Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Sanju6

    Sanju6 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    moe mislenje nemoj ne pisuvaj te svakam i jas sum se naogala vo istata situacija ostavi na vremeto da pokaza toj ako te saka pak ke se vrati kaj tebe i ke napravi se sto e potrebno :)
     
  2. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Постои можност таа слика да е направена уште кога сте биле во врска... Но како и да е не му се покорувај. Ако му значиш тој ќе те побара.
     
  3. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Си раскинала зошто не си сакала да трпиш кавги,а сега сакаш пак да направиш кавга и да го отераш у пм?И што ќе постигнеш со тоа?
    Ако толку многу сакаш да знаеш која е таа разговарај смирено со него,али не би требало да го бараш и да се интересираш за него кога ти си таа која раскинала.

    Не за џабе се рекло:Ќе дознаеме некој колку ни значи одкога ќе ни го заврти грбот.
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Да знаеш дека машко како машко после две и пол годишна врска ќе си бара утеха кај друга. Можеби тоа гушкање за него не значи ништо, ако те сакал тој тебе не може веднаш да те заборави, само може утеха кај друга девојка да бара. Можеби очекува некаква рекација од тебе, таква бурна, можеби сака да те направи љубоморна, седи си не превземај ништо. Ќе си најдеш подобар :*
     
    На wildrose93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Emmy123

    Emmy123 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    имам дечко кој мнооогу го сакам, најмногу
    ама тој е од друга држава
    далеку сме еден од друг,ќе се видиме дури наредното лето
    страв ми е да не ме заборави,да не најде некоја друга...
    многу ми фали,го сакам премногу
    ама не сакам да му го кажам тоа затоа што мислам дека не ме сака
    доволно,како ја него што го сакам...
     
  6. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Ако не му кажеш како ќе знаеш дали те сака или не, или се плашиш да ја дознаеш вистината
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Врска на далечина... лоша врска, разговарајте отворено, машко како машко може да почне да се оддалечува од тебе и по извесно време да ти каже дека е крај, а ти цела да се прашуваш што, зошто и како... Јас мислам дека треба да го прашаш дали мисли дека врската ќе ви успее и дали е подготвен за врска на далечина... ако осетиш дека нешто не е во ред... прекини ја врската, ако може да се нарече така :*
     
  8. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Ова можеби не е љубовен проблем но е секако поврзано со љуовта. Вчера бев кај една сосетка која има 38 години мажена е има 2 мали деца 4 и 2 години. Мажот и моментално не е дома во странство е на печалба веќе 2 години за тоа реме има дојдено само 1 минатото лето. Но она што ми падна чудно што женава во компјутеров има отварано само порно страници со лезбејки. Јас свакам, сама жена има и она потреба за задоволство итн но ме зачуди зошто оди само на категориите во порно сајтовите само со лезбејки. Знам бев лоша што чепкав во туѓ компјутер ама таква сум љубопитна.
    Додека пиевме кафе, компјутерот беше пуштен на нејзиниот фб профил и излезе она надвор едно од децата нешто плачеше се степаа околу некоја играчка и стиснав на хистори и во последните 6 дена колку што успеав да пролистам отварала само страни со лезбејска содржина. Па си размислувам, боже мој, зарем женава е во брак а е всушност лезбејка. Зарем може некој да си го жртвува животот да биде во брак со маж а фсушност се поинаку сексуално определени.
     
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Strumka,има и бисексуални луѓе,се е можно на овој свет :D .Tи не си постапила правилно не е убаво да чепкаш по туѓи работи,сепак нејни живот нејна работа :!:
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.322
    Пол:
    Женски
    Ајдее, секој си има фетиши, не мора да значи дека е лезбејка или би. Ако е за тоа, сите шо се допираат и мастурбираат се би... не ми е логично. А тоа што си чепкала во хистори кај било кого е крајно просто и некултурно. Се надевам другарка ти ќе сфати со време со кого си има работа и ќе отвара четири очи пред да прими некого дома.
     
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Хахаххахахахаах нема гајле бе, нема врска и да си чепкала по туѓи компјутери... не мора да значи дека е, ете пример мене многу ми е убаво да гледам двајца згодни машки да се бакнуваат, можеби неа женски кај што ..... хахаха :D
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.322
    Пол:
    Женски
    Ти си више пе**рка. :rofl:
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ELT-S

    ELT-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Ај, ве молам за совет.

    Со дечко ми сум околу 4 год., врската ни е супер, нема замарање со глупости, љубомора и слично.Според мене, а и според другите, имаме зрела врска. Е, сега, јас немам замерки за врската како врска, туку може за партнерот. :| Има дел од карактерот негов што ме фрустрира: не е ич снаодлив, не е за големи организации... не е упиклив и затоа не може лесно да најде работа. Може зашто јас сум премногу амбициозна, па го зборам ова. А и планирам иднина со него, па важно ми е. :| Многу го сакам, и да раскинам, и да најдам друг ситуиран дечко, пак ќе го сакам него. :(
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.322
    Пол:
    Женски
    Ти самата си знаеш дали можеш да преминеш преку таа негова карактеристика или не.
    Убаво е што си амбициозна, сигурно ти било и допрва ќе ти биде од многу помош, но упикливоста ко шо викаш ти и снаодливоста не се секогаш доволни за да најдеш работа и сл. Oд искуство, нема побитно нешто од тоа да си во право време на право место.

    И мм ич не е таков, баш е затворен и кој би рекол дека за некоја година во неговата фирма го унапредија во управувачка структура. Важно е човек да е вреден, совесен, навремен и да се најде во право време и на право место да го покажеш тоа. Верувај, реткост е да најдеш искрен и вреден работник, а снаодлив може да биде и крадец (ако ме разбираш). Ниеден работодавач не сака да има главоболки.

    Некогаш снаодлив си, но едноставно не можеш да се пикнеш на посакуваното место. Едноставно не оставаат простор за снаодливите ако ме разбираш.

    На денешново време најважно за партнерот е да е човек, а пара се прави и работа се наоѓа. Верувај, ти кажува некој кој бил на разни скалила во животот.
     
  15. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    ^

    Ако ти е поважно да има работа и пари, најди си некој "ситуиран" како што ти го нарекуваш. Штом си толку упиклива и амбициозна, упикај му се на некој ситуиран и кога ќе бидеш со него мисли на загубениот дечко што си го имала. Разбирам се, ама тоа што си напишала во последните два реда едноставно не е за да го помислиш, а не да го напишеш. Одговорот на твоето прашање мислам дека го најде меѓу редови.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    ЕЛТ-С, ти се размислуваш да му раскинеш зашто сакаш да најдеш некој кој е подобро ситуиран од твојот сегашен дечко или некој кој едноставно е поамбициозен?
    Доколку си одговориш на ова прашање искрено понатаму е полесно.

    Ако сакаш дечко ти да почне да размислува посериозно и поамбициозно кажи му го тоа јасно и гласно. Верувам и дека можеби веќе и си му кажала. Кажи му пак ама направи онака сериозен муабет за да си сфати дека ти бараш нешто такво од него. Ако тој не сфати ќе те изгуби. Спомни му ја и таа варијанта, нели дека ти сакаш да си со амбициозен маж.
    Поттикнувај го да стане амбициозен. Предложи му некои идеи како хоби, некои идеи за отварање на сопствен бизнис или идеја каде отприлика би можел да се вработи.
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.322
    Пол:
    Женски
    Малкуцка е касно за тој муабет. 4 години си спиел проблемот ... уште еднаш, разгледај ги приоритетите и одлучи.
     
  18. ELT-S

    ELT-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Сакам да биде ПОАМБИЦИОЗЕН и ПОСНАОДЛИВ, инаку ситуиран си е стамбено.... му имам кажано дека единствено нешто што сакам е да оди на работа и да зема плата што секако не мора да е 1000/2000/3000 евра. Туку просечна зашто и двајцата потекнуваме од просечни семејства и не барам некои луксузи.... :|
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.322
    Пол:
    Женски
    Снаодливост не е особина која може туку така да се стекне. Амбициозност, да, особено она кога маката ќе те натера, а да си снаодлив малку потежок и подолготраен процес е. Од искуство, како амбициозна, но не толку снаодлива личност. Се` повеќе мислам дека снаодливоста во голем дел, еве не целосно, ама во голем дел е и вродена.
     
    На macigv му/ѝ се допаѓа ова.
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Точно, касно е, но само бидејќи таа кажува дека премногу го љуби може да му даде уште една шанса. Ама тоа да е шанса пропратена со јак муабет. Може дечко и бил/е во блага депресија па затоа не бил амбициозен досега и сега ќе си сфати нешто и ќе се промени - Се за љубав!

    ELT-S, биди упорна и искрено кажи му што сакаш. Јасно и гласно тој да те чуе. И прашај го што планира да прави понатаму. Ако не планира да се среди и да се вработи самата си знаеш кој е следниот чекор.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.