Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. caci93

    caci93 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Mи треба совет

    Здраво :) Редовно го следам вашиот форум и бидејќи видов дека давате корисни совети решив да се најавам и јас и да се дружиме.. Во тешка ситуација сум и ми треба совет од некој други кои не ме познаваат за да увидам како стојат работите од страна.. Имав дечко.. се мотиме речиси две години но ни се има случено многу пати да раскинуваме.. сум претрпела многу му простував многу, секогаш кога раскинувавме раскинувавме лошо со кавги и тоа тој го правеше за инает да излезе после дека јас сум таа што сакала да раскине а тој се оддалечуваше...Во периодите кога бевме раскинати секогаш јас бев гордата и никогаш не се јавував тој ме бараше тој молеше да се смируваме..Се смиривме скоро пред една две недели..правивме муабет и убаво му реков дека тој не знае што сака дека повторно ќе го прави истото .. тој ми вети дека нема да биде така дека убаво знае што сака дека мене ме сака..Се беше океј првите два три дена .. после почна да вели дека ке си седеме дома а мене ми се излегуваше па јас излегов и ми се јави и ми рече дека и тој ќе прошета штом веќе јас сум излегла..му пребацив за тоа и тој ми рече јас излегов зошто ти излезе..помина тоа после неколку дена тој истото ми го направи.. ми рече ти ќе излегуваш јас дома нема да седам...пошто осеќав дека нешто не е во ред му пишав порака сабајлечки и му реков дека не сме мали деца да се избегнуваме и да ми го каже проблемот ако не да продолжи секој на своја страна.. на пораката не добив одговор..но бидејќи не сакав овојпат повтроно да има причина да ми пребацува како јас сум избувнала и сум сакала да раскинам му се јавив и му реков дека не сум добила никаков одговор на моето прашање тој ми рече работам нешто ќе ти се јавам подоцна.. тој не се јави само ми пиша порака знаеш дека многу те сакам но сега сум малку збркан и ми треба малку време за да ти обрнувам внимание и ти мене и да не се караме и да си пребацуваме за глупости..се осетив многу гадно на толку шанси тој ми рече такво нешто а убаво го прашав дали сигурно сака да се смириме.. јас само му вратив дека му го давам целото време на светот да си ги среди мислите и да си најде нова девојка бидејќи јас доволно се трудев и се најубаво.. тој ми врати гледам колку се трудиш можеби затоа што си нервозна тоа го рече но нема веза твоја одлука се најубаво на тебе... а јас го избришав и до фб и му го блокирав бројот.. и сега кога излагам у град него не го гледам со другарите .. па ме фаќа малце кривица да не му е стварно нешто ноо другарките ми велат да не попуштам дека сега е мој ред да си стојам на зборот и да не дозволам пак да си игра мајтап со мене...
     
  2. m1t1

    m1t1 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Здраво феминки,веќе два дена не се слушаме со дечко ми со кој сме 2 год во врска во кои 2 пати се имаме скарано и смирено, како да не сум при себе овие два дена,го сакам премногу последниот пат јас му се скарав бидејќи тој беше виновен а сепак непризнава како и да е се смиривме а и премногу е горделив не попушта му верувам дека и тој ме сака а сега побара да размислиме малку бидејќки несакал да му се случи уште еднаш такво нешто јас да го напуштам.Кажете ми некој совет навистина се чуствувам безпомошно неможам да поднесам да бидам без него навистина премногу ми значи.Ви благодарам однапред
     
  3. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Што е причината за караниците? Не наведуваш нешто конкретно за да можам да те советувам за постапките :/
     
  4. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Во врска сум 6 месеци, и дечкото замина да работи Германија, и таму ќе биди 3 месеци. Искрено, не бев баш најзадоволна во врската..не одговаравме баш на карактер, не одговаравме сексуално, но сепак имаше „нешто“ што не држеше заедно и пак ни беше убаво. Самата си викам дека не оди, дека можам да најдам врска која ќе биди многуу подобра, и секој ден се прашувам како да почнам да се одделувам од него..и како да му кажам дека сакам да останеме само другари добри, а сепак пречка ми е - баш тоа „нешто“ што не држи заедно. Не сакам ни него да го повредам, ништо не ми згрешил, а сепак сакам и јас самата себеси да не си се повредувам и да се лажам дека нешто ќе биди. Совет?
     
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
     
    На NightAir му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Незнам какво е вашето работно искуство, ама од лично морам да кажам дека дечковците кои само 10 саата работно време им се проблем, дефинитивно не се толку заинтересирани за вас.

    Минатото лето јас се вработив во фирма Х и секој ден работев по цели 14-16 часа... Понеделник само 4 :) таков беше периодот, а само јас од целиот персонал бев квалификувана за некои задачи и нонстоп трчав... Значи, се убивав од работа ! И пак, од 14 работни часа, од 10 за одмор, 2 најмалку му ги посветував нему, секој ден. Значи не испуштив ден да не се видам со него барем час ипол или два часа... А не работев во канцеларија, можеби не бев во фолија, ама дефинитивно не бев на столче ;)

    Ајде тоа помина, кога тргнав на училиште вработија уште еден и си ги делевме обврските, одев пак секој ден но не толку многу... А сега и тој е на работа по 9 часа + 1 пауза... Се гледаме секој ден по 3-4 часа :)

    Значи се е до војлата и желбата... ако некоја личност му е важна на друга, ке издвои барем половина час колку да ја прегрне, а не цела недена да не ја види... Работењето 10 часа е само изговор и немојте да се залажувате ке ви биде криво еден ден..
     
  7. m1t1

    m1t1 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3

    Проблемот кога прв пат се скаравме отпосле по поминати 2 месеци се смиривме и тој ми се правдаше дека ми се скарал за да ме тестира дали навистина сум го сакала.Јас му се скарав затоа што не чи креваше кога го барам на тел. еднаш се јави ми кажа дека има обврски и дека работата му е пред се и ова толку многу ме скрши, и плус јас го чекам а тој на фб си става лике на други си помислив дека јас овде нетреба да бидам и му пишав смс дека несакам да сме повеќе заедно дека јас не сум среќна вака,поминаа две недели пак се смиривме јас му кажав зошто така сум изреагирала.До пред два дена се беше во ред а сега,сега незнам што би размислувал за понатаму што би правеле,а премногу ми значи.
     
    На NightAir му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Баш напротив, мислам дека подобро е да му ја кажеш вистината. Твоите чувства. Стави се себе си пред сите, најди ги вистинските зборови и кажи му како се чувствуваш.
    Немој да бараш изговор со неговата работа во Германија. Не би било убаво него да го обвинуваш за тоа како ти ја чувствуваш врската.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Да, така би било најправедно. Нема да оди на шетање во Германија, ќе оди да работи и мислам дека е фер да оди со мирна совест дека тоа не било причина за крај на врската, кога веќе тебе би ти било олеснување на некој начин, нека му биде и нему.
     
    На Daydream и NightAir им се допаѓа ова.
  10. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Вие сте почнале со карање од чиста досада,просто кажано :/ Т.е он почнал да се кара без никаква причина.Наместо да се тестирате кој може повеќе да направи и вложи во врската,вие...
    Како и да е,од карање неможеш да избегаш,кога тогаш ќе се скараш,неминовни се(за жал).Но,не треба свесно да влегуваш во караница ако немаш повод.
    Во врска со тоа ти што си се лутела,и јас би се налутила ако не крева на моб(освен ако нема причина за тоа,нормално,да не претеруваме).
    Не реагирај бурно,сите знаеме да се караме,но ретко кој знае со добар муабет да реши проблем.Изброј до 10,тргни гордоста на страна,и реагирај онака како што ТИ мислиш дека е правилно.Слушај се себеси,а не другите.Чувствата,а не мислите(ние женските често имаме измешан ум,но ретко кога грешиме во интуицијата).

    Причекај уште некој ден,да видиш како ќе течат работите,ако продолжи со негативност врската,разговарајте и најдете решение,што не секогаш мора да биде раскинување.Може сака да олади,може е монотоно па ви треба промена итн.Помогнете си двајцата,не си сама во врската..и зборувај отворено,нека не останува ништо за понатака,така единствено ќе знаеш на што си.Ако си ти искрена,нема за што да се каеш понатака ;)
     
  11. m1t1

    m1t1 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Го немам побарано,а посегнав повеке пати да го направам тоа,јас би сакала да разговарам ама ете тој...сам размислува и ги отежнува работите повеќе.Ти благодатам многу :)
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Aniston не ја познаваш мојата врска за да кажеш вакво нешто. Ќе зборам за мене лично и ќе ти објаснам детално за да немаш погрешна слика. :)

    На нас ни се случуваше да не се гледаме по цела недела минатото лето кога и јас и он работевме многу напорно. Он работеше по 12, 13, 14 саати (значи кога како) и беше слободен само во недела, а јас работев по 8 саати ама бев слободна еден или два дена во МЕСЕЦОТ. Плус тешката околност беше што не живееме така блиску. Се случувало да бидам втора смена денеска до 10, а утре прва, а он исто втора ама до 1 вечерта и знаеш како сме се гледале.. има возено 10 километри само за да ме види. Лошото е во тоа што он иде втора смена само, значи нема никакво работно време. Ќе беше многу подобро да беше да речеме од 7 сабајле до 5 па и 6 попладне, ќе немавме ама баш никаков проблем, ама вака он работи од 4-5 попладне па до 2, 3 или 4 сабајле. Имам и во една друга тема напишано дека освен работата ја бев и сум сеуште и на факултет. Знаеш ли како е да работиш секој божји ден (со само еден или два дена слободни во месец) плус факултет значи да одиш на предавања (признавам одев само каде што стварно морав), да учиш и плус да се гледаш со дечкото? А да не зборам кога ќе ме фатеа колоквиуми како ми беше. Несакам ни да се потсетувам. Ни малку не е лесно. И вистината е дека јас бев таа што неможев да одвојам малце време за него, а не он за мене. Зашто јас бев дупло позафатена од него.

    Како и да е тоа нас не' зацврсти, ни покажа колку само сакаме да бидеме заедно, ни еднаш ама баш НИ ЕДНАШ не се случило ни да помислам, а камо ли да му преречам за тоа, а ни он на мене. Си се гледавме како поддршка во тие денови. Му се јавував на пауза на работа само за да ме насмее за да можам да го издржам денот. Додека моите другарки кои имаат дечковци неможеа да ги разбудат до 5 попладне, па после неможеа да ги избркаат од кладилници и играчници, дечко ми напорно работеше (и сеуште работи) за да на нас ни биде подобро утре.

    И не го напишав постов за да јас нешто се докажувам тука, не се ни знаеме лично немам таква намера. Сакам да посочам дека работите не се секогаш такви какви што изгледаат од страна. И ова не го пишав вака детално во предходниот пост само затоа што е премногу лично за мене и може некој да ме препознае. Поздрав до тебе и немој да мислиш дека постов е напишан во негативна конотација баш напротив.

    Јас од моето искуство сфатив едно. Не барајте проблем таму каде што го нема, научете да ги цените работите односно да ги гледате реално. Ако има проблем немојте да замижувате ама кога нема не го барајте со сила.
     
    На Maya3112 и Irrepleceable им се допаѓа ова.
  13. KATE26

    KATE26 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Драги мои феминки имам навистина голем проблем што едноставно сама не би можела да го решам.Ми треба ваше мислење за мојава ситуација. Имам двегодишна врска со човек постар од мене 9 години, разведен со деца. Значи не е проблемот во тоа,јас од самиот почеток го прифатив неговото минато, ги прифатив дечињата.Проблемот помеѓу нас е во тоа што, кога ќе настане некоја расправија, толку е вжештена ситуацијата, што тој постојано ме навредува и на неколку пати тој крена рака на мене . Се покајува за тоа, но смета дека јас сум виновна што сум го предизвикала на тоа. Навистина е грижлив кон мене, и ме сака, но дали ме почитува???? Не би рекла, премногу се кае и вели дека мораме заедно да се бориме повеќе да не дојде до таква ситуација, дека и јас не смеам да дозволам да ме удри....сметам дека неговиот одговор би требало да биде НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА КРЕНАМ РАКА....а не јас да не сум дозволела да дојде до тоа.....постои несигурност во мене ... навистина лесно може да се изнервира.....но неговата нервоза прераснува во БЕС......... сака повторно да му се вратам, да си дадеме уште една шанса и да пробаме да го решиме заедно тој проблем....навистина ми значи во животов и го сакам , но не знам дали би можела да го простам тоа?
     
  14. tockaa

    tockaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    Во врска сме 8 месеци ... прввиот однос со него го имавме после 3 месеци од врската. Се ни е преубаво, интересно тој има 25 год јас 24 и двајцата сме зрели личности, но ретко имаме секс ... еднас месечно. Јас го сакам многу а и тој мене и би практикувала почесто (не сум мн искусна во сексот тој ми бил втор во животот а со првиот одев само 2 месеци). Што да превземам, што е проблемот ... станувам нервозна поради тоа што тој некако не ми пројавува некоја желба за да бидеме заедно поцесто, секој ден се гледаме на кафенце, по другари другарки одиме ... но не е тоА тоа
     
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    па види недозволувај да крене рака на тебе :!: иако се случува машките да дојдат до таа ситуација сепак не е добро тоа...како и да е штом сакаш да си ги решите работите зборувајте и двајцата договоретесе дека секогаш кога ке дојде до караница дека ке се обидете смирено и со разговор да го решите тоа :^) и секако еден од вас нека се научи некогаш да попуша некогаш еден некогаш другиот :^) или пак кога ке дојде до тоа да се распраате за нешто смирисе ти и прифати така а потоа кажиму да нареден пат да попушти он :^) мора да дојдете до разговарање а не до раце кревање :)
     
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    KATE26 мислам дека сама си даде одговор на твојот проблем и свесна си за тоа само несакаш да го прифатиш или пак ти треба поддршка од трета страна. Поправи ме ако грешам. :)

    Не ти треба ваква личност, (ајде да го тргнеме на страна тоа што е разведен) ама непочитување, кревање рака???? СТРАШНО. И уште па ти рекол дека ти не требало да го дозволиш тоа. Најголемата глупост што сум ја слушнала. Отвори очи убаво, не си мала и размисли која тортура ја трпиш.
    Според тоа како се однесува со тебе можам да замислам зошто се развел со жена му. :^)


    tockaa хмм.. навистина ми е чудно. :?: Прво кога почнав да читам помислив дека он има 25, а ти 18 па он си има нешто на страна. Ама кога прочитав дека и ти имаш 24... цела сум прашалници.

    Според мене ова не е нешто што треба да се занемари. Прво имаш ли ти разговарано со него на оваа тема? Нешто одоколу му имаш ли спомнато? Имате ли услови за секс? Ма да што тоа не би било најголем проблем. Според мене единствено што ми текна е дека он има нешто на страна можеби (несакам да ти правам сомнежи ама мене така ми изгледа работава) или па е геј. Тоа што ти си неискусна мислам дека не е некој проблем штознам валјда не си како статуа за време на секс.
    Имаш ли ти пробано прва да започнеш да иницираш секс? Да пробаш да го запалиш малце незнам.. Не чекај само на него. Па види како ќе реагира. Ако и тогаш те одбива тогаш или има друга на страна или е геј, друго стварно не може да биде.
     
  17. KATE26

    KATE26 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    МИ треба подршка , неколку пати ме тегнеше, буткаше, ме удираше по нозе, но последен пат ударите ми беа насочени во глава, неможев да се одбранам и само лежев чекајќи да заврши....грозно........тоа го напраВИ САМО затоа што му реков КОЈ СИ ПА ТИ ДА ТИ објаснувам и не сакам сега да разговарам....знам да бидам некогаш инат , но знам и дека тоа што тој го направи беше крајно , за да си заминам...живеевме заедно, и сега бара втора шанса.... знам дека проблемите со разговор секогаш може да се решат, а јас понекогаш бегам од нив....... многу долго разговаравме после сето ова и самиот признава дека не сака да биде агресивен дека се кае,и дека сака тој проблем заедно да го надминеме, немав храбрсот на моите да им ја раскажам целата вистина, затоа што последиците би биле поголеми,сакав ова да го решам сама.....но не е едноставно..... секогаш велев за девојки кои се нашле во таква ситуација , дека немаат самопочит и самодоверба, сега јас сум една од тие....не знам дали ако си дадеме уште една шанса работите ќе се подобрат????
     
  18. tockaa

    tockaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    1
    tockaa хмм.. навистина ми е чудно. :?: Прво кога почнав да читам помислив дека он има 25, а ти 18 па он си има нешто на страна. Ама кога прочитав дека и ти имаш 24... цела сум прашалници.

    Според мене ова не е нешто што треба да се занемари. Прво имаш ли ти разговарано со него на оваа тема? Нешто одоколу му имаш ли спомнато? Имате ли услови за секс? Ма да што тоа не би било најголем проблем. Според мене единствено што ми текна е дека он има нешто на страна можеби (несакам да ти правам сомнежи ама мене така ми изгледа работава) или па е геј. Тоа што ти си неискусна мислам дека не е некој проблем штознам валјда не си како статуа за време на секс.
    Имаш ли ти пробано прва да започнеш да иницираш секс? Да пробаш да го запалиш малце незнам.. Не чекај само на него. Па види како ќе реагира. Ако и тогаш те одбива тогаш или има друга на страна или е геј, друго стварно не може да биде.
    [/quote]

    Ма нее каков геј, боже сачувај :^) :D Кога имаме секс се е супер се гледа дека не е неискусен :$ услови ... кај него одиме понекогаш ама тоа е кажав ретко(еднаш месечно...), нон стоп сме излезени на кафе, пицаа ... секој ден се гледаме, и шанса нема да има друга, теорија нема нон стоп сме заедно. И преубаво се однесува со мене и ме почитува. Немам разговарано и ми е срам, што ќе му речам? Јас да му велам да одиме почесто кај него да седиме дома ми е незгодно. Што ќе правиме вечерва ме прашува, и штоо да му речам да излезиме ... или да шетаме друго што би му рекла, стварно ми е глупаво јас да му велам да седиме дома кога не вели тој.
     
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    tockaa епа вака тогаш, нема срам. Кога ќе ти рече што ќе правиме вечер ти речи му сакам кај тебе да идеме, не ми се искача денеска, да гледаме филм некој. 100% сум сигурна дека нема да те одбие. И ти пицни се, среди се (if you know what I mean :lol: ), уз пат накај него земи едно вино и влези во акција. Мораш да направиш една иницијатива ти. Па и не сте така малку заедно за да се срамиш тоа да му го кажеш. Пробај и мислам дека сигурно ќе има напредок. :*

    KATE26 бегај од овој. Па он почнал буквално да те тепа. Јас од предходниот пост сфатив дека сте се скарале и дека само еднаш те удрил во афект (ма да и така не треба). Уште се мислиш за уште една шанса? :fubar: Те молам девојче, исто како на сестра ми совет да и давам те молам бегај од вакви. Најдобронамерно. :*
     
  20. Venera.13

    Venera.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со daydream за случајот на Kate26 , ако мажот еднаш крене рака на тебе и ти тоа го простиш и продолжиш со него во наредна расправија повторно ќе биде истото. Ако тој човек си е таков избувлив ти нема да можеш ни со разговор ни со твоите па ни со полиција да го промениш . И мој совет ти е да собереш сили и да го напуштиш, таму некаде постои некој кој ќе те третира како кралица, како права жена кој нема да си дозволи да крене рака на тебе а не пак да те удри. Размисли за се ,пред се ти сама свесно си ги носиш одлуките во својот живот но ако повеќе луѓе ти кажуваат дека нешто не е тука ок значи навистина не е !!