Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Мојот проблем е што пред неколку месеци прочитав муабет на дечко ми со негова другарка и муабетот ама баш ич не ми се свиѓаше. Он ме убедуваше дека ништо не е, дека никогаш не ме изварал итн, и јас останав со него, ама сепак моето мислење за ситуацијата не се промени, туку полошо - се смени мислењето што го имав за дечко ми, зашто после тоа што го прочитав, сфатив дека он едноставно може и не е толку предобар како што се претставува. Со месеци се обидував да го скријам мојот сомнеж ама мислам дека веќе не можам. Ако му направам муабет, дали ке ми признае? И дури и да ми рече дека ништо не се случило, прашање е дали јас пак би можела да му верувам, а да го обвинам не можам, зашто и тие “докази“ што ги имам не се доволно силни за да дојдам до некаков одреден заклучок. Хелп?
     
  2. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    За каков разговор се работи,ако можеш да ни кажеш?
    Мислам ќе е најдобро ние да процениме од наша гледна точка дали имало нешто по разговорот, а не ти да претпоставуваш бидејќи сите знаеме дека човек кога сака, од ништо прави нешто. И не само кај тебе, кај сите е така. :)
     
  3. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Mime не би сакала да ти создавам дополнителни нервози али сепак мое мислење е дека чим тој го крие фб мора да има причина.Јас да сум на твое место не би изреагирала никако ќе си ќутам мудро али,во прва прилика би ја проверила неговата пошта на фб зошто сепак тоа е единственото приватно место на секој фб профил...Не се нервирај ... :*
     
  4. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    освен фб крие некој друг или друга зашо на фб само комуникации се одржуваат и логично е да прави нешо скришно штом го криел.а можеби и следни некој/а...(и јас на времето го правев тоа, за да ја следам неговата бивша имав фејк профил и не му го кажав подоцна откри и јако ми се налути)
     
  5. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234

    Па.. тоа некако го сметам за лична информација и затоа нема да го кажам, ама со оглед на тоа што разговарав за ова со уште некои 5-6 мои блиски луѓе на различна возраст, можеме слободно да заклучиме дека муабетот дефинитивно имал во него нешто повеќе од пријателски. Според мене, флертувале еден со друг. Никаде не беше спомнато дека направиле нешто, и колку што забележав 2-3 пати месечно правеле муабет, не било тоа константно и не ни биле нешто долги муабети. Ама сепак, мислам дека тоа ја има преминато границата на „љубезното и пријателското“
     
  6. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Freya123 а што е со неговото однесување? Го фаќа паника кога му зборуваш за тој разговор? Се чувствува ли виновно,сака да ти угоди повеќе од порано?
    И, неговиот телефон? Некои чудни повици додека сте заедно? Дали секогаш знаеш каде е кога излегува?
    Дали ја познаваш личноста со која што разговарал? Дали си приметила нешто друго сомнително освен разговорот? (Ако одговорот на последното прашање е НЕ, тогаш мислам дека немаш место за паника. На крај краева ако го сакаш и му веруваш,а и тој тебе, нема толку да се преоптоваруваш со ова, сепак си зборувала со него и ти рекол немало ништо)
    Одговори си на овие прашања и можеби малку ќе се доближиш кон одговорот.
    Но немој одма да го обвинуваш. Прво истражи добро, или испровоцирај го некако,види дали ќе го фати паника.. Незнам колку време сте заедно, но не би требало да се однесува „нормално“ ако го направил тоа, а му значиш.
     
  7. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234


    Па тоа ми е мене чудно, он секогаш се однесувал супер кон мене, таков е и сега, да не го прочитав муабетот случајно, стварно немаше да претпоставам дека он би можел да флертува многу или евентуално да ме извара, зашто никогаш немало чудни повици. (Освен ако под “чудно“ подразбираме дека таа другарка често му пишуваше на wall ствари од типот: Tе гушкам, кога ке се видиме“, срциња, поминаа заедно некое време летово и слично. Јас пробував да ги игнорирам зашто знам дека се дружат веќе со години, ама не ми беше океј зашто и знаев дека не се многу блиски. А откако јас го прочитав муабетот, некако тие коментари престанаа) И уште ми е тешко да поверувам во тоа дека он можеби крие нешто од мене, а ме плаши тоа што он може толку добро ги крие тие работи зашто знае дека ако јас дознаам, нема никогаш да му се смирам.
     
  8. WhoisShe

    WhoisShe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Зошто сега после 3 години , зошто сега кога гледа дека се кренав на нозе и почнав конечно да се опоравувам од него . Зошто ме демне и го следи секој мој чекор ,зошто го добивам тој поглед дека го повредувам и дека па би сакал да сме заедно иако тој беше тој што замина дали да си го потхрани егото и да си потврди дека сеуште го сакам , иако сум со друг ? Дали сега го боли што тој може да го заземе неговото место ? Сакам да замине , да оди и да не се враќа. После него незнаев да сакам повторно , но барем се помирив дека нашето е толку . ми прави да се сомневам со себе а и во мојот сегашен . Ме боли... Го сакам , нека собере храброст и нека ми каже се а не да ме провоцира и да прави сплетки од страна . Што сака сега? Дали нема храброст или ... ? :(
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    јас изреагирав мн.бурно и воопшто не размислив на ваков начин за жал :( а дали тоа за вас е доволна причина да прекинете 2 и пол годишна врска?совет?
     
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Миме полека, барај прво да ти објасни зошто криел.
    Јас сум многу против копање по туѓ инбокс иако и мене ми се случува ама многу ретко, ако ме закопка нешто. Ама во случај да мораш и имаш прилика прочачкај го.
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Дуффи немам прилика то е проблемот мн.бурно изреагирав и за то време тој го деактивира и фатив и врска и дечко и све отерав упм не дека не ми е тешко ама довербата отиде по ѓаволите најтешко ми е што толку многу вложвам во секоја врска и пак на крај ме предават и ми забиват нож во грб за жал :(
     
  12. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Freya123 ако ти е убаво со него и ако мислиш дека повторно можеш да му веруваш, тогаш не си отварај рани самата. Имаш 2 можности, или да прекинеш со него, или да продолжиш да му веруваш. Твое си е, одлучи како мислиш дека е најправилно. Друго незнам што да ти кажам.. :?:
     
  13. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Mime87, можам да го оправдам твоето однесување сигурно било момент на слабост.Но сега тој го деактивирал фб,и шансата да му го провериш инбоксот пропаѓа.Дуффи и јас сум против нарушување на приватноста и читање на туѓи лични пораки,но сепак на Миме ова и беше единствениот ас во ракавот нели ... :^) .Сега што можеш да направиш ... пробај смирено да разговараш со него,пополека без бурни реагирања.Само со смирен разговор и очи во очи со вистински зборови ќе допреш до него.А ти мила за памет во иднина не ги вложувај сите сили и напори во врската мораш да бидеш храбра во оној момент кога ќе те повредат.Ти посакувам многу среќа и само убави моменти во вашата врска во иднина. :* :* :*
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    mime87 натерај го дечко ти повторно да го активира фејсбукот, но кога сте заедно, за да го фатиш неспремен ако ги нема избришано разговорите (доколку ги има) со некоја девојка.
    Провери го. Види со кого комуницирал. Не е ништо страшно ако ти даде пасворд или не мора да ти го каже, туку пред тебе нека го отвори фб.
    Само така можеш да си сигурна. Дури не видиш со свои очи, можеш само да се сомневаш...
     
  15. mache123

    mache123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Со еден дечко сум веќе 3 недели во врска, не се знаеме многу околу месец, месец-ипол..вака почна се значи, си се засвиѓавме едно друго , се шмекавме , преку мој другар се запознав со него, се смувавме бла бла и се фативме. На релација Бутел-Драчево, се гледаме во школо за време на одмори, за викенд секогаш сме со неговите другари во некој кафич, па после идеме на некое време до парк јас и он.Многу ретко на телефон се слушаме, дури и на фб некако комуникацијата ни е на min, не дека не збориме ама ипак не е океј според мене ... Е,работата е во тоа што јас не сум сигурна повеќе во тоа што го чувствувам за него, се повеќе мислам дека ми беше некоја минлива фаза,онака безвезе , затоа што и он некако се однесува лакднокрвно да се изразам, кон се рамнодушно како да пристапува , иако од неговите другари слушам муабети дека наводно бил многу затрескан во мене, сакал ова да потрае незнам што. Едноставно како да не ми посветува доволно внимание, не викам 24/7 со мене да е , или муабети 24/7 да тераме , ама па не е во ред ни од негова страна толку незаинтересирано да се однесува.Стварно незнам што да правам, иако се повеќе мислам дека неможам да бидам со него, некако не се чувствувам среќно ... и најлошо од се е што незнам како да го прекинам ова, незнам на кој начин, знам сите ќе кажете седни разговарај со него кажи му се, ама не ми иде, неам срце за тоа да го напраам.Неможам да го глеам во очи и да му кажам дека е готово меѓу нас ради ова и ова,дај те ми некое решение :worried:
     
  16. NeverSayNeverJ

    NeverSayNeverJ Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Девојки ми требаат идеи како да разбијам монотонијава во врскава .. На почеток сме сеуште и работите се измешаа премногу ни загасна огнот уште од почетокот .. Знам и осекам дека има надеж за да ја спасиме врскава .. Немаме односи (јас несакам) некако осекам ко рано да ми е а можеби и тоа е тоа што фали .. А од друга страна си велам врска и без секс може да биде врска .. Барем додека да осетам подобрување несакам да имам односи со него .. Дечкоми е супер само на почетокот не по наша вина работите се испомешаа - каша попара све излезе .. сега и двајцата се трудиме ама незнаеме како да поправиме .. Помош :)
     
  17. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Незнам која е причината поради која уште на почетокот на вашата врска се случило тоа што се случило и се се испомешало ама едно ќе ти кажам запамети дека за да ја спасиш таа врска не ти треба секс, така само ќе се уништиш и ти и ќе ја уништиш уште повеќе врската.
    АКО НАВИСТИНА се сакате се ќе среди. за почеток изненади го, одете во луна парк, сликајте се јадете шеќерна волна, сладолед, седете во природа, одете на Водноо ,возете се на жичара, ако седите дома пример кај тебе спреми некое јадење, излезете на вечера, играјте игри, карти, гледајте филм,трчајте на кеј и сл. На пример ти оди на фризер и смени нешто кај себе,ишишај се навистина големо изненадување и подобрување е кога ќе са видиш малку поинаква а и него позитивно сигурна сум дека ќе го изненадиш.
    Замисли велиш дека сега си на почеток а има монотонија во врска, епа што ќе бде за 2 3 месеци, ќе се испоколете.
    ајде опуштете се и уживајте двајцата.
    Можете и да пробате да излезете со друштво за почеток додека се среди се.
    поздрав :hai:
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    тој сега се правда се колни и преколкнува дека немало ништо што јас не вервам во тоа фб кот како што гледам деактивиран му е,најпоќе ме боли што јас никогаш не му забранив да има фб мислам тоа за мене е најглупата и најбаналната работа во животот ама како што гледам работа што можи многу штета да напрај, овај проблем сигурна сум дека го имале 90%овде од девојките и незнаеш што да правиш,работата е што се губи цела доверба...
     
  19. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Како бе 2 ипол год?
    зар никој од друштвото не знаеше?
    Леле можам да замислам каков шок е ова за тебе, но мораш да бидеш мирна, да разговараш, да ти објасни што како, зошто го направил тоа?
    Не се фрлаат во вода 2 ипол години, размисли убаво како ви било претходниот период, дали имало нешто сомнително, како се однесувал, што правел во слободно време, дали те лажел ...собери се на купче па потоа донеси одлука.Смири се и Размисли со "трезна глава" .
    Одлуката не е лесна ни најмалку, но ако сакаш навистина да одлучиш тогаш послушај го малку и умот пред срцето. поздрав
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234

    Ке размислам. Фала ти премногу.:)