Е дури сега ништо не сваќам (извини се смеам за збркава овде, за целава иронична ситуација) Како струмка планираше да те лаже ,подобро кажано бараш лаги, тука на форумов а ти си зачленета дури и пред нејзе и и поверува?? не ли наиде на темава, беше доста активна со проблемот на струмка Ако ништо друго логично би било да одбере барем друг форум
Не знам дали си ти, но која и да е другарката доколу го чита форумов (а шансите да го чита се огромни) ќе се пронајдеше со разврскава на проблемот. Ми се чини дека Струмка ја укака работата со последниов пост.
ХАХАХАХАХХАХХАХАХАХХАХАХАХ кој расплет на ситуација Боже што нема да видиш и чуеш. Ти девојко од што ти е толку досадно од што не знаеш што да правиш, си пишуваш приказни и едноставно нема крај. Нема.
Не сум јас, пишав токму поради тоа што го пиша Марама. Со кој памет ја пишува разврската на проблемот на форум. Очигледно е измислена цела ситуација.
....... не делува ич,ама баш ич реално.. а ако е вистинска случката..па ти си најголемата лицемерка што ја знам(макар виртуелно)
po podmukla od tebe nigogash nemam videno toa na najverna drugarka makar i na drugarka toa nikogash ne se pravi ako doznae kje ja izgubi totalno doverbata vo tebe i kje te izbrishe od nejzinite spomeni i od nejziniot zhivot a toa kje se slu4i kad tad sekogash se kazhuva vistinata podobro da si i kazhela barem nekogash kje svatela deka ne si ja izlazhala UBAVO REKOL ROMAN "BOLJE DA ME MRZE ZBOG ONOGA SHTO JESAM, NEGO DA ME VOLE ZBOG ONOGA SHTO NISAM" POZDRAV ..... Накратко мојот проблем што ме мачи во последниве 2 недели гласи: Другарками ја изневерува дечкото со мене, што да правам? Да драги мои добро прочитавте, се сс случи ака брзо и ненадејно. Другарками и нејзиниот дечко раскинаа т.е се скараа, но таа премногу го сака и ме замоли да видам што можам да направам за да ги смирам, но да не изгледа дека таа се понижуа и го моли туку така да ја наштелувам работата тој да и се јави прв. Несака таа да му се јави прва не ради гордост туку затоа што вели, утре на секое карање тој ке си рече некаја ќе се полути малку и пак ќе ми се врати. Што е на некој начин во право. Но јас на тие средби со нејзиниот дечко, за кој патем знаеше и мојот дечко некако премногу се зближивме и отидовме предалеку, падна и секс сосема неочекувано. Сега типот е заљубен во мене и воодушеен од интимните моменти. Ма да морам да признам дека ниту јас е сум рамнодушна, но тоа сега и не е важно, она што е важно што сега тој инсистира да раскинам со дечкоми и да продолжам со него. Можеби и тоа не е некој проблем затоа што и така сакав да му раскинам на сегашниов, но најголем проблем е како да и кажам нејзе. Што да и речам, извини се смува со дечкоти? А нема начин да не дознае речиси кука до кука сме. Веќе цела недела ми е се у ПМ особено кога ќе ја видам неа срцето ми се ќине. Нон стоп се распрашува и јас и давам лажна надеж дека само што не и се јавил а тоа е далеку од вистината. Значи до гуша сум заглавена во г..на и незнам како ќе се извлечам. А и он ме притиска вели ако јас не му раскинам на дечкоми тој ќе му кажел се што сме правеле, а јас најмогу мразам да испаднам неверничка т.е покварена. Доколку има некоја памета идеа нека пише бидејки мене ништо паметно не ми текнува а копчето се повеќе се замотува и само што не пукнал скандал во кој јас имам главна улога. Само накратко да е иформирам околу мојава случка. Се самоцитирав за да им биде полесно на оние кои не се упатени во мојата случка за да на едно место го имаат и проблемот и разврската. Па вака, секако дека кретенот(дечкото на другарками) го искористи тоа за да и се јави и да и се пофали дека бил со мене. Но јас претходно и смести приказна на другарками дека наводно тој се обидел да ме силува и отаму го има видено мојот белег и сега за инат сака да ми се одмазди и да не скара. И реков не беше класично силување туку дека тој навалил на мене почнал да ме моли и ми ја кренал сукната и таман почнал да ми ги соблекуа гаките наишол братму и прекинале таквите активности. Кога ме праша зошто не сум го пријавила во полиција, и реков дека несакам да и наштетам неа да ја влечкам по судови како негова бивша девојка а и да се заштитам себеси од зли јазици. Секако дека приказнава беше тотало измислена но толку уверлво ја одглумив со солзи и сето тоа што 100% ми поверуа. И кога и се јави типот да и каже и као демек да и докаже дека бил со мене сакаше да го искористи токму тој аргумент, таа само му рече: Доста кретену еден знам се што се случило и само незнам како не ти е срам уште да ме лажеш. Ух, толку ми олесна после тие нејзини зборови што немате поим како е се додека не се најдете во таа ситуација. Ете така заврши таа моја непромислена глупост која можеше скапо да ме кошта. Се прашувате што е со дечкоми? Па сеуште сум со него и чекам да помине некое време и да најдам добра причиа да му раскинам. Во мегувреме се гледам со еден дечко кој случајно го запозав додека бев на роденден кај една моја братучедка, тој беше некој подалечен роднина на мажот и нејзин. Се распрашав добро да не сме во некое сродство ми рекоа дека не сме бидејки не е од ншаата крв туку од страната на мажот и така да и од таа страна се е во ред нема инцест. Е сега да не ме сватите погрешно со него сме сеуште само пријатели т.е само флертуваме и морам да признам дејка е доста интересен тип, доста духовит знае да каже убави зборови а и могу е згоден, нон стоп сме на телефон и сега засега ми е супер со него како пријател ќе видиме понатаму како ќе се одвиваат работите.
Ако приказната на Strumka22 е точна, сакам ако другарка и не е зачленета на форумот што побргу да се зачлени... Ќе летаат пердуви дури тогаш... Страшно ќе биде.
Уф, те следев со мислењата и фала за апдејтот, ме мачеше до каде се развила твојата драма. Ама не се секирај, за главна улога обично карактерот треба да поседува некакви квалитети, и не, не зборам за морални, зашто очигледно не го знаеш ни значењето на зборот, ама ти драга, немаш интелигенција ниту за да бидеш злобна. Ти си едноставно глупава. Нормално, доколку приказнава е вистинска. А доколку не е, имаш премногу слободно време, бујна фантазија и желба за внимание што изгледа не го добиваш во реалниот живот. Поздрав.
Најмногу мразам да реплицирам но приморана сум најостро да ја осудам оваа постапка која има за цел да ги измами останатите членови и да се насочат во погрешна насока коментарите. Почитувам сечие мислење и критика но ова е класична злоупотреа на моето име се со цел да се свати моето мислење и лична случка есериозно.
Ако сакаш да бидеш сериозно сфатена: 1. Нема да правиш такви работи; 2. Нема да ги пишуваш на јавен форум; 3. Ич не те мислев за таква другарка
Па не сум дете за да измислувам работи, доволно сум возраса за да ги свакам работите а со тоа и овој форум сериозно како место каде што може да размениме искуства, проблеми... Секако можеби ме осудувате затоа што јавно го изнесов мојот „проблем“ но форумов е токму за тоа а не за теми од типот што јадеш, што пиеш што носиш.... А бидејк форумов е анонимен т.е никој неможе да ме препознае дека сум тоа токму јас затоа се решив да ја споделам случкава со вас, надевајки се дека некој ке извлече поука и дека нема да ја пофтори истата грешка. Наравоучеието е: Не ја понижувате само вашата пријателка туку си се понижуваме и себеси и својата личонос и можеме заради момент на слабост да срушиме се она што сме го граделе како имиџ и како јавно мислење за нас. Колку и да тврдиме дека ни е небитно штро другите мислат за нас сепак ни е важно ите како, па дури и некоја вистина за нас кога ќе излезе во јавност ите како знае да не заболи иако сме свесни дека тоа е вистина и дека не се криви лугето тие само го пренесуваат она што го виделе или слушнале за нас. Затоа добро внимавајте што правите и како го правите тоа бидејки ако еднаш ја згазите сопствеата чест потоа тешко може да ја повратит. Пишувајки го ова ми дојде на ум една моја соседка која се разведе млада има и една керкичка а згора на тоа е и многу атрактивна. Но таа иста особа за овие петнаесетина години колку е разведена не дозволи да и се случи ниту една афера или било што што ќе го загрози угледот нејзин и на нејзиното семејство. Секако дека и таа има потребаод сите оние работи како и ние останатите но таа наога начин сето тоа да го скрие од очите на јавноста, за разлика од една друга соседка која има 2 деца маж и е скоро во 6та деценија се однесува тотално разуздано и не само што се брука себеси туку го брука и семејството, не затоа што се гледа со други мажи туку затоа што го прави тоа толку јавно што станува и дегутантно.
Се чини дека разбираш по нешто. Дали ќе дозлволиш да ти се повтори слично искуство? И подготвена ли си да се соочиш со тоа што си го направила?
Луѓе ова нашево не е веќе издржливо..2 ипол год сме заедно,но ова што ми го прави за инат стварно нема смлисла,свесна сум за тоа и пак не прекинувам..Ама го сакам,што да правам..Цело време намерно ме нервира,досадно му било со мене,во овие години требал да си ужива (најубавите години му биле овие),неможел да ме поднесе,и на крај јас сум дете ке ми вика...а он се лути суќна ако облечам,или ако се дотерам,а не сфаќа дека не се дотерувам јас за другите,ме боли мене дали некој ке ме гледа или не..Секој ден ми е пекол од него секој можен ден,цело време ми збори како ја да правам лошо нешто,си прави филмови самиот,у стил ја сум сакала други машки,којзнае со кого сум била,сум го лажела,пред некоја недела бев сама дома неколку дена и ми вика којзнае кого сум викала ,којзнае кој спиел кај мене...А највише се нервирам и ме боли дека баш ништо и не правам..Другарки мои какви глупости прават па повеќе им веруваат дечковциве,него мојов..Што само ми пребацува за работи во првите 4-5 месеци кога сме биле заедно,дека сум излегла у дискотека без него (а имало бивши мој),дека сум пишувала на фб со машки,и такви некои банални работи..не викам дека сум права,сум згрешила ама па луѓе 2 години поминаа од тогаш 2 години..како демек онн е безгрешен..толкав притисок ми прави што нема ден а да не плачам,да не се нервирам..Душата ме боли,од се ми е преку глава дојдено..толку осамено се чувствувам...Премногу...сум заборавила кога последен пат ми кажал нешто убаво и направил нешто за мене,само го слушам како збори дека ја ништо не сум заслужувала и дека сум грешница,дека никогаш не би се оженил со мене,дека не ми верува,дека не ме сака како порано,дека се кае што ме запознал и слично..и замислете јас пак си ќутам и правам се за да не се караме,не викам не и јас сум хистерична многу,избувнувам ама па тие работи што ми ги кажува толку ме повредуваат што неможам да ви опишам..и намерно како да го прави тоа,намерно се как ода прави.сака да патам да се нервирам да плачам..иси го кажува тоа,сака намерно љубоморна да ме прави,уште ми вика така повеќе ме сакаш а уствари се повеќе и повеќе го мразам...лошо е премногу сме биле блиски,24/7 заедно,и затоа м ие сега толку тешко...а го сакам,ког ке ме изнервира сакам и да прекинам се со него,ама после неколку саати кога ке ми помине лутината само сакам да се смирам со него,само скам да ми обрне внимание барем малце.. а иначе има 20 години...Исто и многу многу е љубоморен,до продавница да отидам одма ми збори како којзнае кај сум била со кого што сум правела итнинт..извинете за долгиот пост,ама стварно м ие многу тешко и немам ни на кого да се отворам ,да се исплачам....
Смарагдна, не знам колку годи и имаш... Пробај да се дистанцираш од него, па така ќе имаш поубав преглед на ситуацијата, на пример отиди некаде на одмор со другарки, или на гости кај роднини, или измисли некоја семејна обврска, па ќе видиш како ќе се оденсува и преиспитај си ги своите чувства, и задолжително поразговарај со некој близок, мајка, сестра, тетка, комшика, некоја повозрасна особа од доверба, полесно ќе ти биде кога ќе споделиш, знам дека е тоа најтешко, но верувај ми, најсигурно е, така само луташ во лавиринт без крај... Поздрав
18,скоро 19...каков одмор,да направам такво нешто никогаш не би ми прозборел,,он се лути ако излезам со другарки некаде на кафе а не па одмор..си имам една другарка што ми е најверна и ме разбира и не ми се лути дека не излегуваме и слично,а и мене искрено не ми е дојдено до тоа,до шетање и слично..само сакам се да се среди и да биде убаво со дечково..ама никогаш нема да бидеме среќни никогаш. .. фала .... :/
Ти тоа озбилно го трпиш ова ? Е стварно некој работи јас изгледа неможам да ги сватам, тој патосот го брише со тебе а ти викаш дека го сакаш. Па ако треба биди сама години, две одколку да ја трпиш оваа психичка тортура. Девојки не дозволувајте тонот да го повиши на вас а не пак вакви работи зар на улица сме оставени, монгу жално. Расчисти си навреме, гледаш како се однесува не те сака ,гарант.