Кога го читав ова и мене ми отиде натака паметот, нешто такво е или има женска, или седи на две столици ( постои некоја друга како тебе што ја крие).. како и да е не е океј и мислам дека треба да ставиш крај на таквата ситуација
Yuiop досадата можеш да си ја лечиш на друго, посоодветно место.Нема потреба зш да ги замараш лугето овде со твоите испади. Лекот ке си го најдеш на друго место. На останатите се извинувам за оф-топикот...
Здраво феминки јас сум тотално заљубена у едно момче значи оно е во Мак. од мало градче и не живееме во ист град. Мене ми го покажа на слика една братучедка и навистина многу многуу се заљубив во него Го додадов за пријател на фб. ме прифана си пишувавме ама на кратко 3/4 пати. Тој е школски на мојата братучедка и јас еднаш пуштив позз по него а тој не ја поздрави неа. Еднаш зборував со неа по тел и тој пак не ме спомна ништо потоа повторно ме има спомнато братучедката во негова близина но тој ништо. Јас сега ја молам таа да ми помогне уште малку но ете таа вика немало надеж ако сакал он нешто со мене ќе ме споманл прв пред неа. А и + таа е мнгу срамежлива. Затоа јас повторно му пишав сега за екстерното пишевме малку и тој се изгаси а сите пораката до сега пишува дека не е видена. Јас мислам дека намерно така прави. Сакам на фб да го боцнам ама се плашам ако тој не сака ништо со мене, да не биде offline на чатот за мене... ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ МИ ЈАС СУМ МНОГУ ЗАЉУБЕНА ВО НЕГО ШТО ДА ПРАВАМ КАКО ДА ПРОДОЛЖАМ ПОНАТАМУ...
Девојче ти навистина имаш 15 години ? И се заљуби во момчето иако го имаш видено само на слика ? Цело време преземаш иницијатива а тој ништо. Незнам воопшто што се замараш како можеш да се заљубиш само по надворешниот изглед и тоа виден на слика Разбирам ти се допаднало момчето но тој не е еден и едниствен плус тоа не живеете во ист град. Разгледи околу себе во твојот град сигурно исто така има убави момчиња ќе се најде некој друг, немој да си ја оптеретуваш главата со една слика не си мала имаш 15 години.
ЕЕЕЕ срце мое уште колку пати ќе се заљубуваш е хееее, не очајувај без потреба. Има време колку луѓе ќе запознаеш...Ако вака уште сега почнеш незнам како понатаму. Опушти се малку, ако толку сакаш пиши му позезајте се малку ама немој ти да паѓаш во депресии уште сега, ме разбираш? Ајде насмеј се, тек сега почнуваат пеперутките. За да навистиа се заљубиш покрај физички мораш да го запознаеш и психички затоа почекај додека го видиш во живо и после ќе прајме муабет. поздрав
Пред 4 години точно го сретнав дечкото што го сакам веќе 4 години...тогаш беа другари со брат ми..се приметуваше таа хемија но ни јас ни тој не признававме...летово се фатив со дечко ми(сегашниот, идеме 10 и пол месеци) и првата недела уште онака лабаво беше и со овој почнав да пишувам...ми се отвори и ми кажа како ме свиѓал цело време дека неможел да ми признае заради брат ми итн.. После тоа отидов на одмор со другарки и дечко ми беше таму со другари, се сретнавме јас кога се вратив ставив слика од нас...и одма ми стигна порака од овој што го сакав 4 год..у стил Фала многу што ме заеба нема да ти го заборавам ова.. И така се заврши се тоа..он си се смири со женска му што идеа 1 година пред тоа а јас продолжив со дечко ми....и пред месец дена раскинавме со дечко ми за банални глупости...и пак почнав да комуницирам со овој...он исто така имаше раскинато со тоа што идеше година и пол...и сите ми викаа уште ја сака вака така..ама пламенот меѓу нас беше се појак и појак...и таман кога требаше да биде нешто јас се смирив со дечко ми а со овој продолживме да контактираме.. Иначе дечко ми ептен ептен ме чува,ме сака...не дека него сакам ама кога ке се појави овој типот на се заборавам..и така едно време почна да ме избегнува а нејќеше да ми каже зашто...и деме било ради тоа што имам дечко ... Се слушнавме пак и у меѓувреме дознав дека си нашол некоја..Се имаше начукано пред некој ден и од кај другар му ми се јави и ми спушташе муабети дека јас сум била крива , он кога сакал може да ја откачи..... После тоа му вртев и ми се женска му..незнам зашто така просто изреагира.нејзе да ми ја дава.. Утредента му вртев и ми кажа спиел ке се јави после..и не се јави...Му пишав порака дека не сум идиотка и дека неможе така да се понаша со мене и дека нема никој како мене да го почитува... Навечер му вртев (бев пијана) тоа беше вчера..и не се јави само му кажа да другар му да ми пренесе дека нејќе да му вртам више ...и мене истото ми го пиша... КАКО ДА РЕАГИРАМ ОД ЕДНА СТРАНА ИМАМ ДЕЧКО ШТО МЕ САКА И ЧУВА...АМА ЗА ЏАБЕ НЕ ВИКААТ БИДИ ГАД ЗА ДА ТЕ САКААТ А ОД ДРУГА СТРАНА Е ОВОЈ ШТО ДЕНОНОЌНО МИ СПУШТАШЕ ЅВЕЗДИ А СЕГА МЕ ЗАЕБА... ТОЛКУ ВРЕМЕ СЕ ПОСАКУВАВМЕ ПОТАЈНО А СЕГА МИ ЗАВРТЕ ГРБ? ЗОШТО ? ДАЛИ Е ДО ТОА ШТО ИМА СЕГА ДРУГА...ИЛИ ДО ТОА ШТО СУМ ГО ИЗНЕРВИРАЛА СО ПОРАКАТА?
Од кога почнавме да се допишуваме нон стоп си праќаме домашни, јас му помагам нешто, тој ми праќа туторијали и кога ќе имам некој проблем ми објаснува ако знае или се труди да го реши. И сега вчера една задача требаше да му решам и потоа се договорив со другар му и другарка ми да одиме кај него. ПОјдовме и седевме така некое време, муабети, муабети, и другар му седеше на фејсбук и отвори нешто во пораки и видов дека овој мојов последно му имаше пишано за мене "Ај таман ќе ми ја реши домашната". И сега си мислам дека се од корист ми пишува, колку да му праќам домашни и слично, а не дека тој не ми праќа ама пак да не испадне премногу сомнително. Што мислите вие која му е намерата? А заборавив да кажам дека знам дека премногу се преправа пред другарите, сака само да се докажува да се прави нешто колку да имаат поинаква слика за него, не знам зошто така прави. Што да правам феминки, збунета сум?
Штом дечко ти те сака и те чува, а ти се мачиш околу проблеми со друг, тогаш остави го дечко ти, не заслужува никој така... А тој типот ми стои многу нестабилен... Имало хемија мегу вас, тој си фатил женска, се ок, а после ти си фатила дечко и си била крива... Па кога ти си фатила дечко тој сеуште бил со таа девојка.. И било што било, сега наместо да седнете муабет да праите, вие ко деца не си кревате слушалка... Со сегашниот дечко мислам дека никако нема да ти успее. А со тој другиот што ти се допагал 4 години, пробајте да ја средите работата. 4 години и не се малку за уште да се вртите во круг кога ви се јасни работите.
Целото чувство што го имам спрема него камо среќа да го имам спрема дечко ми...да бидам најсреќна ... Јас секако неможам да бидамм со него зашто и со братми неправат муабет ич нејќат да се видат а и таков е дигнат малку...не ми беше јасно само зашто кажал веќе да не му вртам воопшто , каде ја снема таа поврзаност што постоеше цели 4 год..или само се прави така и сака да прекрие.. Со дечко ми сум 11 месеци скоро имаме активно односи и све само сакам тоа чувство што кога ке го видам овој и кога ке зборам со него што го гледам со 4 очи и се здрвувам да го имам спрема дечко ми ..Како и што да правам, навистина сакам да бидам и јас среќна со него како он што вика дека е со мене...Џабе прекривам се кога се давам само да го видам овој ..... Сон ми е веќе.. А и сама се убедувам дека не го сакам...Или како што кажува една српска реченица..."Ubedzujem sebe da te ne volim, da te nikada nisam ni volela, a jos nisam svesna toga da cu se sutra ponovo okrenuti da bih te videla..
Serpentina, искрено мислам дека бараш преку леб погача. Во моментот кога двајцата сте биле слободни (првиот пат откако сте ги раскинале врските), да требало да има нешто помеѓу вас - ќе се случело. Мислам дека и двајцата сте зависни од тој некој адреналин што ве мава, некоја возбуда и мистерија за двајцата, а да би се споиле се кладам дека би немало ниту половина од тие чувства и возбуденост. Како викаат - забранетото овошје е најслатко. Во случајов, ти си неговото, а он твоето овошје. И така играте вечер танц на заведување, а никој не потегнува работа. Во секој случај, како што ја опишуваш ситуацијаата, дечко ти е премија, те чува, внимава на тебе, те сака, ама ете - тебе не ти ги стиска копчињата правилно. Па што се мачиш и него и себе (од себичност секако, да не останеш сама). Ако толку не оди, раскини му, без разлика имаш ли резерва (другиов) или немаш и ќе бидеш некое време сингл (што мислам дека ти е и најпаметно). А ако толку ти значи и си храбра и вистински веруваш дека првиот „забранет“ тип е за тебе, не постои таква пречка... му раскинуваш на овој, го наоѓаш другиот, искрена си и отворена и ако е вистинско - ќе се случи. Ама мислам дека не е. Повеќе е само твоја илузија, некој луд, неисполнет каприц. Во секој случај, жално за деко ти, па никој не заслужува ваков третман.
Вака јас имам проблем повторно со мојата љубов. Се работи за мојата прва љубов. Јас се знам со него од 2011 а се траеше до 2013. Првиот пат тој дојде во мојот град првиот пат ме гушна и се беше ок не беше подивен, потоа се видовме уште 2/3 пати и на следното видување кое беше на свадба тој некако бегаше од мене. Јас кога ја дознав причината поради која бегал одма се разочарав и го избришав од пријатели, односно го прекинав контактот со него. Внатре длабоко во мене сеуште чувствувавм љубов кон него. А да нагласам дека тој никогаш не дозна дека јас бев лудо вљубена во него. А на фб. кога ќе му пишев тој избегаваша да праве мнго мубат со мене. Денес му е роденден и сакам да му го честитам. Но во дилема сум, бидејќи тој на сред свадба бегаше од мене и ме повреди многу, но сепак сакам да му честитам. ШТО ЌЕ КАЖЕТЕ ВИЕ ДА ЧЕСТИТАМ РОДЕНДЕН ИЛИ НЕ?
општи проблеми со дечко ми овој месец постојано се караме незнам и мене што ми е видов на фб дека боцкал многу девојчиња и мене толку ми требаше јас нервозна цело време со него правев на тел муабет и секако откога ке завршам со муабетот а нервозна некој ако ми презбори од домашните одма и нив им се дерам незнам што правам од нервоза...незнам до каде ке стигнам..плус тоа дечко ми ми забранува да седам на фб алоо а јас тоа нема шанси да го прифатам ми се јавува и така му ги гледав сликите на фб и видов дека има избришено една слика од мене имаше ставено ја има избришено и меп раша од дека знаеш и му казам мама ми каза и мајка ми кога слушна одма почна да ми се дере и вика затоа што сум ја мешала во се и се испокарав со неа само ми се дере немозев да издрзам повеке и ми рече повеке никогаш да не и презборам многу ми е тешко така што ми каза знам дека е лута така ми каза ама зената стварно не мозеше повеке да ме издрзи сама си го терав како луда бев се дерав на кој ке најдам истиот ден малку подоцна излегов со дечко ми а јас уште плачев него многу го беше гајле само му е вазно да не го видат него јас како плачам и упорно ми вика не се глупири и такви зборови мене уште тоа ми требаше и тој да ми вика многу се чувстувам осамено и глупаво мислам дека тој повеке не ме сака секој ден се караме
општи проблеми Во овој "проблем" има две недоразбирања: 1. Беспотреба правиш галама или 2.Навистина се случува нешто со него што може да влијае на вашата врска Исто така има и две решенија: 1.Да седнете и смирено да разговарате без да ја исфрлаш ти нервозата на твоите,да бидеш постојано нерасположена и слично... 2.Доколку стварно мислиш дека ти прави нешто зад грб,раскинете дур е време. Довербата е најважната работа во една врска.Ако нема доверба се пропаѓа во вода.
општи проблеми Во овој пробле има уште едно недоразбирање и тоа е недостаток на интерпункциски знаци во комбинација со замена на буквите „ж“, „ш“ со „з“, „с“. А мене ме интересира колку години имас и дали мислис дека е во ред да си со таков децко сто ти предизвикува такви стресови?
Прво и основно - никогаш не им викај на родителите - тоа е голема непочит! Мислам дека не треба да објаснувам се причините зошто треба да имаш огромна љубов и почит спрема нив. Дури и да се неранимајковци, во тој случај мораш да ги почитуваш, не мораш да ги сакаш, НО МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВАШ! Второ - како тоа дечко ти ти бране да седеш на фб, а тој смее да седе, па и да боцка други и се тоа ? Тоа не го разбирам... Побарај еднаквост - или и двајцата седите или никој.. Тешки глупости бе, кој на денешно време не седнува барем 5 минути на фб.. Што ти е тој, господар, па не седи на фб, не излегувај... Штом ти брани такви работи очигледно е дека сака нешто да не знаеш... И штом кога плачеш и од домашни нервози и од неговите тој наместо да те гушне и смири ти вели да не се глупираш, воопшто не те сака. Можеби е во право дека се глупираш, но тоа се кажува кога си смирен, кога некој плаче - треба да се гушне и утеши... Мој совет ти е ти прво ДА И СЕ ИЗВИНИШ НА МАЈКА ТИ !!! А после да си седнеш така во тишина и да се происпиташ себе си, прво како се чуствуваш и како треба да се однесуваш спрема твоите, а потоа и како треба да се поставиш према дечко ти, и колку ке му дозволуваш така да ти брани глупости. Верувај родителите ке ти требаат уште многу во животот, никогаш нема да ти се доста советите и помошта, а незнаеш уште колку време ти преостанува со нив за така да ги врегаш...
Денес излегов со дечко ми и си збориме и ми кажува како другарите за викенд му викале како можел цело време на мене да мисли а на нив не и дека викендот да не се договарал со мене туку петок, сабота и недела требало со нив да се гледа и му се лутеле многу кога со мене излегувал за време на викенд а сме с е се гледале преку недела не ѓи разбирам децава кој им е проблемот со мене никогаш ништо им немам кажано што ме хејтаат толку многу и сеа јас со дечко ми морам да излегувам само преку недела а за викенд не незнам што да правам со децава преку глава ми се веќе со тие нивни договори и глупости
Не мислам дека е нешто алармантно овде! Види разговарај со дечкоти ако ти смета, макар што мислам да го оставиш еден викенд нека му го напрај кејфот на нив, тој сигурно нема сите викенди да е со нив! не се замарај, машки ко машки, изиграваат нешто! Кулирај си