Штом се двоумиш и размислуваш да или не,ти не си сигурна дека сакаш да бидеш во врска со него.Мое мислење е малку да размислиш пред да донесеш таква одлука.Но немој да бидеш во врска со него само заради тоа што тешко се наога друг.Да,можеби е тешко,но не е невозможно.Мора да постои друг ако тој не е вистинскиот и ке го најдеш порано или подоцна.[/q Не можев да остана рамнодушна и да не пишам од причина што имам искуство со човек кој не можеше да одолее на алкохолот. Не би ти препорачала врска со таков човек, нормално никој не е совршен и секој има мана, но ова може да стане сериозно, верувај не би можела да го измениш и да ја искорениш таа навика ма колку и да се трудиш,само може да стане полошо, да почне повеќе да пие. Лугето кои конзумираат алкохол се склони и кон насилство,нели секако тоа е индивидуално, зависи како му дејствува пиењето. И немој никако да се заморуваш со тоа дека веке ти е време и те е страв да не останеш сама, вистинскиот сам ќе дојде, затоа што некои работи е подобро да се спречат отколку да се лечат. Сепак ова е само мое мислење, но многу добро размисли пред да одлучеш
Бегај подалеку од таков.Верувај со него нема да имаш нормална врска,секое излегување ќе ти се сведува на кавги,дерење,тегнење по кафичи...сум поминала низ ова и мило ми е што навреме ставив крај (кратко траеше).Не си свесна колку понижувачки е да ти прај дечкото (пијаница) проблеми пред други луѓе и тоа за глупости...ако почниш со него врска,очекувај вака да ти прај.Плус,нема да го смениш,џабе е а најубо... не пробувај да сменуваш никој едноставно не почнувај ништо со него.Се надевам ме сфати.Позз
Кажи и отворено дека не ти се свиѓа идејата таа да биде со него, штом сте толку блиски сигурно нема да те сфати погрешно ако и кажеш така. Објасни и за маните на типот и дека сакаш да биде пак повредена, крај краева - твое е само да и дадеш совет, голема е сама ќе одлучи што понатаму.
Мене најмногу ме бунат годините - да беше помал ке разберев... Не мислиш дека толкава разлика е премногу
Aнистон,пробај посериозно да и објасниш на другарка ти дека типот не е многу дружељубив и дека има 27 год ,мене ми се чини голема разликата меѓу нив ,но ти предупреди ја како другарка ,другото останува на неа и да не очекува веднаш тој во раце да и падне ,нека го запознае првин убаво па после да донесува заклучоци оти којзнае дали тој воопшто ќе и предложи романтична врска,нели така Tаа плус сеуште има дечко,и на тоа нека размисли во секој случај подобро нека раскине отколку да биде несреќна со некој што не го сака.
Вака...Имам двајца најдобри другари,ептен сме блиски .X I G da ne gi imenuvam..Со X се запознавме во еден кафич кај што работев и после на фб многу се зближивме почнавме да излегуваме ,Ми се допаѓаше многу и јас на него ама како за беља тој си имаше девојка и затоа јас одлучив да си бидеме само другари да не си правам проблеми иако чувствував нешто повеќе за него сепак го криев тоа за мое добро.Преку X го запознав и G и така си станавме многу добри другари,Знаат се за мене и јас за нив ,за било што се тука за мене.X работи во странство и кога доаѓа цело слободно време го искористуваме заедно...да преминам на главното,---- X отиде на работа во странство и јас останав со другар ми G ,секој ден сме си заедно си излегуваме и со друштво и сами и сите почнаа да не зафркаваат демек ние идеме во врска сме бла бла,,и почнавме да се зафркаваме и ние и така од заебанција G ми призна дека е заљубен во мене..Искрено и јас почнав да чуствувам нешто за него повеќе од другарство,е сега се чуствувам глупо бидејќи X ми се допаѓаше а они се ко браќа исто.. Многу сум збунета и затоа одлучив да побарам помош тука-Пред неколку дена дознав дека татко му на G е како да казам полу циганин полу наш и тоа би било најголема пречка бидејки моите се против тоа полу полу...Братучетка ми имаше таков проблем и се откажаа сите од неа ама за среќа после некое време кога се роди малото ги прифатија ама сепак знам низ што се поминаа за да бидат заедно. MНОГУУУ СУМ ЗБУНЕТА не знам што да правам ! Ме мачи прво каква ке биде реакцијата кога ке дознае X дека G ме сака ,и најголем проблем е тоа што гаам емоции за G тој ме сака ме цени ме чува и се убаво ама тоа што е полу полу ме мачи,Не сакам да повредам никого нити самата себе,збунета сум и се надевам дека некој ке ми помогне да најдам некое решение
Како да постапам правилно?Збунетаа!! Ако си сигурна во чувствата и ако баш тој е тој што го сакаш и сакаш остатокот од животот да го поминеш со него тогаш бори се. Вистинската љубов бара и жртва, ако се сакате вие двајцата никој неможе да ве спречи да бидете среќни, заедно ќе пребродите се. Тоа е моето мислење и мојот совет во врска со случајот.
Тој не знае дека знам за неговите за тоа полу полу ,Му реков дека не сум сигурна во моите чувства бидејки сево ова ме мачи,Не сакам да го изгубам како другар првенствено а и не знам дали да се борам што да правам не знам
Не е љубовен проблем ама ми треба совет ! Излегов со едно дете...на моја воздраст.. али ништо не почувствував кон него.. ама си поминав прекрасно ... после излегов со едно дете.. ама мајка ми не ја одобрува нашата врска.. кон него почувствував ама не нешто многу.. никој не знае дека сме излегле со другото дете .. само јас и он.. ама се скарав со домашниве и не ме пуштаат од дома да излезам.. :/ си го сакам уште статусот СИНГЛ .. а и двајцата се малку напорни.. а и не сакам летово некаква врска.. за колку само да бидам во врска..или озбилна врска .. или ништо .. што да праем ?
Мој совет ти е ако планираш да останеш сингл , не почнувај ништо...или пак прави нешто со него али ради реда..пази да не се заљубиш , зашто јас ништо не чувстував на почеток со дечко ми ама ете се со тек на време го засакав и сега тешко ми е кога ке се скараме, се навикнавме еден на друг..Ако толку му имаш мерак искочи неколку пати ама не го сфаќај тоа за озбилно...мислам ако сакаш да си бидеш сингл...
Фалаа мноогу.. а иначе една другарка има проблем.. само не е членка на форумов па ме замоли да прашам за неа .. ма да јас и кажав мое мислење .. но она сака и од други .. Има бивши мувач , тој пред некој ден ја покани на состанок.. се мисли дали да прифати или не .. му рекла дека има работа сега за сега а за следната недела ке видела.. јас и реков да не оди .. затоа што тој кога беа заедно некое време се однесуваше супер ама она отиде на одмор на почеток на летово и тој цело време мислеше дека ќе го изневери а јас му објаснував дека нема со кого таму да го изневери кога е отидена со семејството...после тоа кога таа се врати и му докажа дека го нема изневерено тој и рече дека не била достојна за да му биде мувачица... и дека не била ни толку убава за да се нервира он за неа.. и долго време не се гледаа.. пред некој ден се виделе и он ја адднал на фејс и ја поканил на состанок .. што мислите да оди или не ? јас велам да не оди
Прво како може да и' збори за изневерување кога они не ни биле во врска? Второ како тоа не била достојна да му биде мувачица? И не била толку убава? А тој Бред Пит да не се замислува дека е? Бог да чува од такви. Нека го батали таму, прво и основно тој нема самодоверба, искомплексиран е, а тоа очигледно го прикрива со тоа што е нарцисоидно настроен, а па културата му е под нулата. На девојка која што била со него да и' каже дека не била достојна за него и не била убава? Мочко еден. Уф колку ме нервираат вакви што мислат дека светот околу нив се врти. Другарка ти нека му каже дека ако она не му е достојна тогаш он не е дораснат да биде со неа и на врвот од штиклата неможе да и' се фати. Сељак. Ете така.
мило ми е што некој конечно се согласи со мене.. ке и го покажам коментарот.. се надевам ке свати дека не е тој за неа ..
Мацо јас пред да се фатам со дечко ми тој беше секој петок и секоја сабота пијан даска. Се дешаваше и на почетокот од врскава да се пијани, да повраќа, се брукаше пред цел град, јас го носев дома. Се додека еднаш лани летото се испијани толку многу што не можеше да оди. Се деси шо се деси сеа не е толку битно за мене ова туку за тебе, вечерта му реков дека раскинуваме не можам повеќе да одам со некој ко него, пијаница ваков таков и си заминав дома. После 10 минути дојде кај мене дома пијан ко шо беше никаков ко бездомник (сеа смешно ми е тогаш ми се плачеше ) ме молеше да сме заедно и ми поврати пред влез Јас бев решена дека е готово и го пуштив со такси дома да си оди. Другиот ден дојде дома кај мене со чоколадо демек нешо ко извини работава Јас му реков одбери си: "Или јас или пијани се секој викенд"... 1 и пол година скоро сме заедно сега, ми вети дека повеќе нема да прави како што правеше и си стои на зборот да не зарекувам пупу.... Муабетов ми беше ако те сака може да се смени верувај. Најдобро е да му кажеш дека тоа ти смета и плус не е добро за него да е таков, за негово здравје. Е сеа ова е мое искуство лично, за други не знам шо им се дешавало, јас верувам дека луѓето можат да се променат за некој што навистина им значи
Види, и јас имам проблем малку со алкохолот (малку де) мислам не се пијанам често, ретко да правам глупости ради тоа, но пијам често... Верувај тоа се менува и мислам дека ако стапиш со него во врска и се е океј сам ке си го искорени тоа бидејки нема да му треба.. И јас неможам да си замислам после работа да не испијам 2-3 пива или неколку водки.. А кога сум имала стресен ден без неколку чашки не минува, дури и сама да сум дома.. Знам дека од страна изгледа алкохоличарски, но јас сум од другата страна и не мислам така, додека нема претерувања и е менливо не е страшно
Со дечко ми идеме веќе подолго време. Нашата врска е супер - ми пишува, ми се јавува, романтичен е, забавен, паметен е, едноставно прекрасен е. Он се труди, јас се трудам. Проблемот е што го сакам, ама не сакам да бидам во врска сеуште, затоа што почнав да сакам да бидам сама, можеби да се смувам со некој друг тип (нема трета личност во врскава, само пример е), едноставно се’ повеќе имам впечаток дека на овие години не треба да се затварам во врска, дека треба да бидам сама и да се забавувам додека можам, дека има некои работи што треба да се искусат на овие години, а не на 30 кога ке се биде во брак, ако ме сфаќате. Се осеќам многу лошо затоа што ситуацијава ми делува дека ја сум го нашла принцот од моите соништа, ама.. премногу рано. Врската ни е стварно супер, сите се: “Леле колку сте совршени еден за друг, никогаш немојте да раскинете“ и страв ми е дека ако му раскинам, ке сфатам дека тоа било голема грешка, дека нема никогаш да најдам некој толку добар дечко и дека ке биде касно да се врати се како што било. Толку време сум у врска што се плашам дека нема да се снајдам баш како сингл девојка. Заради се’ ова, немам храброст да му раскинам, а мал дел од мене не е ни сигурен дека го сака ова, најверојатно затоа што секогаш ни е полесно да си останеме онаму каде што е безбедно. Не сакам да го повредам, ама ако му раскинам знам дека ќе биде така и премногу ми е жал. Помош..?