Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Стравот ти е од лошите искуства,знаеш и самата.
    Но,не се исти(викаме дека се исти во моменти на лутина и бес,но секогаш и секаде има исклучоци),верувај во тоа.
    Јас секоја вечер сонувам како мојот ме вара,ама баш секоја...али не значи дека навистина го прави тоа.
    Дечко ти не е човек кој не ти покажува тоа што чувствува,така да мој совет ти е да реагираш само тогаш кога ќе имаш повод и причина.Спротивно,во случај на сон,немој..тоа е сепак само сон :) Се додека не чуеш и видиш со свои очи и уши,ништо нека не биде онака како што го претставуваат.
    Во врска со верувањето,верувај ако мислиш дека заслужува,но не си ставај се при срце.Како што кажа имаш лошо искуство,биди си ти на прво место секогаш. ;)
     
    На female.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    види сонот не мора ништо да значи, но можеби тоа ти ги отвара очите да го провериш малку сепак да не те лаже.. ако некој е искрен нема да му смета тоа ;)
     
    На female.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Тедибееар, ако другарот ти кажал отворено дека има психички пробелеми, зашто ќе бидеш ти со него од сожалување? Колкава и да е љубовта, дали е доволно вредна да си уништиш живот заради човек кој му треба стручна помош, а ти не можеш да му ја понудиш, биди сигурна во тоа.

    Те молам присобери се, иде на психолог разговарај малку за твоите проблеми и фрустрации што тлеат во тебе, толку мала си па и незрела за да донесуваш сама заклучоци и да решаваш вакви животни прашања.
    Седни дома со мајка ти зборувај, отворено, не бегај од неа, мајката е најдобар пријател на секое дете, ќе ти биде еден ден криво многу зашто така си ја отргнувала. Верувам дека не е толку лоша како што мислиш ти. Прашај ја отворено за сите нејзини проблеми отворено разгоарајте за се што те мачи.
    Ние колку и да те советуваме искрено, никогаш не можеме да ти мислие подобро од мајка.

    Разговарај сериозно за вашите проблеми кои навистина ги имате, и седнете решете си ги, дали сами дали побарајте помош, ама никако не иде да ги буткате под ќилим и да се преправате дека не се случило ништо, само полошо си правите.
     
  4. lexi

    lexi Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17

    Полека, успори малце. Искрено пред неполн месец и ја бев у филм он ова, он она. Ама ние женските сме си такви. Си праиме филмови од ич ништо. И да ти кажам, да не пишав на форумов за проблемот ке полудев. Така да, без нервози. Сите си имаме страв да не не повреди саканиот. Можеби од претходните врски па стравот е поголем кај тебе, но немој цела врска да ја уништуваш за претчувство, страв или сон во овој случај. Додека е покрај тебе и ти покажува дека си му ти единствена нема причина да не му веруваш. Но полека дај си време па ако чувството не помине тогаш можеби и си во право.
     
    На female.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    Видете, дечкото се трудеше околу мене долго време и многу(скоро 5 години),но почнавме врска неодамна затоа што јас со еден тип имав доста комплицирана врска(ако може така да се нарече) која некако траеше ден за ден..И сега кога почнав со дечкото што другар ми беше скоро 5 години сите околу мене ми зборуваат колку многу тој ме сака и обожава,дека редно било да ми дојде паметот.. Дури и јас во одредена мера сум свесна за истото но имам лоши минати искуства.Кога се фативме, сите ми велеа да не зезнам, да не го изневерам,дека не го заслужува тоа затоа што јас имав доста бурен и комплициран однос со претходниот дечко кој ми беше доста мил, со кого сеуште сум во добри односи и кого долго време не можев да го оставам,но ете решив да го оставам тоа во минатото и да почнам одново со бившиот другар, сегашен дечко. И одлично е со него, каде сум јас-таму е и тој.Ме чува и тоа многу, и што и да посакам тој ќе стори.Но од вчера ме јаде еден сомнеж.И покрај сиот муабет што он ми го има кажано дека нема варање и такви ствар и во неговиот телефон вчера најдов порака од пред 2 дена од една од неговите бивши да се видат и ме фати паника. Потоа го прашав индиректно што е со неа, не кажав дека ја видов пораката и ми кажа дека тоа што било со неа поминало. Всушност, додека се дружевме ми има кажано дека не чувствува ништо за неа, ама лесна била женската, значи му давала и му поминувало времето со неа. И сега не знам што да правам. Ме јаде сомнежот.Таа вечер не бев со него, се слушнавме,јас бев со друштво излезена, и потоа во 11 ипол ми стигна порака на фб,ми беше пратил песна и потоа се изгаси, а пораката од неа е пратена тоа време. Не знам што и како да мислам. Што доколку ме вара, и што ако сите околу мене знаат за тоа ,а јас не знам? Ми се има случено еднаш и не би сакала пак да поминам низ истото. Кажете феминки совет ?
     
  6. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Во врска сум со дечко неколку месеци и во принцип добро ни е,иако се работи за врска на далечина.На почетокот некако не бев загрижена толку и покрај тоа што ретко се гледаме,но во последно време се повеќе размислувам дали да продолжиме заедно.Инаку исто така ме загрижува и тоа што и двајцата сме невработени, па се соочуваме и со финансиски проблем.Ме интересира вашето мислење или ако имате и пример за врска којашто ги имала сличните искушенија како нашата,ме интересирала дали успеала.Фала однапред
     
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.092
    Пол:
    Женски
    Lady 2013,никогаш не губи надеж,се ќе реши ако се трудите и ако сакате да успеете.Aко партнерот е во друга земја,пробајте си ја таму среќата ,што и да биде двајцата носете ослуки.A примери има многу,но воглавно има и врски кои успеваат на далечина пример се мои роднини си ја најдоа среќата во странство почнаа од нула но ете ги сега имаат домче и детенце имаат :) .Xрабро само напред,не се откажувај ,се се може ако се сака :*
     
  8. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    јас сум во врска на далечина веќе повеќе години, секако дека парите ни се секогаш проблем ама сето тоа исчезнува кога сме заедно, a за гледање не се гледаме така често после 6 месеци или 3 зависи како стоиме финансиски али досега тоа не ни било проблем воопшто.......силната врска ја прави љубовта поврзаноста еден кон друг, имаше моменти кога бевме депримирани и осеќавме дека е крај ама се сакавме и се сакаме доволно да го надминиме и тоа....мислам дека ако се двоумиш во врска дали да продолжиш или не најдобро е да му кажеш што можиш побрзо оти врската на далечина која завршува со разделба е поболна од обичната врска кои се гледаат секој ден според мене :)
     
  9. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Епа за да не поминеш низ истото,треба да направиш се што треба од твоја страна за да му дадеш до знаење дека ти е битна искреноста.
    Јас мислам да зборите искрено,и да му кажеш дека си ја видела пораката.
    Или пак додека сте заедно,земи му го телефонот(неприметливо :P ) и ''несакајќи'' види ја пораката,и прашај го.
    Ако почнувате врска,нека биде искрена,и од негова,но и твоја страна.
    Подобро сега да му кажеш,одколку да се сомневаш секојдневно.
    Ако немаат ништо навистина со бившата,нека ни одговара на пораките,или пак нека и каже дека нивното завршило и дека сака да биде со тебе. ;)

    ПС.Ако дечкото се трудел 5 цели години за да те освои,зошто би те изгубил баш сега кога си со него :^)
     
  10. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    Фала Irrepleceable за мислењето. Тоа со телефонот и јас го мислев. Сабајле кога се видов со него и му реков нешто во смисол ако се деси некогаш да ме изневери да биде искрен со мене и да ми каже, а тој ми се насмеа онака како да зборувам глупости и ме кажа дека такво нешто не е можно. Сепак следниот пат кога ќе се видиме ќе прашам за пораката, без никакви заобиколувања затоа што не можам да издржам повеќе.

    Што се однесува на болдираното, и јас тоа си го повторувам еве цел ден, ама не знам, ме јаде и помислата дека често кога добиваме нешто веќе не е вредно како порано.
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ane1991

    ane1991 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Се запознав со еден тип пред месец ипол и по некое време дружење тој ми предложи да пробаме заедно и јас прифатив...Инаку од различни градови сме и двајцата а јас моментално престојувам во неговиот град бидејки таму студирам. Првиот ден кога излеговме се беше ок, но понатаму почна некако поинаку да се однесува. Ми беше многу чуден и ми будеше сомнежи за многу работи. Како прво избегнуваше со мене да шета во јавност и наогаше стално некои изговори ... Јас малку нервозно изреагирав на тоа и му напишав една добра порака во која јасно му дадов до знаење дека ми смета што така се понаша,дека сакам со него да имам нормална врска како секој дечко и девојка и дека не сум девојка само за мување ако така мисли за мене. .Типов ми одговори нешто ко во смисол рано е уште, да се запознаеме подобро па потоа ке зборуваме дрн мрн ...После оваа порака тој пак продолжи да ме бара да се гледаме како и порано , но не побара ниеднаш повеке да се бакнуваме или нешто друго сл. Се однесуваше спрема мене цело време само другарски... па така и продолживме да се дружиме само, ништо не правевме, па еднаш низ муабет пак стана збор за тоа зошто така се однесува и тој ми рече да не сум мислела дека имал друга, тој не бил таков да гледа по други , но дека сеуште не бил спремен за врска... Па ако не бил спремен тогаш зошто ме праша дали сакам да пробаме, зошто сака да се гледаме? Кога ке се видиме се понаша ко да не може да се израдува што ме гледа, муабет до немајкаде ова она...а некогаш имам чувство (посебно кога пишуваме преку интернет ) ко досадна да сум му, едвај ко да сака да ме откачи. Не знам што да мислам, типот ми е многу чуден , дали си е таков по природа многу пребирлив за некои работи(во овој случај за врска) или е нешто друго во прашање не знам. Исто и на фб е изолиран, не става слики од него,не коментира и било што др сл. Тој го користел фб само за факултет. Инаку заврши учебната година, јас си се вратив во мојот град и малку се оддалечивме т.е. јас почнав да се оддалечувам од него. Ретко кога му се јавувам , понекогаш само му пишувам на фб и толку.. Не знам како дапродолжам понатаму, ми се допага типот ама од др страна ме нервираат таквите негови постапки. Дали да го откачам или да му дадам време да процени дали сум јас таа со која би сакал тој да биде во врска. Може сака уште да ме запознава или си е таков по природа пребирлив како што кажав , не стапува така лесно во врска со секоја и му треба повеке време за да види дали е таа за него вистинската. Не знам што да мислам повеке. Како би продолжиле вие да сте на мое место ?? Ваши совети ?
     
  12. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Хмм..чудно машко да не сака да стапи во врска со било која девојка :o
    Обично сме ние девојките тие кои прибираат,гледано од мој аспект,зошто машко ко машко,прво му е дај шта даш(да,не се сите исти),но зошто не би пробал со убава и згодна девојка? Не ми е јасно :?:
    Искрено,делува како да не знае што сака,прво ајде па после стоп не можам.
    Мислам дека сето тоа му се оправдувања,сигурна си дека само ти постоиш во неговиот живот?
    Чудно ми е исто тоа што не сака да се однесувате како нормален пар во јавност.Зошто,се крие од некој?
    Го познаваш од порано? Некако да пробаш да дознаеш од други луѓе нешто повеќе за него,м? :wasntme:

    Според мене,ти си му дала до знаење дека сакаш да си со него,и дека ништо не те кочи.Остави времето нека покаже,не го напнувај,ако навистина сака ќе се врати,ако не никогаш не ни сакал.

    А да..и да те познава како другарка,тоа некогаш не е доволно,бидејќи другарството и љубовта се можеби навидум слични,но однесувањето на индивидуата е различно како другар/ка или дечко/ка.
     
  13. little-girl

    little-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Значи вака .. пред некој ден запознав еден дечко, добро не е дечко има некаде околу 32-33 години. Барем толку јас му давам. Се запознавме во партија, веќе 1 година сум член.Бевме на дежурство јас и он и уште тројца дечки онака, понесимпатични . Цело време додека бевме таму тој зјапаше во мене . Eдно време го снема.. но повторно се врати со бурма на рака. И јас си реков можеби му личим на некое девојче што го познава . На крај кога требаше веке да се оди накај дома , тој со мимики ме праша дали сакам негов број. јас му реков дека ми е сеедно со мимики.Тој си одлучи и ми го даде бројот. Јас со мојот брлив памет .. што секогаш ми прави грешки во животов му сецнав а тој знаеше дека сум јас. И денес ми се јави и ме покани на состанок .. со изговор дека добро сум влијаела на неговиот живот. и дека неможел да заспие поради тоа што мислел на мене .. сега што да праем ?!
     
  14. ane1991

    ane1991 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Не го напнав јас ниту еднаш досега за врска , тоа што му го пишав тогаш во пораката дека сакам да бидеме ко нормален пар само тоа беше и толку... останатото го препуштив на него да видам како ке продолжи да се однесува после ова , но тој пак по старо и јас се сменив, комуницирам со него сеуште но ладнокрвно се однесувам цело време. Не го барам, не му се јавувам, понекогаш само му пишувам на фб и толку...Инаку јас бев таа што се испуштив пред едно девојче дека тој многу ми се свига и таа без мое знаење му пренела и после неколку дека типов одма ме побара...а тој ме знаел мене и од претходно онака на фаца само.Имаме само 2 заеднички пријатели од кои само со едниот е малку поблизок a и тој ме прашуваше дали нешто биднало мегу мене и другар му ( значи и нему не му кажал ништо) и зошто сеуште не биднало ништо, тој бил малку срамежлив и не знам ти што...Ако е срамежлив до толку тогаш како имаше храброст да ми пријде, да ме праша уште третиот ден кога сум планирала да му "дадам" ...И башка ми кажуваше на почетокот да не кажуваме за нас на заедничките пријатели, да сме им кажеле со тек на време т.е. времето само да им покажело.Да, чуден е многу. Но кога му дадов до знаење дека не сакам да се мувам со него , тогаш што друго сака со мене ако не сака врска ? Зошто ме бара да се дружиме и да се гледаме ?
     
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    е сега свирче се заплетка во пајожината што ја плетат женетите мажи бегај додекае посовремеоти после ке е потешко многу за тебе
     
  16. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Совет од мене, речи му сакам да ми ветиш едно нешто во животот, дека никогаш нема да ме изневериш со друга, во спротивно никогаш повеке нема ни да ме видеш ни да ме чуеш :) без разлика на кој начин ке дознаам, и ке ја видиш реакцијата негова, па после тоа побарај му го мобилниот ;) и пак види како ке изреагира, ако не ти го даде, само насмевни му се и кажи му дека ти се допаѓа тој начин на игра, кога си играте кој кого прв ке го изгуби :) и ке го видиш тоа што го бараш 8)
     
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.092
    Пол:
    Женски
    Xммм па сигурно ќе ти каже има проблеми во бракот,не спие со жена му,ти си таа која ќе го просветли ,разведри,ислуша и дрн дрн се додека не те внесе во негова постела,па ќе слушаш како ќе се разведува итн приказната за женетите ја знаеш,само прашај се дали сакаш да бидел дел од таква приказна ;)
     
    На little-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    точно
    ама и девојчево видело бурма на рака, па му реклаа сеедно за бројот пфффф
    тргни се со време да не плачеш после ко другите
     
    На hermosa и little-girl им се допаѓа ова.
  19. elenaecka12

    elenaecka12 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    iskreno od vcera sum na stranava,a vrskata mie vo mnogu kriticna sostojbaa,neznam ni sto da pravam ni nisto stvarno mi treba nekoj za razgovor.......
     
  20. little-girl

    little-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски

    Па сеедно ми беше .. поради нивото на кое се наоѓам во партијата како член што има само една година партиска книшка мој број имаат голем број на мои сопартијци и си реков еден повеќе или помалку никаква разлика не ми прави .. ама сватив дека на нему му треба за приватно .. ии сега ... се чуствувам безпомошна.. никогаш не ми се случило ова а и страв ми е многу .. некој совет.. како да го откачим ?! :?: