Ви благодарам пред се за критиките и не ги сваќам негативно туку напротив, знам дека се сосема реални и дека јас сум таа која испадна „кучка“ во ситуацијава. Мислејки нокеска и утрово како да најдам решение за проблемов, дојдов а идеа да постапам на следниов начин: Да се дистанцирам скроз од дечкото на другарками, што веќе почнав да го правам затоа што ми се јави типот пред половина час и ме викаше да одам кај него затоа што бил сам а неговите биле во Крушево, секако дека одбив и му реков повеќе да не ме бара. Ја пофтори заканата дека ќе му каже се на дечкоми па дури одеше дотаму велејки ми: И да негираш знам како ќе го убедам дечкоти да свати со сигурност дека си била со мене. Кога го запрашав како ќе го убеди, тој ми рече: Ќе му кажам каде имаш бемка т.е нешто како темна флека на кожата што може да ја види само оној што бил интимен со тебе. И навистина имам бемка т.е интимниот дел нешто во вид на слива( старите веруваат дека тоа се појавува бидејки кога жената е трудна ако украде нешто и се фати за одредено место предметот или овошјето што го „украла“ ќе се појави на тоа место на детето) но тоа е сосема небитно, јас на тоа му одговорив прави што сакаш само немој повеќе да ме вознемируваш. Секако имам план и за тоа доколку каже ќе речам дека тоа го знае затоа што му има кажано другарками а неа ќе ја убедам дека можеби тоа некогаш го има несвесно спомнато а тој го запаметил и сега сака да го злоупотреби тоа за да не скара. Со дечкоми ќе бидам екстра фина овие денови како не би била сомителна и кога ќе слегне оваа прашина ќе му раскинам. Многу ми е битно да не си ја нарушам мојата репутација на паметна и фер девојка која кажува се во лице и не прави сплетки зад грб. А на другарками ќе и кажам дека тој е идиот и дека има друга дека лично сум слушнала како зборува со друга девојка и ќе и кажам дека треба да си бара друг бидејки тој е кретен и е ја заслужуа неа. И откако се ќе се стиша ќе се обидам да си најдам партер кој навистина ќе ми годи и ќе ги исполни моите очекувања. Само се молам да не ја изгубам другарками бидејки таа премногу ми значи премногу сме блиски и не би сакала поради глупости и момент на слабост за кој пред се го кривам дечко ми бидејки да ми посветеше малку повеќе време и внимание немаше да потклекнам пред оној глупак и сега да ги имам овие проблеми. Инаку сакам да им порачам а помладиве девојки, не правете го ова што јас го наравив бидејки потоа ќе се чувствувате бедно. Не дозволувајте страста и моменталната возбуда да биде посилна од вашиот карактер и чест, доколку почувствувате дека ќе направите некоја глупост и дека хороните почнуваат да работат, што побргу заминете си од местото на злосторот уште пред да го аправите „злосторството“. Обидетесе што почесто да ја канализирате вашата сексуална енергија како не би дошле во ситуација поради мала искра да дојде до експлозија.
^Види јас сум многу помала од тебе и воопшто неискусна во оваа тема, затоа не би сакала да ти давам совети,но ова сето што го напиша-нема да ти го верува ни покојната ми баба. Тоа со флеката и случајноста ДА со дечкоти-може и онака не ти е битен, ама другаркати немој,ептен е провидно,колку и да ти верува види како за нејзе ќе звучи приказнава: 1. имаш контакт со дечкото 2.тој тврди дека спиел со тебе за што има и доказ 3.негираш и велиш оти таа му зборувала за твојот интимен дел(а не се сеќава) 4. и велиш да раскине со него(дека е идиот) 5.и велиш дека тој има друга 6.по некое време раскинуваш со дечкоти како јагодка на шлагот(да не речам гомново) Невозможно е да не се посомнева барем, а ако се посомнева и ќе стигне до вистината. Најдобро нејзе кажи и во лице уште сега, барем ќе останеш искрена другарка а не лажливка која во рок од една недела цел град ќе ја гледа како кучка Дека ќе ти се лути-ќе ти се лути но и ќе може да ти прости,полесно е да простиш моментална страст отколку милион лаги(со тоа на некој начин ја правиш глупа) Какошто реков помала сум и неискусна несакам да ти солам памет, уште помалку навредувам или критикувам(па не си извршила убиство побогу), но размисли уште еднаш за да не се заглавиш во поголеми го*на поздрав
Убаво си викам јас и си тврдам дека не треба во никој доверба да имаш!!! По незнам кој пат се докажува ова. Strumka22 според мене џабе е се веќе. Вие сте ја укакале работата ама до последен level. И да ти кажам убаво те средил дечкото (не твојот, тој на другарка ти). Алал да му е како му текнало. Паметен е он. Колку и да смислуваш планови, ништо нема да постигнеш само повеќе ќе се сплеткаш во сопствената мрежа. Ајде со дечко ти и така си сакала да раскинеш, тоа и не е некој проблем. Ама другарка ти сметај си веќе дека си ја изгубила. Дека ќе ти прости да ти кажам искрено ама ич не верувам. Туку тука мене едно не ми е јасно. Ти изгледаш на себична личност. Значи не ти е тебе толку за другарка ти доколку дознае и дека ќе ја повредиш премногу, туку проблемот ти е твојата репутација која си ја имала. Несакаш другите да те мислат за манипулаторка или за лицемерка. И нешто друго не ми е јасно. Еве да речеме по некоја случајност и да ти успее планов (што не верувам зашто дечко ти и другарка ти треба да се луѓе со подпросечна интелигенција па да поверуваат), ти во очите на другите да останеш тоа што си и да си бидеш супер девојка, ама прашањево ми е како ти ќе се гледаш себеси? Зарем нема да имаш грижа на совест? Како ќе се погледнеш во огледало? Кога другарка ти ќе ти кажува и ќе ти плаче за дечко и' ти како ќе ја погледнеш во очи? Според мене не е толку тежок товарот од осудувањето на околината, многу потежок е товарот на нашата совест уште потешко е кога сите те гледаат како ок личност, а знаеш дека си направила нешто толку подло и долно. Незнам како со тоа ќе се носиш. Како и да е, кажи и' на другарка ти. Единствена добра работа во ова е тоа. Престани да мислиш на себеси, и престани да го кривиш дечко ти дека не те задоволувал како што треба или не ти посветувал доволно внимание, па затоа тоа си го направила. Абе ајде... Биди возрасна и преземи си ги "машки" последиците од твојата постапка.
ПОМОШ !! Здраво имам еден проблем со дечкотоо ....јас сум странство кај тетками дојдена а мојот дечко е во Македонија ... нон стоп ми вели ако не си дојдеш ке биде крај со нас Нон стоп само нешто ми вика као демек крај е ако не си дојдеш до тогаш крај ке биде он вели ти неме сакаш затоа не си идеш вамуу.. неможам да се расправам со тебе ке видеш што ке ти направам ако не си дојдеш ..ке најдам друга незз што!ве молам помогнете ми треба стварно помош
Неврска Девојки сакам да ми помогнете и да ми кажете ваше мислење околу мојот проблем. Имам 16 години и веќе еден месец се „мувам“ со еден дечко кој многу ми се допаѓа. Тој живее во странство, има исто 16 години меѓутоа е роден во мојот град, и доаѓа тука преку лето 3 месеци и преку зимо 3. Е сега, јас искрено онака се смував со него, затоа што ми се допаѓаше, меѓутоа бев свесна дека врска на далечина не е можна, плус и не сме во врска, туку е обично гледање. Мислев дека нема да се заљубам...ама згрешив, и се заљубив во него... Очекував дека можеби ќе посака повеќе од гледање, дека ќе посака врска, затоа што постојано ме изнесува во град и во јавност пред сите се случува да ме бакне и отприлика сите мои другарки се чудат каков е тој однос, дека не сме во врска а цело време сме заедно? Сега, уште поголемиот проблем е: тој со мене е на еден ваков начин, а го приметиле и со други девојки низ град, на забави и слично. Точно сега е на одмор и таму се смувал пред мои другарки со други девојки. Што мислите вие, како да постапам кога тој ќе се врати? Кога веќе го знаете нашиот ладен однос? Да се однесувам ладно бидејќи јас не сум лесна и не сакам машки кои незнаат што сакаат? Или да се понашам нормално како да не ми е гајле, бидејќи сепак не сме во врска? Јас искрено се чувствувам грдо...искористено...како да со мене е онака, па со друга е онака...нему сето ова му е забава... фала однапред...
Океј бе нека ти раскине зошто ти си во странство на гости... Нека оди он со кој сака (пардон, со кој може) Но ти кога ке се вратиш... Или уште поубаво, таму некој странец... Што може тој можеш и ти, а чим така ти се заканува, пресметај си колку е глуп
Е*ати преварантчето. Tи прети дека ќе биде со друга? Ауу јака закана по која, јас не знам дали и не бил со друга. Мене работава ми мириса дека од одредени причини типов сака да ти раскине па сега се користи со вакви финти кои се толку провидни и смешни ... тоа е страшно. Јас би му ја исполнила желбата.
Неврска Ете сама си дала одговор на себе , реално он тук си доаѓа на одмор и баш си тера се за своја душа и си се забавува. Вие само се мувате како што ти кажа и самата , ако сакал некое обрзување сигурно ќе те прашал за врска , а реално реткокое машко и сака врска на 16 , па крај краева зашто и да се врзуваш за некој што е толку далеку од тебе ? Нерви ќе кинеш нон стоп ? Ќе чекаш коа ке дојде како ќе дојде .... итн . за таква врска треба мноогу труд и од двете страни не од едната.Ако не се осеќаш ок во врска со целата ситуација , рашцисти , а ако нејќеш да расчистиш свати си го сето тоа како забава , како убаво поминато време ! И ќе биде добро не му се замарај , ако не е тој , ќе биде друг ! Сеуште си млада , уживај
Ти благодарам! Искрено, јас го засакав, и не ми е ок тоа што наоколу има и други, можеби проблемот е во мене - тоа што не требаше така лесно да се заљубам. Јас се заљубив во него затоа што до сега, тој е единствено момче кое се има убаво однесувано спрема мене, точно како што сум посакувала, секогаш знае убави работи да ми каже и сигурна сум дека не сака во ниеден поглед да ме повреди, затоа и пред мои очи никогаш не сум го сретнала со друга..можеби требаше да се однесувам и јас како него, сето ова да го сфатам како убава летна авантура и да продолжам..мислам дека и тоа ќе го сторам. <3
И јас го делам истото мислење, сепак тој тука си доага на одмор. А и кога ке размислам и двајцата имате 16 години , не верувам дека уште сега ке е за озбилна врска. Е сега лошо е тоа што си се заљубила во него, но тоа не бира. Се надевам ке си најдеш подобар
Ова ти е најпаметно сега за сега , а ете и самата си кажа дека можеби и ти треба така да се однесуваш како тој што се однесува со тебе , едноставно пробај ,не можеш ништо да загубиш ,забавувај се ! Сепак сигурно постои некое машко исто така добро што ќе се однесува со тебе , и ќе сака да имате врска. Момчиња ќе се претераат , и ти ќе го одбереш тој што е најдобар за тебе! Ти посакувам побргу да ја најдеш таа личност и да бидеш среќна !
Мене ме интересира едно нешто,дали постои машко кое е навистина заинтересирано за некоја ддевојка ,мегутоа му смета јавно бакнување/гушкање и слично ? Притоа типот да инсистира за врска....
Навистина чудно, зарем да е толку срамежлив ма не верувам...глуми некакво лудило искрено не би ми пречело ако искрено ја сакам и посакувам да бидам со неа така да НЕ .
Такви криенки, неповрзани муабети, играње топло-ладно, врткање ко киша око Крагујевца мене лично ми се секогаш показател дека нешто не е како што треба и таквите финтаџиски игри секогаш имаат некоја скриена и не толку позитивна позадина. Немора да биде случајот и овде таков ама секогаш прашањето само си се наметнува -Зошто кога некој дечко навистина би сакал да е со некоја девојка и се е ок меѓу нив, да не сака јавно да го гледаат со неа? - а ова прашање е доволно за да се појави некаков сомнеж. Ваквите момци или се недозреани и целта им е само да имаат што повеќе девојки во исто време, па да собираат поени од околината дека се некои мачо менови демек еве јас колку сум фраер или... па нема друго, мора да е недозреан... Штознам, јас секогаш сум сакала работите да ми бидат на чисто. Многу пати сум рекла дека машко кога сака некоја девојка и сака да биде со неа, нема сила на светов што ќе го спречи во намерата, а за покажување во јавност и да не збориме, одвај ќе чека да се испофали на околината дека си ја има до него таа што ја сака. Ако случајов е лично твој, би ти рекла да испиташ терен ама ДЕ-ТАЛ-НО, па после да видиш што и како ќе правиш.
Многу е нпријатно ова што ке го кажам но тоа е мое мислење. Јас мислам дека тој се срами од тебе т.е се срами да го гледаат со тебе. А тоа што инсистира наводно на врска, тоа е само мамка за да му поверуваш дека е демек сриозен како би можел да те легне 5-6 пати и да ти ја удри клоцата. Тоа е моето мислење дај боже да не е така.
Едно е да те држи за рака а друго е да те лигави пред цела јавност. И јас сакам да му `покажам на светот` колку сум заљубена, ама тоа шлапање во јавност не ми се допаѓа. Дискретција е сосема во ред работа, пред луѓе, во дрштво. Но ако не сака да те држи за рака и да те претсавува како девојака, е тогаш имаш проблем...
Можда не сака "лигавење" пред сите, сака да види како ке одат работите па потоа да дојде и тоа на ред.. и јас порано си велев ако се скрива се страми до тебе, не те сака ама се е различно од карактер до карактер.. Имам видено така примери кои не се прават во јавност најзаљубени, а одат долго време и примери што од прва ден се направиле во врска на фб па раскинале одма после некој месец. Но ако се работи за тебе , ако ти пречи тоа подобро речи му го да си знае од почеток на што е. Да нема "рекламирања" за џабе ако не оди.
Само накратко да е иформирам околу мојава случка. Се самоцитирав за да им биде полесно на оние кои не се упатени во мојата случка за да на едно место го имаат и проблемот и разврската. Па вака, секако дека кретенот(дечкото на другарками) го искористи тоа за да и се јави и да и се пофали дека бил со мене. Но јас претходно и смести приказна на другарками дека наводно тој се обидел да ме силува и отаму го има видено мојот белег и сега за инат сака да ми се одмазди и да не скара. И реков не беше класично силување туку дека тој навалил на мене почнал да ме моли и ми ја кренал сукната и таман почнал да ми ги соблекуа гаките наишол братму и прекинале таквите активности. Кога ме праша зошто не сум го пријавила во полиција, и реков дека несакам да и наштетам неа да ја влечкам по судови како негова бивша девојка а и да се заштитам себеси од зли јазици. Секако дека приказнава беше тотало измислена но толку уверлво ја одглумив со солзи и сето тоа што 100% ми поверуа. И кога и се јави типот да и каже и као демек да и докаже дека бил со мене сакаше да го искористи токму тој аргумент, таа само му рече: Доста кретену еден знам се што се случило и само незнам како не ти е срам уште да ме лажеш. Ух, толку ми олесна после тие нејзини зборови што немате поим како е се додека не се најдете во таа ситуација. Ете така заврши таа моја непромислена глупост која можеше скапо да ме кошта. Се прашувате што е со дечкоми? Па сеуште сум со него и чекам да помине некое време и да најдам добра причиа да му раскинам. Во мегувреме се гледам со еден дечко кој случајно го запозав додека бев на роденден кај една моја братучедка, тој беше некој подалечен роднина на мажот и нејзин. Се распрашав добро да не сме во некое сродство ми рекоа дека не сме бидејки не е од ншаата крв туку од страната на мажот и така да и од таа страна се е во ред нема инцест. Е сега да не ме сватите погрешно со него сме сеуште само пријатели т.е само флертуваме и морам да признам дејка е доста интересен тип, доста духовит знае да каже убави зборови а и могу е згоден, нон стоп сме на телефон и сега засега ми е супер со него како пријател ќе видиме понатаму како ќе се одвиваат работите.