Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Ма ја совршено ја разбирам, никој учен не се родил. И јас ги прележав тие „заушки“ :lol: во средно школо кога за првпат се запознав со такво момче. Остана на додворувач само, немаше мување и такви ми ти работи. Абе какви сака приказни нека врти, ако сака, aко сака да биде со некоја, не постои нешто што би го спречило во тоа. Се` друго се само приказни.
     
    На maravillosa и Daydream им се допаѓа ова.
  2. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    tessie велиш дека го велел тоа за да ме чува како златна резерва ама всушност имаше толку пречки што ни јас не можев да поверувам дека ќе преминеме во нешто посериозно а најлошо е што не можам да го обвинам само него зошто и јас носам дел од вината. Незнам зошто не го напишав ова во претходните мислења но всушносст најголемата пречка беше тоа што неговиот најверен другар е залјубен во мене и сигурна сум дека го познавам барем толку за да знам дека никогаш не би бил со девојката во која е заљубен неговиот другар ако не чуствувал ништо кон неа. Сепак другарскиот код е поважен од љубовта. Знам дека изгледам како кучка која си поиграла со двајцата ама никогаш не помислив дека може и неговиот другар да се заљуби во мене. Гледав дека му е непријатно и затоа бев јас таа што прекинав и како што кажав и претходното тој тоа за во претходната врска го кажа потоа од како се беше завршено
    и апсолутно не ппланирам да паѓам во депресии и да плачам или да не се почитувам себеси а најмалку планирам да го молам или да направам некоја глупост. Јас само сакам да ми се врати....Всушност вие сте првите кои ми рекле дека треба да се откажам сите други кои се повеќе запознаени ми велат да почекам дека се ќе се среди малку по малку...
     
  3. Anu6ka.Red

    Anu6ka.Red Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Здраво јас сум нова на форумов. Мојата ситуација е доста комплицирана и се надевам ќе можете да ми дадете корисни совети. Значи имав 4 и пол годишна врска и се беше ок додека јас не почнав да имам чувства за еден мој другар. Поради тие чувства се скарав со дечко ми и почнав да се мувам со другарот сакав и врска меѓутоа тој не беше заинтересиран толку за мене рече дека не му било до врска ако сум сакала само да се гледаме.Се мувавме 2 месеци. За нашето мување не знаеше никој. После 2 месеци тој се фати со моја другарка :( . И двајцата се договоривме да си останеме другари како што си бевме да си комуницираме најнормално. Мене тоа ми беше ок јас можев да седам со него на маса и да не правам муабет за моите чувства кон него. Кога се фати тој со нејзе јас одма се повлеков и решив да се смирам со бившиот зашто ми беше тешко не можев да ги гледам нив двајца заедно, а не сакав ни да и ја расипам врската на другарка ми. Одев уште година дена со дечко ми и се скарав зашто не беше фер и спрема него да го лажам не го сакав а мн беше добар. Во период од 2 години толку одеа тие јас и он постојано комунициравме во смисол секој си ги кажува проблемите, на кој како му е во врска, си дававме совети ... Секогаш кога тој имаше проблеми со другарка ми јас бев тука им помагав и на двајцата да бидат заедно, буквално им ја смирував топката зашто знаев дека постои љубов помеѓу нив. Проблемот беше што они многу се караа она е болно љубоморна и секогаш правеше некои скандали и он секогаш бараше совет од мене и со секое слушање јас и он се повеќе и повеќе се запознававме и се зближивме. Имав многу шанси да им расипам но едноставно тоа не сум јас.. имаше и моменти каде што и двајцата бевме пијани но никогаш не ја преминавме границата секогаш се сведуваше само на гушкање. После година и пол со нејзе во врска он почна да ми вика дека не може да ја поднесе, дека го гуши дека не ја сака дека е со нејзе од сожалување и бла бла и рече дека почнал да осеќа нешто спрема мене ама не бил сигурен. Ми викаше дека ќе се скара со нејзе за да биде со мене. Одеа уште 6 месеци цело време со смирување па скарување и на крај и се скара. Ми кажа дека се заљубил во мене. Јас не сакав да бидам со него не дека не го сакав умирав по него туку ми беше грдо да и го направам тоа на другарка ми. Башка мислев дека ке му помине дека онака му е само како првиот пат. После 6 месеци од нивото скарување јас и тој се фативме, меѓутоа нашата врска е тајна знаат само неговите домашни, мајка ми и 2јца заеднички другари. Проблемот е што другарка ми уште го сака, му звони го моли да се смират, а јас нз како да и кажам.... и кажа дека има девојка и да не го замара. Ние сме моментално 2 месеци во врска и ми е преубаво значи на раце ме носи :inlove: сака за жена да ме бара..... Не знаеме како она тоа ќе го прифати. Не знаеме ни колку време треба да криеме... единствено нешто е што е добро е што и двајцата имаме подшка од дома и од другарите... сепак мене ми е тешко и чувствувам голема грижа на совест. Ве молам феминки кажете ми што да правам да и кажам или да почекам уште неколку месеци...
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    1) maravillosa, ти пишав од аспект на жена која е 11 години постара од тебе и колку-толку им ги има научено финтите на маживе. А ти ако веќе си решила да не се откажуваш, не требаше да бараш совет, туку поддршка. Еве прва јас ќе ти ја дадам, очигледно некои работи можеме да ги научиме само кога лично ќе се изгориме. („Пошо другар му бил заљубен во тебе“, верувај во машкиот свет не постојат такви препреки, али добро осети си го на своја кожа, поарно е така).

    2) Анушка.ред, од тоа што го пиша, видовме дека другар му и другарка ти се скарале поради проблеми во самата врска, не поради тебе така што ти не си крива мада вистина е и тоа што додека бил во врска (која не била така кратка) нон стоп сте комуницирале и сте се зближувале и сте виселе на телефон што разбирливо предизвикало љубомора. Ако ти е убаво со него, веќе сте се фатиле, нема тука што да се додаде, единствено внимавај, пошо вака како што го опишуваш, не ми едлува на човек во кој треба да имаш голема доверба.
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anu6ka.Red

    Anu6ka.Red Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Благодарам тесси на твоето мислење. Инаку она не беше љубоморна само на мене туку на сопствената сенка и точно е дека сама си ја упропасти врската. Инаку јас секако бев другарка со него уште тие двајца пред да се запознаат, и они сами бараа совети од мене јас колку што можев стоев на страна, некогаш се осеќав како ние тројца да сме во врска. Инаку имам многу доверба во него знам кога само му бев за онака погледот му беше друг зашто го знам како дише 6 и пол години интензивно сме се дружеле... само ми е криво што вака се изиграа картите ... Сите уште пред 3 години ни викаа дека ке бидеме пар а дел од нив мислеа дека ние сме веќе пар секогаш постоела некоја близина само што јас знаев дека е љубов уште на почетокот за разлика од него :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Анушке, баш ми е мило што си завршила на крајот со саканиот, и браво за тоа што си била искрена со твојот бифши да не го моткаш вечно кога не го сакаш! :)

    Вие двајцата без разлика на тоа што сте размениле пред неколку години некоја нежност, вие сепак сте биле само другари, тој раскинал со девојка, која баш ти е другарка, а сега сте се заљубиле.. Малку ке е чудно можеби сега бидејки тие нема да сакат да се во близина еден на друг, но ако таа не ти е најдобрата другарка, односно ако не сте ептен блиски мислам дека нема да има проблем да ја официјализирате врската. Со срека! :)
     
  7. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    Анушке јас мислам дека најубаво ќе биде таа другaрка да ја викнеш кај тебе на кафе и да и кажеш дека си со тој дечко, дека се сакате итн. Ако нaвистина те почитува ко другарка мило ќе и биде исто како на тебе кога они двајца биле заено. Но мене не ми е јасно ако ТАА ти е толку добра другarka тогаш зошто не си и кажала кога 2 месеци претходно си се мувала со тој дечко?
    Ја по ова можам да сватам дека не сте толку блиски што значи дека таа нема потреба на тебе да ти се лути и да ти кажува што да правиш со животот.
    Сепак мсилам и дека кога ќе разговараш со неа треба да го вклуќиш и дечко ти он да и каже затоа што сепак и е бивши и најубаво таа ќе се освести кога ќе слушне од него лично.
    Тој нели и сега и кажува дека има девојка ама таа не се откажува, така да јас мислам дека додека не седнете отворено да разговарате со неа ќе си имате ја имате на на товар секој ден да му врти и досадува. Мислам дека доколку е разумна ќе се откаже и ќе ве остави да бидет среќни, доколку не ќе мора да престае вашето пријателство и тоа е тоа. Сепак и немој да очекуваш дека она веднаш ќе те изгушка, сигурно ќе биде во шок ама и ти мораш да ја сватиш, нема да и биде сеедно. поздрав
    Мислам дека секој проблем се решава со разговор.
     
  8. Anu6ka.Red

    Anu6ka.Red Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Фала ви многу на советите. Па јас и она живеевме од основно меѓутоа кога стасавме на факс се раздалечивме само онака 1 во месецот се гледавме. Пак се зближивме кога се фати она со него. Па нз колку она ќе се освести :/ дури мисли дека уште ја сака и дека не е со неа зашто карактерерно што не си одговарале и ради нејзината љубомора и ми е страв да не направи скандали кај мене дома и кај него.( а него му има направено скандал пред неговите додека беа во врска и тоа за ситница) Искрено до некаде и сама беше свесна дека јас и он сме мн слични зашто нон-стоп ми викаше исти сте само вие имате такво размислување, иста дефиниција за љубов и сл работи.. Дури мислам дека и да има она дечко и да биде заљубена дека пак нема да ја прифати оваа ситуација ... Затоа и се мислиме дали да и кажеме или да почекаме. Фала ви многу на подршката многу ми значи.
     
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Anu6ka.Red вистината е дека ти си била прво со него ама па не требало да криете кога ти веќе и онака тогаш си имала расчистено со дечко ти. Е сега ситуацијава е деликатна они после тоа иделе скоро 2 години, тоа мене не ми изгледа баш најдобро за тебе.

    Прво и основно требало скроз да се тргнеш на страна кога они двајца биле во врска, ама сигурна сум дека потсвесно си знаела дека он има некакви чувства за тебе па тоа малце ти пријало. :?: Ама воопшто не е ок така. И јас би била љубоморна како неа и јас така би се однесувала кога би знаела дека дечко ми повеќе се слуша со другарка ми и нашите проблеми ги решава со неа. :fubar: Тоа ми нема смисла. А што они сами незнаат да си ги решат проблемите па мораше ти како посредник??? Јас мислам дека другарка ти е малце повеќе добра и наивна па била збунета и не знаела уствари што се дешава. Да сум била јас на нејзино место па да видеше како ќе си поминеше и ти и он. И мислам дека сите девојки овде на форумов кои се во брак и имаат долги врски ќе се сложат со мене во врска со тоа. Ти и самата викаш дека си се чувствувала дека сте тројцата во врска. Впрочем тоа довело за он да раскине и да се фати со тебе. :^)

    Извини ама јас мислам дека ти и не си баш така наивна како што се претстави овде. Ние сите овде можеме да те тапшаме по рамо ама јас имам една фабричка мана да ги гледам работите од сите аспекти, и од сите можни агли.

    Ти веќе и онака си во врска со него, впрочем незнам што совет бараш, ти си си ја наредила работата ама баш како што ти си сакала. Е проблемот бил како да и' кажат, јас мислам дека девојчето веќе знае и чувствува дека нешто се случува. И не очекувајте дека она ќе ви честита и ќе ви посака се најдобро.
    Толку од мене.. :)
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    што побрзо тоа поубаво а ако кај тебе дома проба да направи скандал фати ја за партали и шпицот во газ. Како смее така?
    Уживај, опушти се.
    Само те советувам да и кажеш за да ти биде чиста совеста и да не му се замараш, да можеш со него да си шеташ и да се движиш слободно.
     
  11. sarricka

    sarricka Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    26
    :hai: Имам 17 год сега ќе сум 3та год гимназија и имам дечко сакам дома да им кажам на моите да ми е полесно и сето тоа да може да се шетаме и излегуваме заедно без да се криеме од моите,кај него веќе знаат. незнам како да им кажам на кој начин ми е страв од тоа како ќе реагираат особено татко ми ,а највеќе ми е страв од тоа случајно после тоа да не ми дозволат да одам на одмор со друштвото во јули во охрид. :( Ако може да ми дадете некои совети на кој начин и како да им соопштам на моите :worried:
     
  12. Anu6ka.Red

    Anu6ka.Red Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Деј дрим само да ти кажам дека они идеа кај мене а јас 1000 пати им реков да не ме мешаат. Не можев да се тргнам скроз пошто они ми звонеа, јас редуцирав колку можев али.. И искрено мн е тешко некој да го сакаш 3 години и да им помагаш да бидат заедно ретко кој би го направил тоа уште пред да се фати со нејзе побара он совет и ме праша каква е и што е а јас само бев искрена. Можев да го излажам дека е растурена дека не е за него или пак кога ќе се скараат за нешто да му речев па што ја трпиш, откачи ја и ред други работи ... па не ми е сеисто, нз како да и кажам зашто прво што ке помисли е дека додека била она во врска со него јас и он сме имале нешто.. епа нема да ми биде сеисто зашто јас за нејзина среќа сум страдала 3 години, а она ако дознае да ме плука...
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Ја кога го фатив првиот дечко бев тука негде твоја возраст и оставив на моите сами да си дознаат. Поточно прво колега на татко ми не` виде за раче низ град (од тие фамозни 5-6 пати што се имаме прошетано во нашата врска во неколку месеци :D ) па после и татко ми не` виде и иако беше строг за дечковци и такви работи и си остана таков до мојот брак, не ми викаше многу пошто штом виде како се срамев и не му излегував пред очи цела недела пошо ме видел фатена за рака со некого, можел да си замисли колку ни` е сериозна, физичка и опасна врската. :D A дека ме мајтапеше, ме мајтапеше... :D Ако случајно заборавев нешто, на смеа пред сите „ах бре заљубено, не чини толку да се изгубиш по дечко, треба фраерот да бидеш“ и цела ла фамиља ахахаха. Па еднаш кога зборевме на телефон, тато сакаше да се чуе со него и си го истрола фино детето. :$ :D И така неколку месеци. Али, помина, се преживеа. :lol:
     
    На sarricka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anu6ka.Red

    Anu6ka.Red Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    сарричка не знам колку време си со дечко ти ако си месец дена мислам дека е рано да им кажеш зашто и самата кажа твојот татко е строг и може да ти направи проблеми за на одмор. Почекај некое време види како ќе ти се одвива врската. Мој совет е да пробаш да разговараш со мајка ти. Јас првата сериозна врска ја имав на 18 год и првен и кажав на мајка ми па по 3 месеца дозна и татко ми зашто и он е строг родител па се плашев како ке реагира. Првиот одмор ни беше со друштво од 12 души :)))
     
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Види сеа, он тогаш барал совети од тебе само за да те направи љубоморна, а она барала совети затоа што те сметала за другарка. Додека пак, ти си имала избор и никој не може да ми го докаже спротивното, они сигурно не ти ставиле пиштол на чело или нож под грло па ти да мора да се слушаш со нив или па да мора да им решаваш нивни проблеми. Да не звучам сурово ама другарка ти е сигурно наивна па ти верувала, а ти баш тоа си го искористила да не речам злоупотребила. Не викам дека уште на почеток си имала таква цел, туку со тек на време си почнала да правиш несвесно некои работи, за на крај да постигнеш тоа што сакаш.

    Како и да е, не те напаѓам не се ни знаеме лично. Твој живот, твој избор. ;)
    Да не излезе дека само тебе те кривам, до негде и другарка ти си е самата крива затоа што дозволила некои работи кои не требало да ги дозволи. Па на крај и го земале дечкото од пред нос. Јас нема никогаш да дозволам дечко ми да решава наши проблеми со некој трет па макар и мајка му да биде. Ама како што кажав она е сигурно малце наивна.
     
  16. Anu6ka.Red

    Anu6ka.Red Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Не ме правел мене он љубоморен затоа што си беше вљубен во нејзе. љубомора можел месец два а љубов 2 год сигурно не глумел со нејзе. Башка знаеше дека го сакам зашто би ме правел љубоморна кога можел и тогаш да биде со мене ако ме сакал нели??? И точно е дека не ми ставиле нож под грло меѓутоа сум сакала да им помогнам да бидат заедно. И не го сватив твоето како напад тоа е твое лично мислење и јас го почитувам :) Различни мислења добро би ми дошле
     
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Anu6ka.Red се мислев дали да продолжам со дискусијава ама не можам да останам недокажана. :lol:

    Види па баш заради тоа дека знаел дека ти си го сакала он може намерно те правел љубоморна. На него му било гордост тоа што двете сте го сакале па демек еве јас можам да ги имам двете. А може и сега истата финта да ја прави. Викаш ја сакал, јас мислам дека ни тебе, а ни неа не ја сака. Кога убаво ќе направиш редослед на настаните ќе го сфатиш тоа. Прво со тебе се мувал и ти рекол дека не сака врска, по два месеца со неа во врска со тоа што во меѓувреме се слуша со тебе (ти дава надеж и те држи во близина) за на крај да се фати со тебе. Се прашувам што ќе биде следно? :^)

    Како што пишуваш повеќе постови за проблемов така повеќе мислам дека ти треба да се пазиш од дечково, да не излезе јагнето волк, а волкот јагне. Мене така ми изгледа работава. :^)
     
  18. Anu6ka.Red

    Anu6ka.Red Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Види сега да почнам да ти пишувам од почеток е многу долго и широко. Не е женкар и не е таков да си игра со двете. И не можел да не има двете затоа што он кога реши да биде со нејзе ние немавме ништо после тоа. Значи и прв пат кога јас и он се измувавме останавме само на тоа немаше секс затоа што знаеше дека така ќе ми биде потешко уште одма ми кажа дека нема да бидеме во врска. Нејкеше врска со мене затоа што не чувствува нешто спрема мене. Реално секое машко макар и другар да ти е ќе гледа да те легне... Второ јас сум првото девојче што воопшто го има однесено дома запознаено со родителите понуда за спиење во секое време, покани за свадби, викање на родендени кај внук му и мн др ствари. И ние се слушавме зашто сме во исто друштво башка никогаш ама баш никогаш додека они двајца одеа не сме правеле муабет за моите чувства затоа што кога он се фати со нејзе ја реков нашето како никогаш да не се случило, муабетот ни остана ист како и претходно што си комунициравме. И не верувам дека ако си игра со мене ќе ме понуди да се преселам кај него па и свадба да правиме.
     
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Тогаш си се држам на моето прво мислење. ;) И најубаво кажете и' на девојката што побрзо, за сите подобро е така. Како и да е она ќе го извлече најдебелиот крај. :x
     
  20. Anu6ka.Red

    Anu6ka.Red Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Тоа е болката како да и кажеме а да и биде полесно... како и да е мора да дознае :worried: и btw ако е толку лош човек мајка ми не би ме подржала :)))) а она знае се и за мене и за него и за цела наша ситуација.