќе помини ли ова некогаш!??Аман веќе и ова неговата раб,пукна од раб и кога е слободен спија и пред даоди на раб понекогаш ќе си изл на кафе демек не планирано,на кратко Што да прам,како да постапам,несакам да го изгубам но сакам да поминат овие црни денови и да сме пак среќни заедно!
Средив девојки,се разделивме,отидов кај него пред куќа и мајкаму беше у двор и се скрив и му се јавив искочи разговаравме,се разделивме како луѓе,не се ни каравме ни ништо,ми рече секад ке бидам тука ако ти треба нешто и се расчистивме,ми рече дека нема ни жена ни деца дури и се изнасме на тоа ми рече па како би се шетал со тебе у населба кај мене ако имав жена? и како би зборел по цели денови дома на телефон ако имав жена.. се разделивме и сеа ми е тешко ама тоа е.. ке помине знам.. :/ утре си договорив средба со старите другарки и на нив ке им објаснам дека не беше до мене за да не се дружиме и ке им речам дека сакам пак да се дружам со нив.. се се реши.. фала што ми бевте поддршка..