Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Што би му кажале...

    Oва баш и не ти е прикладно за темава ама ај.. :^)
    Ако си сигурна дека не го сакаш,и дека нема да ти фали после тоа,раскини.
    Како и да е,тешко дека можете да останете добри другари како порано,зошто он тебе сеуште те сака,и тешко дека ќе те гледа како другарка.
    Токму поради истата причина(дека сеуште те сака)он ќе излезе од вашата врска повреден.Така да,со цел да не те засакува се повеќе,со време кажи му дека не иде,и дека твоите чувства не се истите.Колку повеќе одолговлекуваш,толку повеќе надеж му даваш.
     
  2. emilijam

    emilijam Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Imam edna maka i neznam na koj da mu ja kazam,pa mos vie kje mi dadete eden sovet. Pred 3 dena bev so taj so go sakamm ama ne sme vo vrska samo izlavame,e od togas navamu ne mi se ni javil ,neznam kade e,so koj e,so pravii..dali misli na mene,i edno me maci dali da mu se javam ili da cekam..sovet..:(
     
  3. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    5.892
    пробај пиши му...
    или кај си што правиш ме заборави ...
    или пак почекај си до викенд... :?:
    чуден е веќе народот
     
  4. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Овака јас имам 15, а тој 19години и сме во врска една недела. Е сега, секоја вечер сме излезени по темни места и никој незнае дека одиме, синоќе му реков дека сакам да шетаме и на други места, да спортуваме заедно, да одиме на кафе и слично, а тој ми врати со: Не е проблем тоа, ама го знам татко ти не има сопирано повеќе пати
    полицаец е татко ми
    и страв ми е ако се дознае нешто да не си имам проблеми после затоа што сум полнолетен.
    Јас: А кога ќе ве стопира во 3сабајле не ти е страв да ми се јавиш да му кажам да не ве казнува а? Тој се смее, јас: Немора да се понашаме како вљубен пар, и знам дека несакаш уште сега да ме покажеш пред сите затоа што е рано, ама барем еднаш да излеземе
    Тој: Ќе се договориме некој ден да идеме на кафе и после несакав уште да го гњавам со ова, за да не се скараме.
    Што мислите вие?
     
  5. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Јас мислам дека една недела е краток период и добро е што веднаш си му го кажала тоа. Мој совет ти е да почекаш уште неколку дена, за да видиш како ќе се одвиваат работите. Ако уште 2-3 прати те однесе на темно место, следниот пат кога ќе ти се јави кажи му дека е редно да одите некаде на кафе. Или едноставно излезете и почекај да видиш каде ќе те носи, па ти фино лепо кажи му ај да прошетаме и да седнеме на кафе јас частам, па мислам нема кај да бега ќе се засрами. Ако и од двата случаи се извлече батали го, таков не ти треба.
     
    На kosmodiks му/ѝ се допаѓа ова.
  6. only.me

    only.me Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали можам да му вервувам?

    Сношти бевме излезени и се беше во најдобар ред, се дури не видов во телефонот повик со непознато име..
    ги знам сите негови пријатели и другари така да, нема шанси да е некој шо не го знам. Значи името беше машко, но кога го прашав кој е овај ми рече незнам не се сеќавам.. Зар е можно да не се сеќава, кога го имаше барано тој број додека јас бев во вц? Упорно вели дека незнаел кој е..
    Што мислите, помош, совет..?
     
  7. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Ќе може некоја што е слободна да ми пише, ми треба совет? :)
     
  8. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Повели :) :)
     
  9. sparklegirl

    sparklegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    29
    Дали можам да му вервувам?

    Треало да инсистираш да се јави пред тебе ако ти е толку сомнежливо :)
     
  10. Hottie

    Hottie Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    18
    Имам дечко со кој одам подолго време но е премногу скржав. На почетокот на врската си плаќав се затоа што јас така сакав да не помисли дека со него сум за пари и тоа му се допаѓаше кај мене и ми беше мило. Но,со тек на време го запознав и видов каков скржавец е всушност. Секогаш кога треба да му укажам на тоа тој вели дека парите треба да се ценат, дека и тој е невработен и чека од неговите па гледа колку што може помалку да троши. Јас лично мислам дека тоа не е оправдување,тој и кога има многу пари во него пак не му се троши на мене. Во некои моменти се случувало да немам пари и страв ми е да му побарам макар и да позајмам од него,а не дај боже да треба да части, се чувствувам како да му ја корнам душата. Не е од оние личности кои со задоволство би дале на саканата,ако веќе мора дава со тешка душа.. Не му се трооши пари на менеее бре луѓе на ситниц како што сесладолед,сок и нешто слично а камоли нешто друго аууу....а таков дечко не сакам,многу сум заљубена во него одиме доолго време но таа негова мана ме замислува,ми смета многу.. во такви моменти душата ми се ќине кога сум принудена да побарам нешто од него,скаперник е!! голем!! -
    И затоа ве молам за совет како да разговарам со него (иако веќе многу пати сум го правела тоа) за тој да не биде навреден (тој воопшто не се смета скржав), а јас да не излезам девојка која сака само пари.
     
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Некако кога го прочитав прв пат твојот пост ми изгледаше на не толку голем проблем, меѓутоа кога го прочитав уште еднаш не мислам повеќе дека е нешто за потценување.

    Е сега незнам колку време одите, не ја знам јас буквално секоја ситуација. Можеби навистина е таков затоа што ете не е вработен па мора да штеди и ако е така го сфаќам. Можеби неговите не му даваат многу пари, можеби штеди за нешто, незнам, јас само си погодувам зашто неможам да судам кога не ја знам целата ситуација. Ама и по најмалите ситници можеш да приметиш.

    А кога ете ти е роденден како се однесува? Ти купува нешто колку да помине по редот и ефтино или се гледа дека се потрудил? Како се однесува со другарите? Ако бил отсекогаш таков можеш да приметиш и дали му го пререкуваат тоа. Обично машките така прават одма ќе го зафркаваат дека никогаш не частел итн. Дечко ми има еден таков другар и цело време му зборат, а работи, има пари, а никогаш не извадил повеќе пари од тоа што он на пример го испил или го изел. Ако е 60 денари он толку вади. :D Кога јаде он нешто дали ти понудува и на тебе? Неговите родители ги знаеш? Вакви ли се како него?

    Види вака отстрана работата изгледа наивна и како некој глупав проблем што може да се реши ама ова не е за потценување. Затоа што ако он навистина е таков скржавец во душа, помири си се дека секогаш таков ќе биде. Вие ако сте во сериозна врска треба се заедничко да ви биде. Неможам да замислам да седнам на кафе со дечко ми и јас да извадам посебно пари, а он посебно. Или јас плаќам или он. Замисли понатака да се деси некој период да имаш поголеми трошоци за нешто и немаш пари за излегувања и кафиња. Ќе треба дома да седиш, зашто он нема да се понуди ни едно кафе да плати. А да не зборам за посериозни финанскиски проблеми понатака, па и во брак кога би биле.

    Јас целосно те сфаќам дека ти несакаш он тебе да ти биде спонзор или да те финансира ама барем да се делите, еднаш ти, еднаш он да плати, некогаш па и два пати ако плати он голема работа. И јас несакам дечко ми се да ми плаќа, како и он што несака се јас да му плаќам и сме збореле за тоа. Еве баш пред некој ден ме караше зошто сум му давала секогаш пари за гориво, и дека несака да му давам. Ама па јас неможам така ајде некогаш ете немам во мене не му давам ама кога имам (а гледам за тоа секогаш да имам) обавезно му давам. Не ми е он мене шофер па ќе ме враќа секогаш до дома, плус не живееме баш блиску, јас прво благодарна сум што секогаш ме враќа, никогаш не ме оставил да се враќам со такси или автобус.

    Незнам, размисли си, според мене една врска функционира кога на партнерот можеш да се потпреш за се, па дури и финансиски проблеми, уствари вашево најмалку е финанскиски проблем, божем ти му бараш одмор да ти плати или факултет да ти плаќа, проблемот е во неговата глава. Како и да е цело е кога се' има се нели? Јас лично не би можела во ваква врска, парите за мене немаат никаква духовна вредност и се водам по тоа дека колку и да потрошиш истото можеш да го заработиш, а со ваков некој само психички би се разболила.

    Можеш да се обидеш да разговараш со него уште еднаш ама колку ќе вроди успех тоа незнам, потруди се. Штом викаш дека он самиот не се смета дека е скржав значи е навистина скржав. Можеби понатака кога ќе работи ќе се смени ама искрено се сомневам во тоа. И немој да те мачи таа мисла дека ако разговараш со него дека ќе помислел дека си ти девојка што сака пари. Он би требало до сега веќе да те познава така што ако недај боже ти рече такво нешто мислам дека за него нема спас и само ќе те навреди, а никогаш нема да го признае тоа. Ми изгледа на личност која би работела и две работи само за да има многу пари и да ги чува и за ништо не ги троши.

    Познавам еден таков работи две работи, незнае колку пари има, не излегува, не се дружи, нема девојка, затоа што мисли дека сите за тоа се' со него, за парите да му ги земат. Сите пари му се во банка, и еве сега купи нова кола, стан и незнам што друго ама џабе. И не мисли дека греши, мисли дека така е правилно. До каде така незнам ама он си знае не се мешам и не ме интересира.
    Уште нешто ми текна да те прашам, а он за него каков е? И за самиот себе е скржав? Или знае на себе да си троши, да се поднови со скапи алишта итн.?
     
  12. Hottie

    Hottie Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    18
    Ти благодарам многу за разбирањето,доколу некој друг има ваков проблем се надевам ќе се пронајде и ќе може да го реши на вистински начин бидејќи јас веќе не знам што да правам,навистина сум збунета.Како дечко тој е прекрасен,се познаваме доста добро,во врска сме веќе долго време,неколку години,но ете во последно време почна навистина да ми смета бидејќи од ден на ден скржавоста се повеќе се манифестира. Ги знам неговите родители прекрасни луѓе се,но не знам какви се во врска со ова. А за другарите не можам да направам разлика бидејќи тој е финансиски е далеку подобар,а тие не па затоа не се чувствува разлика кога трошат бидејќи нормално е тие да внимаваат и да штедат што нив ги сфаќам.
    Бидејќи поклоните никогаш не ми биле важни не сум го приметила тоа,но кога веќе ме праша да и таму е многу штедлив и гледа да помине колку што може поефтино. Обично кога седнуваме некаде плаќа ама ретко,обично избегнува тоа да го прави,како што кажа ако лично тој направил сметка од 60 денари,вади само толку и крај. А и за самиот себе е скржав, воопшто не му се троши. Пример му фалат патики?Ма никако да даде од свои пари,ако му купат неговите добро,ако не здравје.

    Бидејќи до сега беше прекрасен дечко,а јас пробувам да го видам најдоброто во луѓето тоа како мана не го забележав,можеби имаше моменти, но поради разбирање дека не е вработен и чека од неговите го сфаќав и сеуште го сфаќам,имам надеж, но луѓе тој и кога има пари во него нон стоп потенцира - уште овие ми се, леле криза нема пари што ќе се прави,а никогаш не е останал со 500 денари помалку на ден.
     
  13. TheKitty

    TheKitty Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Мислам дека како џентлмен секое машко сака да се покажи пред својата женска и да потроши некој денар. Зборувам општо како на пр. сокче, сладолед, ова-она... , но тоа кај твојот дечко е претерано и да му кажиш отворено, па ти од него не бараш да ти го плати одморот за некаде :worried: Немој да се навредиш но, замисли како ќе биди кога сте во брак, ако прави исто или полошо? :!: Зависи каква личност си ти дали сакаш да трошиш или не и дали ти смета тоа. :)
     
  14. Kaylee

    Kaylee Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    22
    Тој е таков човек.Постојат и такви луѓе.И оваа особина многу тешко дека може да ја смени,скоро и невозможно.Ти колку и да разговараш со него тој нема да те разбере.Имаш два избора.Или ке останеш со него во врска и ке го прифатиш таков каков што е и ке се помириш со тоа,или ке продолжите понатаму,но секој по својот пат.
    Да ти кажам дека те разбирам како ти е,не можам бидејки го немам тоа осетено на своја кожа,ама немој да мислиш или да се надеваш дека ке се промени така преку ноќ.Или пак ако сте во сериозна врска дека кога ке се земете дека ке се промени-тоа се само твои верувања кои што нема да се исполнат.
    Прочитав дека сте во долга врска,од неколку години и дека си го знаела каков е,сега е касно да мислиш штом од почетокот го знаеш каков е. ;)
     
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Hottie дали јас те сфатив дека он со помалку од 500 денари дневно никогаш не останал? Ако е така тогаш стварно е скржав. Па он има и повеќе од доволно. Јас лично не познавам некој што е невработен, а да има да троши најмалку 500 денари дневно. Па за наш стандард тоа се многу пари. Неговите значи цела една просечна македонска плата му даваат месечно.

    Штом сте повеќе години заедно, штом е прекрасен дечко, го сакаш и те сака, те почитува, те разбира, имате доверба еден во друг, а тоа е единствената мана која ја поседува, обиди се да живееш со тоа. Иако зависи и од тебе, гледам дека ти не си таква личност, ама тоа е веќе карактер, он е така скроен и готово. На него па може му смета тоа што ти еве да речеме трошиш повеќе и не се замараш со материјалното. Може тоа го загрижува, си вика како ќе биде доколку бидете во брак. Незнам, ова се само мои претпоставки кои се многу веројатни.

    Некоја друга се жали дека дечкото е љубоморен, пие, ја изневерува, па се би дала да го има твојот проблем ама па и тебе не ти е лесно. Те сфаќам затоа што како што реков и во претходниот пост, мене не ме занимаат пари, а со ваков дечко би ми било секојдневен притисок.

    Мое мислење искрено е дека он нема да се промени, таков си е и крај. Колку и да му збориш нема ни да те сфати. Ти преостанува или да му раскинеш или да си живееш со тоа. Сите имаат мани, никој не е совршен. Ете викаш дека претходно само позитивните работи си ги гледала, продолжи и сега така. ;)

    Ама сепак размисли, ако мислиш дека тоа нема да влијае лошо на вашата врска, не би било причина за караници итн., тогаш е во ред, ама ако утре се карате за едно идење на одмор (што притоа секој својот дел би си го платил), дали да биде понудата која е 500е или понудата од 490е тогаш не вреди да се измачуваш. :)
     
  16. Hottie

    Hottie Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    18
    На почетокот не го знаев,претходно реков дека јас бев таа што не дозволува да ме части или да троши пари за мене и подоцна секој сам си плаќаше бидејќи не сакав да помисли дека со него сум за пари. Но,сега се е поинаку ме знае каква сум,но очигледно јас не сум знаела. И јас помислив на тоа дека нема шанси да се смени,сум разговарала ама разговорот секогаш се сведува како што спомнав - не сум вработен,сфати ме,чекам од моите, но тоа не е оправдување. И да,не барам да ми плаќа факултет,маркирани облеки,одмор и слично. Дури срам ми е да побарам од него и 10 денари ако ми фалат,веднаш чувствувам дека не му доаѓа баш добро на душичката. Освен што е одличен дечко за сите други работи,ме спречува да не раскинам и тоа што пробувам да го сфатам па ќе почекам да се вработи да го видам неговиот однос спрема мене,ако и тогаш така продолжи дефинитивно ќе биде крај. А за тоа каква сум јас, сосема споритвно од него. Не се расфрлам со пари,но за него никогаш не сум штедела,а кога го гледам неговиот однос спрема мене во врска со парите верувајте воопшто не ми се троши,губам интерес за изненадувања,поклони и слични работи.
     
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Да тоа ти е добро размислување. Ете он се вади на тоа дека не бил вработен, му требаат пари, штеди... Баш види каков ќе биде кога ќе се вработи. И нормално е така да се чувствуваш, се разбира дека ќе изгубиш интерес. Колку и да сакаш да му купиш некоја ситница или нешто за да го изненадиш он целосно ти ја убива желбата, па и инат да го фати човек.
     
  18. Hottie

    Hottie Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    18
    Очигледно разговор нема да помогне,па ќе оставиме времето да покаже што понатаму.За сите што ме ислушавте и ми дадовте совети,многу ми значи тоа, ви благодарам на сите :)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Macushka23

    Macushka23 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Девојки во голема дилема сум дали да стапам во врска со еден тип. И двајцата се свиѓаме, комуникацијата ни оди супер и се друго е ок но едно нешто ми смета кај него, а тоа е што многу често пие ( мислам на алкохол). Кога и да се слушнеме на тел тој после работа обавезно е седнат некаде во некоја кафана и пие нешто. Тоа никако не ми се допага. Дали би успеала да му ја искоренам таа негова навика со тек на време? Не знам, се двоумам многу и покрај се друго што е супер, а и не знам ако продолжам да го барам совршениот на крај ке останам и без никој . Исто така веке сум на таа возраст кога е малку потешко да најдеш добар партнер ,повекето се зафатени ... Што би правеле вие на мое место?
     
  20. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Прво добро размисли. Немој само затоа што е потешко да најдеш добар партнер, да го прифатиш овој. Размисли добро што чувствуваш кон типот. А дали ќе можеш да ја искоренеш таа навика од него тоа сигурно неможеме ние да ти го кажеме, тоа зависи само од него и од неговите чувства спрема тебе. Отворено разговарај со него, кажи му дека во врската тоа би ти сметало и од неговите одговори ќе можеш да извлечеш нешто што би ти помогнало да донесеш одлука.