Верувај ова чуство го има секоја зафатена девојка и на 15 и на 25 и на 35, некои и на 75 Според мене е фаза само, кога ке раскинеш ке се убиеш од плачење прво, после ке пробаш да уживаш можеби во статусот сингл но да бидеме реални не е како во филмовите едвај ке најдеш другарка да излезеш, едвај и ке најдеш некој добар муватор и кога после месец два ке ти скисне ке си го видеш принцот во туги прегратки а ти ке се измачиш да си најдеш пристоен дечко... Не дека сум за женувачки уште на 16 години но сепак си личи секоја личност да си има и своја половина...
Мој совет е да си размислиш и ако навистина несакаш да бидеш во врска на тие години тогаш раскини. Подобро така отколку постојано да се прашуваш што би било кога би било. Гледам дека имаш 19 години млада си ќе запознаеш некој и понатака. Овој не е еден и единствен што ти одговара. Според мене во сериозна врска треба да се влезе кога веќе ќе бидеш презаситен од искачања, од нови работи, откако ќе пробаш тоа што сакаш да пробаш, па откако ќе заврши тоа и кога веќе ќе ти дојде преку глава и ќе сакаш да си се смириш треба да си влезеш во сериозна врска. Е тогаш нема да има вакви прашања и подпрашања. Не се сложувам дека секогаш го има ова. Тој што си изживеал многу во младоста нема вакви прашања, затоа што не е љубопитен за ништо, го постигнал тоа што мислел и готово. А ти вака се чувствуваш затоа што очигледно не си се презаситила од многу работи, ти треба уште време. Сеуште си млада, затоа мој совет е подобро раскини и живеј си го животот така како што мислиш па сериозна врска ќе си дојде пак со тек на време. Затоа што сега ти ќе почнеш да го потиснуваш ова чувство ама тоа со тек на време ќе избие повторно на површина. Е тогаш баш ќе бидеш како тие од 30 години што ги спомнуваш во твојот пост. И јас започнав на 19 сериозна врска ама јас нема нешто што требало и сум сакала, а не сум го поминала. Не мислам на мувања и дечковци. Таква желба не сум имала и не сум била љубопитна за тоа. Ама шетање, искачања, другарки, пиење, дискотеки, кафичи, не зборам само за Скопје, значи викенди со друштво сме оделе во други градови низ Македонија. После на одмори со другарки, каде не и што не. Моево е можеби нула за некој друг, но сепак толку ни биле можностите и финансиски, ама за мене е доволно, нема нешто што мислам дека не сум го поминала, нема нешто што мислам дека требало да го направам или па ми било желба, а не сум го остварила и не сум љубопитна за ништо. Затоа и си започнав врска толку мала ама и се знаеше тоа, еве и другаркиве мои дали една или две немаат дечко, сите што бевме заедно во тие луди години во средно сега се смирени и ништо не им се прави. И да напоменам јас почнав со искачања на 16 години, може и помала сум била. Не дека моево е супер, не треба толку рано да се започнува зашто после немаш дурго што да правиш освен дечко да фатиш ама па и тоа си има предност затоа што созреваш многу порано од твоите врсници. Така што зависи кој, како ама според мене мора да се помине тој турбулентен период кога мислиш дека едно излегување во дискотека е најважната работа во моментот.
So deckomi odime dolgo vreme..Premnogu se sakavme uste se sakame ama ne ko porano..Nekoj negovi drugari go lazea deka odam so drug i sega pocna da e laden on mene ne me bara cesto, ko ke se javi mi vika kade si i mi isklucuva.. Ne znam sto da pravam zbuneta sum premnogu mi e tesko po celo vreme na mobilen e samo zboruva znam deka ima druga ve molam kazete mi sto da pravam (( Premnogu go sakam ne sakam da go ostavam VE MOLAM ...!!! :'(
Ponekogas ke treba da odlucis nesto i protiv tvoite zelbi. Ako ima druga toa znaci deka toj, ne deka drugarite kazale takvo nesto za tebe no postoi moznost i toj da izmislil takvo nesto samo da te odaleci.
Алкохолот ке донесе некогаш човекот да не се држи, и кога ти ќе и се спротиставиш на нешто може и да ти наштети. Имам роднина којашто се разведе од мажот само заради тоа што он пиеше и често ситуацијата излегла од контрола. Затоа анализирај ги работите подобро.
Значи ти би дозволила да бидеш дел од лоша врска, би се прегазила себеси и своите ставови/потреби само за да бидеш со типот? Прво, очигледно е дека твојот дечко нема многу доверба во тебе чим толку слепо им верува на неговите другари без да се увери дали е вистина тоа што го зборат или не, а и тоа се забележува по прашањето “Каде си?“. Фактот што сте заедно не му дава никакво право да те контролира. Второ, дури и да му кажале такво нешто другарите, постои нешто што се вика МУАБЕТ и најчесто ги решава сите дилеми и проблеми. Така што место да биде ладен спрема тебе, може да покаже повеќе почит и да ти направи муабет. Размисли, колку вашава врска има шанси да опстои? Он нема доверба во тебе, не те почитува доволно, а и самата си кажуваш дека не се сакате ко порано. Што ти е поважно? Ти или типот? На твое место би му раскинала.
Имам навистина голем проблем. Пред некое време дечко ми го нареков со името на бившиот. Бев пијана и незнам како ми излета. Истото ми се има случено и лани летото кога бев пијана но тогаш ми опрости. Немам чувства кон бившиот но понекогаш се сетам на него. Мозокот ми вели дека треба да се смирам со сегашниот но тој е некако многу ладен. Кажете ми како да постапам, што да му кажам леле ќе полудам многу ми е тешко овие 2-3 дена постојано му пишувам на фб ама он ладно враќа, вчера му звонев вели кажи што сакаш...ај плс совет...
И мојот така направи еднаш и мноооогу му се налутив. Тогаш беше на почетокот, потоа се извинуваше. Ако одите долго дечкоти се има навредено. Немој да пиеш толку многу, а ако веќе пиеш немој да му се јавуваш. Сега можеш само да му се извиниш, а него ќе му помине. Среќно
sparklegirl Сигурна си дека немаш чувства за бившиот? Некако чудно ми е тоа грешење на името на партнерот. Сигурно почесто од вообичаено мислиш на бившиот па затоа ова ти се случува. Ама мене тука ми се наметнува прашањето зошто мислиш на бившиот кога велиш дека го сакаш дечко ти? Сигурно е многу лут, плус па и претходно ви се има ова случено. Мој совет ти е прво да си размислиш ти самата дали навистина имаш расчистено со минатото. Ако да, тогаш не ти преостанува ништо друго освен да го замолиш дечко ти да ти прости и да му ветиш дека никогаш повеќе нема да го направиш тоа. А и ако ти се случува секогаш кога ќе се напиеш малку повеќе, тогаш немој да пиеш, или барем одбегнувај кога ќе бидеш со дечко ти да пиеш многу. А ако мислиш дека сеуште постои нешто во тебе за бившиот подобро раскини со дечко ти, ни него немој да го мачиш, а ни себе. Ама прво расчисти си ти самата со себе.
^ Можеби, ама според мене не е така. Во ред е до некаде ако е на почеток на врска ама неможам да сфатам сега дечко ми по скоро две години врска да ме нарече со име на некоја друга девојка. Чудно е некако, ама не само чудно има да се налутам на "велико". За мене позади тоа се крие многу повеќе отколку што изгледа и не е баш тоа така наивно за потценување. Штознам, тоа е само мое мислење.
Неможам да му раскинам тој едноставно ми е навика бидејки е секогаш тука кога ми е најпотребен. А јас не го заслужувам. И на мене да ми го е погрешил името многу ќе сум се лутела. Но сега се надевам дека ќе омекне. Плус ми кажа дека ќе сме се смириле само ако се променам. Но јас незнам како да се сменам
^ Тогаш седнете и во четири очи кажете си и двајцата што ви смета. Без лутење, без нервоза, само смирено. И договорете се што ќе правите. Само така ќе знаете каде грешите, на што треба да бидете претпазливи и што би требало да се смени. Друг начин освен искрен и смирен разговор за решавање на некој проблем јас лично незнам. Пробајте, ништо неможете да изгубите.
Се чуствува повредено и кој знае што уште не му проаѓа низ глава, да му го згрешиш името, плус да го помешаш со бившиот дечко па уште и по втор пат. Незнам зошто воопшто мислиш на бившиот доколку не го сакаш. Кој знае колку бедно се чувствува, девојката која ја сака, со која го минува времето, сеуште мисли на бившиот тоа е првото објаснување кое тој самиот ќе си го даде, си зборувала, си му пишала но тоа нема да го смени фактот дека си го изговорила името на бившиот дечко. Остави го малце нека се смири, нека олади и пробај да зборуваш со него се надевам дека ќе најдеш начин да допреш до него, покажи му дека ти значи доколку сакаш да бидете заедно и доколку го сакаш