ah da vi kazam jas so toj bivsiot sto idev 3 god se vidov pred nekoj den i go prasav dali nekogas ke bideme zaedno i mi re4e da ne go prasuvam takvi teski prasanja i posle mi vika neznam.ah sto da pravam mn go sakam aj ve molam kazete mi pomognete mi : se custvuvam osameno lelele ODNAPRED VI BLAGODARAM MNOGUUUU
Јас пак ќе ти речам не вреди тој за тебе пробај да го заборавиш , организирај и го животот малку поинаку не мора да фаќаш дечко одма, излегувај со другарки дружи се забавувај се и верувај ми со тек на време ќе сфатиш дека така ти е подобро ти кажав и некни не барај начин да се смириш со него колку и да си тажна сега ке ти помине верувај ми.
Со време се ќе си дојде на свое место .. Ако е за тебе ќе ти се врати . Искачај со другарки , гледај што помалку сама да бидеш . Не го барај .. кога најмалку очекуваш ќе се појави некој кој е за тебе
имам и јас едно прашање на кое можеби некој кој е поискуен од мене ќе ми помогне да го најдам одговорот. сум имала дечковци што душата и телото би си ги дале за мене,имам сега исто така дечко со кој сум во врска 5 месеци,да заљубена сум,но незнам дали е и тој во мене,вели дека е,ама сепак секогаш кога ми е потребен него го нема... дали е грешка што ние жените,барем дел од нас,оставаме мажи кои не сакаат за оние што ги сакаме? напати се прашувам дали тој (мислејќи на некој од бившите) ќе ме оставеше во ваква ситуација за да замине со другарот да се забавува или ќе беше покрај мене барем да ме гушне зашто тоа ми фали? и веднаш си го повлекувам прашањето од глава мислејќи дека е грешно тоа што го мислам?
жените речиси секогаш не ги сакаат тие што се фини и добри со нив,а ги сакаат тие што не им обрнуваат многу внимание. и многу е нормално да го остави тој што те сака за оној што ти го сакаш,инаку нема да бидеш среќна. и џабе е да се прашуваш што би било кога би било...не се навраќај на минатите дечковци,туку фокусирај се на убавите и лошите моменти со сегашниот.радувај се на првите,реши ги вторите.ако не иде,секогаш има следен
се сложувам дека има следен,ама некако сум премногу уморна од барање,изгубив до сега премногу што по моја вина што не,ситуациите стануваат се покомплицирани,свесна сум дека секогаш ги оставаме оние што не сакаат за оние што ги сакаме без оглед колку се вторите полоши од првите... ти благодарам на советот и на искреното мислење!
таман работа да си уморна од барање на 22 години...зарем тоа значи да останеш со било каков само зачто си уморна? освн тоа,вистинскиот не се бара туку сам доаѓа
чудна врска што многу пати сум помислила да ја завршам?! значи вака, нашата врска живее само петок и сабота многу ретко преку недела да се видеме, кога и да му се јавам јас за да излеземе да се видиме он неможе а ккога он ке рече да се видиме јас секогаш можам.. жити нашава врска се гледаме од петок на петок само за викенди.. неможам веке вака многу пати сум помислила да завршам веке со ова не оди вака ама... неможам сепак ми значи и убаво ми е со него кога сме заедно. Сум му кажала многу пати каква врска е ова, јас сум ти само за петок и сабота ли, сме збореле ама џабе.. врската таква си остана... ретко ама голема реткост е тоа да се видиме преку недела.. ајде додека беше на факултет викаше имал за учење обврски натака навака и тогаш сме биле слободни за гледање (петок и сабота).. ама еве сега лето тој заврши факултет се тоа и пак исто.. што значи ова??! ме убива ситуацијава а несакам да заврши со разделба од моја страна зашто тој вика ме сака и убаво ни е кога сме заедно да, ама па ме убива и мислата дека не сум му единствена а ??
probuvam da go zaboravam ama nemozam lleelee ama go sakam mn i on mene me saka ima korist od taa sa sto ide so nea zatoa nejke da i raskine fala ti mn
плавуша сепак мислам да не избрзуваш...убаво ти е со него,единствено ти смета што се гледате за викенди...а не ни знаеш дали има друга...претпоставувам дека времето си го поминува со другарите и слично.ехее колку пати се погодувало и ја со мојот да се гледаме само за викенд или пак да не се видиме цела недела,а друг пат пак секој ден.не му замерувај тоа со време и ќе помине,а понекогаш ако треба и сама поттикни во текот на неделата да се видите...појави му се на врата и извлечи го од дома .,времето кога не сте заедно надополнувај го со слушање и слично.се додека немаш цврста причина да го оставиш не го прави тоа...едноставно некои се такви и им треба време и тоа нема врска со неговите чувства кон тебе.и немој постојано да се расправаш за тоа колку се гледате,машките некогаш несвесно одат контра.не се секирај
ама па вака 6 месеци?? каква е таа врска бе фемина? иначе неможам да му се појавам пред врата не ни знам каде живее.. мислам немам отидено он кај мене има дојдено неколку пати а кај него не ме ни викнал еднаш требаше да идам ама испадна нешто и не отидов и од тогаш ништо... сепак фала за советот ке видам уште колку ке издржам вака.. зашто сакам почесто да се гледаме пааа
епа тогаш без срам и перде,кога ќе ти рече дека е некаде на кафе и ти појави се ако неќеш сама со некоја другарка,и така неколку пати и на крај кажи му дека немаш друг избор,освен така да му се ставаш,зашто сакаш да се гледате почесто а он е зафатен
Ако нема некоја посебна причина ( а гледам дека ја нема) за тоа што преку цела недела е зафатен и нема време за тебе, тогаш немора да се казнуваш самата себеси да бидеш во врска со некој кој вели дека те сака а сака само викендот да го поминува со тебе а за другите денови тука му се другарите или којзнае што друго. Направете си сериозен разговор (иако велиш дека мн пати сте правеле) и ако несака да промени ништо мислам дека заслужуваш да си најдеш некој кој ќе биде со тебе и во добро и во лошо а не само петок и сабота. Сепак ова е само мое мислење немора да го земаш во предвид Позз
ама јас кога ке му се јавам да се видиме а он ке неможе тогаш изговорите не се од оние со другари сум или сл. туку нешто ко неможам уморен сум цел ден работев нешто или цел ден идам негде со колава со мајка ми ја носев негде... глупостиии за тоа има време негде да иде со колата а за мене нема да се видиме нели?? а п****а му мајчина на живци ми иде еј
остај тоа што се казнувам со ваква врска туку ме убива мислата зашто е така? дали може не сум му единствена или што неможам да сфатам.. а кога сме заедно па убаво ни е мада и се закаруваме често.. ама ајде поминува и тоа.. туку зашто и јас кога ке посакам да се видиме НЕМОЖЕ он??!!! секогаш! и сум му рекла 1000 пати веке не ти се јавувам јас да се видиме ама џабе неможам да издржам и пак ке му се јавам и он пак ке ме одбие
A зошто не оставиш да видиш дали он ќе те побара? Да видиш колку он сака да е со тебе па ќе видиш дали те заслужува или не. Не биди ти таа којашто ќе ја одружува врската. Најди си некоја занимација, обиди се да не мислиш малку на него и ти излегувај си со другарки на кафе на шеткање и пробај еден викенд и да те викне он ти да му кажиш “извини срце неможам веќе имам договорено“ па да видиш што ќе направи.
сум направила и така и ме побарал за ВИКЕНД - петок како и по негов обичај само тогаш е слободен.. ЗА МЕНЕ а од инает сум го одбила и викенд кога ми се јавил да излеземе демек уморна сум, не ми е добро... ама што ништооо пак на старо ...
Епа тогаш останува само да си се помириш со тоа и да си прифатиш како што е или пак да ставиш крај на сето тоа и да започнеш од почеток. Не си престарена да зависиш од него и да неможеш да си најдеш некој друг. Не е единствено машко на планетава иако во број се помалку од нас жените па да мораш да бидеш со него и да играш по негови правила.
чудна врска што многу пати сум помислила да ја завршам?! значи вака, нашата врска живее само петок и сабота многу ретко преку недела да се видеме, кога и да му се јавам јас за да излеземе да се видиме он неможе а ккога он ке рече да се видиме јас секогаш можам.. жити нашава врска се гледаме од петок на петок само за викенди.. неможам веке вака многу пати сум помислила да завршам веке со ова не оди вака ама... неможам сепак ми значи и убаво ми е со него кога сме заедно. Сум му кажала многу пати каква врска е ова, јас сум ти само за петок и сабота ли, сме збореле ама џабе.. врската таква си остана... ретко ама голема реткост е тоа да се видиме преку недела.. ајде додека беше на факултет викаше имал за учење обврски натака навака и тогаш сме биле слободни за гледање (петок и сабота).. ама еве сега лето тој заврши факултет се тоа и пак исто.. што значи ова??! ме убива ситуацијава а несакам да заврши со разделба од моја страна зашто тој вика ме сака и убаво ни е кога сме заедно да, ама па ме убива и мислата дека не сум му единствена а ?? Според ова што го прочитав мислам дека типот си бара изговори за да се види со тебе не дека си ти причината но можеби има некоја друга девојка во неговиот живот ,пробај разговара со него кажи му дека ти пречи тоа што не излегувате почесто ако не раскини со него ке си најдеш некој подобар што секој ден ќе биде со тебе
значи сепак постои причина дека можно е друга девојка да постои во сето ова? фала ви многу на советиве сепак ке видам дали нешто ке се смени ако не има секогаш има подобар...