Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Aleliii

    Aleliii Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Имам еден огромен проблем со другарка ми а го пишувам овде затоа штоо е поврзано со мојата врска, значи вака, имам дечко неколку месеци и се запознавме преку неа најдобра другарка ни е и на двајцта и таа уште од самиот почеток правеше се за да дознаее што се случува помеѓу нас и нас тоа многу не нервираше но го надминавме тоа и сеа почна да ни уништува излегувања, ние не се гледаме многуу често и кога ќе се договоримее и таа знаее и се ќе направи ќе најде нешто само да не бидеме сами да излеземе со друштвоо и ние никако д аостанеме сами а не може се преку фб и телефон и на крај ќе се скараме јас и дечко мо заради неаа затоа што прави некакви сплеки и после тоај се нервира јас си плачам дома(голема плачка сум) и се нервирмее и двајцата што не моземе да имаме време за нас и ве моламм ако можете некакоо да ми помогнете. Ви благодарам одднапред! :)
     
  2. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Чиста работа , никој нема право да се меша помеѓу двајца ти и дечко ти сте тие кои ќе одличите кога каде и како ќе се гледате,
    покажи и малку заби мислиш таа не е свесна што ти прави
    ако си го сакаш дечкото биди себична .
    Кажи и дека навлегува помеѓу двајца а таму дефинитивно не и е место ! уф како се нервирам со такви луѓе :devil:
     
  3. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Дали не некој му се има случено партнерот да одбие полнонче :^)

    Вака, во еден - два секојдневни муабети тој ми се пожали на испукани и грапави раце и дека требало да земе крем... И бидејки јас онака си го сакам и се грижам за него, кога бев излезена поминав од еден дукан и му купив специален крем за раце за машки, скап од нивеа. И денес онака сакав да го изненадам, ситно поклонче да покаже дека се грижам до детаљче за него и очекував да му се израдува... А тој фино лепо ми се налути и ми рече веке ништо да не му купувам дека тој можел и сам да си купи, и ми го плесна кремот в раце ;( (пред тоа се беше во ред, не беше ни за извини ни ништо слично) Знам дека може и сам, не е ни без пари не е ни инвалид, но сакав јас да му го купам, и сепак како женско се интерсирам многу за козметики и такви работи и едноставно кеиф ми е кога ке купам нешто такво обожавам со саати да висам над сталажите и да гледам кремови шампони шминки и слично..
    Како да го протолкувам јас сево ова и што да направам? :worried:
     
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Убаво од твоја страна што се грижеш за него,и оваа со кремата е навистина убав детал :)
    Инаку не гледам причина за начинот на неговото реагирање,најдобро е сето ова што го напиша тука да му го кажеш во лице, се надевам ќе ја разбере твојата вистинска намера и ќе ти се извини :)
    позз и се најдобро
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Melanija89

    Melanija89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Јас ви благодарам за мислењата, но не сум сигурна дали добро ме разбравте...Јас имам читано доста за анксиозноста, мах се трудам да го преброди тоа и никому немам кажано за ова, дури ни пред него дека понекогаш ми пречи таа негова моментална психичка состојба.Имам чувство како да ме критикувате..Јас ако не го сакав доволно немаше да бидам 5 год со него.Ако добро сватив anggell и ти имаш таков проблем и веројатно ради тоа се изиритира и верувам дека дечко ти цело време ти помага како што правам и јас, но верувај ми не е лесно.Јас се секирам затоа што тој е машко, понатака ќе биде и татко, глава на семејството...па нема ваљда и тогаш да го тешам кога ќе имаме еден куп проблеми.Како ќе се снајдам сама со сето тоа ако дотогаш не се среди тој? :worried: Знам дека анксиозноста не е болест и дека понатаму има можност да ја снема, но моментално ни се одразува многу на врската и социјалниот живот, а јас бев само загрижена за тоа како ќе биде понатаму? Не барам причина да му раскинам, туку напротив сакам да поминам преку оваа препрека и тука ви пишав вам затоа што понекогаш и мене ми е тешко а неможам да му кажам. :( Се надевам дека ќе ме сватите. благодарам позз
     
  6. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.794
    Допаѓања:
    11.247
    Пол:
    Женски
    Меланија далеку од тоа дека те критикувам, еве вака обиди се да му се приближиш, велиш не ти кажува какви лекови пие, не ти кажува како се чуствува. Можеби се плаши како ќе го сфатиш. И најверојатно е затворена личност но сепак премногу е чуствителен. Во ваква криза запагаат почуствителните луге не дека ние баш сакаме да сме такви. Е сега во врска со тоа што те плаши, дека еден ден ќе биде глава на семејството, тоа не значи дека помалку ќе се грижи за тебе и за вашите дечиња здравје кога ќе ги имате. Состојбата ќе ја надмине е сега дали побавно или побргу, верувај дека ќе му помине затоа што и самото тело се изморува постојано со сите исти сра*а постојано да се бори. Во некој од претходните постови прочитав дека те опсипува со внимание и љубов. Во животот не знаеме што не чека, можеби здрави прави еден ден од сопружниците се разболува , пример ти кажувам, и не можеме да се откажеме така лесно. Ако си го сакаш нема што да те плаши еве знаеш и сама си читала за анксизноста. Пак ќе кажам тебе ти е тешко а нему уште потешко што се плаши да не те изгуби. Јас кога го достигнав врвот на анксизоноста, кога ми беше најтешка, неможев значи да влегувам во болница, самиот мирис ми ствараше паника, немир, тресење, тахикардии и што уште не. Баш тогаш дечко ми имаше некој испитувања по болниците а јас не сакав да оди сам. Затоа што знам како е кога чекаш резултати а си сам. Тој не ми дозволуваше да одам затоа што знаеше каква сум паничарка. Но јас не попуштив, јас си знам како поминав, но не дозволив да ме примети. Едноставно кога ја сакаме личноста со неа сме во добро и зло. Се надевам ме свати што сакам да кажам . Ама ако стварно имаш страв од тоа како понатаму, само размисли си каков би ти бил животот без него :) . Сепак ти си знаеш најубаво, ти посакувам се најубаво, и пак ќе кажам не те критикувам ама ако не можеш-не можеш, само многу си размисли немој потоа да се каеш. Како што кажа ако не си го сакала доволно немало 5 год да си со него. И ти си знаеш дали вреди понатаму да продолжиш со него. :)
     
    На SparkyAngel и Aniston им се допаѓа ова.
  7. MarijaBieber69

    MarijaBieber69 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Хм..имам еден другар кој сме во добри односи но понекогаш се замислувам со него како пар и кога ќе го виддам со друга девојка сум љубоморна :devil: незнам дали го сакам или не ..што ако тој несака да сме заедно и пријателството го уништам ;( ;( ;( ;(
     
  8. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Јас во твојов пост никаде не видов прашање од типот КАКО ДА МУ ПОМОГНАМ??Ми делува како повеќе да се грижиш за иднината со ваков човек и како тебе би ти било дали би можела да издржиш, што ми е малку себично.Луѓето што го имаат овој проблем не се нит луди нит ретардирани нит нездрави, денес скоро секој втор пати од ова а меѓу нив бев и јас па еве фала богу ми помина.Во врска со лековите ако не сака да ти каже ок не го притискај,не инсистирај ама ако сакаш да бидеш со него потруди се да му помогнеш.Исто и другаркa ми го имаше овој проблем скоро 3 год ама , откако се омажи и се роди ќеркичка и полекa почна се да исчезнува.
    Замисли ти да си на негово место, и замисли како би се чуствувала кога он би рекол вака за тебе.Па утре ако сте во брак ако не ти него или он тебе кој ке ве теши комшијата ли?И сама кажуваш дека по цел ден работи значи се труди само за да не мисли.Епа ако тебе ти е тешко замисли него како му е како да се бориш сам со себе.
     
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Што мислите за тоа што со партнетот се видувате само дома ????????? Бевме во врска една година поради моја вина раскинавме јас имав друга врска и после една година се смиривме и ми кажа дека додека не му докажам дека сум се променила нема по јавност многу излегување но веке 8 месеца има одкако се смиривме веке 100 пати дозна дека сум променена дека во мене нема ни процент од тоа што сум била порано 100 % знае дека го сакам дека ми е единствен дури и праеме моабет за една година да се земеме но никако не излегуваме заедно тој и не е многу тука работи во странство до сега овие месеци имаме само 2-3 пати излезено се трудам некогаш во моабет му префрлам затоа но пак ништо навистина ми е многу тешко вака понекогаш мислам дека за нешто се срами од мене и му го имам речено тоа и кога му го реков навистина многу се налути а не ја крие нашата врска едноставно само не излегуваме а имаме прекрасна врска многу се сакаме и тој мене и јас него...
     
  10. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Бог да чува.И ако се затворите дома ако не излегувате тоа според него е единствен начин да му докажеш а ?Зошто да не излезете како и секој млад пар да испиете едно кафе, или да се шетате за рака низ парк или било каде?Зарем не му фали тоа?Па сега ви е времето за уживање.Гледам имаш 20 год млада си не дозволувај да те третира како робинка.Ти можеби си згрешила ама ако не може да премине низ сето тоа ставете крај а не да го трпиш ова.Што си ти на дугме па кога ќе сака ајде појди му дома и после чао пријатно.Затоа седни си и разговарај кажи му дека веќе ти смета ова ама дај му до знаење дека си стварно сериозна нека подразмисли.И не брзај со бракот гледај сега како ти е па тек тогаш ;)
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    ;) Пробај некако да дознарш дали и тој има некакви симпатии кон тебе , зезај го некако, немора одма со -еј сакаш да бидеме заедно, ќе дознаеш според однесување,ако не сака - да си жива и здрава ,немој да расипуваш другарство :)
     
  12. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Нема да пишувам долго .. сепак ако може некој да прочита..
    Фала многу ♥

    Со еден дечко се запознавме на плажа. Си имаме добри спомени. Гледаше во мене, се поздравуваме, ме прашуваше за некои машки кои биле итн.. многу убави стиуации, ама нема да должам..
    Дојде во Јули средина со едно девојче (Поголема од него, а и може брачеда му беше)
    Од тогаш не го видов..
    Инаку ни ми лајкува на фб, ни си пишуваме.. Кога му честитав роденден не ми врати..

    И вчера со брат ми зборувавме, ми кажа дека овој се дрогирал, инаку дознал за мене и за него преку негов другар.. а истовремено другаров од брат ми е најдобар и со дечково..
    Јас 100 % верувам дека не се дрогира, мирен е, страмежлив, добар.. Посебен беше.. :/
    а другарот од брат ми му кажал на брат ми дека детево имало намера да излеземе и да се фатиме..
    Ама брат ми, кон Септември го фатил, и му кажал да нема ништо со мене...


    Знам дека ме има замразено, ама што да правам? Брат ми незнам што му е зошто не му се допаѓа?
    Јас многу го сакам овој, и вчера дознав дека и тој мене ме сакал.. и имал намера да ме праша ..
    Ама брат ми ми попречи.. Ама знаам не се дрогира.. Девојки помош некоја?
    Што да правам? Летово што ако пак се сретнеме? :|
    Инаку овој изгледа избега затоа што не сака да се стави во опасност заради брат ми :|
     
  13. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    бидејки долго не сум се логирала на сајтов ради одредени причини сега сакам да надокнадам а воедно и да ви се пофалам дека односите со партнерот пополека ни исчезнуваат.да ве потсетам имавме проблем со изневерување јас го изневерив па тој,па љубомора,па недоверба која сеуште се трудам да ја здобијам и се друго.е сега имам еден друг проблем многу често заборава на мене не како да заборава воопшто туку презафатен е со спортот и скоро не наоѓа време да ми се јави.само школските денови се гледаме и некад за викенд а потоа копнеам да го видам да го прегрнам и секогаш ја замислувам нашата следна средба.сега ради постов се воздржуваме од односи али верувам дека кје наdоместиме.проблемот е следен:како да му го привлечам вниманието,да направам да се воодушевува од мене,да не може да ме извади од глава и со нертпение да чека следна средба...???
     
  14. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Вие одамна сте ја ука*але работата. Очигледно назад нема, џабе ке си трошиш енергија и време, а и тој исто.
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Меѓу вас 2та све е веќе истрошено и потрошено кога 2та партнери ќе се изневерат зарем после тоа може да се создаде нов почеток? според мене никогаш џабе си го губиш времето
     
  16. little-girl

    little-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Девојки .. помош..
    Имав пред 7 месеци врска од 5месеци .. со детето што бев во врска се супер ми беше и раскинавме поради таа негова желба да имал женска со црвена коса и ме тераше јас да се фарбам црвена.. ама не беше само тоа проблемот..си имавме мали проблемчиња што се таложеа се таложеа и на крај се прелија.. но сеуште чуствувам љубов кон него ... ии после 7 месеци во стил single си решив да фатам дечко ... бирав бирав и на крај го одбрав него.. убав со зелени очи , висок и со стил, од село е ама мене не ми смета .. и вчера за прв пат излеговме заедно , сами со господ како што се вика .. и се беше во ред се додека тој не се возбуди.. знаете нее онака самоо со чувства .. тукуу и како секое машко.. му се дигна и имаше сексуални нагони .. но јас не му дозволив ништо да ми направи.. ипак сум сеуште мала :) ии секогаш кога го бакнував помислував на бившиот.. кога ке го загледав се мислев дека е како него .. добар мил и мирен.. навистинаа ме чуваше и слично цела вечер .. но не ми се допадна тоа со сексуалните нагони и му кажав .. а он се однесуваше како да му е сеедно .. како демек се возбудил... Сегаа се мислам дали да останам со него или не ? или штоо да правам ? инаку е многу напорен.. секои 10 мин ми се јавува на телефон и ме прашува кај сум .. иако сум му кажала пред 10 мин дека сум сама дома .. што да правам , поучете ме , кажете ми , помогнете ми :?: дали да продолжам со него или ? .. Помош :|
     
  17. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Мораш сама да одлучиш ако ти се допаѓа сегашниот со кој се гледаш остани продолжи со него ако не , не си приморана , велиш дека сеуште чувствуваш љубов кон претходниот , зошто пак не го побараш ако сакааш да си со него?
    - во тебе се кријат одговорите кои ги бараш,а она со сексуалните нагони ако не ти одговара изјасни се пак и тој мора да сфати мала си . :)
     
  18. little-girl

    little-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Па мене ми се допаѓа сегашниот , но 2девојчиња кои му се бифши велат дека детето не е за мене .. јас сепак би се жртвувала и би сакала сама да видам каков е .. а за бившиот, па тој веќе има женска, и тоа црвенокоса, како што и сакаше , и не верувам дека ке ми се врати :/
     
  19. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    да се поправа погоре сум утнала сакав да кажам дека си немаме проблеми и дека односите ни се онака океј.
     
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Тогаш пробај, муабети од страна - ќе дознаеш дали е за тебе или не :) не се форсирај многу многу можеби , ќе се согласувате... :) а за поранешниот.. :( ајде глава горе и бори се
     
    На little-girl му/ѝ се допаѓа ова.