^^ Па многу едноставно-откажи го состанокот со него, не давај објасувања ако те прашува зошто не си отишла и готово. Или ако веќе отидеш, испиј една пијачка на некое место кај што знаеш дека нема шанса да направи нешто што не сакаш да се случи, културно заблагодари се на убаво поминатото време, и на некој начин дај му до знаење дека е прва и последна пијачка. И толку Едноставно е, не се потресувај до толку
За ова имаме правено муабет уште откако почнавме со врската затоа што како што кажав во претходниот пост имав доста комплициран однос со еден дечко и често се случуваше да ми се вратам нему во име на се она што сме поминале заедно, а сегашниот дечко е сведок на се што се случило меѓу мене и ,,бившиот'' затоа што долго време бевме другари.Но тоа беше доста страшна врска, а ја прекинав недела по излегувањето со сегашниот,.Тој испадна фер, ми даде време да размислам што и како ќе правам и прв ми потенцираше да не го изневерам затоа што како што кажав често се случуваше нема со бившиот,нема, и пак ајде, ќе се смени нешто, ќе тргне на подобро.Се сеќавам на почетокот во град бевме излезени поголемо друштво, тој беше со еден другар, пред него ми рече- Од тебе барам само да не ме изневериш. И често зборуваме на таа тема, и он само ќе се насмее онака како да зборувам глупости и ќе рече Душо, зар јас тебе да те варам ...А што се однесува до телефонот ќе го даде и да го побарам. Таа вечер кога ја видов пораката телефонот цела вечер беше во мене, тој лично ми го даде затоа што бевме на роденден заедно и ми го даде да го ставам во пликото. Дечкото е премногу добар, многу ме толерира, јас почнав врска со него а не чувствував ништо за него,само ми беше добро, премногу добро,се грижи за мене ептен, едноставно се чувствувам сакана,долго го знам, но од искуство сепак се може да се очекува.Ќе покаже времето. Прво размисли дали сакаш да бидеш причината за немир во нечиј дом ? Јас од искуство можам да ти кажам дека имам излегувано со дечко кој имаше женска. Буквално низ градот поминувавме заедно, фатени за рака, скоро секој викенд бевме заедно и преку неделата некој ден кога можевме. Не се криевме-тоа беше најчудно.Сите знаеја дека он има женска, ама пак бевме заедно. Но,решив да се тргнам на страна. Се тргнав. За недела дена тој ми кажа дека раскинале. Зошто ? Не знам. И верувај дека ме гризе совеста, затоа што на него сега му е сеедно ама она многу го сакаше, она беше способна да стори се за него, и не знам што да мислам. И види ме сега во каква ситуација сум јас. Јас сум таа која од Сабота се сомнева дека дечко и ја вара и криво ми е за многу работи, ептен криво. Дури и мислам дека може се да ми се врати па сум во паника. Кругот се врти. Немој да почнуваш нешто кое само ќе те повреди. Од една страна можеш да се заљубиш во него и да страдаш затоа што нема да биде твој онака како што треба, а од друга страна можеш и да бидеш причина да се растури нечиј брак.
Фала ви Hermosa и Innamylove на советите,а ете штом и Innamylove е во врска на далечина имаме заедничка тема на муабет Како и да е се надевам дека некои работи ќе се средат и дека ќе ни биде подобро во иднина,дека парите и далечината нема да ни претставуваат пречка
Значи оваа е претеризам, се договоривме да идам кај неа дома уште вчера и беше договорено и у колку часот, денеска викнав еден другар да ми помогне нешто и таа ми се јавува и ми вели дека сакала да ме види сум и фалел многу ако може да идам порано кај неа, јас прифатив и кажав имам уште малце да завршам и ке појдам таа прифати и кажав кога ке појдам ке и звонам. Завршивме со другарот а и се имавме договорено пред тоа има едни мечиња кај мене дека треба да си ги земе за кај неа дома и беше договорот кога ке дојде кај мене да ги соберам и да и ги дадам, и звонам и велам како да направам да кажам на другарот ако сака да дојде со мене да ги збереме мечињата за да ти ги донесам или да дојдам сам, таа ми кажа ако може нека ти помогне нека ги донесе ако не пола донеси ги сега а пола друг пат пошто има мн. Му кажав јас на другарот тој прифати собравме се се спремив отидовме до кај него тој се спреми викнавме такси и таа му звони на пола пат и ми вели нема потреба да довагаш врати си се. Јас не ја послушав отидовме до кај неа седевме и таа ми е лута и велам зошто сега вака и таа ми кажа договорот беше да дојдеш сам поѓто многу ми фалеше сакав да бидеме сами, тука поседовме сами а таа уште пред другар ми што и се знајат со другар ми тука пред него јас сакам да ја гушнам таа цело време ме гребе ме удара, и како и да е на крај некако му кажав на другарот да си оди тој си отиде, и ете и ја исполнив желбата останавме сами и таа цело време пак ми лута ништо несака ни да ми збори нити ниш. Цело време ми вели дека со тоа што ми кажала дека сакала да ме види порано тоа требало да значи дека сакала да бидеме сами, јас и кажав јас убаво те прашав дали да дојде и тој или таа кажа ако сака ако не не мора, и значи јас пак направив му кажав на другарот да си оди што ми беше многу глупо и таа пак се лути........
Не разбирам зошто не ја откачиш оваа лиглава што мисли дека светот околу неа се врти? Ти имаш карактер? Свое Јас? На улица да не те најде оваа? Ти го имав прочитано и претходниот проблем што го имаше поставено исто на оваа тема и девојките овде тогаш многу добри совети ти дадоа. А ти свесно одиш со глава во ѕид. Епа извини ама сам си си крив. Како го дозволуваш ова стварно не ми е јасно. Колку човек и да размислува дека ете можеби постои некакво решение едноставно на крај се доаѓа до заклучок дека нема. Многу добро ги знам ваквите личности како неа. Сум имала искуство со такви ама не со дечко туку со другарка. Да може ќе те исцеди како лимон. Ќе те цеди секој божји ден и физички и психички. Ќе нема енергија повеќе во тебе од што секојдневно ќе се трудиш да докажуваш некому некои апсурдни работи кои немаат благе везе. Мислат дека светот околу нив се врти и дека сите за нив зборат и за нив се замараат. Многу се искомплексирани и како кец на десетка има доаѓа некој вака како тебе добар што ќе ги трпи и ќе им удоволува. Е тогаш мисли му ја, ќе изиграваат бог, ама буквално, се што ќе каже она мора така да биде. А недај боже да им се спротивставиш тогаш настанува драма и без да размисли ќе си замине затоа што не било по нејзино. Бегај од вакви, најдобронамерен совет. Она тебе не те сака, да те сакала немало вака да се однесува. По постовите ми изгледаш за личност со добра душа, не дозволувај ваква некоја да ти ги расипува деновите.
со дечкоми сме 3 години во врска ... се ни е таман во врската но веќе две години имаме еден проблем за многу мали глупости се караме а повеќе причината сум јас зошто за многу мали ситници се лутам и стварно тоа ми смета... Он за мене стварно премногу се смени и ги наорави многу работи што досега за ниедна ги нема направено... на почетокот почнавме со бранење за испагање со друштво што јас знаев дека не е убаво но чекав да помине време за и он да свати.. и конечно свати сега одам кај што сакам испагам и без него но проблемот е што јас сега неможам така кога ќе дојде време за он да испадне со другари да поседи јас почнувам да се лутам а нешто што највеќе мрази е да ми ја гледа таа смуртена и лута фаца... последниов пат за тоа се скаравме бевме испандати и еден другар го викаше во кафана да поседат и он им реече дека прво со мене да се види па кога ќе си одиме ако уште седат ќе помине да ги види и јас се налутев и овој пат стварно му дојдов преку глава и почна да вика по мене дека не си стојам на договорот дека јас кога сакам да одам негде он ништо не ми вика итн... и јас почнав да викам и он почна да ми вика да престанам да не викам сите да не слушаат и ми вика ќе те удрам доста и јас почнав да се силам и му викам ајде удри ме и ми удри шамар... ставрно не убаво ми падна мене од дома не ми удриле шамар а он ми удри... ама од еедна страна и јас во нервозата го провоцирав за да ми удри а он коа е нервозен едноставно губи контрола а и јас за инат уште повеќе.. ве молам за совет
Види, провокациите се едно, шамарот е веке друго... Претерал, без разлика што си му рекла, НИШТО НЕ ОПРАВДУВА ШАМАР ВРЗ ДЕВОЈКА. А чекај малку, како тоа тој да те испрати тебе дома, и да си продолжи со пијанчење по кафаните ?! Едно е да си излезете посебно на кафе на филмче, друго е да те испрати и да си легнеш ти а тој уште да се журка.. Искрено, ова е пропаст и понижување.. Демек му минал кејфот со тебе, па сега и со другарите.. Размисли дали ке му го простиш шамарот... Убаво си размисли, кој удрил еднаш, ке удри уште најмалку 10 пати... Ако му го простиш, размисли си за договорите што ги правете... И што му е толку важно да оди по кафаните кога ти си дома, не ми се верува да е само заради другарот.. Или има некоја другарка, или има танчерка, трето верувај нема...
не он не рече да ме испрати и дека ќе отиде туку рече дека пред да си оди ќе помине да ги ѕирне.. он ме праша и мене дали сакам сега да одиме ама јас не сакав зошто сите беа машки и не ми се одеше ... и јас коа му реков може јас не сакам да си одам може сакам до сабајле да седам и он ми рече па никој не ти рече да си одиш јас само реков дека ако седат коа ќе си одиме ќе поминам да ги видам а може нема ни да поминам туку само онака рекол за да не се лутат зошто он не работи тука на терен и си иде на 2 недели и само 3 дена е дома и цело време гледа да го искористи со мене ...
Се согласувам дека шамарот ништо не може да го оправда.Ни провокација од твоја страна,ни ништо.Друг пат биди внимателна.Ако се случи пак,така и ќе продолжи.Во тој случај,ти си таа што треба да реши што да прави со него. Од друга страна,не се согласувам со тоа дека ако излезе со другарите има некоја другарка или слично. Кога ти излегуваш со друштвото,тоа значи дека имаш друг? Како што се поставил тој со тебе,така и ти со него. 3 години не се малку за да немате доверба еден во друг. Дај му малку слобода.Не го притискај.Од тоа произлегуваат сите проблеми. Пробај биди малку полабава,не лути се.Доколку и после ова караниците продолжат,значи тука има друг проблем.
и јас неми е убаво за шамарот ама и самиот тој после ми рече друг пат никогаш да не си дозволила да те удрам ... кога ќе се изнервира он губи контрола незнае што правви има некоја сила тогаш незнам и јас во тој момент наместо да заќутам и јас викам и го провоцирам уште повеќе и самата неможам да се контолирам... и он ми викаше дека сето воа е зошто не си давам никаква слобода и се договроимве да не си браниме веќе за испагање да не се лутиме ама јас коа ќе дојде до таков момент незнам се лутам не ми е убаво а и од друга страна ми викасе да одиме заедно да поседиме пола саат ама јас не сакав зошто не бев ни облечена и он ми вика па можев да те однесам да те почекам да се пресоблечеш .. и јас кога испагам сум одела и по кафани и тоа си колеги и колешки сме се собирале значи и он така треба да постапи .... јас не дека немам доверба во него имам ама сепак морам и јас да се контролирам
добро де па зар толку не свакаш дека си игра со тебе абе откачија и не му се мисли, ке си најдеш некоја што ке те заслужува
Тука има два проблема, не еден. Првиот е што неможе едно правило што двајцата сте се договориле да го почитувате само едниот да го применува. Значи ти сакаш да си шеташ, а дечко ти дома да седи? Така? Поправи ме ако грешам. Епа неможе така. Ти сакаш слобода? Сакаш да си се видиш со другарки, другари, да си излезеш некогаш? Епа и он сака. Сигурно и он има другари со кои израснал, со кои има убави спомени, со кои во животот поминал и добро и лошо. И што треба сега дека има девојка само ти да си му во животот или да се прави дека не ги познава? И самата кажа дека цело време работи, дека само три дена е слободен и дека гледа со тебе да ги помине. Тоа не ти кажува нешто? Ај размисли и одговори си самата на себе. И незначи дека ако некој излезе од дома па макар и до продавница дека одма ќе ве изневери. Дајте малце самодоверба. Па што е тоа. Ако отишол да ги види на 5 минути одма друга имал, танчерка, да, може келнерката да му намигне и он одма ќе тргне по неа. Господе боже. Само едно е сигурно во ваквиве врски, дека вашите дечковци дефинитивно ве сакаат. Знаете зошто? Затоа што само заљубен може да трпи вакви тортури, ама запрашајте се до кога. Тешко на тие ваши дечковци. И најсериозна сум, немојте да се навредите ама преиспитајте се малце, најдобронамерно. Не за џабе се рекло да не го правиш она што несакаш тебе да ти го прават. Може е клише реченица ама е целосна вистина. Дајте им слобода, тоа што не е забрането не е ни привлечно. Така функционираме ние луѓето, никој неможе против тоа. Еве пробајте некој период да не правите скандали и да не му забранувате ништо. Ќе видите дека ќе почне се помалку и помалку да излегува, а врската се повеќе и повеќе ќе ви се подобрува. Ништо не се постигнува со забрани. Само го оттурнувате од себе. А вториот проблем е шамарот. Ако претходно реков да си се преиспиташ ти, сега ќе ти речам да си го преиспиташ дечко ти и вашата врска воопшто. Ова јас лично никогаш не би го простила ама јас не сум на твоето место така што треба сама да си размислиш. Не ти зборам дека ако еднаш те удрил дека ќе те удри пак. Секој си е индивидуа за себе, никој овде неможе да знае што на него сега му се врти во глава или дали има грижа на совест и дали се кае. Така што изанализирај ја ситуацијата, разговарај со него и притоа дај му дознаење дека уште еднаш нема да толерираш такво нешто. Најдобронамерно те искарав, без навреди.
фала ти многу и мене многу ми смета тоа што сум таква ама од коа ќе се искараме го сваќам тоа дека не сум во право а за шамарот може немаше да ме удри доколку не го провоцирав зошто јас бев што му викав ајде ако можеш удри ме нешто така му викав.. и самиот после ми рече друг пат да не дозволам да ме удри
што и проблемот на девојкава те врти околу малиот прст затоа што ТИ го дозволуваш тоа те видела попустлив да не речам будала па ке прави што сака со тебе и згора на се да те удри пред другар дечко освести се додека е време пред 2 години и јас бев со типче што беше премногу заљубен во мене како ти во девојка ти но никогаш не ми текнало да си играм со него како што таа прави со тебе-како не и жал
Пробај да се контролираш уште пред да направиш скандал. Едноставно биди постојано со мисла дека те сака и дека ако некогаш ти или он излезете тоа е за доброто на врската. Ќе се видите со други луѓе, ќе си разбистрите мисли, па ќе имате повеќе теми за разговор кога ќе се видите. Е сега, со ова второво воопшто не се согласувам. Како тоа ти да не дозволиш уште еднаш да те удри? Он треба да си ја превземе кривицата и да си се извини, со тоа што, ти кажав и во претходниот пост, да му кажеш јасно дека уште еднаш нема да толерираш вакво нешто. Он те удрил, а ти крива? Плус он веќе и развил чувство на вина кај тебе, а тоа воопшто не е добро. Не треба да се чувствуваш виновна за нешто што он во никој случај не требало да го направи. Што ако ти си му викала? Па и он ти викал и што сега при секоја караница кога ќе повишиш тон он треба да те удри? Покажи му го местото уште сега и јасно кажи му дека ќе си заминеш без збор ако уште еднаш направи така.
низ слично искуство имам минато и јас само не беше преку партија и кога дознав дека е женет исто ко дамла да ме удрила ми беше се обидува да те заведе, психички влијае на тебе додека ти е време бегај што подалеку од него, оти ке настрадаш
Ане ова ситуација ми звучи добро познато на типот целта му е се знае која и тоа ти го кажал мегу редови ама дали ти си преметила размисли кој ке биде твојот следен чекор