Воопшто не мешам ама ти очигледно не си ми го ни прочитала мојот пост како што треба, затоа што ми ја повторуваш истата работа која претходно ми ја напиша. Ама нема врска, не е битно дали јас ќе сфатам или нема да сфатам, гледај си ја ти твојата врска штом си толку паметна. И не реков дека ти го имаш тој проблем, незнам зошто се најде повикана, јас зборев општо. Ама како што кажав не си ни прочитала како што треба. И нема повеќе да се препирам зашто несакам да одам оф топик.
Девојки извадете розовите очила. И не лажете се себеси. И јас сум секогаш за тоа дека разговорот решава се, али нема да ве направи помалку луѓе ако признаете дека ова е така. Јас ова не ти го кажав на жими мајка, ти го кажав затоа што сум поминала низ тоа. И јас сум била таму каде ако раскинам со некого, а некако причинити за тоа не ми држат вода, како ќе се вратам на сингл животот? Сите знаеме колку е тешко таму надвор и колку е тешко да најдеш некој кој ти одговара,знаејќи дека веќе има некој таков надвор.. Што мислиш, како успеваат тие парови што немаат никого околу нив, кога таа си ги заборавила другарките во моментот кога тој влегол во неа, а тој нема другари затоа што сите го заборавиле? Па така и успеваат, живеејќи во лажна илузија за својата врска дека им е супер, дека тие двајцата си се доволни сами на себе, а многу е возможно на него веќе и да не му се крева од неа. Јас не те обвинувам што мислиш ти така, само што сум премногу дрска за да го кажам тоа убаво. Have a nice life.
MYSTEIOUS Ти си кажуваш твое искуство и очигледно си имала зае*ана врска но не сите ја имаат истата судбина знаеш па затоа немаше потреба од твојот дрзок коментар. Сигурна сум дека девојчето ке има поголема среќа од вашата доказ е тоа што покрај се се бори за врската и сигурна сум дека и дечкото ја сака само треба убав смирен разговор да им се врати хармонијата во врската
Де, де, го искаравте девојчето.. Секако не беше нај дипломатски совет но некогаш на луѓето им треба реалити чек у секој случај. Јас верувам дека девојчето што побара совет се преиспитало што сака у живот после коментарот на mysterious. И искерно ми се свиѓа што има такви на форумот што ке ти кажат искрено што мислат без влакна на јазикот.
Девојки и јас му покажувам на дечко ми пораките и сл.и тој ми кажува кога ке му се јави некоја...Не е до ПРИВАТНОСТА,недај боже некогаш ке дознае нешто а изнервиран во тој момент на глава ке ти го качи тоа(за мојот не верувам дка некогаш ке го направи тоа)Но сепак,секаде е различно..Секаде е различен односот дечко-девојка.
Е да си ми жива и здрава Westlife. Ме нервира кога одма осудуваат, ако некој покажувал пораки (тоа го давам за пример затоа што тоа е нешто последно што го пиша Irrepleceable инаку имало многу примери) тоа си е негова работа. Ете они таква врска си имаат. Е сега некој друга не покажувала и ќе пишува и ќе филозофира тука две страни како е тоа погрешно. Неможеш ти да ми кажуваш што е добро, а што не е добро за МОЈАТА врска која патем не ја ни знаеш целосно. Сите врски се различни затоа што се состојат од различни карактери, сфатете го тоа. Јас си се водам по едни принципи во животот и сметам дека искреноста е на прво место, па така си ја водам и мојата врска, целосно се темели на ИСКРЕНОСТ. И затоа мислам дека не треба да се крие ништо. Некој друг си се води по нешто друго и тоа е тоа, јас го прифаќам како така. Впрочем нема што јас да прифаќам или не тоа си е лична работа и јас не се ни мешам во тоа.
Еве лично мојата врска се темели на искреноста,добрината.До скоро домашните проблеми не му ги кажував,тој ми вели ако кажеш на некој друг побрзо би те издал од мене верувај.Во право беше за тоа.Почнав и тоа да му кажувам и многу ми е полесно,довербата се зголеми тоа е +.Мене едно дете од градот ме сакаше,повеке од пола година ме молеше знаејки дека имам дечко..ми ѕвонеше,ми пишеше јас бев пријателски настроена кон него,а дечко ми ниту еднаш не беше љубоморен на тоа и ниту еднаш не ми преречи нешто.Па затоа и јас така,една му ѕвонеше,ништо не му велам,дури тоа си го ставаме на сметка на смеење.Затоа велам секаде е различно,различни се личностите,се е различно.Секој со своето!
Westlife Колку што сватив ти се плашиш од него? Велиш: ако недај боже дознае, и што ако дознае? Што ќе ти направи ќе те тепа? Значи понекогаш самите ме си криви а потоа бараме вина во екој друг. Замисли уште дечко и девојка па му даваш отчет, а замисли во брак, ќе треба да пријавуваш и кога ќе прднеш. Дали навистина мислите дека они ви кажуваат аш се? Јас ви тврдам дека не, а го бараат спротивнотоо од вас. А ние женските како што не дал господ со извинение глупи, си се исповедаме и веруваме се додека апла не ни стане јасно дека некој од нас прави мајмуни.
Инаку тоа НЕДАЈ БОЖЕ НЕКОГАШ КЕ ДОЗНАЕ НЕШТО.... за тој пасус не го реков за мене драга сафија.Нема врска отчетот барем во мојата врска.како што пишав таа се темели на искреност и имаме хармонија.Инаку да,се ми кажува,повеке отколку што треба.кај нас е така.затоа пишав кај секого различно..И ако некои парови си покажуваат се не значи дека тоа е за потценување,затоа велам кај сите е различно!
Ќе се откажам од темава жими мајка. safija35 никој не пиша дека му дава "отчет" на дечкото или на девојката туку дека сме ИСКРЕНИ еден спрема друг. Јас ако му кажам нешто он не прави скандали од тоа, ниту па јас правам ако он ми каже. Туку како што пиша Westlife се смееме на тоа. Е тоа е довербата, разбирањето и искреноста што вие очигледно неможете да ги разберете. И да дечко ми се ми кажува, јас сум сигурна во тоа затоа што му верувам, како и јас што му кажувам се. И како таква мојата врска функционира веќе една година и седум месеци, без никаков проблем, без љубомора и целосна искреност.
Safija35 упорано алудираш на стравот... Се работи за карактер,начин на живот,принципи...сето ова е далеку од страв Toa "не дај боже ако дознае" може да има милион други значења на реакција,и сигурно е далеку од тепање итн. Како и да е,изгледа имаш лошо искуство со твојата искреност и си револтирана на оваа тема,тоа е моето мислење :/ Како што кажав погоре,секоја врска е различна
Не сум револтирана само есватливо ми е да даваш отчет до нај ситен детал. Плус гледање о туг телефон е малку да се каже дека е непристојно. Сепак останувам на ставот дека многу побргу ке го изгубиш ако баш се му кажуваш отколку ако му кажеш само она што ти мислиш дека треба. И те молам наведи ми бар 3начења на реченицата: „Недај боже некогаш ке дознае нешто а изнервиран во тој момент на глава ке ти го качи тоа“. Оа е твоја реченица, во неа гледам само страв и велиш: Недај боже некогаш ќе дознае во тој момент изнервиран може сешто да направи. А, сигурно нема да се самоубие. И што останува освен ќотекот инаку што друго може да направи ако се изнервира.
Safija35 не ми е јасно зашто упорно се контраш.убаво ти пишаа девојките дека кај нив така функционира врската на целосна доверба и искреност и секоја ви чест за тоа девојки само така продолжете,еве јас како машко многу ценам такви девојки. Инаку и јас сум искрен и све и кажувам на девојката нема зашто да криеме еден од друг,само така може да опстане една вистинска врска.
Safija35 Убаво речено се... Едно е муабет да си правите, во стилот е овој ми пиша за на кафе планирам да одам, друго е да даваш отчет на се во телефонот, на фејсбукот, и незнам каде ли не... Јас телефонот го оставам кај најдам, може дечко ми и да ми брка по стварите, но стварно и тоа не ме интересира, немам никој и ништо вон врската што не треба да имам, мислам дека и тој нема, и тоа е тоа... Нема што да ми го бара телефонот или пасводрот, и знам од искуство дека тој што бара докази, тој е оној кој неможе да ја докаже искреноста.. И незнам што толку се запалувате, овде сме сите да даваме совети, крај краева не мора да слушате, на човек на сила можеш да му земеш но неможеш да му дадеш...
Баш затоа што не носам розови очила, барам како да се промени оваа ситуација. Јас вака ако оставам, може да трае до даље ова, јас ќе си молчам, ќе си бидеме идеален пар пред луѓето, а мене пак нема да ми е убаво. Бидејќи никој друг не се понуди со решение, а "мислењата" како на дотичната okcenzi не ги сметам за мислења, заборавив гордост и лично прашав некои другарки што мислат за ова и си донесов заклучок. Ќе му кажам дека ми смета ова што тој е толку ладен и ќе го прашам дали има некаква позадина истото, можеби јас грешам некаде, не знам. Можеби има позадина нештово, можеби е уплашен од нешто. Да оставам се така и да го оставам не можам, затоа што секоја вечер пред спиење ќе си правам филм шта би било ако би било и ќе се проколнувам себеси зошто не сум си расчистила. Подобро болно да раскинам, отколку да ми остане нешто unspoken. Кај овој другиов не одам, иако тоа не би било проблем, се знаеме и многу лесно можам да заминам со него, само што како што кажав, не сакам. И уште еднаш, за момињата како okcenzi да не се бунат, ќе го цитирам Бени со - не ми е тешко што сум сам, тешко ми е што сум без тебе. Тоа ми беше поентата, не дека сингл девојките се за никаде, и дека нема да ми биде тешко ако останам сама, поентата е што не сакам да сум без него. Фала ти и тебе на коментарот, каков - таков се потруди барем да ми одговориш. И на innamylove и благодарам, фала девојко
миличка, ти нешто си се збунила. За кои мои мислења зборуваш? Ај те молам прочитај добро ТЕ МОЛАМ. Ме нападна ни крива ни должна Само еден коментар ( смајли ) имам ставено, поточно ова што во превод значи немам зборови, ама не за твојот пост туку на грдиот пост што ти го пиша тебе mysterious Грешка си миличка, ама не ти замерам пошто си расеана и да имаш право моето мислење да не го сметаш за “мислење“ пошто не ти ни дадов некоие мислење т.е коментар тебе, туку на некоја друга феминка
Имајки другар на таа возраст, тој се понашаше малку изладено со девојка му пред да ја побара за жена.. Всушност идеата му беше малку да се оддалечи од неа и да олади за да види колку му значи и дали ке постапи правилно, и така беа 1-2 месеци скоро, и ги гледаше и неговите и нејзините реакции... И на крајот почна пак да си биде по старо и се венчаа, веке цела година се во брак и имаат и детенце веке Не велам да очекуваш веренички прстен, но можеби тоа го прави со некоја слична намера... Обично мажите на таа возраст веке барат нешто повеке и од врска, сепак летка времето... Можеби нема да има свадба уште сега, но мислам дека сака типот да знае на што е и затоа не се препушта толку, нема многу време за губење Прашај го, извадете долг искрен муабет и ке си бидете барем на чисто
Што би му кажале... Кој вели дека не постои другарство помеѓу машко и женско?-Еве јас го викам тоа. Потребна ми е помош...Бевме најдобри другари 4 години се што праевме праевме заедно ми местеше негови другари јас мои другарки..Спиење он кај мене,јас кај него..Но пред една година нешто се случи ии почна да ми се свиѓа,мислев дека ќе помине,бевме излезени со друштво во колосеум ии таму беше првото наше мување, тоа се дешаваше секој ден ии после месец дена дојде до врска.. Идеме уште, еве уште малце година,ама јас почнувам да го одсакувам уствари да се двоумам зашто он? Сигурна сум дека ме сака зашто се прави за мене и тешко ќе ми биде да му раскинам,бидејќи еднаш пробав но он почна да плаче да клекнува на колена и да ме моли да не го напуштам, а едноставно ме гуши врската ве молам за помош...