И јас сакам резулатот да биде негативен и ако те мачи уште пишувај затоа сме тука иначе чекам добри вести
Како да го задржам? Сака нашата врска да е за сега во тајност.. но ако нешто тргне наопаку.. Како би можела да го задржам и да направам да ме засака .. поточно да се заљуби во мене ? Совети ве моламм ...
Мисли позитивно, прашај го зошто ја држите врската во тајност.Ако тоа е оправдана причина, немај гајле а ако сака да те искористи тогаш преболи го навреме зошто да го задржуваш.
Здраво Феминки! Се регистрирав на форумот поради што стварно ми е важно што да правам со мојата врска и се надевам ќе го решам со ваша помош. Ми треба вашето мислење. Колку и да ја сакам, ќе ја преболам... се работи за мојата 10ипол месечна врска. До ден денеска е премногу ограничена, на пример во јавност никогаш не сака да ја бакнам во уста (мал бакнеж), разговаравме за тоа... океј, си реков ајде... попуштив... ваљда ќе се опушти, ама до ден денеска иста песна. Досега сме немале секс, предигрите се бројат на прсти... ги одбегнува понекад, последново што се случи ептен ме разочара. Значи, почнавме со предиграта... горниот дел бевме голи, и после 2 минути... одеднаш рече "Претеравме." Се облече и ја испратив накај дома... Се случувало некогаш кога зборуваме на таа тема, да ми каже "Ти треба уште леб да јадеш за да спиеш со мене." :roll: Еднаш дури пак и ми рече "Немаме јас и ти да имаме однос се додека не се земиме." Па тогаш намерно и вратив "Епа зошто тогаш си имала со претходниот дечко???" ... и тогаш од што немаше што да ми врати, ми рече дека ме лажела дека имала однос со претходниот. Ама то беше само лага, дека сум ја ставила у тесна ситуација. Што значи, имала. Мене не ми е поради тоа што сеуште сме немале секс, не сум таков тип... туку најкриво ми е што ја нејзе и сум втор дечко, со првиот таа имаше однос, и беше само 6 месеци во врска, плус невина. А со мене пак се прави невина. Многупати самата ми има речено дека јас сум единствениот кој толку направил за нејзе... итн. Ама сето тоа џабе, кога самата не го покажува со дела... што е најжално, понекад се случува и по 2 недели да не ја бакнам у уста т.е. да не ми дозволува поради што сме биле надвор, на отворено. Ве молам за искрено мислење и совет, благодарам.
А нема никаков контакт со бившиот? ок можам да сватам дека и треба време ако тој и бил прв малку може треба време да се опушти и за однос и се но бакнување во јавност па искрено и неможам да разберам што е тоа што пречи ај некогаш не е ни време ни место но некогаш онака не е ни важно за да те бакне оној кој те сака и посакува...освен ако несака да во јавноста ве видат заедно поради бившиот искрено незнам што др би било...
Не ми е јасно како може да идеш а да несакаш да се бакнеш со дечко ти,не да се залапате туку само онака?? Нешто тука не штима,можно е она да се плаши да има секс со тебе,заради тоа што имала претходно со некој кој мислела дека ќе остане ама раскинале таа е ограничена премногу и несака најверојатно пред тебе да испадне ''лесна'' и затоа те одбива.Седни ја и направете искрен муабет зошто така се однесува,ако те сака нема да има срце да те излаже
Не и веруваш како што можам да заклучам . Може е невина, а може со првиот имала лошо искуство и сега се плаши . Треба да и дадеш повеке време и како прво да бидете повеке отворени еден со друг.Ја сакаш, таа исто бара доказ .Убаво ти кажала, и мислам дека е невина а ти биди трпелив ако толку ја сакаш.
Јас мислам дека таа се изгорела еднаш, па сега не сака пак да згреши. Си креирала одбрандбен механизам некој изгледа. Тоа што ти рекла ти треба уште леб да јадеш за да спиеш со мене стварно не е фер и мене ме асоцира дека претходниот пат била стварно повредена од него. Можеби тој ја оставил после имањето односи со неа, можеби на некој друг начин ја изиграл и сега најверојатно сака да се осигура дека ја сакаш, дека до извесна мера може да ти верува. За тоа со бакнувањето - може таква си е, не сака да се бакнува во јавност. Колку години е, ако не ти пречи?
Нема контакт, дефинитивно. Во врска со односот не ми се брза и мене, но ме нервираат овие зборови што ги употребува кон мене. Сум требал уште леб да јадам А и дека ќе сме немале однос се додека да не се земаме... е што сум јас? Епа и мене не ми е јасно тоа, пошто понекад се случува да не се видиме пример 1 недела, и тогаш кога ќе се видиме... не дозволува да ја бакнам. Не е невина, ми призна дека само еднаш го направила тоа со него. Таа многу добро знае колку ја сакам и правам за неа. Се што можам и давам. И самата преговара за тоа. За осигурање, таа многу работи и се јасни, многу добро ме познава каков сум. Туку мене друга ми е замислата т.е. тоа што јас мислам зошто се однесува така, односно сака да се осигура дека ќе и обезбедам сигурна иднина и дека поради тоа дефинитивно ќе заврше на крајот со мене. Проблемот е што бившиот е во странство, па... сигурно и затоа толку лесно се предала. Кујзнае какви филмови и праеле, а може и си праела. 20 години.
Гледај вака ко што гледам таа има 20 години нему му дала што значи не е толку повлечена колку што се покажува ! Јас ќе си земам право да ја нападнам најдрско ... Прво со тебе е накај 1 година кај и да е здравје . Ко второ ако добро сфатив има 2О ? Као трето какво искуство и да имала ај за секс ќе ја разберам зошто сум била во слична ситуација . Е сеа кај шкрипи работава ? нејќе да ја бакнеш ? Ма немој да ме јебеш бре !!! Што си мисли ќе ја држиш за рачиња и ќе и пишуваш поезија ? Значи јас да сум на твое место би го побарала коренот на проблемот . 1. Не е сигурна во тебе . 2. Исплашена е од сексот ко збиднување . 3. Не те сака доволно . Сори овака можеби ептен демотивирачки ама сакам да сум искрена.Колку си спремен да чекаш ? Може по една година да те отпука и на наредниот да му даде за 1 недела си помислил на тоа ? Ако не нешто друго треба да ти даде доооооообро објаснување ти го должи тоа !
Најдобро е да следен пат кога ке се видите и да поразговарате најотворено нема ништо подобро од она да прашаш зошто и пречи да ја бакнеш што очекува од тебе и што е тоа што ја кочи (лично познавам девојче кое поради обид за силување и од дечкои додека ја бакнува да се трга но сепак тоа траело кратко месец дена додека се увери и го засака повеке за да не и битно каде е и дали има некого за да го бакне) што значи фино лепо муабет и отворени карти.. да не се надева да кога ке се врати бившиот па да се смират па као затоа несака односи? и бакнување во јавност? мислам вакаа може само да погодуваме зато најдобро е ИСКРЕН РАЗГОВОР да си знаеш и ти на што си... зс скоро година заедно и не е малку време ...
Дали погрешно сфатив, или мислиш дека таа е од корист со тебе? Како може да не сакаш да го бакнеш тој некој со кој си толку време и кој, демек го сакаш? И јас мислам дека девојчево не те сака, туку мисли дека, како што и самиот си кажа, ти би можел да и обезбедиш добра иднина.
Пушти го оној што го сакаш и ако ти се врати те сака .Може да провериш дали те сака ако се одалечиш едно извесно време.По првата реакција штом те види ако те бакне, ке знаеш дали те сака Со срека.
Зборев. Ми рече дури дека се каела за тоа што го направила, дури почуствувала и нешто внатрешно дека не требало тоа да го прави. И затоа смета дека ова не треба да го правиме. А во врска со бившиот, не сум знаел ја се она под какви влијанија била и како се се одвивало... и баш зошто го направила тоа. И така се раскаравме на крај... ќе видиме шо ќе се деси утре / деновиве. Ако ништо друго, сфатив една работа... јас сум си крив за се. Не требаше да бидам толку добар и наивен. Многу е битно да ја држиш за нешто, што ќе ја тера се и сешто да направи... нешто ваљда ко со бившиот што било, претпоставка. И сеа финализирање на цела ситуација? Ваше мислење?
не сакам да ти долевам масло на огинот,ама на штом досега не почувтвувала љубов или страст за тебе,тогаш ништо.зошто?зошто чувствува страв.а секогаш го мразиме она од кое се плашиме. најдобро побарај искреност од неа кажи и дека ја сакаш и почитуваш ,ако не ви одговараат ставовите разделете се. спомна бившиот и бил во странство. јас сум била во иста ситуација и можам да разберам како се осеќа.затоа ти велам откажи се,ти ништо не си виновен.на сила никому ништо,така ?
ај совет.. Вака..иам 15 години,идев со еден дечко месец и прекинавме зашто не сме се гледале многу често ова она. Се деси шо се деси после месец се смиривме на некој начин.Многу го сакам али работата е тоа што има многу ствари шо не ми се свиѓаат кај него.(најпрвин надворешен изглед) На моменти помислувам да му кажам да останеме другари али коа не сме заедно ненормално ми фали и го глеам ко совршен и се би напраила да бидеме заедно,али коа сме заедно му ги приметувам сите можни маани. и незнам што е најпаметно да напраам..
ај совет.. Сето ова што го наведе е доказ дека можеби сеуште не си доволно зрела за врска. :geek: Ти кажувам од искуство и јас така се чувствував на 14год. Почекај некое време не се брзај.. нека не ти биде дечкото главна преокупација.
Можеби си го чека него да се врати, па да види што ќе прави. Ти си бил реален и искрен спема неа - нема ништо лошо тука, за ништо не си крив. Тоа е нешто во нејзиниот мозок и ние колку и да нагодуваме неможеме да го погодиме нештото што ја мачи. Може е одгледана во конзервативно семејство - тој и рекол ќе ја земе па се прелажала. Кажи и дека претерува, па боже сачувај да не те бакне? Штом не ти се брза за секс, почекај ја, ќе видиш како ќе се одвиваат работите.