Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Iвана,да не мислел дечко ти да ја прифатиш понудата за брак :?:
    или спреми му некоја романтична вечера :geek:
     
  2. Tina.Tinnka

    Tina.Tinnka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски

    Остави го. Не те заслужува. Самата си крива зашто он така се понаша, ти си му дозволила така. Он видел дека ти за секоја ситница попушташ и он тоа го користи. Ако стварно сакаш да си со него (и да го продолжиш тој беден живот со него, со сите тие понижувања) тогаш застани цврсто, собери храброст, и кажи му се што ти смета, колку и да го сакаш мораш тоа да му го кажеш.
     
  3. Ivana456

    Ivana456 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Што и да мислел јас прифатив.. ми ја кажа и намерата.. кАо несакал даме изгуби и затоа и ме запросил од што ме сакал.. па ми треба нешто.. што ни најмалку го очекува од мене..бидејки имам само 17 години..
     
  4. Lavica01

    Lavica01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Можеби да му спремиш некоја романтична вечера ( се да зготвиш сама ) ..а за време на вечерата да му ги искажеш своите чувства..Па можеш да напраиш албум со ваши слики..а да го остаиш повеќе од пола празен и да му кажеш..бидејќи сум 17 годишна,животот е пред мене,се сакаме а ти ме запроси,сакам албумов да го пополниме со нашите слики од иднината. Така фактички ја прифаќаш понудата за брак :) :D
     
  5. bubyyy

    bubyyy Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    што да правам?

    Нова сум на форумот и мило ќе ми биде да се дружиме :) .Јас имам еден проблем па ако може некако да ми помогнете. Вака има едно момче значи се познаваме околу 6,7 месеци ,нонстоп си пишеме на фб и сме многу блиски.Постојано ми вели дека му се допаѓам,ме сака ако некој го праша нешто за мене тој вели дека многу ме сакал и несакал за мене да чуе ниту еден лош збор.На фб уште за што не збориме ама во живо кога ќе се видеме само здраво,што правиш, по 2,3 збора размениме и толку.Никогаш не ми е рекол да се видиме, дали чека јас да го направам првиот чекор или само се шегува со мене не знам стварно.Оваа неизвесност ме полудува не знам што да правам (инаку и на мене многу ми се допаѓа многу,постојано мислам на него :$ :angel: )
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    Нема некое решение на 'проблемов' ама барем да имам на кој да се искажам. На кратко, дедо ми потекнува од еден мал град во Србија, и како мала одев таму неколку години по ред, имам и роднини и пола град го имам на фејсбук. Во мај минатата година, брат ми си фати женска од таму и уште идат, тој секој месец оди во Србија да се видат, и таа еднаш дојде во Скопје. Е сега, јас случајно најдов на фејсбук на еден дечко од таму, што учи со женската на брат ми и уште од одма ми се допадна ама не обрнував нешто внимание на тоа. Од ден на ден, се повеќе почна да ми се допаѓа, почнав секој ден да му го посетувам профилот и аскот, ми се допаѓаше како се однесува (макар тоа било на фејсбук) ,и покрај тоа што мислам дека има девојка, неможам да си го тргнам од умов :(. Почнав како мало дете да го пишувам неговото име во сите тетратки, симнав неколку негови слики на телефон, го ставав и на позадина.. Реално, самата знам дека немам никакви шанси со него. Сепак, брат ми е полнолетен и може да оди кај женска му, а и она кај него. Инаку, заборавив да кажам, деково има 18 години, четврта година е. Му имам кажано на брат ми за дечково и дека ми е убав, брат ми го знае, мислам и излегуваат кога оди таму. Изгледа и му кажал нешто, и овој ме поздравил преку брат ми, ми одеше да пропаднам во земја тогаш. :tmi: Се договоривме со брат ми да одиме заедно во мај, зашто јас тогаш ќе бидам слободна, ама и да отидам еднаш, па и два пати, и да се случи нешто со него после веќе нема ни да го видам. Незнам што да правам, иако најлесно е да се рече да го заборавам, ама неможам. :worried:
     
  7. Maleckata5

    Maleckata5 Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    4
    Имам 1година врска...Ги имаме сите потребни работи што би можеле да опстанат во една врска...Но летоска направив грешка не обрнав внимание за него лутејки му се бидејки ми даде слобода,но јас сум доволно свесна дека кога сум во врска неможам да погледнам друго момче и почнав да се дружам со повеке личности...Тоа го болеше го сватив и се обидов да го сменам тоа и успеав... по 3месеци донесе колешка дома со намера да и помогне по цел ден беше на работа во теретана кај другари и често му барав внимание за мене иако ми велеше ТИ САМО СИ ЉУБОМОРНА..го имав факано како ме лаже,пораки кои не ми беа вкусни за читање...кога ја свати својата грешка ми се извинуваше...на фб имаше избришано пораки од девојки од кои едната му беше најдобра другарка а другата бивша..Бившата му имаше пратено песна луд си нешто во тој смисол...Сето тоа помина но јас не успеав довербата да ја имам како што ја имав на почетокот, му верувам на се но најмало нешто што ке ме доведе до сомневање веднаш се губи довербата и се караме...Кога знам дека на неговиот број става кредит или му е зафатено во мене има немир,тоа ми остана од прочитаните пораки од тоа што гледав со саатови зафатени и бесплатни потрошени за 2-3дена но не на мене...Неколку пати го опоменив земиси нов број дај ми го стариот но не го сакаше тоа...Неговата најдобра другарка неколку пати доаѓаше кај него на гости со нејзината братучедка која се имаше фалено дека е со него...Другарката му беше толку мило напишана во именик му го пререков тоа и го промени,но последниот пат кога погледнав во неговиот именик видов број од неговата бивша која му имаше пратено песна за која ви спомнав погоре...незнам веке како да реагирам кажете ми ваше мислење како би можела да реагирам...Свесна сум дека доста работи тој смени за мене и на некој начин ми покажал дека ме сака, но незнам некои чуства неможам да ги совладам неможам да гледам бивша кај него...Фб-то му беше деактивиран другаркаму му се јави на полнок во 2ипол кобеаги да го праша зошто му е деактивиран фб а тој фб беше веке деактивиран цела недела...незнам како да постапам сакам да ја сочувам врскава ми докажувал на доста начини дека ме сака и неговите ме имат прифатено...но неможам толку лесно да го совладам тоа во мене...
     
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481





    Здравоо :)
    Комплицирана е ситуацијата..не сте малку време зедно,но не и нешто премногу долго..
    Искрено,на твое место јас би прекинала врска со такво момче..не ми сакала мојот дечко бесплатните минути да ги троши на сите,освен на мене,да пишува со разни девојки на фб и сл,во ред е да има најдобра другарка и се тоа..ама претерано ми е тоа доаѓање кај него со братучедка итн..а и сама кажа бившата девојка му праќала пораки,најверојатно и он и посветувал внимание па си зела за право да му праќа пораки и песни..
    Повеќе од јасно е дека немате доверба еден во друг,незнам како воопшто така функционирате..
    И сама кажа дека сакаш да ја зачуваш врската..ама цената на тоа ќе биде постојано да се измачуваш со тоа шо праве,со кој е,зашо е итд :)
    Тоа е моето скромно мислење,сепак ти најдобро треба да знаеш како да се однесуваш во оваа ситуација :)

    поздрав и се најдобро
     
  9. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Јас би му поставила услов или јас или сите други(бивши, другарки, братучетки..) ако се одлучи за мене ќе мора да го смени бројот но не само да го смени туку и да прекине со сите глупости
    Кажи му дека знаеш за се за пораките песните и бесплатните.. цела година сте заедно не вреди да растураш врска заради маалски к*рви ;)
     
  10. svetle333

    svetle333 Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    'Дечки барам помош од вас, т.е совет..... :?:
    Бев во врска со дечко ми повеќе од една година...како и во секоја врска , така и во нашата,кавги,љубомора,но и спротивното секако...го сакам премногу ;( ! Последниве неколку денови тој ми вели дека не осеќал ништо кон мене,односно не бил сигурен,немал друга,но неможел да продолжи со кавгите. Сакам совет ваш како повторно да го вратам,што да направам,како да му докажам дека сакам да го поминам целиов мој живот со него, го сакам крај мене засекогаш... :worried: Оваа недела имам "шанса" да го вратам покрај мене Helllllp :( :?:
     
  11. Maleckata5

    Maleckata5 Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    4
    Svetle i jas istoto go imam pominato..Tie custva se pojavuvat koga premnogu cesto se raspravate...Napravi nesto so koe ne bi se raspravale iznenaduvaj go setaj so nego posvete poveke vreme SAMO ZA VAS DVAJCA...
     
  12. svetle333

    svetle333 Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Само за викендите сме заедно, па сакав совет како да го изненадам,како да му покажам колку ми значи и да си го вратам...не сакам да е крај ;(
     
  13. Maleckata5

    Maleckata5 Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    4
    pa obidi se ako mozes i preku nedelata odnosno i od ponedelnik do petok i tie denovi da bides so nego barem na pola saat ili saat ... kolku tolku barem malku vreme eden za drug...odere na rucek napravimu nekoe iznenaduvanje nekoe poklonce setajse niz grad
    [mod-kirilica:1366b9nz][/mod-kirilica:1366b9nz]
     
    На svetle333 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Поклонче?? Немојте бре луѓе '' diamonds are a girls best friends'' хахаха.!
    Ако нема некоја скриена намера зад ова, или скриена фрустрација, значи стварно нема чувства и ти ако сакаш златен роли купи му, нема да те сака и.Неќам да звучам нападно, но сите сме поминале низ раскинувања, и дај малце обиди се да не изгледа патетично, кога веќе решил барем задржисија гордоста, една и пол година посветена од животот е доволна за да не те остави на цедило кога најмногу ти треба.Сакаш некој покрај тебе да задржиш што не те сака? Епа драга штом си решила кога-тогаш ке се појави друга вервај.Единствена опција е да му го кажиш се ова на малце по ''горд'' начин дека сметаш да тој е вистинкиот и единствениот во твојот живот, ако тоа не го цени.Time's up..колку побрзо толку подобро.А заслужуваш подобро.
     
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    а кој рекол дека треба да го заборавиш :^) ?како прво ти не си сигурна дека тој има девојка ,како второ до мај којзнае уште колку работи ќе се случат со него,имаш простор за надеж,макар и мала.не му ја мисли и отиди таму во мај со брат ти ако и тој те приметил ќе биде нешто :!:
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Arriety

    Arriety Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    21
    Здраво феминки, не си најдов сродна душа па се решив да пишам.
    Приказната е малку подолга зашто сум веке 3 години во врска, но за почеток доволно е да наведам дека имам (фашисти) родители и минимален излез, а дечко ми е како скитник нон-стоп мери улици. Не дека немам доверба, туку јас се осеќам ко куче, еднаш неделно ме изнесува со кола, се прошетуваме, падне секс, размениме нежности, љубов и правац домче.
    Ми се ствара аверзија кон фактот дека не го боли уво, нема обзир за тоа што јас го жртвувам моето слободно време. Студирам турбо, ги трпам старите, ги задоволувам сите негови желби, се со цел за еден ден да се станам човек сам за себе и да сме си на свое (што сакаме, каде сакаме, до кога сакаме да си правиме).
    Сепак мене на крај ми остануваат само оние пет минути кои губат значење ако он цела недела си поминувал супер не се свртел дома да направи барем пола од тоа што јас го правам, и да смири страсти и караници од негова страна. Технички на крај освем тоа што се напињам јас за ова, имаме дополнителен притисок и од моите и од неговите, затоа кога едниот тапка во место, другиот потешко влече напред, па јас неможам да учам и за двајцата, неможам сите да ги усреќам.
    Да се разбереме, некоја ќе рече -Што се филмаш, олабави.- ама карактерот мене ми е таков да гледам напред кон иднината, да градам кули и планини за утре да си имаме мир и среќа и љубов и ништо да не не гњави, а неговиот карактер е од ден за ден, се додека е забавно нека трае.
    Ако веќе не свативте, јас сум јарец а он водолија, господ знае како се слагаме, само знам дека љубовта ни е доволно силна за се да надминеме. Би можела и од утре да речам каков е таков е мој си е, и да не си ја мачам душата, но знам дека при првата посериозна караница, ќе излезе овој проблем, а нејќам да ги оставам проблемите неразрешени.
    Фала женски за вниманието, еден совет два, како да постапам каде да се исклучам/уклучам, добро би ми дошол.
     
  17. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    9.909
    Arriety Кога го прочитав твојот пост морав да се уверам колку години имаш ,за ваквото понашање на твоите родители.Мислам не си малолетна за да ти дозволуват минимален излез.А како што читам и студираш се трудиш мислиш на иднината,а не сфаќам како може да немаат доверба во тебе.Во ситуацијава не ја гледам многу вината во дечко ти ,најнормално е да сака да излегува па млади сте сега ако не кога?Според мене ти би требало поконкретно да разговараш со твоите родители ,за твоите излегувања ,треба да им објасни и да сватат дека не си веќе девојче ,дека треба да имаат доверба во тебе .А сигурно и знаат за вашата врска ,и мислам дека не би требало да се сомневат .Седни ги со убаво објасни им некои работи ,побуни се ако треба зошто сепак си многу млада за да седиш постојано дома и само да учиш ,ти треба и малку забава .Разбирливо е што дечко ти сака да излегува ,потрудисе и ти да бидеш почесто со него.Мора да си бараш во животот твоите права ,оти ако не никој нема да ти ги даде,Биди упорна во тоа што го сакаш,мислам дека родителите би те разбрале.Поздравче и со среќа.
     
    На Arriety му/ѝ се допаѓа ова.
  18. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Бев во ваква врска која кратко траеше, незнам како ти издржуваш ама алал да ти е. Јас се изгубив во таа врска, се ориентирав според него, а он беше дувни ветре, кој го викне он трча, не е битно дали јас сум со него или не, дали сме имале друг план или не. После 2 месеци му кажав збогум, на човекот без цел во животот. Незнам од каде наоѓаш сила и за двајцата, јас пукнав за кратко време. Јас имав планови, цели, обврски еден куп, он само една, цел ден по кафичи да дреме со цигарата во уста. Незнам што да те советувам освен, да не биде кога ќе дојде моментот за заедничка среќа да ти пукне филмот? м? размисли убаво...



    Јас имам друг проблем... Пред две години се смував со еден дечко (мразам мување ама ова беше исклучок), се случи јас да се зацапам во него, ама толку мн се заљубив што бев во некоја блага депресија 8 месеци, поради тоа што он не сакаше да се гледаме понатака, ме игнорираше на секој можен начин, а нели колку повеќе ти мава игнор, толку повеќе се леташ.
    Собрав храброст после 8 месеци, реков или ке бидам идиот во неговите очи или ако има малку срце ќе ме сфати. Му кажав се што мислам и што чувствувам, откако ненадејно ми стигна смс од него, да не случајно сум низ град излезена. После се што му изнакажав на крајот додадов, ако ме сакаш како јас тебе- продолжи, ако не заборави ме. Он на тоа пиша само едно извини и се тргна целосно, се повлече, никаде го немаше. Мене ми одговараше тоа, го заборавив, но дали тука се заврши како што мислев...
    После неколку месеци почнав врска со дечкото со кој неодамна раскинав. Не ни помислував на него, додека бев во врска. Дури и кога ќе го видев на слика (пр.на фејсбук) си викав, што посебно видов што толку бев заљубена во типот, си се чудев самата.
    Пред неколку дена го сонував, а од утредента веќе почнаа да ми стигаат пораки на фб од типот. После 2 год, пак се сети на мене и пак почна да ми пишува, се додека вчера не се случи моментот да ми пише смс да се видиме. Му реков дека сум зафатена, ќе го побарам деновиве. Во дилема сум, што сака од мене? Зошто ова ми го прави? Дали да се видам со него? Се плашам дека пак ќе бидам повредена. Што мислите?
     
  19. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    На овие прашања ќе најдеш одговор само ако излезеш со него, немислам на мување и глупости, него онака пријателски, не верувам во судбина но по 2 години баш е интересно да видиш личност која некогаш ти била драга.Не гледам ништо лошо во тоа да излезеш пријателски. Знаеш драга од кога ќе ја изгубиме личноста обично сваќаме колку вредела-тоа мислам дека му се случува на типот. 2 години поминале, луѓето се менуваат, создреваат.Ако не излезиш секогаш ќе се прашуваш што ако? Никој не е светец цело време нели? Различни животи, искуства, комплекси..да не се навраќаме на минатото.Излези пријателски ако, а сака да ти направи повторно ''mindfuck'' тоа го може само ако ти си дозволиш, а не верувам.Така да..
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Ракче ја би кажала дека ова е Karma is a Bitch! :D Убаво што си му кажала дека си зафатена. Прво расчисти си дали имаш чувства уште за него или не. Ако ептен те интересира што има да ти каже отиди на кафе. Најверојатно кога ке се видите, ке знаеш дали уште чувствуваш нешто за него или не.
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.