Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Shlag-so-jagodi

    Shlag-so-jagodi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    14
    Проблемот е што тоа ми го кажа блиска личност на која што и верувам. А и не беше воопшто тешко да се сврзе 2 и 2 од кога очите ми се отворија. Во тој период тој беше суров кон мене. Ќе разговаравме на обични теми, тој наеднаш полудуваше и ми се дереше, па потоа ја трескаше вратата и заминуваше. Ќе му се јавев цела облеана со солзи, а тој не сакаше ни да слушне, ме обвинуваше за се што ќе стигне. Е во тој период ме изневери. А до тогаш цело време навечер излегувавме заедно. Почна да му смета тоа и почна да си излегува сам. Нормално со мене ќе излезевме кон 12 и ќе се вратевме кон 3, но кога излегува сам (наводно со другари) оди во 11 вечерта и се враќа во 5 сабајлето. ОВА се реши, но потоа дознав дека ме варал. ДАЛИ НЕКОЈ МОЖЕ ДА ВЕ САКА ако ве ИЗНЕВЕРИЛ? дали??? јас знам дека премногу го сакам, па не сакам ни да погледнам некое друго машко, а камоли да сакам да изневерам.. ВЕ молам хелп, сакам тоа да го признае, и да ми каже ЗОШТО ми го направил тоа. Од љубовна бајка (а навистина беше тоа ! БАЈКА), животов ми стана пекол. Ве молам девојки помогнете. Како тој да признае
     
  2. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145

    ако сака тој да ти признае ќе ти признае а ако не џабе ти ќе го тераш...
    седнете и зборувајтее убаво раскажиму се што имате поминато низ животот прашајго зошто тоа сето го заборавил дали не бил доволно среќен дали не му било важно...прашајго во што мисли дека ти грешиш па за да го напрај тоа... разговарајте смирено без нервози и викања си велам дека ќе ти признае...ако навистина тоа го направил несакам да бидам груба ама и да му простиш ти ништо нема да биди како порано секогаш ќе имаш сомнеж дека повторно тоа ќе ти го направи можеби ќе можиш да издржиш незнам имав јас една другарка незе дечкое ја изневеруваше многу аматаја му простуваше викаше дека се навикнала дека и е сеедно ама на крај неможеше да издржи и му раскина пошто самата се повредуваше... најпрвин ти разговарај расчистисиги сомнежите а после одлучувај што ќе правиш...
     
  3. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Така ти е тоа во животот секогаш има и победи и падови.Луѓето се менуваат во минута а ти се прашуваш како се може да се смени за еден месец.Јас од лично мое искуство можам да ти кажам дека многу години од мојот живот се сменија за еден момент.Али понекогаш и добро е што е така:Не за џабе се рекло секое лошо за добро е.Луѓе растураат бракови и после години заеднички живот...Луѓето се менуваат секојдневно,а еден месец е доволно за да тој се оддалечи од тебе.
    Мој совет (ако сакаш да ме послушаш) е д не го бараш,да не трчкаш по него и да му даваш до знаење дека ти е тешко,тој самиот треба да се врати кај тебе ако почуствува дека му недостасуваш.Биди храбра! Ти држам среќа :*
     
    На Anonimna.tsz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Anonimna.tsz-зарем не увиде дека типов не е за тебе...зошто сама си правиш проблеми?какво е тоа негово однесување,тебе не ти е потребна помош околу типов ти треба да си направиш да ти биде убаво со твојте пријателки узивај си летово друзи се со твои врсници,тој само главоболки ке ти прави...едноставно избриши го неговиот број и ни на памет да не си го ставила...наместо да го гледаш ова како проблем,гледај го како глупост која не би било фер кон тебе да ја повториш...батали го тој беше грешка...не ја повторувај
     
    На Anonimna.tsz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    804
    илјада прашања, милион неразјаснети мисли...
    2ипол години сме во врска,ама нашата е дооолга и широка,ќе пробам да ви ја објаснам ситуацијата,за да стигнеме до проблемот. :sweat:
    Мислам во некој од претходните постови спомнав дека пред година ипол заминав за Америка со мајка ми и сестра ми, за да останеме таму да живееме. Ама, јас заљубена,изгубена, паднав на муабетите на дечко ми, ме сака, неможе без мене, да се вратам, ќе ме земе за жена, ова она... јас што направив, се вратив, ни документи средив таму ништо, оставив се, дојдов тука, со татко ми живеам сега.. со дечкото сме од различни градови(100км отприлика). Он работи, па кога е по слободен он доаѓа тука, а и јас одам кај него, по 1-2 недели седам.. Сега во последно време, почнавме поретко да се гледаме, цел март не се видовме, април се видовме,сега од 1мај се немаме видено, и нема да се видиме до средината на јуни, месец ипол !!!финтата е што он дома реновира, средува, растура,прави... и вистина незгодно е да одам јас на гости таму. Пред некое време ми вика
    -Ух колку се уморив со ова по дома, да не беше за нас двајца после да си уживаме ич немаше да се замарам.
    па зошто не разговара за иднината со мене? него ми вика, планирај си ти што сакаш..
    Одам на разговори кај психолог, од неа добив совет да почекам, штом почнал дома да средува, а и за еден месец сестра ми ќе дојде, сигурно он ќе каже нешто за нас двајца. (ама јас чисто сумњам)
    Сите од страна не прашуваат кога свадба, ајде.. он вика, ќе биде наскоро.. а кога го прашам јас што планира, сепак треба порано да се знае, мене мајка ми, сестра ми треба да дојдат, неможе ајде утре, утре него да му текне... он со мене неќе тој муабет да го прави, одма мења тема, или ми вика ме напињаш аман не збори за тоа веќе. искрено, ми иде да му раскинам. преку глава ми е веќе. Јас животот можев да си го оставам на другиот крај на светот, он тука ми се понаша вака, па така, како му текне. И он не се замара толку дали ќе се видиме или не.. се јас. јас да не идам, да не го барам, не би опстанала нашата врска. цело време се караме. А знае дека мора да го трпам зашто со татко ми неможам да живеам од некои причини.. и знае што и да прави пак ќе сум со него...
    Дали вреди уште да се борам за ова? Искрено си мислам он за друга си планира :( штом неќе со мене муабет да прави така... А додека бев во америка, главна тема ни беше тоа кога ќе се земеме, и се така.. а сега, одеднаш ништо...
     
  6. Anonimna.tsz

    Anonimna.tsz Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Благодарам rici.aaaaa и Maya3112. Како што кажавте повеке нема да го барам, ќе продолжам понатаму со животот. :) :*
     
    На Maya3112 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Навистина тешка ситуација. Јас да сум на твое место би му се јавила за да го прашам дали сака да се видите лице в лице и да поразговарате ама сериозно :!:
    И поставувај му прашања директно,речиму да ти одговара кратко и јасно,но не го напнувај. И ти самата ке си сфатиш што и како треба понатаму. Ако е готово,ако мислиш дека губиш време со него... патот под тебе и во Америка. Што и да биде ти посакувам среќа.
     
    На curious-doll му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Што би било ако тој ви го заборави роденденот и не го потсетувате вие (во истиот момент е 00:00) туку самиот фејсбук? Без разлика колку сте заедно и се сакате.
     
  9. Liana

    Liana Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    начекај ги додека стоат заедно и јави му се 3:)
     
  10. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    ШТО ПОНАТАМУ ?

    девојки ми треба еден совет
    пред некое време се мував со едно момче во кое бев многу заљубена. и тој исто така изгледаше многу заљубен всушност и тоа го тврдеше но потоа почна да се оддалечува
    го прашав зошто и му реков ако не сакаш барем да бидиме пријатели но тој ми рече дека погрешно сум го сватила и дека само му треба време му реков дека ќе го чекам колку што сака но потоа по околу две недели работите се измешаа и му реков дека ми е доста да не ме смета повеќе за глупачка дека не му поверував во ништо единствено дека му поверував на неговото те сакам тога тој ми пиша дека не можел никако да ми кажи дека не сака врска но тоа не било затоа што не ме сакал туку затоа што во поранешната врска му се случило нешто што не може да го заборави всушност рече дека направил грешка а подоцна дознав дека некоја си поиграла со него и дека не сака врска поради тоа
    уште ми рече дека кога ми рекол дека ме сака никогаш не ме излажал и никогаш не ме потценил за ништо
    учиме заедно и цело време гледа во мене и гледам често знаци на љубомора кога разговарам со други машки
    многу го сакам и незнам што понатаму ужасно ми е ве молам помогнете ми :worried:
     
  11. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Па скарај ги пиле,ама послем тоа ти ке бидиш на нејзино место а сигурно нејкиш да знајш што би те очекувало ;)
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145

    се согласувам со swrcii скарајги ама после ќе те гризи и тебе црв дека можи тој и тебе така да ти направи чим еднаш тоа го сторил голема е веројатноста да го повтори тоа ама сепак немора да значи ти си знајш најубаво...
     
  13. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    ^ Зошто да ги скара? Неа така и прднало и засмрдило? :?:
    Мислам, глупости, неизживеани дечишта си прават, скар смир.
    Се згрозувам од вас, озбилно.

    И ти направила фрки и гордо кажуваш дека сакаш да ги скараш и по цена да не сте заедно. |(
    Зборувај ми за тоа колку си ти фина и заслужуваш да бидеш среќна. |( |(
     
  14. minne03

    minne03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    I jas se cudam so ovie gleda deka on e so druga nivno problem e toa kolku se karaat i kolku problemi imaat kaj sekoj gi ima,,,i uporno saka da im pravi problemi a ne svaka deka on samo si igral so nea malku zabava i pak i se vratil na drugata,,,gospode boze ovie ne razmisluvaat kako bi bilo dokolku nekoja nea taka i pravi
     
  15. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    765
    Добро испитај си ги чувствата спрема него, види од друга страна како би ти било без него, доколку целосно го отстраниш од твојот живот. Ако сметаш дека можеш... Плус сега имаш шанса да завртиш нова страница од животот во Америка, тој не е единствен маж на планетата. Но, јас како вечен романтичар,секогаш сум на страната на љубовта, па мислам пробај да му дадеш шанса,да видиш како ќе се одвива ситуација барем уште некое време, може и не е до него тоа што не зборува веќе со тебе за брак, може од дома нешто друго му зборуваат, почекај - па отвори му се и кажи му се што мислиш.
     
    На curious-doll му/ѝ се допаѓа ова.
  16. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    804
    Marie.m и swrcii ФАЛА девојчиња... ќе пробам да оладам малку да не го замарам во врска со нас.
    сега ќе почекам до средината на јуни да завршам со полагање, после кога ќе се видиме ќе му направам саглам муабет. и така летото уште по ретко ќе се видуваме, сега ќе дојде сестра ми и јас дома ќе сум ако сака да ме види ќе мора он да доаѓа. нека поминат овие 2-3месеци ако не заземе позиција, ако е уште неозбилен, друго ќе биде... го сакам, ама многу ме нервира неговото понашање, не ја сфаќа врската сериозно уште, а пред година ипол беше друг, мислиш спремен за брак за деца...
    (он има 25 а јас 21)
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    кога некој би ви криел фб по 2 и пол годишна врска и дознавате за тоа што би направиле?
     
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.929
    Допаѓања:
    45.438
    Пол:
    Женски
    Ќе се потрудам да сфатам зошто го правел тоа на смирен начин па потоа би одлучила што понатаму.Мада сметам дека ако нема што да крие, нема да крие ни дека има фб, зошто таква банална работа би криел?
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    незнам 1209 веројатно треба да порасни и што е најтрагично не му е прв пат ама што е уште потрагично за него последен му е сум поминала мн.работи ќе го поминам и ова кога некој после толку работи и години ти забива нож во грб за вакви работи и крие вакви работи нема каде понатаму
     
  20. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е баш љубовен проблем,се работи за другарка ми,за кој и да спомнам таа одма еее и на мене ми пиша тој,сакал да се видиме незнам што,ама јас нејкам и не ми се прави муабет со неа одма и на неа и се пуштал,а и од една страна криво ми е што прво кај неа пробуваат,а после кај мене и нормално ги одбивам,а она си е поопуштена нема проблеми како моите ниту некои пречки за нешто со сестра и нон стоп се на фејс и и бараат дечко на другарками сите ги знаат со сите си пишуват.
    Еден роднина ме изненади кога ми кажа дека не му се допага другарками бидејки кога-тогаш ке ме наместила,и да пред неколку години тие ме запознаа со бившиот знаејки каков е а не ми кажаа,сакаа на лошо да ме видат,и кога бевме на одмор му се допаднав на еден и другарками избега од љубомора и не ми правеше после муабет,баш е љубоморна кога ке му се допаднам на некој подобар и почнуваат да истражуваат со сестраи за него,само трачарат цело време,му се допаднав скоро на еден така побогат а она таков сака и бидејки немав време да излезам тој период она се здружи со неговото друштво што не е вообичаено и излезе неколку пати со нив и тој ама другарски,и на излегување дури гледа во кој гледам и многу прати,инаку не е во ништо подобра,напротив,има вишок слободно време што јас го немам,во суштина не е лоша а и неможам да ја избегнувам бидејки ми е најблизу и сме роднини нешто.