епа ако може да ми дадете еден совет како да постапам.. се мувам со еден само една недела ама он секад знае кога ќе бидеме со негови другари мене да ме нарекува негова женска јас кутрата кај мислам дека не сум спремна за врска многу многу, мислам и дека уште има нешто со неговата бивша..т.е не ни знам дали му е бивша и тоа многу ме мачи, можно е уште да идат не сакам да бидам со некој кој што има некоја, можам да замислам како ќе и биде и на неа..е сега како да ги расчистам сметките и да знам на што сум?
Мајка ми и он збореа на тел додека јас не бев тука.Мајка ми му кажала секакви лоши работи за мен.Како може една мајка тоа да го каже? И тој не сакаше да ми каже,на крајот ми кажа,ама ме замоли да не и кажам ништо бидејки нема да го видам повеќе.На страна на мајката или на мажот?
Ќе го прашаш фино лепо,ќе му кажеш дека се сомневаш и дека сакаш да ја знаеш вистината. Само со добар и отворен муабет,ништо повеќе
Еве вака како што тука ни напиша на нас, така и на него ќе му кажеш. Ќе го седнеш и кратко, јасно и со издржан муабет ќе го прашаш. Немој да дозволуваш да бидеш во незавидна ситуација. Со тоа он ги држи конците во раце, а ти постојано ќе го чекаш неговиот следен чекор и нема да знаеш на што си. Уште денес разговарај.
Девојки многу често го посетувам форумов и денес решив да си направам профил за да ви побарам совет. Со дечко ми сме заедно година и осум месеци и се ни беше добро како и секоја врска си има караници и убави моменти. Проблемот е што он е премногу горд,инат и никако нема шанса да попушти! Цело време сме заедно, претежно кавгите почнаа да се случуваат поради теретаната. Заедно идеме и после некое време он ми викаше дека се ми било на заебанција,нема да напраам ништо од мене, само го нервирам неможе да вежба му сметам бла бла. Секогаш наоѓавме компромис се до денес кога толку многу се осетив понижено! Ме собра за да идеме заедно и затоа што сум му рекла да учи(за на факс)да идевме покасно тоа него го изнервирало и господинот беше цело време нервозен (а сигурно му се собрало и нешто друго) во теретана само што почнавме да вежбаме тој ја заврши вежбата и ме мавна со ракавицата поточно прилично силно ја фрли на мене! Скоро цела теретана се сврте накај нас и ми вика ме изеде веќе! И сакам една недела пауза! Ја само подзината останав,си ги собрав парталите и си отидов. цел ден се немаме слушнато... Тешко ми е...Што да прааам!? Несакам секогаш да бидам таа што попушта. Работата беше да се смениме и двајцата и да се прилагодиме ама се што се деси е тоа само јас што се сменив. И покрај ова на предходната караница ми кажа дека веќе почнувал да оладува и да сум го освоила пак!? Некогаш си помислувам дали воопшто некогаш имал чуства за мене -.-! некој совет што да правам!?!??!
Не му попуштај нормално,јас на дечкоми секогаш за све на крај му попуштав и му опростував и на глава ми се качи,и пак на крајот нема да му бидиш арна не попуштај...
хам добро прашања ама ни јас немам одговор на ова една недела не се имаме ни видео ни слушнато ниту тој ме бара ниту јас него што е тоа е све препуштам во рацете на бога доволно сум била повредена и навредена вака како тебе и за ситници но кој ме болеле до дното на срцето имало караници да но од моја страна немало навредлив збор така да добро знам што значи тоа...
Мислам дека истото ќе се дешава. На некој начин сеа се е во нивни раце. Ако мислат дека вреди целото време поминато да се фрли заради негова гордост и инат мн лошо. Ме фаќа инат ама коа ќе ми текне на него па омекнувам. :/
срцка ваквите не се менуваат, сега ти фрлил со ракавицата утре ке те удри, сега те понижил утре ке те тресне од земја и ке те закопа. Ем крив ем накурчен па и пауза ке ти бара, а ти слободно да му дадеш вечен одмор и да го отпишеш. Јас не сум доживеала вакво нешто, ама мојата покојна другарка си отиде на оној свет поради ваков кретен Ти посакувам се најдобро во животот и побрзо да си го решиш проблемов.
Извини несакав да те исплашам, ова е само мое мислење ма да мислам дека и другите истово ке ти го кажат. Понекогаш некои работи не се средуваат ни со разговор
Minion.M јас ќе ти речам дека дечко ти е еден од најтешките во карактер ама и за таквите има лек ако знаеш со нив како. Ем инат, ем крив, ем не попуштал, леле, леле. Во кој филм е тој? Што се замислува? Немој да се навредиш ама ќе ти речам дека ти си си го научила вака. И тоа е реалноста. Почнал да ја злоупотребува твојата добрина. Ако на почетокот на врската важи некое си правило дека девојката треба да се прави недостижна за да дечкото повеќе ја сака и трча по неа, јас би рекла дека тоа правило "важи" ЦЕЛО ВРЕМЕ односно во текот на целата врска. Зошто? Затоа што им се здосадува цело време да им трчате по газот, и мене би ми се здосадило и би ме фатило монотонија цело време дечко ми да ми вика ДА, и да не знае за НЕ. Не викам да се глуми некои лудило туку викам да се каже НЕ тогаш кога сакаш и кога треба, а не по секоја цена да се исполнуваат желби. Пример, ако не ми се оди негде или не ми се седи со одредени личности ќе си го искористам правото на глас и ќе си кажам дека НЕ МИ СЕ ОДИ, а не затоа што дечкото ќе се налутел и ајде сега ќе одиме со сила. Тука е направена грешката. Мој совет сега единствено ти преостанува да не попушташ, ама мислам стварно ДА НЕ ПОПУШТАШ. Можеш да си ја свртиш работата во твоја полза ама сега ќе треба челични нерви за тоа затоа што кога нешто ќе тргне по удолница тешко можеш да го запреш. Чекај он да те побара, никако да не му се јавуваш. И кога ќе те побара (а сигурно ќе те побара) не се припотресувај одма. Биди ладна, немора одма со плачење, и ќе му кажеш дека сакаш да разговарате. Па ќе му испееш една добра песна и ќе му кажеш дека повеќе испади нема да толерираш и биди конкретна и држи се на дистанца во целиот разговор, не му давај збор да каже. И на крај напомени му дека уште една било каква грешка нема да толерираш и ќе биде крај, ама дефинитивен крај. Гледај да те сфати сериозно, а не нека си збори оваа пак ќе попушти. Имај свое Јас и свој став. Сега зависи од тебе, он како и да е ќе те побара кога ќе сфати дека згрешил ама гледај тоа да го искористиш во твоја полза и не го пречекувај со раширени раце. И друго, не се вади на муабетот "слаба сум на него" , затоа што тоа е само оправдување кога ќе попуштиш и се е до психата. Спојлер Мислам дека ваквите врски функционираат само заради тоа што едната страна постојано без исклучок попушта, кога ќе се спротивставиш тогаш ќе видиш колку сте биле еден за друг. Спојлер Послушај ме ако сакаш врската да ти продолжи, советов не го извадив од ракав. Една другарка го имаше истиот, целосно истиот проблем и цело време и зборев не попуштај, не мора да биде се како он што ќе каже. Ама она не ме слушаше и на крај типот отиде малце подалеку, почна да и' се заканува, да ја навредува. И го трубев цело време ова што тебе ти го напишав и на крај фала богу и влезе во глава и се опамети па го примени. Ама стварно не попушташе. Исходот сакаш да го знаеш? Дечкото сега се плаши А да и' каже, зошто ептен заби му покажа и он сфати дека стварно може да ја изгуби. Ама пак ќе кажам треба голема упорност. Спојлер Врската не е заедница каде што едниот е должен да му исполнува желби на другиот или едниот треба да се плаши од другиот. Туку заедница каде и двајцата се еден до друг по своја желба, по своја волја, каде што треба да се прави компромис. Еден ден едниот ќе попушти, еден ден другиот. Двајцата треба да се рамноправни. Каде пишува дека девојката треба да го слуша дечкото? Каде живееме ние? Во кое време? Зошто дечкото не ја слуша девојката? Не дека и тоа го нема ама премногу ретко. Па и во турско немале такви размислувања. Значи модерни и современи сме кога ни одговара, а кога не ни одговара тогаш сме во турско време. Ццц.. Мора свое Јас, одреден став за некои работи и свои назначени правила и принципи од кои нема да скршнувате. Инаку никој нема да ве сфаќа сериозно, и за другарка да се работи истото ќе ви го прави. Уште нешто, ако не успее ова тогаш мислам дека ќе бидеш паметна и ќе си се сакаш повеќе себе па ќе ставиш крај.
незнам дали баш прашањево е за темава но ми треба некои ваши мислења... кога бев прва година средно започнав врска која траеше година ипол и јас ставив крај на врската бидјќи почна да ми се свиѓа друг дечко но со тој не ни одеше баш нај нај и за брзо време прекинавме и после повторно се обидов со предходниот дечко но ништо не беше веќе исто... потоа за брзо време испаднав со друг и уште од првиот пат соц него ми беше нз преубаво како да лебдев во облаци и сега со него сум о врска веќе 3 години.. но во меѓу време си пишував на фб со првиот дечко мислам си пишував онака другарски јас стално му пишуав за сегашниот дечко дека мн го сакам итнн... за еден роденде он ми купил поклон скришно и го дал на моја другарка и она ми го даде јас незнам зошто го прифатив.... до пред 6 месеци онака си пишувавме на фб без да знае дечко ми но една ден самата си реков дека воа не е убаво со го правам дека ако мене вака ми правви дечко ми ке му се скарам нема никогасш да го погледанм и престанав го избришав од фб и прекиинаа сите контакти и му кажав на дечко ми дека имам примено подарок од него и дека имам отидено на кафе.. само сакав да бидам искрена со него не сакам да имам тајни ... и он една ден ми го постави прашањето дали уште нешто сум чуствувала кон него стом сум земала поклон? јас му кажав дека нема такво нешто а после и самата нензам како да речам си правам филмови дека зар е можно да чуствувам нешто уште кон него зошто го примив подарокот.. зошто сум била на кафе со него ама не сама зАЕДНО со другарки требаше да ми врати нешто што беше кај него.. зошто си пишував со него? јас самата си ги поставува вие прашања јас знам дека тој ме сака и ми беше онака убаво коа знам дека тој уште ме сака и дека он е крив што ме изгубил итн... ама јас сум многу среќна со дечкоми со никој се немам чуствувано волку убаво коа ќе му го спомнам имет на сегашниот дечко нешто во стомакот ме скокотка стварно многу го сакам и неможам да замислам да бидам со друг само ме мачи воа зошто тоа сум ги правела а сум среќна со дечкои... дали само убаво ме правело да се чуствувам тоа што знам дека има некој и друг што ме сака што копнее по мене стварно незнам што се случува ....сега веќе не ни пишувам со бившиот ги пректив тие глупости пред 6-7 месеци и старно не ми фали мислам никогаш цне ми ни фалел едноставно само другасрки сме чатувале т.е коа јас му кажав дека имам дечко он ми рече дека не сака да ме изгуби бар како другрка да ме има... може ли ваше мислење
"...ама јас сум многу среќна со дечкоми со никој се немам чуствувано волку убаво коа ќе му го спомнам имет на сегашниот дечко нешто во стомакот ме скокотка стварно многу го сакам и неможам да замислам да бидам со друг" Mислам дека самиот одговор веќе го знаеш,го сакаш сегашниот дечко и друго не треба да те интересира.Се оптоваруваш свесно за овој другиот,но и самата знаеш дека нема повеќе ништо.Можеби само чувството дека сте биле некогаш заедно си го праи своето,но немора да биде љубов. Повеќе е грижа на совест дека си искочила со него и дека си примила поклон.Според мене Уживај во моменталната врска
Фала многу и јас мисам дека е тоа ... само многу се каам за тоа што сум му го назправила зошто не е фер спрема сегашниот дечко јас и самата незнам зошто сум го направилаа т.е може да знам бидејќи мислам дека сите девојки се чуствуваат убаво коа се посакаувани мене ми беше убаво да знам дека има и некој друг со ме сака а ме нема ме правеше да се чуствувам убаво ....
Само многу се нергвирам за тоа што сум го правела... не сакав да го кријам од сегашниот дечко и му го кажав тоа само што не му кажав дека си пишував со него до пред 6-7 месеци туку му кажав дека примив подарок од него ама кога бевме на почетокот на врската и дека си имам пишувано со него и дека на кафе имам отидено сакав само да бидам искрена со него не сакам да го кријам од него зошто поарно од мене да го дознае од него ли од другарките со кое веќе не ни живеаам ... и сепак мислев дека ќе ми олесни и ми олесни ама многу вакви глупости почнаа да ме мачат и незнам како да се смирам како да ги победам тие мисли?? некој совет... од друга страна со дечко ми се немам видено 2 недели бидејќи е на терен и многу ми фали ....
Било што било и готово. Гледај повеќе вакви глупости да не правиш, зошто не е фер спрема дечко ти. И гледам дека ти тоа веќе си го сфатила, па не те карам. Не си го мачи мозочето со тие прашања сега. Нема што да те мачи грижа на совест, ете ти си му кажала на дечко ти и готово. Поубаво што се немате видено подолго време затоа што и двајцата ќе си ги средите мислите па откако ќе дојде ќе заборавиш на се, ќе видиш. Немој сега сама да си правиш некои проблеми каде што нема. Кога дечко ти не ти рекол ништо немој ти со сила да правиш да се налути, зошто ќе те примети дека си ваква "скисната" и ќе те праша што ти е, па повторно ќе се отвори тој муабет. Машките се големи филмаџии, пази, немој да си направиш самата да си помисли дека којзнае што се случило. Затоа ќути си најубаво според мене. Крај краева ти не си го изварала па толку да се секираш. Edit: Уште нешто морав да дојадам кикирики... Да имаа сите ваква грижа на совест кога ќе направеа некоја глупост, ќе цветаа врскиве и браковиве во Македонија. Ама тоа е..
ПОМОШ! Значи имам 19 години и пред 4 години бев заедно со мојот поранешен дечко бевме заедно 1 година и 6 месеци скоро и 2 години , се беше супер од почетокот тојј беше од друг град но работеше овде и цело време бевме заедно газдата негов ме знаеше и сите ме сакаја, нашата врска едноставно беше како од соништата со романтики и се дури и ме научи да возам ми ја даваше колата и се шетавме секаде (мислев таква љубов не постои , се фативме некаде ноември и потоа до април негде се беше супер како што раскажував ,но ај рековме да ја зацврстиме нашата врска и се деси првиот пат со него имавме однос но неговите ветувања беа големи дека ке сме секогаш заедно и се супер ке биде, помина една година и се стивна ,мене сите ми кажуваа наоколу дека ме изневерува и дека сите го гледаат а јас на никој не им верував кога ке му спомнев него тој ми велеше оди вервај му на другите и ај него му верував, се додека не го видов сама со мои очи со друга женска и пред неа вели дека никогаш не ме ни сакал а ме сакаше знам го докажуваше тоа на секој можен начин и ете помина време од кога се скаравме јас си најдов друг дечко и сме заедноцело време и се сакаме најјмногу но кога ке го видам бившиот и ми се будат сите чуства што ги имав за наего и како на секаде шетавме и се сакавме и сега незнам како да продолжам се надевам ке ми помогните ве молам за каква било помош ..не се живее вака повеке ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ СОВЕТИ НЕШТО