Анистон, млада си, некој ден ќе се смееш на ова и ќе се прашуваш каде ти бил паметот.. Него не му било ни до фустанот, ни до тоа што си разголена, туку криво му било што ти си се забавувала без него. Ако не сакаш да го откачиш, не го откачувај, но времето ќе си покаже дека не сте еден за друг. Утре ќе одиш на свадба без него, ќе одиш на пет, десет години од матура и тоа ќе ти се случува. А да не зборувам за излегувањата што допрва ти следуваат со колеги од факултет или колеги од работа. Не се оптеретувај многу со ова, ќе испливаат несогласувањата на површина, што веројатно ги имате. Не може, не смее некој што те сака да не го сака доброто за тебе.
Имам 16 годишна сестра што е во врска со едно дете веќе 2ипол години.Таа многу го сака ама многу му попушта и постојано прават скарај се-смири се. Секогаш тој раскинува со неа, а таа упорно трча по него, таа му звони му пиши на фб, а тој воопшто не се интересира ама ќе помине некое време и пак ќе излезат и ќе се смират. Сега пак и се скара затоа што таа не му верува кога е во прашање едно девојче што во буквална смисла (не викам вака поради сестра ми) е к**ва и си ги знаат пасвордите и таа и напиша нешто и од тогаш нит и враќа на фб нит и се јавува таа плаче не излегува од дома само на телефон виси и се озрачи на пц. И кажав дека не вреди дека нема да и прави онака ако ја сака како таа него, дека си ја гази гордоста(што можда е и најмал проблем) дека треба да стегне заби да остави ако тој толку настојува да раскинат, дури и почна да се поболува не е спана главата постојано ја боли ама попусто таа тера по нејзино. А детето вистина има квалитети добар е и убаво се понаша со неа на моменти ама многу е љубоморен,не ја остава ни да се шминка ни да излегува со другарки дека му е страв дека ќе го изневери ама и таа знае да го смири и заборава на тоа и на моменти го прифаќа нешто и вакви глупости прави. Неможам никако да и помогнам не ме слуша тотално ги запостави другарките и ако може да дадете некој совет ако не ме слуша мене ако и укаже уште некој на грешкава што си ја уништува младоста можда ќе може побрзо да се помири со раскинувањето.
16 години има сега, значи дека од 13 ипол се заедно, многу мала бе Дај и да прочита ако не сака тебе да те слуша нека ги чита мислењата на феминките и така ќе знае колку е заслепена, тоа не е љубов. таа се нАвикнала уште од мала да биде со некој и сега кај неа не преовладува мислАта дека е заљубена(така може тебе да те лаже само и себе секако), туку таа се плаши да остане сама, не е навикната да биде сама, навикната е некој да и ѕвони сабајле, да кажува на другарките дека има дечко, можеби звучи глупаво ама навиката е зафркната работа. Кажи и дека доколку сака да седи како стара баба до крајот на животот сама и да плете елечиња додека он шета и се забавува, тогаш нека остане со него. Се обидувам да ја разберам сестра ти ама не можам. НЕКА ЧИТА ОВА Е ЗА НЕА Како може некој упорно да те прави будала а ти да се правиш наудрена и да си тераш понатаму како ништо да не разбораш, а самата си свесна и доволно интелигентна да сватиш дека ТОЈ човек е прв дечко во твојот живот а последен ќе биде кој знае кој. Ова е реалноста и треба да бидеш свесна, за да не ти летне животот попусто трчајќи по некој кој не го заслужува тоа. Разбуди се додека е време, главата горе и продолжи понатака, дозволи други луѓе да влезат во твојот живот можеби меѓу нив е и вистинскиот за тебе. Се најубаво и се надевам дека ме сваќаш што сакам да ти кажам. без лутењ ама мора некој со ваков речник да ти се обрати затоа што по кажувањата на Сестра ти ТИ со добро не разбираш или ен сакаш да разбереш што ти се кажува. Таа не ти мисли лошо, да не се грижеше за тебе немаше овде да бара совети. Поздрав
Штом после 2 ипол години врска, тој ја остава така, да не речам на цедило таа да плаче за него, не ја сака, ама ич. Или само сака таа да пати по него, тој толку е во облаци сега - си знае дека таа дома се треска од земја додека тој си го лади со курвите. Ако не престане да му досадува не прави ништо, а ко таа престане да му се јавува и тој ништо не превзема, сигурно има друга веке. Жал ми е дека ситуацијава е многу очигледна а таа така се мачи
Анистон, фустанот е ОК, дамски. А рамената се голи и треба да бидат. Изгледа деколтето му сметало. Ама, тоа е негов проблем, нека си лечи комплекси и несигурност на друго место, а не да дојде вечерта на матурска на девојката, една од најубавите вечери во животот на една девојка, и да ја навреди??? Јас не би очекувала од овој човек некоја светла иднина. Тоа ќе се повтори. Ќе има ситуации во животот во кои за се ќе ти се замеша а не пак за фустан. Ама ти си знаеш.
Цело време вика дека ќе се смират го знаела каков е дека ќе помине некое време и пак ќе се заедно не знаела дали ја сака или не ама детево упорно одбегнува да направи муабет со неа а таа единствено го барала за да има некако завршеток за да можела да продолжи ако веќе било дојдено до раскинување
Се сменија работите.. Здраво феминки. Нова сум на формумов и гледам дека давате искрени совети па решив да побарам и јас ваше мислење. Имам дечко со кој сме заедно скоро 3ипол години. Врската беше супер, можеби сеуште е, а јас само си правам филмови. Порано јас бев "центар" на неговиот свет, но сега некако се смени. Не пробувам да кажам дека сум крајно љубоморна и дека сакам само со мене да се замара 24/7 туку се навикнав да бидам секогаш на прво место и сега ми е чудно. Имам чувство дека веке не ме сака како порано и како да ме озборува со другарите, бидејки кога ке го видам со нив се чуствувам ко да ме гледаат како таа "кучка што не му дава ништо да прави", а тоа воопшто не сум јас. Никогаш му немам забранувано нешто ниту пак сум била нешто претерано љубоморна. Кога ке го прашам што се случува добивам празни одговори, што ме прават вистина да размислам дали се е ок. Многу сум збунета, незнам ни како да објаснам што се случува. Проаѓа време но чувството никако да го снема. Ве молам за ваше мислење.
3 пати ти го прочитав постот. Некако како ти стварно да си правиш филмови. Како се сменил? Што он прави сега, а не го правел предходно? Те запоставува ли? Од каде тоа дека те озборува со другарите? Ако тоа го прави сега значи дека го правел и предходно. Друго, да не ти е гајле што мислат неговите другари за тебе. Спојлер Да не си во ПМС? Мислам стварно, не се шалам.. Обично јас кога сум во ПМС се мислам дека дечко ми не ме сака. Се некои глупости си режирам. И одма ме приметува. Како и да е, напиши детално малце, за да знаеме што да те советуваме. Напиши ги неговите постапки, што е тоа што тебе ти е чудно во последно време. Спојлер Ама сепак јас мислам дека нема никаков проблем и дека ти си правиш некои филмови.
Можеби страста малку згаснала и веке не сте си интересни.. Сепак 3 ипол години и не се малку, па може се оладил... Но од искуство на моја блиска, чим од еднаш не се замаре со тебе, добиваш празни одговори и се чуствуваш како ајутсајдер, има некоја друга, или формално плеска на страна, или некоја така му го помати умот па сака да ја заведе но и да не те остави па да остане сам...
Фемина немој да бидеш толку сигурен дека покрај такви зборови и провокации дечко ти не те изневерува, во пола шала пола вистина така? И јас многу пати сум го провоцирала (некогаш и негде) некој тип као еј зборам со овој ми се пушта, само за да го изнервирам и послем сум рекла не бе се шалам а уствари вистина било.. размисли баш дали можеш слепо да му веруваш на типов Фрики Гирл не мораш да се секираш, сите сме ја имале таа возраст и сите сме морале да ја поминеме таа етапа во нашиот живот. И јас имав таква врска, и јас поминав низ истите работи и се што ми збореше мајка ми, сестра ми, другарките ми влагаше во едно уво ми искачаше од другото. Ова ке и биде едно големо искуство за понатаму, таа сеуште е мала и сама ке си свати и некој ден ке се смее на ситуацијава ама затоа и ке и биде една голема лекција.. Лекси не можеш ти да бидеш центар на внимание цел живот. на почетокот си била бидејки било почеток, па љубовта била ептен нова, се било ново, интересно, убаво.. сега веќе се знаете, аман во 3 годишна врска си. Верувам дека знаеш и типов како дише. Претеруваш со тоа што сакаш постојано тебе да ти дава внимание, треба да знаеш дека он има и другари, има и семејство. Мислам дека типов е променет од тоа што ти го гушиш него и постојано се сомневаш дека има нешто. Едноставно остави го да има свој простор, сам ке те побара и ке видиш дека се ке се среди..
девојки ми треба еден совет што е можно побрзо..почнав да се гледам со еден тип што навистина многу ми се допаѓа но пред да се запознаеме некако бевме многу полбиски за разлика од сега... навистина многу ми значи до сега 3 паати се имаме видено но осекам дека тој е мн поладен за разлика што беше од пред да се запознаеме.. веке како во последно време да немаме ни теми за разговор ни ништо.. што би ме советувале да направам.. како да го задржам, како да откријам дали му се допаѓам и јас и кои теми да почнам да ги отварам да разговараме(иначе за све имаме разговарано сите карти ни се отворени и доста многу знаеме за себе) ви благодарам од срце
Daydream сакав да кажам дека за разлика од порано по интересно му е да е со другарите туку да седи со мене. Понекогаш имам чувство ко сеедно да му е и не се замара веќе. А не дека се гледаме често, бидејки сега е испитна сесија, а и во блиско минато имав смртен случај на некој многу близок па малку се одалечивме. Иначе никогаш му немам забранувано да седи со другарите или пак да му лупам од нос у случај да седи. Сепак мислам дека не го гушам бидејки немам кога. Кога зборуваме на телефон, веќе не ни имаме што да си кажеме. А за другарите, за озборувањето ми е инстинктивно бидејки така некако чудно ме гледаат. Порано со нив бев ептен блиска сеге веќе не. И незнам дали стварно си правам филмови или нешто се случува со него. Анистон искрено не верувам дека страста згаснала бидејки само тој дел од нашата врска не е сменет. Со оглед дека не се видуваме толку често, можеби и си во право. WomanInRed благодарам на советот. Иако искрено мислам дека не го гушам, ке те послушам, па ако ништо не се смени, ке барам алтернатива. Инаку фала за советите, убаво е да се има аутсајт проспектив
Епа баш заради тоа што не се гледате често... може да се деси Анистон да е во право. (Од мое лично искуство.)
lexi бидејќи на предходниот пост пиша дека си разговарала со него но дека си добила празни одговори нема да те советувам да разговараш повторно. Јас би играла со дела. Остави го нека се испука малце. Ако сака да излезе со другари нека излезе, ама излези и ти. Како он се однесува така и ти. Ако ти рече да не се гледаме вечер речи му да и јас така мислев, ќе oдам на кафе со другарки веќе се договорив. Значи како он така и ти. Ама биди си најпозитивна, најнасмеана и расположена. Кога ќе те праша како си помина речи му ОДЛИЧНО. Да видиш како по некое време ќе почне да се врти пак околу тебе. Спојлер Во една работа сум дефинитивно убедена, дека машкиве некогаш се како мали деца. Не помага разговор зашто навистина не те сфаќа туку треба да го "казниш" па тогаш ќе сфати. Не мислам дека е ова којзнае колку голем проблем, ова е само еден период кој треба да се помине. И еден најдобронамерен совет до сите девојки што имаат долги врски. Немојте да дозволите дечкото да ве сфаќа здраво за готово, како демек јас што и да направам она ќе ми прости. Борете се за рамноправност во врската. Излезете си и вие некогаш. Он пак нека ви биде на прво место ама да не му го покажувате тоа до толку. За мене успешна долга врска е онаа која и по толку години заедно он сеуште има некоја потреба да се труди за вашето внимание. Дури тогаш може да се каже дека имате одлична врска.
Daydream и да знаеш дека ке те послушам, во право си 100%. Се што кажа е вистина и кога сме поминале низ се и сешто и ова ке помине. Па ако видам дека не иде тогаш Aniston и Monique995 се во право. Сепак немам искуство со изневерување, ми се нема десено (или јас незнам ). Времето се ке си каже. Инаку ептен фала за советите.
Да си ја кажам и јас маката : Видете вака:Скоро 2 години сум во врска и немам никакви проблеми во неа.Немам караници,љубоморни испади,нема лажење се е да не речам скоро совршено али ... значи мора да постои тоа али ... тој е премногу зафатен со својата работа.Скоро и да не претерам али работи по 10 часа на ден што нели не останува време да се видиме зошто е преморен ... А јас се нервирам и тоа многу ... Се случува и да не се видиме по една недела иако живееме во близина. Јас не сакам и никогаш не се мешам во неговата работа,дури и сум среќна што е вреден,што има постојана работа итн.Но,и јас сакам да поминувам повеќе време со него.Има ли причина да се лутам или не ?
Неможам да го сфатам.. Епа вака женски мои милички.. имам 16 години и завршив втора година средно. Во септември на почетокот на школската година бевме на екскурзија и јас видов едно типче (Јане) што одма ми фати око и се распрашав за него и дознав дека учи во другиот клас. После екскурзијата на еден мој близок другар,а воедно и негов но не толку близок му кажав дека ми се засвиѓал и дека морам да се запознаам некако со него. Тој одма стапи во акција и после неколку дена спонтано се запознавме. Вечерта одма ми пиша на ФБ и тоа продолжи и следните 3 дена. Во школо се почесто се гледавме и седевме заедно на одмори. Поминаа 2-3 месеци и една моја другарка се здружи со неговиот најдобар другар и му рекла да го праша дали Јане сака со мене. Другарот го прашал и Јане рекол дека несака, тогаш се тастажив тотално бидејќи до сега на никој што се вика не сум "понудувала", а камо ли да ме одбијат. Но за се има првпат нели. Од тогаш малце се одалечивме со Јане и немавме некоја комуникација, во школо бев среќна ако се поздравиме само кога ќе се видиме. Почна второто полугодие и од март па навака ние многу се зближивме. Мојата другарка, јас, Јане и неговиот другар постојано зборевме и се дружевме. Јас се понашав нормално кон него исто ко ништо да не се случило иако умирав од срам одвнатре после се што се случи. Во април, неколку дена пред мојот роденден нешто зборевме и ми рекоа дека морам да ги частам нешто за роденденот и јас нормално се согласив..тогаш искочивме првпат ние четворица (таа екипа бевме) хахахаха.. беше нормално и сите се понашавме другарски меѓу себе..после некој ден седев со другаркава дома и овие двајца ни пишаа да се гледаме на Скајп, па следниот викенд после школо искочивме во парк, исто така они не викнаа и беше интересно..Во меѓувреме мене Јане значи 99% од работите што ги објавувам на ФБ ми ги лајкнува и често ми пишува на чет, што не се случува со моите другарки со кои исто толку се знае и комуницира како и со мене.. минатава сабота не викнаа мене и другарката да искочиме во Центар во кафич, а следниот ден пак не викнаа преку ден да се видиме и да поседиме малку.. Јас на чет мнооогу ретко му пишувам, да не кажам ич бидејќи се осеќам како да го замарам и ако сака да збориме он ќе ми пише нели.. но, ете он се почесто и почесто ми пишува и си имаме супер муабетче. Ве молам помогнете ми неможам да го сфатам ни јас ни моите другарки..некако ми дава надеж, ЗНАЕ дека го свиѓам и упорно ми пишува и се гледаме, а со мене се понаша многу убаво. Кажете ми бар како да се понашам со него и што да правам бидејќи сум целата во прашалници. Извинете за рефератов ама сакав се убаво да опфатам.
Премногу се пронајдов во твојот пост. Дури мислев дека не постои врска како мојата ама еве постоела. И јас сум веќе скоро две години со дечко ми, и он работи повеќе од 10 саати дневно. И кај нас се случува да не се видиме по една недела. Меѓутоа никогаш не сум ни помислила дека ете ме запоставува или слично, едноставно сум навикната и така си функционираме и да ти кажам одлично ми е. Значи да не се замараш со глупости. Спојлер Обично ние девојките сме си такви мора да најдеме нешто што нечини. Доколку гледа секое слободно време да го помине со тебе, те разбира, немате љубоморни испади, има љубов, страст, доколку не те запоставува, пр. не е ок ако има слободен ден и цел ден го помине со другари, а за тебе не одвојува ни еден саат, така имаш право да се лутиш, ама вака не. Мислам дека треба да размислиш убаво. Не си прави проблем каде што нема. Најдобронамерно кажано. Гледај и вака малце, подобро ли ќе беше цело време да беше дома и да спие до 3 попладне, па после да дреме на фб, па да отиде до кладилица со другари, па да се испијани вечерта? (не викам дека сите тие што се дома вака прават, да не се навреди некој) И уште нешто ми текна, имаш ли ти работено некогаш? Јас работев скоро една година и затоа точно знам како е и колку фали слободното време па затоа целосно го сфаќам. Треба дa му бидеш поддршка и да го сфаќаш, зашто верувај и на него не му е лесно, воопшто не е лесно да работиш по 10 саати на ден. И еднаш напишав во еден друг пост па пак ќе повторам, треба да се лутиш доколку он од две задоволства (ти и пр. кладилница) го бира второто, но доколку има многу работа и ја "бира" работата не треба да се лутиш зашто работата не е задоволство туку обврска. Поздрав до тебе и прочитај го неколку пати тоа што го болдирав на твојот пост, па почесто кажувај му го и него.
ДА ЗА СЕ СИ ВО ПРАВО ! Тој никогаш не ме запоставувам,тој секое слободно време го помина со мене и секогаш тоа заедничко време е исполнето по мои желби.Празници,одмори,викенди-ние сме заедно.Знам дека ме сака,ми дава голема поддршка,ме смее...Ќе те послушам и нема да си ја барам бељата со сила.До сега сме функционирале на овој начин па ќе се потрудам во иднина да не бидам лута без причина.Знаеш дека на жена никогаш не и е погодено Фала ти и на тебе