Додека не си почнала, воопшто и ништо не почнувај со него... Нема да ја искорени таа навика биди сигурна во тоа. Ова ти го кажувам од лично искуство. Како на сестра ти кажувам. Немој подоцна да се каеш. Ќе имаш само нервози ништо повеќе. Каде и да отидете тој ќе се опие а ти ќе гледаш од страна и само ќе се нервираш. Колку и да е добар кога е трезен, неможеш да знаеш каква пијанка има. Ќе бидеш навредувана, повредувана. Само ќе плачеш и ќе се нервираш. Ќе се уништиш. Мераклија на чашката не ти е потребен... Што и да одлучиш ти посакувам се најдобро
Внимавај мацушка,еве ке дојди ред да се земете и? ке проколнуваш се!Размисли,после да не жалиш.Размисли добро!
Се мислев цело време од каде да почнам, па се сетив, ке почнам од самиот почеток. Еве вака. Имам дваесетина и кусур години, живеам сама, така да скоро цело време го поминувам со друштво или надвор од дома. Продукт сум на разведени родители, и во моментов не можам да се сетам на конкретен момент кога тие некогаш биле до мене,кога најмногу ми требале. Како и да е, никогаш болно не го прифатив разводот на мноите родители,тоа го сфатив како нивни проблем што не треба мене да ме засега.Знаете, се си носи свои бенефиции, па така и истата таа ситуација ме наведе да мислам дека не треба никому да верувам,и не само тоа, ме направи силна и ме натера да внимавам со кого, што и како.Така и бидна. Бидејки живеам во мало место веќе ја знаете ситуацијата, сите знаат се за секого. Но јас некако успеав да ги избеганм сите тие озборувања кои сакале или не, не следат, и важам за стабила и цверста особа (и покрај сите тие "сра*а" што ги имам поминато во овој мал период од 15тина години откако моите се разведоа). Да се вратиме на темата. Во ова мало идеално место за живеење дружам прилично со врсници од кои и една другарка. Да, претежно се дружам со машки. Не знам зошто никогаш не им верував на жените па така и на таа моја "другарка" не можам де речам дека целосно и верувам. Но покрај се ја сакам и ја почитувам многу. Беше сабота. Се истуширав и излегов со другарка ми во едно кафуле каде што обично излегуваме. Не сум од типот на луѓе коа шират познанства и кои сакаат да остават длабок впечаток, едноставно сум онаа "јас" и не глумам пред никого. Исивме по еден пијалок и излеговме надвор на цигара. Таму беше и тој. Се имавме запозаено од претходниот викед, и баш сакаше да муабети, тоа ми годеше. Во малите места на живеење обично и нема што да муабетиш бидејки целата комуникација е сведена на озборување, а мене тоа баш и не ме засега. Но тој, тој имаше толку многу работи во себе што ги споделуваше и некако посакував никогаш да не престане да зборува, можев да го слушам цела вечер. Тој ... тој е маш што секоја жена би го посакала. Има се, ама баш "се", а покрај тоа и добива "се" што ке посака. Така е и со жените.Може да ја има секоја што ке ја посака, но... не и јас. Не смеев да дозволам толку лесно да паднам тој негов недолив шарм. Ја има најслатката насмевка што некогаш ја имам видено, и тие длабоки зелени очи ме гледаа како веке да ме поседува... и беше во право. Го посакував многу... Но јас сум таква личност што никогаш не покажува слабост па не покажав ни пред него. Му беше јасно дека кај него немаше ама баш ништо што не ми се допаѓа, но и дека тоа не е се што треба да покаже за да ме импресионира. Веке беше доцна и се договоривме да одиме кај мене на "афтерпарти"! Отидовме неколкумина,меѓу нив и тој и другарка ми. Овде веќе се знаеше како ке се заврши се, но не и кој со кого... сонцето чукаше на прагот на новата зора, и сите некако брзавме да ќариме нешто, кој што може. Очигледно тој сакаше да ме ќари мене, ама јас си имав зацртано во глава дека јас одлучувам со кого и како ке завршам и тоа не само во оваа ситуација, па така и тој престана да се труди околу мене, па премина на друга тактика. Тука беше другарка ми... Така ти е тоа... ако само не се зае** нема кој друг да те среди. Полека почнавме да влегуваме од терасата према интериерот и веке сите бевме внатре ... бидејки беше утро, јас одлучив да се истуширам и да легнам да поспијам, ми беше јасно дека од мене и од него нема ништо да бидне овој пат... Излегов од бањата, и видов баш тоа што заслужував да видам. неговите другари веќе ги немаше, а тој седеше на фотељата со другарками во неговиот скут, остатокот претпоставувам веќе го знаете. Поминав несакајки да сум сведок на тој чин а тој цело време ме гледаше во очи додека одминував, другарка ми не ме ни примети... денот веќе беше пристигнал, другарка ми веќе ја бараа од дома, и сите мораа да заминат па и тој. Таа побрза да се качи во неговиот мерцедес со гуми поскапи од мојата годишна заработувачка, додека тој пак застана на огледалото во ходникот и ги навлекуваше пантолоните на себе, не покажувајки никаков интерес према мене. Ја вметна кошулата во панотлоните и се огледуваше некои 3 мин на огледалото додека јас стоев на врата од мојата соба. Си велев: "аман бе Дијана до кога ке глумиш недопирлива, знаеш дека сега можеше да завршиш поинаку и среќна а не разочарана и сама како секогаш." Тој уште беше тука некако не му се одеше, привршуваше пред огледалото па му реков од далеку: "убав си" . Тој се сврте према мене се стрча, мислев ке дојде да ме поздрави но тој ги рашири рацете, едната веќе ме допираше по образот а другата ја чувствував преку моите рамења. Ме погледна во очи и полека се наведна кон мене и ѓи почувствував неговите усни на моите. Брзав да го отурнам од мене а тој само ме праша -"ама зошто?! Знаеш дека не ми е сеедно". Ја наведнав главата надолу и му реков да оди... ме погледна како да се чувствува крив и како да сакаше да ми каже многу работи но јас го прекинав и му повторив дека го чекаат и дека треба да оди. Замина... а јас повторно останав сама... како и секогаш... Што да правам ?
Ме трогна со начинот на кој се изразуваш.Си се вљубила и за среќа тоа е обострано. Те советувам да не ја пропушташ шансата, ако мислиш дека ти е среќа .Се гледа дека повеќе сакаш да си со него отколку што се двоумиш.Дечкото те бакнал и јасно ти дал до знаење дека му се допагаш, повеќе од другарка ти. Спојлер Ако другарка ти знаела на некој начин дека ти се допага и пак завршила во неговиот скут, не ти е вистинска другарка .А ако не знаела ,дечкото сакал само да го привлече твоето внимание и успеал во тоа
DijanaBeBrat како што читав само си викав во себе:"Само да не прочитам дека спиела со него." Уфф.. на крај ми олесна искрена да бидам. Срцево ми лупаше како за сестра ми да читам, а не за непозната девојка. Чудно. Вака ситуацијава сега за сега ветува многу според мене. Факт е дека дечкото те свиѓа тебе, факт е дека и ти го свиѓаш него. Е сега другарка ти изникнала баш таму каде што никој не ја насадил. Незнам што имала потреба да се меша ама сепак мое мислење е ти малце да си се повлечеш од неа. Некако ми изгледа на личност што мора да биде во центарот на сечиј живот. Е сега па и да не судам одма, можеби не знаела дека ете ти се свиѓа, што се сомневам ама ај. Мој совет, немој само одма да паднеш. Со ваквите нема чисти игри, има само прљави. Со ваков мораш тактики, и што покасно му паднеш во раце толку подобро за тебе. Штом првата вечер не се случило ништо тогаш на добар пат си. Сега си му уште поинтересна. Он не е навикнат да губи, сега биди спремна и знај дека ќе запне уште повеќе. Само ти реков гледај да изиграш тактички и во твоја полза. Уште нешто, да не заборавиме дека другарка ти прва започнала нешто со него, знам дека ти и он први сте се виделе, ти прва си го засвиѓала, ама сепак разговарај со неа. Објасни и' го ова. Прашај ја крај краева зошто му се нафрлила кога знаела дека ти го свиѓаш. Па од исходот на тој разговор ќе знаеш што да правиш. Само уште еден совет најдобронамерен, не очекувај премногу со вакви како него. Биди претпазлива. Нека не биде се по секоја цена. Па и да останеш пак сама, што има врска, големо чудо, има други риби во морето не е само тој.
Штом се двоумиш и размислуваш да или не,ти не си сигурна дека сакаш да бидеш во врска со него.Мое мислење е малку да размислиш пред да донесеш таква одлука.Но немој да бидеш во врска со него само заради тоа што тешко се наога друг.Да,можеби е тешко,но не е невозможно.Мора да постои друг ако тој не е вистинскиот и ке го најдеш порано или подоцна.
Dijana,се чудев што паметно да кажам а да не згрешам .Aми според мене секоја чест и на дечкото и на другарка ти .Kојзнае колкав голем заводник се мисли типот но колку и да е убав неодолив и шармантен немој да паѓаш ниско како него па зарем на забава кај тебе спиел со другарка ти и очекува ти да си следната која ,,ќе му падне,, .Tој не губи време воопшто машала,иако и друшкава не е нешто посалам од него,еден за друг си се таман.Kако да те советувам незнам ако не ти пречи што другарка ти му била в скут тогаш напред ,но мислам дека не би требало да се спуштиш на негово ниво ,тој пропуштил шанса со тебе тој згрешил ти не си виновна а можеби неговата цел била да биде со која и да е таа ноќ и голема е веројатноста да спие со секоја ќе ја сретне попат .Kако што рече погоре една феминка:не е само тој,има многу риби во морето,и не си виновна секако ќе најдеш личност што ќе ти одговара.
Само ќе додадам Типот згрешил што го направил тоа со другарка ти,за на крај да ти каже дека не му е сеедно. Наместо тоа,можел целото време да го помине освојувајќи те,а не да те прави љуборна и тоа со најдобрата другарка.Тотално погрешен потег,според мене. За другарка ти,нема да коментирам,зошто имаш право со тоа што кажуваш дека во денешно време не се верува на никој.Да веруваш во некого е како да бараш игла во сено.А таа "игла" не е другарка ти.Знаејќи дека ти се свиѓа,она завршила со него вечерта.Лека полека,тргни се од неа,зошто ако сакаш да направиш нешто со дечкото,она верувај ќе ти биде пречка. Реков не коментирам,а сепак искоментирав Убаво процени го дечково,нека помине време,не попуштај.Нека успее да заслужи за да бидеш со него. На крај краева,и на тебе не ти е сеедно што така испаднало.Стај си се на прво место,пази да не бидеш повредена Поздрав
Ви благодарам девојки, проблемот е во тоа што јас не знам кој кому се нафрлил, другарка ми нему или тој неа. А според тоа колку него го познавам делува како особа која знае што сака, и јасно покажуваше дека му се допаѓам, додека не пројавува никаков интерес за другарка ми... што се однесува до другарка ми, таа никогаш немала проблем да заведе или да се соблече пред некој па макар и да го познава само неколку часа .... меѓутоа не можам да донесам заклучок во однос на настанатото, можам само да претоставувам... а не се чувствувам пријатно да се распрашувам ни кај неа ни кај него... во меѓувреме контактирам и со двајцата. Таа само рече дека си поминала убаво но не дека го сфаќа сериозно, но исто така и дека не би пропуштила следна прилика со него . Додека тој пак продолжува да ми дава до знаење дека му се допаѓам, но и дека другарка ми ок,но не и дека е тоа што тој посакува кај една жена ... сепак не сакам да пресудам неправилно.
DijanaBeBrat според новонапишаното од твоја страна јас ќе ти речам дека и двајцата не те заслужуваат. На некој начин те повредиле, а не се ни свесни за тоа затоа што за нив ова е игра без чувства. На него му прија што две девојки се околу него и незнае што сака, а на неа очигледно и' е важно само да се соблече на некого и ништо друго. Вистинските вредности што очигледно ти ги бараш, тешко дека кај нив ќе ги најдеш. Се гледа дека сакаш искрен и вистински пријател (а кај "другарка ти" тоа тешко дека ќе го најдеш) и искрена и вистинска љубов (исто така бараш на погрешно место во случајов). Мој совет ако несакаш да бидеш повредена повлечи се и од двајцата. Другарка ти ова може и друг пат да ти го направи дури и со некој твој дечко, затоа што се гледа дека кај неа преовладуваат физичките нагони, а момаков што мисли дека е голем фраер не е ништо поарен, утре ако ти стане дечко може пак нешто со неа да проба или па со некоја друга. Добро е што на време си ги покажале вистинските лица и индиректно ти се' покажале такви какви што се.
Не викај два пати. Јас имам доказ за спротивното. Доказот ми се шета секој ден по куќи. А да. и по некоја случајност, сестра ми е. Од кога ја запозна сестра ми, само што го намали, не откажа, намали алкохолот, тој ослабе 13 кила. Ако види тој дека ти имаш нешто за што вреди тој ако не да го откаже, да намали со алкохолот, верувај ќе го направи. Само биди стрплива.
Секако зависи од човекот.А и не знам дали го мавнале првите животни големи проблеми. И јас имам пример за моето тврдење.И секој ден ми шета по куќа.И секоја недела се запива.
Да ви го раскажам и јас моето проблемче. Пред некој ден се договоривме со партнерот и друштвото да одиме на езеро малку да прошетаме, на скара на едно прекрасно место. Се беше ок се договоривме и тгрнавме. (Имам пишувано во др теми дека мојов е близок со сестра му а тоа ме нервира, пред нив е како потрчко, кај што ке му речат тој оди за нив прави се, а тие тоа воопшто не го ценат и секогаш му префрлаат) Одиме по пат и дознаваме дека тие дошле на гости. И јас му велам па зошто не кажаа дека ќе идат ќе тргневме пола сааат покасно, да се видеше со нив. А тие се налутиле зошто не сме биле дома Тој ми вели ми се јавија ама јас им реков дека веќе сум договорен, да не откажувам сега, добро му велам за пола саат покасно илои порано ништо не менува. А уствари тие не му се ни јавиле и тој се изненадил кога слушнал дека дошле. Пред мене рече така као демек нема врска, ако дошле сега јас да не откажувам, а знае дека ќе му речам дека не се во право што се лутат, и зошто не кажале дека ќе идат да ги почекаме. И овој мојов само што се вративме дома ми вели ајде сакаш да одиме кај нив сега ( а тие живеат во др град) јас целата ваква сега му велам што збориш уморни од пат , таму да одиме, па вели сакам да ги видам. се изнервирав и му велам јас не идам сега ако сакаш ти оди. И тој одма после се јавил да им се извини, и да им каже да не се лутат. И слушајте што им рекол.Ова највеќе ме изнервира, мене ми вели знаев дека ќе дојдат нема врска сега да не откажувам а нив им рекол; Да се јавевте дека ќе идете немаше да одиме, дома ќе бев ќе се видевме ама вие не се јавивте,. Многу се изнервирав што ме лаже, не можам јас секогаш со нив да се замарам, да пазам кај одам што правам да не се налути господата. Некогаш и го зезам му велам кажи кај си или викни ги да не се лутат после. Некој совет тактика со партнеров како да постапам, дали да му речам зошто мене едно нив др им вели или да си ќутам? Не сакам и понатаму во животов заради нив да се карам со него.
савана, имам чуство дека премногу се замараш за се и сешто. те имам читано и претходно ти сметаше помошта од неговите родители итн итн да не сум офтопик она што сакав да кажам е дека се нешто тебе ти смета ( извини немам лоша намера само заклучок те молам не се лути) според годините гледам дека си млада а претпоставувам и вереникот твој така да нормално е да си биде приврзан за фамилијата. не му ја мисли толку остави го со неговата фамилија он да си се справува што има ти да расправаш криви дрини? јас еве мажена сум па кога се работи нешто за брат му или било кој од неговото семејство го оставам сам да си ја реши ситуацијата што имам јас да се мешам, него му е брат и знае најдобро како да постапи со него. чим тебе не те мешаат и не ти ги расипале плановите што има да се живцираш? опушти се малку, уживај не го анализирај секој збор, вереникот твој сигурно така зборел бидејќи се плаши од твојата реакција а не сакал ни да ги навреди нив. јас тактики не поштувам, само искрено и со разум каде треба да се замешаш и каде треба да кажеш нешто или да заќутиш.
Во право си јас многу се замарам за се и сешто, едноставно многу станав напната. Брзо избувнувам кога се во прашање некои вакви работи. Ме нервира тоа што пред мене едно пред нив друго, што и да направи тие пак ќе му најдат замерка, зарем таков ќе остане секогаш, да им угодува на сите? И после на крајот пак не чини... не знам како да му го докажам ова или пак со време ќе сфати. Да можам барем малку да бидам како него, тој воопшто не се замара со мојата фамилија да ми префрла и сл, ептен ретко може да си каже мислење и тоа е тоа, а јас не можам.
Имам проблем со една другарка... таа се потпира на мене и буквално секој совет го зима, а јас сакам навистина да и помогнам на правилен начин, но овде сум и јас збунета, па ке ве молам и за ваше мислење... Таа имаше дечко, но сега се како на пауза, караници дрн дрн каде и да е ваљда ке раскинат - таа не го сака. Се беше во ред додека еднаш не ми рече дека сака да има нешто со еден мој поранешен колега, кој има 27 години (а таа е 1.. Типот е фин, стварно добра душа, си работи најнормално, малку е несоциализиран (чуден во друштво де) ама сее во ред.. Е сега ме бунат годините.. Бидејки тој е повлечен неможам да ја замислам неа во било каква љубовна врска со него.. И јас го знам веке 3 години и за целото тоа време немал женска, ниту пак некоја со која имал некоја искра, така да ваљда има причина и за тоа, иако е повлечен мислам дека има и нешто друго во него поради кое е таков. Мегутоа не сум јас спроти него за да видам што би било тоа што би ме одбило, а таа бидејки излегува од долга врска е исто заслепена и во глава и е само -мора да го имам веднаш-. Забегав малце (сори) да беше 22 години немаше да се замарам, ако не и чинеше крај и готово, но тој е 27 и навистина незнам како да го сватам овој податок... Секој совет ми е добредојтен бидејки навистина си ја сакам и сакам да и помогнам..