Ако сакаш да се видиш видете си се ...ако еднаш излегло нешто нареден пат ќе си се видите и ќе видиш како се ќе се одвива понатаму, за љубов чекај малку прво видете се лице во лице и ќе видиш како ќе се одвива комуникацијата и се по ред секогаш постои ризик од разочарување но не секогаш се случува да бидеш разочарана
помош? малечка што ако кажеш дека ти се допаѓа некој постар лошо ли е тоа де 3 години се , не лажи зашто да лажеш тоа е твое право а за тоа да не се заљубам во другиот или некојси трет -мала си не се одљубува и заљубува така лесно
VE MOLAM SOVET I MISLEJNE Pa jas sum nova tuka sakam da vi raskazam edna moja sluchka i da mi dadete sovet. Toj mi beshe sipmatija vo 1 god ama nishto ne se sluci togashh tuku sega 2 god sum i me bocna na fb i vrativ jas i pocnavme taka da se bockame i mi pisha pa mi reche da izlezime, se soglasiv i se shemevme i koga si pojdof doma me izbirshal od prijatel na fb i go prashav sho si me izbrisal i toj da be i samo za edno izleuvajne i toj pa da mu namignaf i mi vi toj somi namigas sega i jas pishav pa demek okej i tolku beshe.nz sho da pravam sega mene uste mi se bendisuva tooj.. ve molam pomognetemii :'(
VE MOLAM SOVET I MISLEJNE Игнорирај го некое време па ќе видиш како пак ке те боцне на фб и не се нервирај за тоа ако ти е судено да бидеш со него пак ќе се видите
fala mnogu za sovetot go ignoriram jas na skolo, ne pravime ni zdravo ni nishto, mene ne mi e jasno zosto morashe da me izbrishii, da kazese kakva cel ima deka mu e za edno izleguvajne posle ne se poznavame [mod-kirilica:4fdlz24a][/mod-kirilica:4fdlz24a]
Игнорирај го,не е созреано детето.. Не е сериозен воопшто,а тоа бришањето од фб ми е... Најди си нов симпатија,а доколку стариот да боцне на фб или сл,не му враќај..биди малку ладна
здраво нова сум на сајтот и додека се научам ќе ми треба време,...извинувам се ако не пишувам се точно кирилица,ама забравила сум бидејки не живеам во Mакедонија,и пишувам се латиница веке 6 години и чудно ми некако ама сепак ќе се потрудам да пишам без грешки...значи вака имам проблем...Cе гледав со дечко 6 месеци,одев кај него,спала сум кај него,со него кај сестра му одевме,имав потреба до друг град да одам што е далеко од мојот и тој се понуди да ме возе...Oкеу фала му беше предобар со мене.за роденден добив поклон од него...Aма тој е босанец (нема везе тоа),..и така се гледавме забавувавме се ама бидејки јас учам сабајле попладне работам а тој работе сабајле од 7 попладне до 6 и ретко се гледавме...Gледавме се најчесто ѕа викенд.имав другарка и запознав ги а и таа е босанка да напоменам,... бевме заедно на кафе се беше океуу,...I сега во недела јас одам на кафе со другарката и него го викнавме тој дојде..ама луге вие да видете он ја фана за половината она до него си седна 2 саата они си зборат а она ме нешто провоцира,љубоморна ме прават...A никогаш се немаше тоа десено,....I на него му ѕвоне моб.и таа му вели дај јас да се јавам лоллллллллллл и после кога си појдевме тој застана на еден степеник а оваа му се долепи до него,а јас позади нив стојам и гледам они кога почнаа да се смејат...Jојјјјјјјј мислев дека ке умрев,..Nишто на него не му пишувам чекам да видам дали тој ке ме побара (ипак тешко ми е ногу),а на неа и зборам ама не е тоа како што беше сметав ја за другарка сега гледам каква е идиотка,...вчера ме викаше д аодам со неа до продавница јас ојдев ама гледа она дека не сум јас истата таа што беше,..A она има маж млада се ожени 25 години,ама во брак е со него ради керката што ја има,а има еден македонец шо е со него у врска и јас нонн стоп ги кријам за да се видат,..Dали да останам другарка со неа или да ја откачам? што да правам со дечкото? машкото е такво мисле дека сите женски може да ги има,ако има пари и мн,.се дига и ме праве љубоморна ама оваааа козааа,........што ке ми дадете совет? скршена сум на милион парчиња ,...фала
здраво нова сум на сајтот и додека се научам ќе ми треба време,...извинувам се ако не пишувам се точно кирилица,ама забравила сум бидејки не живеам во Mакедонија,и пишувам се латиница веке 6 години и чудно ми некако ама сепак ќе се потрудам да пишам без грешки...значи вака имам проблем...Cе гледав со дечко 6 месеци,одев кај него,спала сум кај него,со него кај сестра му одевме,имав потреба до друг град да одам што е далеко од мојот и тој се понуди да ме возе...Oкеу фала му беше предобар со мене.за роденден добив поклон од него...Aма тој е босанец (нема везе тоа),..и така се гледавме забавувавме се ама бидејки јас учам сабајле попладне работам а тој работе сабајле од 7 попладне до 6 и ретко се гледавме...Gледавме се најчесто ѕа викенд.имав другарка и запознав ги а и таа е босанка да напоменам,... бевме заедно на кафе се беше океуу,...I сега во недела јас одам на кафе со другарката и него го викнавме тој дојде..ама луге вие да видете он ја фана за половината она до него си седна 2 саата они си зборат а она ме нешто провоцира,љубоморна ме прават...A никогаш се немаше тоа десено,....I на него му ѕвоне моб.и таа му вели дај јас да се јавам лоллллллллллл и после кога си појдевме тој застана на еден степеник а оваа му се долепи до него,а јас позади нив стојам и гледам они кога почнаа да се смејат...Jојјјјјјјј мислев дека ке умрев,..Nишто на него не му пишувам чекам да видам дали тој ке ме побара (ипак тешко ми е ногу),а на неа и зборам ама не е тоа како што беше сметав ја за другарка сега гледам каква е идиотка,...вчера ме викаше д аодам со неа до продавница јас ојдев ама гледа она дека не сум јас истата таа што беше,..A она има маж млада се ожени 25 години,ама во брак е со него ради керката што ја има,а има еден македонец шо е со него у врска и јас нонн стоп ги кријам за да се видат,..Dали да останам другарка со неа или да ја откачам? што да правам со дечкото? машкото е такво мисле дека сите женски може да ги има,ако има пари и мн,.се дига и ме праве љубоморна ама оваааа козааа,........што ке ми дадете совет? скршена сум на милион парчиња ,...фала
Па нема што друго.Откачи ја другарка ти,не ти треба таква другарка.Море јас да бев ќе ја утепав на место,а и него.Сфаќам,фала Богу,има пријатели,ама ова да го прават па и пред тебе е ДРСКОСТ.Бегај и од него,тогаш ќе види дали му требаш или не.И знам,го сакаш,ама според мене,некој кој влице ми ја извалкал гордоста и ме изневерил,не можам веќе да го сакам,а ти ако сакаш пак остани си со него,нека те повредува уште повеќе.
Mа нема шанси да останам со него да го трпам,ама чудно ми е тоа што милион пати сме биле на кафе со неа и никогаш се немаше ова десено...Iма милион другарки ама нервозна сум бидејки да имав 10 денара ке ги поделев со неа и какви се проблеми имам решавано со неа,...Nе знаев дека она е таква личност а и за тај идиот уште помалце...што мислеш ти дали се слушат? I сега ми пише порака вика ме да одам со неа на концерт у сабота Aца лукас довага,...разочарана сум многу,....Cметав ја како сестра а она...Nезнам дали да останам со неа во контакт ама да не сум толку блиска со неа или начисто да немам никаков контакт со неа?
Здраво женски, не сум нова на форумов само едвај се логирав. Имам еден проблем или дилема Значи вака. Имав еден дечко во кој стварно бев заљубена кој ми предложи веридба на што и се согласив, и знаете збор ова она , прстен и тој и татко ми сакаа по 6 месеци да правиме свадба, но јас реков дека сеуште е рано и дека би сакала да пробаме да живееме малку заедно. Живеевме заедно едно 4-5 месеци, и бидејки беше фудбалер мораше да се пресели во друг град бидејки доби трансфер во друг клуб. Не помина месец дена почнав да слушам муабети, на кои нејкев да верувам, ама сакав да проверам, проверив и се уверив. Сакав веднаш да ставам крај но бидејки претходно живеевме под кирија а само јас го склучив договорот со газдите, си мислев дека ако ставам крај дека ке треба сега сама да плаќам иако претходно сама плаќав - т.е. татко ми. Е сега бидејки нејкев веќе да го ставам и татко ми во таква ситуација почнував да го напнувам ‘вереникот‘ тој малку да води сметка, може е глупо ама доста го носев товарот за нечие лажење. Во меѓувреме се издешаваа многу работи.....Го изгубив прстенот, па телефонот што го немав користено 5 дена и ја фатив маќеата со друг, поо што следеше разделба на неа и татко ми и се некако ми се струпа на психа, а јас згора на тоа си најдов и работа за да не седам дома и да не се нервирам, сето ова се случи месец Август. Во кафичот кај што работев запознав многу повеќе пријатели, меѓу кои и едно момче кое кога се запознавме го задевав а потоа почнавме се повеќе да се дружиме и тој почна повеќе да доаѓа во кафичот. По едно две три недели кога се десија претходно набројаните работи, бевме собрани друштво кај мене дома и мене ми падна тешко некако и отидов во друга соба да се исплачам зашто не можев да се воздржам. Дојде дечкото, ми пријде ме тешеше да не плачам и ме бакна, јас го оттргнав, пред се оти мразам сожалувања. Од тој ден не му зборев некое време, но тој упорен цело време како залепен за мене па ...почнав и јас да потклекнувам на неговите совети и некако наоѓав утеха. И веќе почнав да чувствувам потреба да се оттргнам од фудбалерот што и го направив мада не беше лесно а и знаев дека муабети ке излезат, ама ми беше гајле дека после никој од тие што збореа немаше да жживеат на мое место. Во меѓувреме со дечкото продолживме да се гледаме, се почесто и почесто, но тајно ...Може беше раноо да се знае, ама тоа го знам и ден денес дека сум заљубена уште од коа се запознавме ...Гледањето трае до ден денешен и продолжува. Му кажав дека го сакам и дека сакам да бидам со него, и тој ми возврати но вели дека сеуште е рано - тоа го знам поради мојата претходна ситуација, но скоро го прашав дали би имале врска, и одговорот што следеше беше да почекаме да помине некое време...Јас се согласувам од повеќе причини, ми помага секогаш ама баш секогаш, внимателен е , знае да ми каже каде грешам исто и јас нему, кога сме заедно ме гледа со некој убав сјај во очите но...неговите другари не знаат, знае само еден од нив, а мислам и брат му за нас... Се извинувам на рефератот ама ми треба помош и мислења! ДАЛИ СЕВО ОВА ВОДИ КОН ИСКОРИСТУВАЊЕ И КАКО ДА ПРОВЕРАМ? - да се оддалечамм малку да видам што како??? Благодарам Однапред Феминки ***
Здраво девојки, Знам дека има посебно ваква тема, но мислам дека тука повеќе ќе ми помогнете. Со дечко ми сме во врска 5 год и последнава година почна да ме притиска за брак. Не дека не го сакам, но ме кочи една работа.. пати од анкциозност Искрено незнам колку долго (иако он ми кажува последните 6-7 год).Првите 3 год ги имаше буквално сите симптоми, се потеше ненормално, си одевме порано кога бевме излезени или ако се имавме договорено да одиме некаде и ми откаже, знаев зошто..и мн други ситуации.Последниве 2 год мислам дека успева да се контролира..но ме нервира тоа што не ми кажува какви лекови пие, по колку на ден, како се осеќа..мн е таинствен околу таа работа. И по цел ден само работи за да не мисли на оние глупости во глава што му се вртат.Искрено воопшто не ми беше лесно овие 5 год да му давам подршка цело време, но незнам до кога ке можам вака. Таа негова напнатост почна да ме излудува дури мислам и дека ми ја црпи позитивната енергија. Е сега од каде да знам дали со тек на време ке исчезне ова и каков живот ќе имам јас со него? Што ако понатака се деси да западне психички? ве молам за помош
Извини ама ме изритира твојот пост. Како најпрво го сакаш ли твојот дечко искрено и вистински ? Многу работи очигледно не ти се јасни. Не сакам да те напагам ама најпрво ќе си испиташ чуствата дали го сакаш или не. А во врска со ансиозноста, дечко ти не е болен, ниту луд, во денешно време скоро секој втор се нашол во таква ситуација. И воопшто не му е лесно, затоа што сум била во таква состојба и дечко ми го будев во сред ноќ да ме смири и знаеш што, тој воопшто на тоа не се бунеше, ниту пак се посомневав во неговата љубов- само ми велеше, знам јас тебе што ти треба да те земам за женичка и ќе ти помине . Ако доволно го сакаш мислам дека не би го поставила ова прашање. Ќе се трудиш да ја надмине состојбата, и верувај не е само дечко ти во таква состојба, и тоа што е анксиозен не е помалку вреден. И како за информација состојбата во која се наога дечко ти се надминува, најверојатно ја добил од преголем стрес, барем јас од тоа си ја здобив. А каков живот ќе имаш ??? Па еве дечко ми и покрај толку години врска уште ме убедува дека време е за брак , не се откажа од мене. Тебе ти е тешко вака, а недај боже ти да се најдеш во ваква ситуација се ке ти се разјасни. Ако го сакаш дечко ти биди покрај него, разговарај, терај го да шетате во природа. И покажи му ја темата анксизоност да виде колку не има/имало со таков проблем. На почеток сите мислиме дека сме единствени. А во врска со твоето прашање дали да прифатиш да се омажиш за него не можеме ние да ти кажеме, според мене не си сигурна во твоите чуства. Да беше дечко ти наркоман, пијаница, да те малтретира, одма ќе ти кажев кратко и јасно НЕ, не ти треба таков брак. А, ако мислиш дека не си спремна за брак кажи му отворено. Или ако те плаши иднината со него и ако не ја планираш подобро не му влевај лажна надеж, најверојатно те сака штом ти предложил брак. Сепак одговорот на твоето прашање е во тебе, само едно знај анкcиозноста не е болест, и секој што поминал во таква состојба не полудел, а уште помалку луѓето околу нив .
Помош ако може!!! Дечки вака,нова сум на сајтот и ако може помош....Ми се допаѓа мојот најдобар од одд. но незнам дали ме сака и тој.Вели дека има девојка и дека се имаат мувано но кога јас му казав дека се имам мувано (а се немам )се налути.Некогаш кога ке поминеме у ходник еден покрај друг намерно ќе ме поттурне за да ми привлеце внимание и постојано ме гледа на часови,постојано се врти накај мене..Дали ме сака???Како да реагирам???Јас го сакам но се плашам да не направам нешто погрешно плс помош многу ќе ми значи....ФАЛА ОДНАПРЕД
Ако има девојка, мислам да не правиш ништо. Ако се вмешаш во врската ќе има можеби повеќе проблеми, демек после „непријателки“ ќе бидете. Ако веќе сакаш и ти да враќаш на неговите знаци, тогаш кога ќе те поттурне заврти се намигни му, насмеј се. Повикај другарки/другари и играјте „вистина или предизвик“ и кажи на некоја другарка да го праша дали те сака или нешто во тој смисол. Можеби те сака, ама навистина ако има девојка а со други се занимава е тогаш тоа ти е „женкар“.
Многу убав одговор ти дала anggell и според мене не ти е проблем да се носиш со анксиозноста и да му даваш поддршка туку не си сигурна во неговите чувства. Мислам дека тука проблемот е што тој не е доволно отворен како што кажуваш мора тоа да се среди па да се решите на тој голем чекор брак. Иначе Меланија89 во текот на животот секој ке подпадне под некои чувства анксиозност , депресија , тага и луѓето тогаш треба уште повеќе да се зближат. Ке му кажеш на идниот твој дечко доколку го сакаш вистински, дека треба да бидете искрени, да ја знаеш причината и кои работи доведуваат повторно до истата состојба, така ке се ослободи а и ке можеш можеби вистински да ми помогнеш. Јас на мојот дечко се му кажувам ама тој не ме разбираше што точно ми е така да тоа е не сме сите исти но животот се носи доколку тој некогаш има таков проблем имам големо искуство така да ќе е среќен колку брзо ке го бреброди тоа со мене. Уште еден совет едуцирај се малку повеке во врска со анксиозноста читај, гледај други мислења, зборувај му оди со него на психијатар, се ке се среди ке видиш и се надевам ке ти стане твој иден сопруг. Поздрав
Мимсе свиѓа еден од школо. Што да направам за да ме забележи. Сакам да сме добри другари незнам што да правам за да ме приметува муабет да ми прај. ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ
Додај го за пријател на фејзбук, бар денес е лесно и од тоа може да се почне. Лајкни му некоја слика, прашај го за нешто во врска со школото да ти каже, колку да почнеш муабет некако..Потоа поздравувај го кога ќе се видите,запознајте се во живо и така. Само се нека биде постепено,биди малку стрпелива
Јас мислам дека овде не е анксиозноста проблем туку не си сигурна во твоите чувства кон него. Убаво ти пишале девојките да се едуцираш малку повеќе околу проблемите што ги има. И да го сакаше вистински овде ќе бараше совет како да му помогнеш да ја надмине целата таа тешка ситуација а не да бараш оправдување за да му раскинеш. Од лично искуство ти кажувам дека на анксиозните многу битен фактор во оздравувањето е поддршката од најблиските. Јас мислам дека е најдобро да му раскинеш, затоа што дечкото ни крив ни должен има до себе девојка на која и е смачено веќе да го поддржува. Запрашај се дали заслужува такво нешто и како би се чувствувала ти да си на неговото место.
Го имам за пријател. Ние се знаеме. Ќе си кажеме нешто, ама тоа нема врска јас сака поишеда се дружиме, повеќе да зборуваме... ШТОТРЕБА ДА НАПРАВАМ