На дечкото очигледно му е само до секс, разбирам машка потреба но нека издржи малку ако се сака се се може, плус 4 месеци е краток период и ти си мала немој да направиш нешто и подоцна да се каеш, ако те сака ќе почека.
Јас незнам зошто воопшто ја нарекуваш другарка. Се гледа дека сака да биде подобра и попосакувана од тебе, зборувај со неа да се смени,или дистанцирај се малку од неа.
Вака девојки имам проблем со друштвото на дечко ми, неколку месеци сме во врска и јас не можам да се здружам со нив незнам дали е проблемот во мене или во нив, но секогаш кога ќе излеземе со нив никој не разговара со мене освен еден од нив што е цело време комуникативен и супер е детето другите ни збор не изговараат иако јас се трудам да се вклопам и да почнам некоја тема на разговор тие едноставно не зборат многу ме нервира тоа зашто после дечко ми ми вика дека јас воопшто не сум била друштвена и дека требало јас да им пријдам а јас колку и да се обидувам не иде, а со другарите што му се од клас сум супер заедно и излегуваме и на роденден ми беа а со овие од мало ништо,а морам да се здружам со нив зашто на дечко ми многу му значат и се дружат од мали. Ве молам ако можете да ми помогнете.
Кога ќе излезете со нив од цело друштво само ти ли си девојче ? Другарите негови немаат ли девојки ? Ако е така немора секогаш да излегуваш со него нека си го распредели дечко ти времето еднаш со тебе еднаш со другарите и готово. Можеби на некои од нив им е непријатно секогаш да си со нив и да им слушаш муабетот, а ни немора со сите негови другари да имаш перфектен однос.Што со некој од нив се дружиш, а другите не ти прават муабет тогаш проблемот не е до тебе нека разговара дечко ти со нив.
со 4 месеци врска и 16 твои години да имас односи никако бе а за тоа дека он си имал потреба за секс и тоа па нека си иди на место друго јас мислам дека не би требило да го направис тоа сто тој бара и така ти кажал дека имал потреба не му е до љубов
Лелее уште што ли нема да слушнам од сите овие прости машки на светов што постојат... Да он на 17 години до вчера имал секс секој ден со професионалки и веке неможе да издржи... Значи тоа со потребата е таков глупав изговор, веке не се интересни! Каква потреба бе на 17 години ?!?! Потреба да, на 24 години кога тип си е редовно во сексуални односи, а не невино детенце на 17! Си имаш работа со простак кој сака само да те легне, нема биолошка потреба, туку потреба да знае дека еб*л и да се испофали на сите страни. Плус па после 4 месечна врска да и побараш на 16 годишно девојче, треба да си на дното на културата ! Па и да се закануваш врз се... Извини што малку се изразив, да не речам вулгарно и навредливо кон дечко ти, но такви ствари едноставно МНОГУ ме погодуваат бидејки ги знам овие финти и ми е криво за девојките кои потпагаат за нив..
ај ве молам за помош... опседната сум со својот дечко, премногу љубоморна... и поради тоа настанале многу караници и многу расправиии.. ми рече дека ова е последна шанса дека не можи повеќе така да продолжи... одиме година и пол и до сега не ми има дадено причина да се сомневам во него... но не можам да се контролирам ...
Најчестиот проблем во врските... Па и самата кажуваш дека нема причина да бидеш љубоморна не го гледам проблемот. Размислувај позитивно едноставно ако не те сака нема да биде со тебе. Вака само го гушиш и тоа буквално, а во денешно време како што се сите со премногу обврски уште гушење од страна на партнерот фали. Така што верувај многу повеќе ќе те сака ако му даваш слобода, а и помалку ќе паѓа во искушение нешто да направи, зашто забранетото е попривлечно, едноставо е така, тоа е во човечката природа. Можеби и ти фали малце повеќе самодоверба, незнам... Машките не сакаат избувнувања тоа е факт. Не сакаат еден тон прашања и уште толку под прашања. Мораш самата да направиш да одвај чека да те види или да сака да те слушне, а не да биде постојано под притисок да не случајно ти текнало нешто. Довербата е многу важна за една врска тоа е темел. Крај краева ако навистина неможеш сама да се справиш со овој проблем посети стручно лице. И ова навистина го мислам нема ништо срамота во тоа. Ајде со среќа и не вреди да изгубиш личност заради ваков проблем.
а засто не можес да се контролирас? нели не ти дал приЧина за да се карате,знам како е и јас сум била пре опседната со деЧкоми кој сега мие сопруг ама тоа бесе додека живеевме разделени,не му верував,за мало несто јас љубоморна иако немасе големи приЧини... обидисе да бидете повеке во контакт и да знаес сто прави во мегувремено па мисли дека тој е еден од оние кои не ги прави тие изневерувања во секоја мала санса дека никогас не го направи тоа(кој и самата знаес дека немас приЧина за да се карате) мисли малце позитивно
Па тројца имаат девојки, со едната се океј колку што знам идат тие неколку години и се знае со нив добро, со другата се најјсупер со нив пораснала а третата незнам зашто и јас не ја знам, а кога излегуваме не сум само јас девојче зашто дечко ми си има испанирано кога е со нив а кога е со мене но некогаш се случува да идеме заедно на кафе или на роденден и тие така се однесуваат јас не сакам перфектен однос со нив туку да бидат коректни со мене а не порано кога ќе не видат само со дечко ми се поздравуваат со мене не јас никогаш немам кажано нешто лошо за нив секогаш сум се однесувало коректна и сум била комуникативна и пробувам да се вклопам најмногу поради дечко ми кој ми значи многу и знам дека не е некоја минлива авантура, така да ти благодарам на мислењето ќе зборам со дечко ми
ете уште тоа фатеше и од фб да ме избрише.....значи се смири со бившата прекина контакт со мене и на крајот ме избриша и од фб и дури имам забрана да го адд...хах не ми се верува... исчезна без никакво објаснување, без ни еден збор...а ние имавме поинаков однос мислам се си кажуваме со мене дури и љубовни проблеми си решававме да речам, и после тоа без значајно мување шо не значеше ништо, тој почна да ги меша брзините макар шо јас си продолжив на пријателски однос и ова ми го направи...шо згрешив толку јас, шо сум крива, мислев дека сме пријатели....премногу прашања, а нема одговори....не знам зошто ме избришал дали е дело на бившата, или сам така одлучил...
зошто ти е таков? заборави го...ако е толку наивен да направи се што ќе му каже некој или вака прави по негова волја, најубаво е бришење од животот
Здраво феминки! Имав пишувано за мојата врска и како заврши, дека дечкото и јас раскинавме зошто тој не бил за врска и ми рече дека не ме сака. Еве веќе три месеци бевме само на само здраво, што правиш и како си. Одеднаш тој се смени. Почна да ми прави муабет, да ми пишува на фејсбук за глупости колку да почне муабет. Понекогаш се зеза, дури и претерува само не знам дали тоа му е намерно или од што не знае како да се однесува. Неколку пати бевме излезени заедно спонтано, без да се договориме, заедно со другари и другарки што се дружат. Првиот пат кога излеговме нешо се зезавме цела вечер и се кладевме и не ми ја пушташе раката никако, и после се препиравме и ме бакна силно во образ. Следниот пат ме праша само мене дали сакам да одам со него и со другите другари да излеземе. На факултет кога ќе се видиме поинаку се однесува од порано, седиме заедно сами и сл. Другар му почна да не зеза како порано. Што мислите вие кои му се намерите?
Можеби за тоа време кога сте биле на здраво само, размислил и сватил дека му значиш повеќе одошто тој мислел..Видел дека неможе да издржи без тебе и сега повторно се обидува да ти се доближи.Тој не бил во врска,можеби на почетокот му било чудно,можеби не сакал да се врзе..но сватил дека сепак му значиш нешто и сака да биде со тебе,затоа наеднаш го сменил однесувањето,со цел повеќе да ти се приближи и евентуално повторно да бидете заедно..Намерите според мене се јасни,се гледа според ова што го кажуваш дека му значиш,и дека самиот почнал повторно да комуницира со тебе за да не те изгуби..Ова е моето мислење..Поздрав
Девојки јас пак со мојот проблем-сега продолжение и секако ако може да дадете по уште некој совет Иако повекето ме посоветивте да го откачам, јас сеуште неможам да се решам на тој чекор, нешто ми е мистериозно во врска со типот и сакам да го истражам до крај тоа. Откако правев муабет со него во врска со тоа што ми смета кај него -тоа што се крие од народот и дека јас се осекам како искористена од него, тој се смени малку т.е. не бара сега ниту да водиме љубов ниту ме прегрнува, ниту нешто друго. Се понаша само другарски но и понатаму продолжува "внимателно" да ги бира местата каде што ке одиме и стално ме бара да се гледаме. Не пропушта ни ден а да не побара да се видиме, а не правиме ништо кога ке се видиме, онака само муабетиме. Не знам ама нешто ми мириса овде, не знам која му е целта со тоа понашање сега, ми стои дека игра некоја игра или можеби сум грешка, не знам.... Што мислите вие?