Ако оваа случка е вистинита тогаш јас ти тврдам тебе дека ти си за жалење и не вредиш ниту 5пари... Јас да сум на местото на другаркати така елегентно ќе ве плукнам во лице на 2та една клоца во газ и ќе си заминам,ниту ти ниту тој ќе постоите повеќе,немој да се нарекуваш другарка на девојчето ти неможиш на никој да му бидиш другарка достојна си ISKLUCIVO SAMO ZA PREZIR... p.S Aко све ова е измислено уште повеќе те жалам значи ти имаш најмизерен и најнеисполнет исфустриран живот
Во пола од муабетот имам 80 проценти јас вина и незнам што се случува со мене ама разумот слабо ми функционира повеќе. Ама ми се потребни вашите мислења, значи се започна откако раскинав со бившиот и наместо утеха добив поголема болка. Веќе 8 месеци сме заедно ама за врска не ни станува збор, а ги преминавме сите можни фази. И бидејќи веќе ми е преку глава од се од тие негови игри ладно топли , вчера на кучтурен начин ме откачи за видување со изговор дека има работа до градот да се види со еден другар. Но некако имам едно пречуство и решив да го следам и отиде на сосема спротивна насока далеку од центарот во една темница му се јавив јас како демек кај си , тој ми вика еве со другар сум во градот - значи ме лажеше. За жал не бев доволно храбра за да го фатам на лице место и се вратив , утрово ми се јави и ми кажа како демек на кафе бил, меѓу нас немало трета особа и дека не е ништо готово пак ќе се гледаме. И како да верувам кога го видов со свои очи кај отиде и дека ме лаже. Не е потребен никаков потамошен разговор и да си заминам од него без причина, да му побарам ако има храброст да ја официјализира врската јавно или пак да му соберам се на куп за да знае дека не ме правел будала . Итно ми е потребна помош.......
Oф леле она се нашла некого најостро да осудува Лелел луѓе што да ви кажам, мислите со глава што праите или главата само за фризури ви служи? На другарка ти господ нека и е на помош со таква другарка како тебе и општо на сите нас ако имаме некоја потенцијална другарка ваква сега или во иднина.
Значи ти кажувам јас како би постапила, не ти викам ти да истрчаш со ваков муабет Јас би го викнала да се видиме, би се облекла најсекси што можам и би му кажала дека го нема тоа што го барам, дека 8 месеци се многу за да се официјализира една врска и дека доволно чекав. Исто така ќе додадам дека ми е потребен некој стабилен во животот и дека му посакувам многу среќа понатаму.. И ќе ти се појави по недела-две најверојатно пијан, со муабет дека тек сеа сфатил колку те сакал, дека е време да бидете во врска блаблаба, ама на тебе е колку ќе сакаш таков лигуш до тебе Не знам колку години имате, што е многу битен фактор за твојот проблем. Инаку сценариото не мора да биде ова, советот мој ти е да избегнеш да изгледаш како жртва, ќе изгледаш патетична во неговите очи, така да што и да одлучиш, главата горе Поздрав
Имам еден проблем што ме измачува со денови. Пред неколку месеци запознав еден дечко, полека се запознававме се дружевме и за прв пат после многу години некој успеа да ми го допре срцето. После долго време дружење ми рече дека сака за сд излезиме ама после тоа не спомна ништи повеќе за тоа. Продолживме да се дружиме, постојано ме бараше и ми пишуваше, знам дека многу му се свиѓам а никогаш не ми го кажа тоа. Приметив дека е срамежлив а многу добар и горделив. Еден ден не беше цела ноќ онлине на ватсапп и мене ми падна многу тешко зашто немаше ден да не ме поздрави. Видов дека е цела ноќ онлине на фејсбук па јас кога се ставив онлине избега. Не влезе на ватсапп за да не ми напише мене можеби сакаше да се ослободи од мене. И јас по таа ноќ реков веќе не му пишувам. Сега минуваат денови ниту тој нитујас не пишуваме први. Знам дека гори да ми напише ама не му дава гордоста и мене исто. Од толку блиски, на работ да сд заљубиме еден во друг се оддалечивме поради најголема и смешна глупост кој прв да напише. Никогаш толку тешко не ми било, излегов синоќа за да се напијам и да заборавам но со денови нешто ми го јаде срцето тешко ми е и плачам. Се пашувам каде згрешив јас, тој прв почна да бега од мене па логично е прв да напише, знам дека сака ама гордоќта е пфеголема за да го направи тоа. Никогаш толку не ми било тешко а со него се немаме ни бакнато. Не можам прва да му пишувам, ако бегаше од мене ете ти не ти досадувам. Пред неколку недели имав статус дека ми се свиѓа некој друг можеби за тоа се лути ама не ми се верува зашто продолжи да се однесува исто со мене и откако го виде статусот. Се до вторникот индиректно покажуваше дека му се свиѓам а после исчезна. Оставам до следниот вторник ако напише тогаш има шанси да продолжиме а ако не тогаш кога и да се врати ќе биде касно за се. Ве молам ваше мислење каде грешам? Не сакам да го изгубам, толку мила личност не сум сретнала а од друга страна не сакам да се врати зашто ме боли што така наеднаш се излади и почна да ме игнорира. А тешко ми е многу многу тешко....
Само да додадам напишав на статус дека некој друг ми се свиѓа а тоа го измислив и името го измислив, зашто многу ме повреди што правевме муабет за едно диско и кажав дека јас ќе одам таму и тој исто а не ме покана. После почна да ми кажува следните дена како е многу срамежлив и му треба многу време да се опушти плус не сака да брза. Се покајав за статусот ама не е толку страшно зашто тој директно не ми рекол дека му се свиѓам а и нормално е и други да ми се свиѓаат. Не знам можеби згрешив ама не се налути за тоа продолжи пак да се однесува убаво пробуваше да ме освои.
Пиши му што има врска кој прв пишал, па ќе видиш како ќе се однесува понатаму, ако се однесува исто тогаш има некоја причина зошто те одбегнува, машките се по горделиви од женските а и дека и ти не му пишуваш па се му се мота во глава исто како и тебе, ако го сакаш не дозволувај заради банална причина да изгибиш нешто што многу посакуваш, остави ја гордоста на страна , нема да ти се повреди егото. Јас да сум на твое место би му пишала
Не можам верувај ми не можам тоа многу боли, зошто тој не ми напише прв? Прв почна да бега. Не се правам важна но не можам а знам дека тој е толку многу горделив што никогаш повеќе нема да ми напише бидејќи сега поминаа неколку дена и сигурно нема да напише. Свесна сум дека го губам, а и многу ми е жал за него знам колку многу му се свиѓам сигурно му е тешко тоа уште повеќе боли можеби сум јас крива за се можеби изгледам како кучка. Не знам дали ја сфаќате убаво ситуацијава, прв пат во животот на ваков начин некој ми влезе во срцето и прв пат ми е толкј тешко не знам дали ме верувате не можам да опишам колу ми недостига и дека плачам. Тој згреши што ме игнорираше таа ноќ ама можеше да го поправи тоа а тој не направи така и сега поминаа денови и многу добро го знам сега веќе нема да се осмели. Тој е многу посебен, поинаку се однесува, никогаш немам запознато некој како него. Со секој пишан збор ми го топеше срцето. Јас прв пат на ваков начин почнав да се заљубувам во некого. Од толку што ми е тешко пак ќе излегувам вечер да пијам и да не мислам на него. Синоќа насекаде ми се чинеше дека го гледам него и никој друг не ми беше пеед очи. Мислам дека се изменив како личност. Не знам како да кажам, од колку глупа ситуација премина во жалостна. А можеби нему не му е гајле за мене ништо веќе не знам. Не знам што да правам... Само едно здраво од него, ма празна порака ќе ми го смири срцето посреќна ќе нема од мене. Или да бидам реална а не детинеста да кажам право и да не се залажувам, сакаше да се ослободи од мене затоа ме игнорираше таа ноќ и повеќе не ме побара. Ама чудно е зошто до тој ден се беше прекрасно колку само хемија имаше меѓу нас... Требаше веднаш другиот ден јас да му напишам или тој мене а сега веќе поминаа неколку дена и сега малце ладно е и глупо.
Убаво ти кажала девојката, победи ја гордоста и јави се ти прва. Само така можеш да процениш дали му се допагаш или не. Ако те избегнува и после твоето јавување, повеке од јасен од одговорот.
Јас незнам како издржуваш да не му пишеш ако стварно толку многу го сакаш, јас да сум на твое место ќе пукнам ама ќе му пишам .
Знам глупава сум тоа е тоа, да бев попаметна ќе му напишев ама многу сум глупава. Ете помина уште време и се е исто а мене од ден на ден уште полошо ми е. Многу ми е тешко не можам да се опоравам душата ме боли. Сега е веќе готово се и да напише нема веќе никогаш со очи да го погледнам. Ај да не ве смарам со моиве патетики фала ви за се чао поздрав.
Едно златно правило за мислењето над мене. Никое машко не вреди ти да го бараш и да му пишуваш. Ако му се допаѓаш на некого ќе те повика да излезете. Ако не нема. Така меѓѕ редови читав нешто... Немој да дозволиш да си во таква недоумница. Колку и да го сакаш не смееш да дозволиш да си играм топло ладно со тебе, тоа ти можеш на некој друг да го правиш. Ако не ти се јавува, не ти пиши и сл. не му значиш. Идиоти се машките, остави го не се замарај со него ...
Девојки ми треба ваше а и мислење од машкиот пол, доколку има некој машки член. Не сум имала долга врска. Секогаш сум сакала да се забавувам, да излегувам со друштво, да создавам спомени... И така дојдовме до 20години. Сум се плашела од врзување, од тоа да бидам повредена. Почнав да се гледам со еден дечко, за кого мислев дека нема да ми се свиѓа многу. И со него не гледав правила, не гледав да ме викне минимум 3 пати да искочиме па тек тогаш да прифатам - искочив на првата покана. Не гледам да му откажам 5 до 12, и некои такви глупави правила според кои до сеа живеев. И почнавме да се гледаме, две три недели, и он знаеше дека можам пребрзо да се заситам и да ми здосади., па таман се погоди кај третата недела јас да одам една недела на одмор. И ни дојде како одмор од нас двајца Но многу беше убаво, почна да ми се засвиѓува. Особено вечерта пред да идам да одмор беше мнооогу убава. Е таа среќа ме исплаши зошто знам дека кај мене многу долго не издржува таа среќа и како потсвесно да чекав нешто лошо да се случи когаш тогаш. И еве сега кога се вратив, нешто се потскаравме банално ама мене мнооогу ме изнервира, и цела вечер ќутев. се понашав како глупава девојка што нема свој став за ништо и само климав на неговите теми и ставови. Он знае дека сум енергична и хиперактивна и дека мноогу зборам, и примети дека сум поразлична. Многу бев чудна и глупава глупава глупава глупава. намуртена таква ништо не зборев. Многу грдо се понашав. и имавме грда вечер. Аама ете собрав храброст, и му пишав Извини што така се понашав грдо. И направи 'сеен' а не ми врати...еве веќе втор ден Многу би сакала искрено да им кажете што мислите, зошто другарките ме знаат, и ми го знаат ова автоимуно понашање против среќата со ја имав, и мене ме криват
Некако како да не можеш да прифатиш дека некој ти се засвиѓал, сакаш и со него да ја покажеш таа твоја "лоша" страна. Заборави што било претходно, си била таква каква што си била можеби заради тоа што не ти се погодил некој дечко или можеби со ги бркала со твоето однесување. Не се потпирај повеќе на тоа. Ете ако дечкото навистина ти се свиѓа, убаво ти е со него, јави му се. Во ситуацијава си ти крива па направи го првиот чекор. Фб јас лично не го сметам за прв чекор, се знае возрасни луѓе на каков начин се разбираат, преку телефон или во четири очи. Така што, не прави буталаштини ако вреди дечкото не го пропуштај заради глупости. Е сега ако веќе ти му се јавиш, а тој глуми лудило знаеш што треба да праиш.
во право си за понашањето мое знаеш што ми е страв? дека ќе помисли дека сум overly attached .... :/ и мислев да му дадам малце време
Нека не ти биде страв дека било што ќе помисли. Крај краева што сака нека мисли, битно ти да си знаеш на што си. Или-или. Ме разбираш. Ако покажеш став и ако ти направиш чекор, ќе помисли само дека си девојка со карактер ништо друго. И уште нешто, време се дава откако ќе му се јавиш па да видиш негов следен чекор, а не пред време. Вака он мисли дека не се замараш со него и дека ти е гајле. Нормално е дека тој што е крив треба да се јави прв, од двете страни се очекува тоа. Не се мисли многу, многу... Очигледно не си навикната на вакви долги размислувања дали, зошто, како, каде во врска со некој дечко, напорно е знам. Ќе се навикнеш.
Ќутиии ,многу ми треба како некој водич во овие работи и размислувања и да сум поиницијативна и самоуверена треба -_- а тек па коа ке ми дојдат мисли сигурно бившата ја сакаа, сигурно оваа, сигурно онаа срамота сум, фала ти во секој случајјј
HELP So decko mi sum vo vrska 3 godini no vo posledno vreme kako da ne postojam se to pa toa sakam nesto da prezemam toj da pocustvuva ednostavno sakam da go primeti toa kaj mene deka nesto mi smeta nekoe iskustvo da spodelite so mene vi blagodaram
Најубаво е да седнете и да разговарате доколку има проблем. Да си се изјасниш што ти смета. Само со разговор можеш да си ја средиш работата.
Здраво дечки, мојот проблем е следниов... Со дечко ми раскинавме, односно јас му раскинав затоа што не можев повеќе да трпам кавги, се каравме се расправавме секој ден, два дена добри, третиот масакар, и мене ми скисна му кажав не можам повеќе, те сакам многу ама вака не бидува повеќе си штетиме одколку што се правиме среќни (бевме заедно 2ипол години). Значи раскинавме пред 2 дена. И сега јас на фб гледам слика од другарот негов а во позадина тој( со грб свртен ама би го препознала секаде) со една девојка гушнат. Не знам што да правам , избезумена сум, до вчера ми се колнеше дека ме сака сега после 2 дена тој со друга се гушка.... сакам да му пишам да го отерам у пм .... Ве молам за помош што да правам се извинувам го постирав и во друга тема