Ма нее каков геј, боже сачувај Кога имаме секс се е супер се гледа дека не е неискусен услови ... кај него одиме понекогаш ама тоа е кажав ретко(еднаш месечно...), нон стоп сме излезени на кафе, пицаа ... секој ден се гледаме, и шанса нема да има друга, теорија нема нон стоп сме заедно. И преубаво се однесува со мене и ме почитува. Немам разговарано и ми е срам, што ќе му речам? Јас да му велам да одиме почесто кај него да седиме дома ми е незгодно. Што ќе правиме вечерва ме прашува, и штоо да му речам да излезиме ... или да шетаме друго што би му рекла, стварно ми е глупаво јас да му велам да седиме дома кога не вели тој.[/quote] Јас мислам да собереш храброст и да бидеш искрена и да му кажеш се што сакаш. Мажите обожаваат кога сме ние иницијаторки за секс !!! Па не е способен да ти ги чита мислите и да знае што тебе ти фали или не ти одговара. Превземи иницијатива еве како што те посоветувала и daydream и после таа ноќ позборувај со него и кажи му дека такви ноќи ви се потребни за појачување на страста и љубовта во вашата врска. Па човече во тие години сексот е ептен битен и од големо значење за секој нема срам едноставно кажи си и верувај дека повеќе ќе те почитува,а може и да ви се зацврсти и повеќе врската ! Со среќа
сношти се закаравме со дечкоми одиме 2ипол години и се било фала богу совршено сни имале кавги нормално како и секоја друга врска ама сите поминувале и сни заборавале...иначе тој е мирен и повлечен никогаш не го повишил тонот на мене ниту па ме навредил...последниве две недели имавме мали кавги ама поминуваја јас имав лош период и незнам што сакав да постигнам дали да ме сожалува дали малце повеќе да биди покрај мене да ме подржува..незнам...и многу често се случуваше да се налутам за глупости...знам дека неможи се да ми удоволи бидеќи ако не сработи тој никој нема да му помогни ама сето слободно време ми го посветувал...планиравме летово или есенва да се земиме...ама сношти се случи како гром од ведро небо го повиши тоно на мене ми викаше и тоа пред мајкаму преку телефон цело време ми зборуваше со повишен тон јас до сега никогашне сумдозволила некој да ми се обраќа така ама попуштив затоа што го сакам...после тоа му реков дека ми е преку глава дека сето ми е измешано дека не ми се живее...почна уште поќе да вика дека ако сум била до него ќе ми ја скршел глата незнам шо ќе ми напраел не го дослушав му исклучив... првин беше се во ред се издишав после тоа како некоја пот да ме облеа ми надојдоја солзи сета се тресев неможев да се смирам неможам да опишам како ми беше...ми пиша порака дека многу ми се извинува дека сум го извадила од контрола неможел да ме слуша да му зборувам така дека не ми се живее и да му титнам ако сакам да ми се јави да зборуваме...ама уште еден сат тогаш неможев да му се јавам..му се јави сестрами да му кажи дека ќе му се јавам покасно ми рече таја дека и тој целио се тресел и неможел да зборува незнам дали се свести или како...бев во друг град кај тетками иначе ќе се видевме уште тогаш после тоа зборувавме и се договоривме да зборуваме вечерва... проблемот е што јас неможам да го погледнам вочи а незнам и тој како ќе ме погледни после тоа што ми го рече му кажав дека нема никогаш да појдам кај него повеќе дури не ме земи...страв ми е вечер да не ме запроси незнам зошто ама имам такво претчувство...бев подготвена ама повеќе не сум...денеска цел ден ми одѕвонува зборовите што ми ги кажа низ глава...неможам да се помирам уште ми се треси душава неможам повеќе да го гледам со исти очи иако многу го сакам нема ништо исто да биди...ве молам за совет незнам што да правам се ми е измешано..
Помисли на вашите најубави моменти неговите бакнежи и тн помисли на ннајдоброто ...причината зошто сте се карале секој негов збор ..заборавиго. а потоа врати се на темата и размисли ...одмориси ја главата и пушти некое видео филм гледај ....знај дека некој се бори за живот и би дал се за да врате некој личности а ти се откажуваш од него ...некои луѓе поинако изгледаат внатрешно а поинаку се претставуаваат надворешно,..ако викаш дека прв пат толку многу ти го повишил тонот тоа значи дека има и тој мака...неможе секој да ти оди по газот ...не си ти само на овој свер
Тоа било таков момент, сигурно и пред тоа е бил изнервиран и тоа се собира, собира и ќе пукне... Во секоја врска има такви моменти, тоа ве прави посилни. Не е целта сега да раскинете, сте оделе 2 и пол години! Штом тој се кае а исто така и ти верувај се е во ред. Нема потреба така да се возбудуваш право, сигурно го сакаш премногу за било што да му опростиш.. епа така нека биде. Пак ќе повторам, секоја врска има такви моменти, остани со него во најтешкото.
Јас пак, би ја советувала angi да не брза со одлуката, дали тоа ќе биде раскинување или веридба. Самата пиша дека не е личност која трпи некој да и` се обраќа со висок тон. Она за кое треба да расчисти со него е такво однесување да не се повтори. А и таа да научи да биде пофлексибилна и поразбрана за неговите обврски/проблеми. Дерењето и тоа пред мајка му е нешто кое навистина ме загрижи во целава случка. Врв „Да си ми до мене ќе ти ја скршам главата.“ Мајка му што слушала цело време каков заклучок треба да изведе? „Штом може вака да и` рече пред мене, шо сакаме ќе и` праиме кога ќе ни` дојде како снашка.“ Друго, каква глава на куќа ќе биде човек на кој за решавање на проблемите со партнерот му треба публика за докажување? Размисли убаво и доколку се смирите и верите/земете, од се`срце ти препорачувам, не брзајте со деца. Се` е помалку комплицирано кога единствениот багаж е само твојот куфер.
Ако навистина НИКОГАШ до сега не се случило да ти се развика, да повиши тон или да те навреди тогаш мое мислење е дека ти малце повеќе си ја претерала. Извини ама никој нема да те трпи тебе цело време да му трубиш над глава. Незнам што проблеми имаш ама според постов ни на него не му е лесно. Треба малце повеќе разбирање. Некако како да те разгалил многу. Еднаш ти се развикал и готово одма плачење. Е сега можам да го обвинам само дека рекол "ке ти ја скршам главата". Тоа ми е крајно примитивно. Можеш единствено за тоа да се лутиш. Искрено и јас само за тоа би се налутила. Ама дека ти се развикал да правиме драми, а притоа си свесна дека и ти си му се качила на глава епа и он не е камен. Јас лично знам кога претерувам и си ја знам границата кај дечко ми. До сега за двегодишна врска во неколку караници само два пати значи буквално само два пати се случило да ми повиши тон (не да ме навреди). Ама знам дека КРАЈНО сум ја претерала и он самиот ми кажува епа ја претера доста веќе. Некогаш и ја незнам за доста и само зборам и зборам. Ама па затоа после не драматизирам ако ми се развика зашто сум си свесна дека јас сум крива. Треба да сме си свесни за некои работи. Според постот дечко ти го сфатив како некој мирен, со помек карактер и добра душа. Немој да го злоупотребуваш тоа што ни А ти нема речено. Ако знаеш дека не е личност што вика, повишува тон итн зошто го предизвикуваш најлошото во него? Да не се сфатиме погрешно. Јас не го оправдувам целосно него. Затоа и пишав дека го кривам за тоа што те навредил. Ама се си има граница. Доколку он онака од чиста мира се развикал или пак тоа го прави почесто тогаш јас сум првата што ќе ти рече да размислиш со каква личност си. Ама секогаш ја гледам реалната страна. Види, никој не е должен да трпи психичко малтретирање од друг. Овој пат ти си го започнала тоа можеби несвесно, а он го довршил. Така да во случајов и двајцата ве кривам. И уште нешто, убаво ти пишала и tessie прво почекај нека помине некој период, види како ќе се одвиваат работите не брзај. Ако пак му се случи ова (без ти да го предизвикуваш) тогаш размисли дали сакаш да го поминеш остатокот од животот со него. Спојлер Немој да се навредиш, ова најдобронамерно го напишав, мое мислење според твојот пост. Доколку изнесеш уште некој детал и според тоа он е навистина целосно крив тогаш си ги повлекувам зборовите кои ги напишав тука. Но ако немаш што да додадеш и ова е целиот проблем со сите детали тогаш цврсто си стојам на напишаното.
Фала многу девојки знам дека и јас бев виновна и затоа се кривам и самата можам се да заборавам и да му простам ама единствено ме замисли со тоа што ми рече дека ќе ми ја скршел главата да сум донего и тоа со многу многу повишен тон... едноставно се изненадив и зачудив а можеби и беше во право... ако не мислев дека сум јас виновна и ако не го сакав немаше сигурно да му се јавам...вечерва ќе зборуваме иако му нагласив ако уште еднаш тоа се случи нека не ме бара повеќе...ќе видиме што ќе одлучиме мора да најдиме некоја средина ама искрено и јас последниве недели незнам умот кај ми е многу тешки периоди имав и тоа можеби имаше влијание...неможам да се скарам со него прво знам дека многу се сакаме и двајцата никогаш не се имаме навредено понижено се било океу второ и мајками и таткоми многу го сакаат и почитуваат а и сите мои роднини исто и од негова страна.. толку многу работи имаме поминато што едноставно неможам да речам збогум на се и да тргнам од почеток...само ако повторно ова се случи нема сигурно да остани така еднаш простувам втор пат веќе преминува во навика па не сум јас некоја играчка кога ќесака да му текни да ми вика да ме нервира и растажува...преѓе дојде само да ме види а никогаш не му се случило на поминување да дојди и да ме види како сум бидеќи е од друго место вечерва повторно ќе дојди... ќе зборуваме вечерва да разјасниме и да ги расчистиме сите недоразбирања и ќе ви кажам како ќе поминиме
Затоа и ти пишав доколку му се повтори пак значи треба убаво да си размислиш со каков човек си. Сепак јас мислам дека ова е само минлив период кој треба да го поминете заедно. И уште нешто, имам чувство дека ова ви е прва ваква поголема караница. Поправи ме ако грешам. Ако е така тогаш нормално е вакво размислување од твоја страна. Еднаш и тоа мора да се помине ама не е крај на свет. Поздрав и ти посакувам се најдобро.
Да во право си ова ни е прва вака поголема караница сни се карале ама секогаш имало граница на употребени зборови и повишен тон..можеби дека прв пат тоа се случи затоа толку се потресив и прво што си помислив ако сега неземени тоа ми го рече што ќе се случи кога ќе се земиме...затоа ќе почекам уште некој период ако се повтори ова никогаш нема да му простам... фала уште еднаш многу Daydream
Сѐ женски ти одговориле а треба и машко мислење да слушнеш . Не знам дали ја кажа целата приказна ама ако е само тоа правиш од глувче слон. Ти рекол ќе ти ја скрши главата, па јас сум и рекол дека ќе ја фрлам низ прозор (на телефон) па никогаш не сум ја фрлил, едно е што се збори а друго што се прави . И мене женска во афект ми рекла дека главата ќе ми ја расцепи (и полошо ) ама тоа е во афект утре како да не било. Да отвориме тема што сѐ девојките ни имаат кажано во афект има да пукне серверов . Тек да видиш што сѐ ќе слушнеш кога ќе живееш со некој заедно подолго време. Ќе има и плачење и викање и драми и јас тебе ова јас тебе она ама додека има љубов се тоа ќе остане само на зборови . Дечкото се извинил и самиот побарал да се слушнете и тогаш требало да му се јавиш зашто ако утре раскинете тебе многу потешко ќе те погоди. Ова се твои зборови: Му пукнал филмот и се изнервирал, да те удрил (или да е насилен тип) друго ќе ти кажев ама ова е стварно банално .
неможам да речам дека не си во право... али друго е кога низ смеа ќе го кажиш тоа ќе ти ја скршам главата а друго е кога сериозно ќе го мислиш...значи 100% сум сигурна дека да бев до него ќе ме удреше... толку луто толку гласно толку бесчуствително го кажа тоа што стварно ме остави без зборови и стварно ме навреди....
Ако ти сакаш да си ја расипеш врската за ваква работа никој нема да те спречи ама тебе повеќе ќе те боли од него . Го опиша како мирен и повлечен тип а себе дека си се лутела за глупости епа си му се качила на глава и си му ги пукнала нервите. Таквите мирни типови трпат, трпат и на крај пукаат и ќе ти кажат сѐ што треба и што не треба, затоа и се бара усул од тебе како женско да знаеш кога да се сопреш. Не е ни он емоционална вреќа во која може сѐ да се трпа, си има граница инаку ќе пукне . Сепак твое си е што понатаму
Штом рече дека е мирен, сигурно не си го видела кога е многу нервозен, а и не си го очекувала тоа од него. Но, на секој му се случува, секој има такви моменти, човек во нервоза може се да каже. Мислам дека треба да простиш и заборавиш, ако раскинеш за ова долга и сериозна врска подоцна ќе се каеш, а и можеби и во иднина ќе налеташ на полошо којзнае.
фала xmen сето тоа го имав на ум и затоа не дозволив да раскинам ако му раскинував ќе раскинев уште кога ми го рече тоа...сепак ако повторно го направи тоа неможам и јас да трпам понижување јас го нервирам ама за секоја кавга се потребни двајца никогаш не го нервирам или повредувам намерно секогаш имало причина или несвесно сум го направила тоа...ќе покажи сепак времето...
Мене пак многу повеќе ме загрижува тоа што и` се изнавикал пред мајка му одошто тоа што и` рекол дека би и` ја скршил главата. Што и да имало меѓу нив и дури и да било оправдано неговото викање и пукање на филм, можел доволно да ја испочитува нивната врска и да го направи насамо. Толку е тешко со телефонот да одиш во друга соба? И драги жени, не знам дека постои маж кој сака жена-лутка. Повеќето сакаат главата да им е мирна. Башка, доволно сме паметни со ќутенката повеќе да добиеме отколку со викање. Тоа не значи дека и мажите не треба да пазат што и (според мене многу поважно) во какви околности и на каков начин кажуваат нешто, затоа што не за џабе старите народски викаат „устата што знае да пос**е боли многу повеќе од шамар.“ Жената е нежно битие и може да очекува да биде третирана како такво ако самата создаде таква слика за себе (а нема да ја создаде со избувнување без причина), туку со одмереност или ко шо вика братучед ми „кога е доволно да изброиш до десет и да кажеш федер, зошто да речеш п**ер“.
девојки ми треба еден совет пред некое време се мував со едно момче во кое бев многу заљубена. и тој исто така изгледаше многу заљубен всушност и тоа го тврдеше но потоа почна да се оддалечува го прашав зошто и му реков ако не сакаш барем да бидиме пријатели но тој ми рече дека погрешно сум го сватила и дека само му треба време му реков дека ќе го чекам колку што сака но потоа по околу две недели работите се измешаа и му реков дека ми е доста да не ме смета повеќе за глупачка дека не му поверував во ништо единствено дека му поверував на неговото те сакам тогаш тој ми пиша дека не можел никако да ми кажи дека не сака врска но тоа не било затоа што не ме сакал туку затоа што во поранешната врска му се случило нешто што не може да го заборави всушност рече дека направил грешка а подоцна дознав дека некоја си поиграла со него и дека не сака врска поради тоа уште ми рече дека кога ми рекол дека ме сака никогаш не ме излажал и никогаш не ме потценил за ништо учиме заедно и цело време гледа во мене и гледам често знаци на љубомора кога разговарам со други машки многу го сакам и незнам што понатаму ужасно ми е ве молам помогнете ми ова го пишав и погоре но никој не врати затоа го пишувам уште еднаш и ве молам за брз одговор
Значи кога ќе чујам изговор за “нежна корпа“ „Многу се изнапатив од минатата врска“, тоа ми е индикатор за „и да ти биде мило што не си со таков човек“. Мислам изговоров е стар од дамнина. Постоеше кога бев средно/кога бев на факс/кога завршив факс... Јас разбирам внимателност, не-сакање да го повредиш другиот, ама бар да почнат со „не ми даваат од дома да имам женска“... поинвентивно и поуверливо ми звучи. Не велам дека нема шанси да ја зборува вистината, но и да ја зборува ... тоа е само знак повеќе дека не ти треба таков. Кого не повредиле во животов, па еве сме, здрави, прави, весели...
ама тој не го зеде тоа како изговор за да прекине зошто јас бев таа што го прекинав сето ова зошто ми се смачи пред тоа два пати пробав да прекинам два пати не прифати и тврдеше дека не е така третиот пат веќе многу поавторитетно го кажав тоа и дури одпосле од кога јас реков дека сакам сето ова да заврши тој дури тогаш кажа дека порано направил грешка која не сака да ја повтори сакаќи да дознаам за што се работи му го проверив фб неколку месеци поназад и видов дека најпрво одкако стапил во врска има напишано преубави љубовни статуси што ме зачуди дека тој би можел тие да ги објави што воедно е и доказ колку се сменил зошто тој навистина кога бевме сами или кога се допишувавме ги искажуваше отворено своите чувства но никогаш не би помислила дека тој би пишувал статуси за тоа колку е вљубен потоа веќе имаше статуси со сомнежи за неверство и статусот кој вероватно го напишал дента кога се скарали дека ја сакал а дека таа само си играла понатаму многу осаменички статуси кога јас го запознав тој веќе не беше личност што би пишувала статуси едноставно го гледав како личност која не ги искажува баш јавно чуствата но сепак толку ведар и духовит толку добар мил и грижлив пред да дознаеме дека чуствуваме нешто еден кон друг никогаш не проба отворено да ми се пушта или да ме гушка како другите девојчина од класот напротив се однесуваше кон мене со почит и често ме држеше за рака додека зборуваме или ми ја фаќаше косата но ништо друго не проба се додека не дознавме што чуствуваме еден за друг а дури и тогаш беше несигурен го сакам навистина многу и не сакам да го изгубам засекогаш со него се чуствувам како со никој друг
Хмм да не го изгубиш ... а што имаш сега од него? Само надеж? Не е доволно злато. Пак нешто ми вели дека не треба да му веруваш многу особено не на статусите на фб затоа што познавам многу кои мислиш дека се душичиња за жалење, а уствари, Операција Триумф, прават маф наоколу. Факт е дека многу женски се ќаруваат на карта сожалување. А со тоа изразување на чувства, а сепак држење на дистанца, не помисли дека постои можност да сака да те чува како златна резерва за повремено дружење а само чека да се оладиш од идејата за врска со него? Како и да е, што побргу престанеш да се надеваш на типов полесно ќе ти биде. Вака, постои опасност да западнеш во тешки депресии затоа што вообичаено со ваквиве треба да чекаш многу подолго отколку што мислиш, а и времето ќе ти поминува побавно. Ако сака да биде со тебе, самиот нека те побара. А кога ќе те побара, нема веднаш да му се стрчаш во прегратки туку ќе се направи еден здрав муабет и ќе дефинирате на што сте.
Maravillosa доколку некое машко сака да биде со тебе ќе сруши се на светов ако треба, ќе те бара и под дрво и под камен, ќе оди против сите, нема изговори, нема сплетки, нема бивши, елиминира се што може да ви наштети итн. А машко што си бара изговори, па повреден бил ту ту ту и незнам ти што таму, само сака да си се дува на страна, а ти ќе си бидеш една од неговите да не речам една од харемот (не ми се верува дека ова турскиве серии и на мене почнаа да влијаат). Ете толку. Незнам како бе вака правите. Абе не сакате ли да бидете на чисто, сака-сака, нејќе-нејќе. Или-или нема трето. Чим почнува да врти триста кривини, па изговори па незнам ти што таму, ОТКАЧУВАЈ. Не си давај надеж сама. Може бев малце погруба ама мора да се освестиш. И ова за сите важи не сами за maravillosa, сите ве искарав не само неа. Пак ќе пишам по незнам кој пат веќе сама на себе си станав досадна, сами ако не се почитувате не очекувајте друг да ве почитува.