Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.983
    Допаѓања:
    34.649
    Пол:
    Женски
    sega pocekaj da vidis sto ke se sluci... fino sto otvoreno ste razgovarale ako i znacis ke te pobara... ljubovta e kako senka ako i svrtis grb sekogas ke te sledi.. :D moze i ne mi e dobra frazata no neka si gi sredi i taa mislite zs nikogas 2licnosti ne se isti dzabe kolku i da te sporeduva treba da svati sto se si napravil za nea a ke svati koga ke te nema.... taka da neka pomine nekoj den i ke vidis sto ke se sluci...
     
    На Unknown123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lepor.Lepos

    Lepor.Lepos Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    21
    ова се однесува за unknown123
    вака, не мислам дека она сака да се осигура за да остане крајот на животот со тебе, туку сака да постигне некое друго осигуривање/оправдување за неа...
    прво, морам да кажам дека ја разбирам зошто се однесува така. Затоа прво ќе почнам со објаснувањето дека тоа нејзе што и се случило, да има однос со тип во кој очигледно не била сигурна (нели внатрешно нешто и кажувало), и потоа типот си заминува (а сигурна сум дека има и др моменти кои не сака да ги каже, зошто ќе треба пак да ги доживува) е мн болно.
    значи она го имала својот прв однос, во услови на притисок (од него, нели годините под претпоставка дека ова било неодамна па си рекла ајде зрела сум што не била,од наводна љубов и ред др можности), несигурност( во него а и неа), емотивен хаос.... што ја довело да ја донесе таа одлука за која воопшто не била спремна, всшност не ни ја сакала. и така се согласила, легнала раширила меѓуножје и завршила работа, и после била оставена. ова што го поминала воопшто не е мала работа.
    Девојките не се како машките... ова остава траги, болка срам, што е мн моќно чуство. fun fact што мислиш зашто жените имаат толку проблеми во сексот? заради овие моменти, заради моемнтите коа се осеќаш како објект за една употреба.
    Ее сега моја претпоставка е тоа што ти го прави тебе не некој начин оправдување/исправување за грешката што ја направила. колку пати ќе те одбие тебе, толку пати ќе си добие фидбек сама на себе дека си има зачувано дел од чистотата, невиноста што ја изгубила.
    Ако го прави ова мислам дека е себично, колку и да и е тешко не смее вака да те искористува, за да си лечи некои свои компекси, особено ако ти си добар,разбран како што велиш.
    Да се раскине е лесно, затоа мој совет е пробај разговарај со неа и биди трпелив, прашувај поконкретни прашања нека ти се отвори, нека осети сигурност и заштита од тебе. Ама само трпеливо и пополека!
    ова е едната варијанта, друга е едноставно не осеќа физичка привлечност спрема тебе.... тука нема чаре баш :|
    се надевам помогнав :)
     
    На Unknown123 и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  3. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Незнам ова дали спаѓа тука, го најдов на друг форум и мислам дека на некому ќе му дојди од корист.
    Се чувствуваш осамено? Лошо? Мислиш дека сите се против тебе,или дека се’ со тебе и завршено? Епа мила време е да ја научиш лекцијата на животот! Ти не си осамена... види вака... погледни наоколу и ќе видиш многу личности кои чекаат на тебе...да се насмевнеш,бидејќи насмевката го краси човекот. Знаеш како??? Не чувствувај се лошо..Знам дека срцето боли,знаам. И немој не плачи. Не храни ја тагата со солзи. Кога ќе ти бара солзи,дај и’ насмевка,кога ќе ти бара тага,дај и’ радост,кога ќе ти бара да исчезнеш,ти како најсмела појави се. Нека умре тагата,нека нема со што да се храни. Ако сакаш да бидеш силна,смеј се и кога ти е најтешко. Тоа е сила. Солзите чувај ги за кога ќе си насамо и не покажувај ја твојата слабост пред НИКОГО! И,да ...никој не е против тебе... има некој,кој во моментов мисли на тебе. Некој,кој во моментов лудува по тебе... затоа наместо да плачеш и да ја задоволиш лошата страна,ти смеј се...наместо да тагуваш-радувај се,наместо да тажиш и беснееш по она што ти го зеле,ти само една лекција имај на памет: ШТО Е ТВОЕ ЌЕ СИ ДОЈДЕ,АКО НЕ ДОЈДЕ,ТОГАШ БОГ ЧУВА НЕШТО ПОУБАВО ЗА ТЕБЕ. И немој,не мисли дека со тебе е завршено. За се’ има време. За ништо не е доцна. Има време да ги поправиш грешките,да сфатиш нешто,да направиш нешто. Има време...за ништо не е доцна. Ама баш за ништо. Знаеш...животот е прекрасен. Има некој што ќе те развесели...значи, СЕКОГАШ БИДИ СРЕЌНА И РАСПОЛОЖЕНА! Среќата,смеата...тие ти се најголемото богатство во животот и никогаш не нарушувај ги и не крши и’ ги крилата ни на среќата,ни на љубовта. Некој те изневери,те повреди? Епа мила не грижи се. Тркалото постојано се врти и ќе им вратиш. Некој ти мисли зло? Епа мила време е да научиш дека ДОБРИНАТА СЕКОГАШ ПОБЕДУВА,А ИСТО ТАКА И ЉУБОВТА .. некој те изневери во љубовта? Епа мила не си ти единствената изневерен. Ништо не е случајно,се’ си има причина...љубовта не е лесна..таа не се состои само со она „ТЕ САКАМ“ кое го говориме сите,или пак со лајкови на ФБ. Таа се состои и се докажува преку НАШИТЕ ДЕЛА! И немој да плачиш заради тоа што те изневериле. НИКОГАШ НЕМОЈ ДА ЈА ПОКАЖЕШ СВОЈАТА СЛАБОСТ. Немој да ја мразиш љубовта,замо заради тоа,што некогаш си била изневетена во неа. Тоа е безмислено. Ќе ја најдеш твојата вистинска љубов,која никогаш не би те повредила и ќе бидеш среќна во неа.. но немој ни ти да и’ ги скршиш крилата,бидејќи потоа ќе се каеш...немој да ја изневериш таа љубов. НЕ ПРАВИ ГО ОНА ШТО НЕСАКАШ ДА ТИ ГО ПРАВАТ ТЕБЕ. И затоа немој да тргнеш во погрешните патеки на животот,туку во вистинските. Животот и Љубовта се најголемо богатство и немој да ги оттргнуваш од тебе. Секогаш гледај ја светлата страна на животот,заборави на лошото минато (ако го имало).. немој да гледаш во минатото со лутина,ниту во иднината со страв,туку во сегашноста со оптимизам. Секогаш кога темен облак на патот ти стои,промени се,не плаши се,не покажувај ја твојата слабост,туку како сонце изгреј,реши го проблемот,. Немој НИКОГАШ,ама баш никогаш,немој да се откажиш од животот. Нема нешто поубаво од убавината на животот. Животот е убав ако знаеме како да го живееме. Затоа не се откажувај...Бори се за себе. За да придобиеш нешто труди се...не откажувај се...заведувај,ДАЈ СЕ ОД СЕБЕ...Секогаш биди храбра,силна,труди се од се’ срце,секогаш биди своја...Денес не учеше за следниот БиТеН Тест . Не се грижи не е крај на светот . Има нов ден ? Има научи си ја лекцијата свати ги грешките и ќе поправиш. Среќно чекори по прекрасната и идна патека на животот,кој те води до прекрасни нешта. Не се откажувај од она што го сакаш,не се наоѓа лесно... не дозволувај да те повредат...но немој ни ти да повредуваш никого,бидејќи навредата боли повеќе и од рана.Ако некој ти љубомори,те навредува,те озборува,те понижува...,ти не обрнувај внимание на тоа,туку само тебе ти преостанува ГОРДО ДА ЈА КРЕНЕШ ГЛАВАТА. Секогаш чувај ја гордо исправена главата,бидејќи има некои,кои ќе уништат се’ и ќе се радуваат и гордеат,да те видат падната. Затоа: НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА БИДЕШ ПОНИЖЕНА,НО И ТИ НЕМОЈ ДА ПОНИЖУВАШ НИКОГО. Биди позитивна...Сите работи што ги правиш нека бидат позитивни...заборави на негативните работи!!!! Мислиш дека нешто ти недостасува? Епа мила никој не е совршен . Ни дијамантите .. кога ќе ги најдеш во природата имаат чудесен сјај , но не се за на излог и ја немаат онаа прекрасна форма што сите ја знаеме . Нив треба да ги обработат . Да ги оформуваат , да ги чукаат и на крај да ја добијат онаа форма . Тие се нај цврстите мораат да издржат за да опројат со онаја убавина . Така сме и ние луѓето некој мора да не мачи , некој мора цело време да ни тежи да да ја добиеме онаа цврстина , сила одбувност , сјај , убавина . За да можеме да се снајдеме во животот. Господ се гордее што создал таква како тебе,единствена и незаменлива. Ти си едниственото нешто на светот , никој не е како тебе . Замисли ти си едно од најубавите дела што Господ ги создал . Замисли колку бил горд што дал уште еден живот на земјата .Ти дал моќ за размислување , моќ за љубов , моќ за желби и фантазии , моќ за создавање , моќ за говор , планирање . Те прилагодил да можиш да се вклопиш на секаква клима , да се спротиставиш на секоја тешкотија на секој предизвик . Немој да си ги одземаш сам сите тие моќи . Некој плачат , молат да се како тебе . Да ги имаат сите твои способности . Оние работи во кои што си ти најдобра . Гордеј се со себе . Биди храбра и соочи се победи ја оваа војна најдобро што можеш. Не дозволувај животот да те направи играчка во оваа игра,биди играчот и изиграј ја најдобро што можеш. Ако оваја рунда ја изгуби не се предавај следната можеби ќе ја победиш . Знам дека животот е големо чудо кога мислиш дека ги знаеш одоворите тој ќе ти ги смени прашањата. Има мила можеби дожд има да ги прокрие твоите солзи да не ја видат слабоста , има еден ветер што ќе ти ги засуши има и една пролет што ќе умира од среќа да израсне во тебе нова ЈАС нова .. силна , цврста од тебе само буквите на името да останат . Нека се чудат нека не можат да те повредат . Има мила имаа ! има многу што на тебе чекаат , а највеќе животот пред тебе . Тој тебе те чека не и’ ги крши крилата на среќата. И знаеш што? Решавање на проблемите е РАЗГОВОРОТ...кога со некого ќе се скараш,разговарај те и ќе се смирите. И,да...лек за болките е времето! таа е најхрабрата лек,најбогатата,најубавата,најизлечливата,најдобрата лек...,која може да влезе во сите твои длабоки рани и да ги излечи...да нема ни лузни од минатото. Тоа е така,бидејќи се’ си има лек,односно време...ако некој те повреди,со тек на времето ќе дојдат и твоите пет минути,па ќе му вратиш. Или пак,ако со некого се скараш,со текот на времето ќе се смирите,или некои други работи ќе ги сфатиш со тек на време...и други работи. А за нешто да ни успее,треба нештото да го посакуваш од се’ срце.Треба нештото да го посакуваме од се срце и да се надеваме дека тоа ќе се оствари. Надежда последна умира засекогаш! Секогаш кога се надеваме дека нештото ќе се исполни,срцето не слуша што сакаме. Тоа ни ги исполнува желбите. Не тера да одиме во правиот пат. Секогаш работите се исполнуваат и стануваат ПОЗИТИВНИ. Само силно посакуваните нешта стануваат реалност...Никогаш немој да не се надеваш,да се надеваш дека нешто лошо ќе се случи,или пак да престанеш воопшто да се надеваш. Секогаш надевај се дека нешто убаво ќе се случи во иднина. И надежта ќе те послуша. Ќе те слушне и ќе направи како што ти си и’ заповедала. И се’ ќе биде во ред. Се’ ќе биде како што ТИ сакаш. Секогаш бори се против тагата,а кога таа ќе умре,знај дека тагата исчезнала и дека сега ти си потполно среќна. Е дури тогаш слави и радувај се. Сега ја сфати лекцијата на животот? Да. Епа мила,сега уживај,штом ја сфати таа прекрасна лекција на животот. Не се разочарувај. Само гледај на оваа прекрасна страна. Значи ПРЕКРАСНАТА СТРАНА е секогаш главната која ќе ти помогне да го откриеш твојот прекрасен живот. Најди го твојот вистински живот. Најди љубов,најди пријателство,најди топлина. Љубовта е чувство,кое секој треба да го има! Ама баш секој! Разведри се,насмевни се..насмевката е здравје,насмевката е другар,најдобар пријател...знаеш дека позитивните работи те красат...Уживај...ти посакувам се’ најубаво во животот. Позз. Со среќа. ;]
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. chronico

    chronico Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пред се здраво, ја видов темава и се зачленив на форумов, иако е за девојки, само тие можат да ми помогнат во моментов...
    Значи вака..
    Со девојкава се запознав лани летото и имавме кратка авантура некој си месец ипол, мада јас знаев дека она си има уште некој на страна ама неми беше гајле, си реков ако треба да бидеме заедно ќе остане со мене ако не... здравје, одам понатаму.. али некако за брзо време, незнам како се случи тоа ама чувствата достигнаа максимално ниво, и од тогаш она почна да ми вика како тоа е подобро ние да си останеме другари дека она после бившиот што идела со него 2 години неможе да засака друг и јас го сфатив тоа, се повлеков... ептен ми падна тешко кога ја видов со друг на журка и тука.. ми пукна филмот, и кажав многу тешки зборови.. си викам подобро така, да немаме никаков контакт да не се замарам, подобро да ја нема зошто вака само се мачам себеси од нешто што не се бега... Немавме никаков контакт некој 2 месеци, и дојдовме до директна средба.. и како ај ќе бидеме Just friends...
    почнавме константно да се дружиме се додека една вечер не завршивме заедно во кревет и од тука почнуваме одново...
    Ја прашав дали е спремна за врска, ми одговори позитивно, ама од минатите случувања меѓу мене и неа, станав многу over protective се плашев да не ја изгубам.. и точно после еден месец пак дојде крајот, на нејзино барање, зошто се чуствувала како во кафез, ми рече немам чувства за тебе, а додека бевме заедно секогаш ми викаше како тоа и се развиле големи чувства...неможам да сфатам...
     
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Изгледа тоа што си станал опсесивен направило да се оддалечите. Побарај и уште една шанса да ги поправиш работите. Ако ти даде, немој пак да правиш така, бидејќи можеш само пак да ја изгубиш.
     
  6. Unknown123

    Unknown123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Нема, тоа е завршено веќе. Дури самата ми кажуваше кога типот ја барал, ама таа одбиваше. Потоа смени број, и крај е веќе.

    Се смиривме веќе, само веќе не си ставам на глава... и не се замарам толку. Чекам да видам што ќе се случи понатаму.

    Па не сакала, ми има кажано дека тоа и е најголемата грешка што ја направила. А дека е некаков притисок и тоа е, причините се доволни што ги нарече.

    Ако вака стварно се лечи... како што рече и самата, доста себично. Не сакам да изигравам некој ангел, ама таа секогаш ја добивала љубовта од моја страна, никогаш не сум одбил да ја бакнам. Скоро секогаш добива прегратка кога има некоја криза. И кога сум нервозен од нешто, веднаш ме смирува. А ја никако да ја смирам, вели дека била таков карактер.

    Поклони има од мене, ако веќе е до тоа... ама не е. Реков, и самата вели повеќе од доволно правам за неа. А ова со физичкава привлечност... не верувам дека би издржала 10-ипол месеци без некоја таква привлечност.

    И тоа доста помогна да знаеш. А и сите други, фала ви. Ми ги средивте барем малку мислите и ме просветливте :)
     
  7. lea26

    lea26 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    ЕХ колку да го кажам крајот на приказнава
    детево да се гледавме, се запознававме, го снемуваше и и казав дека или да се гледаме или да не се гледаме.. го снема пак и ми се јавува по едно време да се видиме ех не мозевме да се договориме, во мегувреме јас заминав на одмор
    и додека бев таму постојано ми пишуваше да се видиме одвај чекај да си дојдам
    и идам јас
    наредниот ден го барам
    и он ми вели ама да ти кажам дека има промени во мојот приватен живот,јас ок
    кога така наеднаш, ами морав да донесам одлука и ти не беше тука, а јас тука бев претходната целеела година кога тој не знаеше што сака и ме маткаше мене..
    и реков ок демек остануваме на пријатели пошто никогаш не бевме ни нешто повеке
    и по две недели шоок! гледам на фб се верил замислете
    значи него јас и бев само привремена играчка додека се скарвал со претходната девојка
    е ај сега кажувајте кај може да се стекнува доверба со денешниве машки
    тотален губитник
    бев многу нервозна затоа што мислев дека ке ја бидне
    ама после си реков подобро што заврши, заслужувам подобро!!!
     
  8. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    абе не се нервирај не се мавај од земја доверба во машко ептен треба да си внимателна другше неможе
    а он си го зезнал животот предвреmeно, не губиш ти губи он..сите знаеме дека после скар скар не е како што било порано, веувај душо за се има причина господ за тебе чува нешто подобро и сама си кажала 8) 8)
     
  9. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    Јас мислам дека тој ако сака да биде со тебе ќе направи се за да ја оттргне од вас. Те разбирам сакас да бидеш со него но ако не е возвратено исто и од двете страни мислам дека тоа неможе да биде убава и цврста врска. Доколку си решила за љубов да се бориш оди понатаму , но тој ако ти го полни срцето со уабви зборови тебе а е сеуште со неа тогаш тие нешта се лажни.
     
  10. sanja001

    sanja001 Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ехххххх.... Колку тешка е мојата судбина :(((( Да му се случеше ова на некој друг ке помислев ејјј како го издржува ова да сум јас не негово место не би го издржала ама ете баш мене ми се случи тоа....Вака знчи имав 3 годишна врска постојано бевме заедно, бев изолирана од светот само него го имав пред очиве,ми беше и другар и пријател и дечко.... мислев дека никогаш нема да се разделиме.Поминавме толку многу работи заедно,бевме премногу блиски.... Но ете тоа ни била судбината да се разделиме.Проблемите ни започнаа откако јас заминав на факултет ( во друг град) ненавикнати да бидеме разделени, постојано се каравме,неговата љубомора ги поминуваше сите граници... и уште многу други грди работи.. Но и покрај тоа си велев во себе ајдее можеби ке се среди се можеби ова е само период.. но тоа беше се до оној момент кога тој се осмели да крене рака на мене :((... тогаш се замешаа и родителите и замислете од најбизок ми стана најголемиот непријател.Нема збориви со кои можам да опишам како се чувствував и што е најлошо не признаваше дека згрешил.Но ете сванав дека не ни било пишано да бидеме заедно и некако успевав да се помирам со судбината. Тогаш се појави едно ново дете во мојот живот.И мојата потешка судбина започна од тој момент.Успеа да ги избрише сите лоши спомени што ги имав во себе,ми ја врати вербата,желбата за живот....Се започна вака: Детето и беше пријател на една моја другарка. Откако раскинав со бившиот онака детето ми беше симпатично но искрено немав воопшто надеж,се додека еден ден тој не и рече на мојата другарка за мене.Бев премногу среќна.....незнам како но лошите сеќавања ги избришав за миг затоа што помислив дека тој не е како другите.Се започна со лајкови на фб, боцкања и на крајот некако успеа да ми напише.Од тој момент помислив дека животот ми е сменет, беше толку искрен со мене барем така изгледаше, ми призна дека му се свиѓам и дека сака нешто поозбило со мене како на пример врска.Со текот на времето се повеќе и повеќе се запознававме, се зближуваве...Ја знаеше цела моја историја со бившиот и се за мене исто така и јас за него,ми велеше да му верувам дека тој не е како другите дека не бил никогаш поискрен како што бил со мене.Се имавме повеке пати видено но ја почитуваше мојата одлука дека тогаш за тогаш не може да имаме ништо повеке освен само да се гледаме (мислев за врска).Ми рече ке те чекам колку и да треба (сакав да помине време за подобро да се запознаам со него),ми рече ти си ми најубавото нешто што ми се има случено.Покрај него бев многу срекна ни миг не помислував на бившиот и на сите лоши работи што ми се случија,потполно ми ја врати надежта,се слушавме на тел постојано ми кажуваше каде оди, што прави, ме знаеле и од кај него дома (ми се имаше јавено мајка му) исто како да бевме во врска но тајно (не сакав никој да знае барем тогаш за тогаш).... но и оваа магија исчезна.И тогаш кога помислив дека сум среќна и дека мојата судбина се промени се случи нешто што не ни поверував дека може да се случе... Некако како да почувствував дека тој се одалечува од мене и му напишав што е помеѓу нас?? замислете што ми рече :(( вика ејј извини не сакам да те повредам пробав да те засакам но не можам,најдобро е да си останеме пријатели. Во тој миг почувствував како целиот мој живот се сруши пред мене.Не побарав објаснување само го блокирав на фб,но и да побавав што можеше да објасне......Повторно останав сама, повредена ,скршена... Милион прашања ми се вртат во главата зошто??? зошто баш мене ми се случи ова.И најлошо од се е што незнам како но успеав толку многу да го засакам.Што има јас сега во животот освен една невозвратена љубов... Незнам како сега да ја вратам желбата за живот,како да почнам пак да верувам??
     
  11. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    162
    нема крај на моите проблеми.
    Имам дечко 4 години сме заедно, знам многуу време е тоа, и ова е мојот проблем. тој сака само да одам дома кај него, скоро ич не излегуваме, а тој тек тук ќе излезе со колеги, и незнам што да мислам, некогаш мислам дека крие да не го види некој дека има женска и почнуваат 100000 сомнежи.
    Многу сум љубоморна, за едно лајкче на фб што ке стави знам да направам војна и да му инаречам се ама баш се. тој ме трпи цело време буквално и ми вика полека полека. еве конкретна ситуација најтазе, беше он на работа и му се јавив како си шо има, и он ми вика ајде имам работа сега ке те барам, и чекам јас време не ми се јавува отварам на фб и видов дека бил приклучен и честитал роденден. и му се јавувам и му викам зошто не ми се јави чекам цело време, а тој сеуште беше на работа, и тој ми вика и за тоа сеа ке кренеш војна? и ми вика ај се слушаме. и сабајле му звонам нервозна и ми вика имам работа и немој да ме нервираш, и го барам потоа не ми крева пак, цел ден го барам уште не ми кренал телефон. многу се нервирам ве молам за совет
     
  12. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Зашто вака се нервираш за мали работи па 4 години сте заедно биди повнимателна машките не сакаат да ги напнуваш еве си се сакате , знаеш дека од ништо нешто се прави малите работи многу можат да расипат
    почекај не му врти он ќе ти се јави до вечер нема така да те остави и јас како тебе правев едно време го напнував барам пишувам и не е на арно :lol: позз
     
    На vw-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Четири години стварно не е малку време. Остави не го барај, и за ситници не се расправај.Он на работа ти милиони сомнежи , после ти темпирана бомбаи пукнало .Така од ситници се уриваат големи работи. Довербата е столб на една врска. :call: ке видиш
     
    На vw-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nepoznaata

    nepoznaata Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Веќе ми е навистина здосадено од целава игра. Излеговме па си пишувавме пораки цело време, па едно време престанавме. Па еден период ми звонеше, па јас на него , по некој пат на фб ќе си пишевме. И по 3 месеци пак излеговме, пак се слушнавме некој пат си пишавме и на фб и јас почуствував некој ладен однос, повеќе никогаш не го побарав, ниту пак тој ме има побарано веќе една недела..И си мислам повеќе и да имам можност за некој контакт да го избегнам, изгледа само си пополнуваме време а не сакам ниту да бидам нападна. На фб го ставив на офф, за да можам да сватам навистина до кај сум...Уморна сум од ова игра...
     
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
     
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Богами е мн тешка твојата судбина :)
    Во светот уште какви не работи се случуваат,а ти се жалеш зашо немаш среќа во љубовта :D
    Девојче не грижи се,се поминува и ова ќе помине..сеа можеби си скршена од болка,но зарем некој ги заслужува твоите солзи :)
    сите имаме поминато низ вакво искуство,и благодарение на овоа ќе ја научиш лекцијата за нареден пат
    за бившиот нема шо да се коментира,се е кажано..а за вториот,не мора да значи дека тој тогаш те лажел,можеби дечкото во тој момент бил заљубен во тебе,гаел некои чувства,но веќе не постојат
    заборави го бившиот,а на вториот сеќавај се како убав спомен и ништо повеќе
    добро е шо си го блокирала,секако дека по таква блискост,би било лицемерно да бидете пријатели..
    пробај да го заборавиш,т.е да ги заборавиш и двајцата..и во сеќавање да ти останат само убавите спомени од нив,пробај почесто да излегуваш,да стекнуваш нови пријатели,спомена дека студираш зближи се со колегите,можеби баш помеѓу нив се крие потенцијалниот дечко :)

    поздрав и ти посакувам се најдобро
     
  17. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    162
    а што мислите за тоа што не излегуваме туку само кај него сме дома? тоа ме јаде мислам дека сака сите да мислат дека е слободен...
     
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Може штеди. Во овие времиња излегувањата се скапи, а дома со тие пари кој знае како може прекрасно да си помине.Место кафе и сок дома ке имате и вечера.Плус што има по улиците, речиси ништо не остана .Така да ти многу се секираш, а човекот може е домакин. :!:
     
    На vw-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    162
    ама тој тек тук си излегува со колеги, другари кафе. финансиската состојба и на двајцата ни е супер, така да тоа не е проблем. јас се плашам дека крие дека е со мене, и дека со мене е само за секс,можно ли е тоа? 4 години се во прашање
     
  20. karma21

    karma21 Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Јас мислам дека му е здосадено од твоите хирови имај трпенија не кревај паника за секоја ситница, па тој ке се запраша шо ти се случило тебе шо не се замараш за ситници како на пр фб.. Ова за излегувањето е проблем, пошто ја не би можела да функционирам така само да седиме кај него дома.. треба да зборниш, договори се и речиму четврток навечер пример утре излегуваме стокмен да те видам :call:
     
    На vw-girl му/ѝ се допаѓа ова.