Pomossssss па излезете пакк кажи му колку ти значи дека сакаш да се смирите дека неќеш да има повеќе кавги дека сакаш да е се како порано.....разговарај убавоо со него
Pomossssss ^^ Јави се на бившата на бившиот твој да му каже на бившиот дека многу го сакаш. Некако многу бивши ми се мотаат по постот
Pomossssss Па не можеш да кажеш поранешната на поранешниот, без да користиш србизми? И сега што? Малиот сакал излет на страна, привремено и раскинал на девојка му, те искористил па бидејќи неговата поранешна е глупава и жали по него, а можеби и заљубена и криво и е, сега тој ќе и се врати. Ти си паднала на неговите зборови дека ќе ја остави неа за да биде со тебе, а нејзе може и кажувал дека ти му се упикуваш и дека сака да биде со неа. Доволно години имаш за да разбереш кога некој си игра со тебе. И зошто отвори тема па и со таков наслов-помошшшш, па и на латиница. Неубаво изгледа а и некако неписмено. Прочитај ги барем правилата на форумот.
Pomossssss Ако си доволно храбра,можеш да му кажеш дека ти значи,дека си се приврзала за него,да зборуваш,ти не наведе причина зошто се разделивте,да кажеше ќе знаевме што поопширно,и малку попрегледно објасни,бившиот,бившата на бившиот,бившата,бившите,не те разбравме добро.
Еден и единствен.... Вака имам проблем веќе подолго време и незнам што понатаму... Си имам дечко,малку време сме заедно но супер ми е.........ме мачи е мојот бивши..Идевме 4 месеци и за тоа време јас него премногу го засакав и како што сум го сакала него неможам сега да засакам никој друг...Со сегашниов што сум,го сакам ама не е тоа тоа и што ме кочи најмногу бившиот пред некое време ме додаде за пријател,го прифатив и постојано гледам дека објавува некои песни што ми ги посветувал на мене,некои тажни не ми пишал,а јас не се осмелувам да му пишам.Само ме интересира зошто пак ме аддна кога последниот пат кога правевме муабет по фб се опцувме
И мене истото ми се случи како тебе,бев со машко само два месеци а го сакав 3год.и неможев да си ја отворам среката заради него.Мој совет чувај си го,гледај си го дечкото пошто после ке се каеш.Верувај ми.Барав совет и на фемина сите ми рекоа гледај си го дечко ти друго е пролазно.Немој да те кочи тоа,избриши го од пријатели и продолжи си со дечко ти.Значи ти кажувам се најдов во скроз иста ситуација,сакав да го одберам бившиот но не,се излажав.Сега ми е НАЈУБАВО со дечко ми,смеа,љубов,искреност,добрина.. Што и да има прашај ме дали лп дали овде слободно.Мој совет избриши го бившиот од пријатели,пробај,вложи напор во сегашнава врскада бидиш срекна.Тоа било и поминало,боли знам,секавања се,сакаш да ги вратиш,но би те советувала остај ги нека си стоат закопани во минатото.Живеј ја сегашноста и дајте се од себе да ви биди најубаво. Поздрав се најдобро!
Ако останеш со сегашниот само ќе се лажеш себеси, а тоа што го потиснуваш по икс време ќе исплови на површина.
Фала ви Westlife и Offspring го ценам тоа што го кажавте,и ќе продолжам со сегашниов дечко зашто вреди навистина,до сега немам пуштено солза за него,и не се нервирам едноставно среќна сум,што се вика ми ја врати довербата во љубовта,за разлика од бившиот-нон стоп бев нервозна,плачев секој втор ден и секој момент се каравме.Несакам да се смирувам со него зошто сите викаат дека еднаш кога ќе пукне веќе не е исто,и ќе се трудам да го заборавам п.с-еднаш кога излегов со сегашниот дечко ставив од парфемот што го користев кога одев со бившиот(и вечерта го сонував ) веќе не ставам од него!!!
Твое право, ама да знаеш дека не е убаво и кога е се розево. Ќе почне да ти фали таа динамика што си ја имала со бившиот, ќе ти фалат и караниците и нервозите. Јас ти кажувам од искуство. Со мојата најголема љубов во животот, со кој бев 10 месеци, имавме врска со нон стоп кавги, нон стоп љубомора, отерување во пичке материне и слично. Раскинав, си најдов мирен човек, некако се чувствував безбедна со него, и бевме заедно 3 ипол години. Ама фалеше динамика, фалеше кавга, ми фалеше да се отерам со некој по ѓаволите и после пак да се сакаме како ништо да не било. Не е работата само да вреди и да е добар, џабе е кога не го сакаш, џабе е кога несакаш ни да помислиш на секс со него. Јас раскинав со мирниот, затоа што ме уби монотонија, ме уби досада, и почнав да се чувствувам како пензионер. И по 4 години, не гледање воопшто (пошто сме од различни градови), пак сум со бившиот. Решив дека постои лесен начин и лесен пат, можам додека да трепнам да го одберам тој пат, ама не го сакам, го сакам потешкиот пат со него, затоа што него го сакам и ниедна добрина неможе да го засени тоа Сите караници, сите отерувања и пцуења се ништо во споредба со чувството кога ќе се гушнеме
Никогаш не се знае што ќе се случи,може некогаш ќе се смени ситуацијата и ќе се смирам со него но сега несакам да помислам на тоа зошто мене не ми е досадно со сегашниов,баш напротив интересно ми е и не го гледам како обврска,туку баш е опуштено
Девојки ми треба совет, еве веќе подолго време ми се допаѓа една колешка од факултет но проблемот е што немам голема комуникација со неа, а и ми делува многу срамежливо и повлечено а многу е слатка и убава и сакам да ја запознаам подобро.Ја имам за пријателка на Фб но некако не сакам да започнам така разговор не знам што да правам ве молам помагајте, а сакам многу да ја запознаам за да и пријдам и да започнам разговор некако што знам ќе биде како гром од ведро небо оти само си имаме здраво здраво ништо повеќе а и јас сум малку срамежлив не знам што да правам помагајте ве молам .
Побарај и некои материјали, или прашај ја за некоја задачка, онака кежуал Па покани ја да решавате заедно На таков факултет си што не се учи сам... А финтата со учењето заедно, гледам им успеа на многу колеги
Не е некој проблем, ама добро би ми дошол некој совет. Зборувам со еден дечко од Србија месец ипол, тој е од местото од каде што потекнува дедо ми па често сум одела таму кога бев мала. Брат ми исто има девојка од таму, па се договоривме да одиме за Велигден 5-6 дена заедно. Инаку, уште од одма почнавме секој ден да збориме со него, скоро секогаш прв ми пишува и стално ме прашува дали мајка ми ќе ме пушти да дојдам, одвај чека да ме види итн. Брат ми го знае и во живо, ми рече дека бил многу убав и фин . Ама ме кочи едно нешто, што ако ете таму не му се допаднам? А и по природа, додека се опуштам со машко сум многу срамежлива и незнам како да се поставам и што да разговарам со него. А и ако нешто се случи, а јас уште сега сум приврзана со него незнам што ќе правам, како ќе поднесам, имаше еден таков случај и другарка ми се утепа од плачење, а дечкото беше од друг град само. А сакам да бидеме заедно, ама знам ќе ја немаме таа можност да се гледаме секој месец ете.. Што мислите, подобро е да направам нешто кога ќе отидам или да ги оставам работите како што се? П.С. Инаку имам 16 години, иако не менува тоа ништо во муабетов, ама да си кажам јас.
можеби е офтопик ама ке си пишам јас само ме интересира зошто да му се јавуваш некому цело време, да пишуваш цело време а тој игнор цеееелоооо време и после ќе каже ама зафатен бев или нешто слично а да не пишува, не се јавува не покажува нишо дека сака да те чуе или дека е заинтересиран.. е не можеш да си зафатен 24/7 .... што им е филмов на машките?!
Самата си даде одговор. Не покажува интерес дека сака да те слушне. Можеби и си игра топло-ладно па сака да трчкаш по него. Совет: Остави го некое време, не му се јавувај. @Macula истото ми се случи и мене пред некое време. Но, не сум сигурна дали бившиот знаеше за новиот дечко или не. Не го прифатив, го прашав само што сака. Спојлер Да ме види што праам. Во твојот случај, иако може каснам малце, најискрено ти советувам да не се навраќаш на бившиот.
Не се враќам зошто не вреди еднашкнигата кога ќе ја прочиташ знаеш после како завршува и не се секирај не доцниш фала ти