Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Јас мислам дека нема да функционирате добро во брак зошто не му ги сакаш неговите карактерни особини, значи ако бидеш со некого не треба да ги гледаш мааните и недостатоците. Сите негови недостатоци треба полека полека да ги усовршиш и така да ги гледаш. Детето ако сака ќе се потруди, немој залудно да му раскунуваш, пробај ти од твоја гледна точка да ги корегираш недостатоците.

    Тесси педерка сум јас најголема, сакам мажи хахаха :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски

    Прво дали дечково сега работи нешто? Дали живее сам сили со родители?? Велиш има стан, ако живее сам кој му плаќа сметки..

    А ти да си седнеш да си се преиспиташ зашто си со него, заради љубов или 4 годишна навика? Може ти дошло многу мирно, па сакаш со сила лошо да си направиш, да влезеш во некоја повозбудлива врска со карања, варања, љубомори ама декото да е ситуиран? Па знаеш ли ти што значи во денешно време да имаш свој стан?? Дечко ти е ситуиран веќе.. освен ако не сакаш мафиозо кој ќе ти обезбеди од страт лагоден живот..
     
    На H.VAGA и tessie им се допаѓа ова.
  3. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Пази што ќе посакаш, може и да ти се оствари |(
    Амбициозниот нема ни да го гледаш ниту пак ќе му бидеш на прво место.
    Може ти си причината што не е амбициозен а? :geek: Да не ти се држи он за сукњата? Може човекот си нашол се што посакува во животот? :?:

    Убаво размисли што ќе правиш. После нема назад. Обично незнаеме да ги цениме оние работи што ги сакаме дур не ги изгубиме.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Ти прочепкав низ мислењава и видов дека пред една година го имаш и изневерено типов ако не се лажам. Од она што го видов, навистина се гледа дека не си исполнета во оваа врска и треба да си расчистиш со дечкото да не живее веќе во лаги. Од една страна сакаш возбуда, а од друга страна се плашиш дека нема да најдеш таков како него, затоа што ова веќе мене барем не ми личи на љубов. Размисли, планираш иднина со типов, ако во врска вака се чувствуваш во брак би било уште полошо и за тебе и за него.
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Муабето ми делува како материјалистички..најверојатно грешам. :?:
    Ако неговиот карактер те фрустрира,зашо 4 год си со него?Зашо е ситуиран или?
    Во ред е тоа што ти си амбициозна,но ете едноставно некои луѓе не се.Во смисла дека се задоволуваат со просечни работи.На сите не им е цел да стекнат богатство или премногу да се експонирани.Задоволни со со умереност,ни повеќе ни помалку.
    А за тоа дека не е упиклив,или на наш дијалект подлизурко.Тоа не е доблест.Шо треба да се понижува,да ми го лиже за*нико на сите,за да најде работа?Ако така размислуваш,да дефинитивно не е снаодлив и амбициозен.
    Можеби дечкото сака регуларно да си најде работа,врз основа на своите квалитети,а не со врски или умилкување.
    И tessie што спомна дека го имаш изневерено.Ти си среќна девојко(според мене барем,треба да бидеш) бидејќи имаш таков дечко што те сака,разбира итд..а да и шо е ситуиран.
    Верувај ми ако стане премногу амбициозен,ти ќе му бидеш на 2ро место..а тоа подразбира ќе бараш совети во други категории од типот 'како да му го привлечам вниманието,што ако партнерот ве запоставува и сл' :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Ама ја нападнавте сите, а никој не ја разбра што точно сака да каже.
    Девојчето напиша дека дечко и нема работа и неможе да најде затоа што не е снаодлив. Па ај видете сега ако дечко и е 25 и повеќе, и со години неможе да најде работа, а од друга страна планира иднина со него и вие нема ли да се замислите како ќе ви биде со него?

    Јас мислам дека има разлика помеѓу не снаодлив и мрзлив човек, ако е мрзлив и не сака да работи тогаш е проблем, меѓутоа ако сака да работи а не може да најде работа, мислам дека неможеш да му се лутиш за работи што не влијаат само од него. Сепак е тешко да се најде работа кај нас, а сигурна сум дека кога тогаш ќе испадне нешто па ќе има шанси да се покаже.

    И Тесси ти даде убав совет, со вистинскиот човек до тебе се се постигнува
     
  7. ELT-S

    ELT-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    12
    Мила 89, фала ти што ме разбра. Значи, само ти ме разбра што точно сакав да кажам. Не е мрзлив, туку неснаодлив. И ова најмногу ме боли (да се изразам така!) зашто има 25 год. а стварно го сакам и убава ми е врската.

    Фала на совет, патем. :inlove:
     
  8. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145

    може да се кажи дека се наоѓаме во иста ситуација и мојов така ама што си е наше ќе си дојди...
     
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Благодарност до тебе шо не просветли,објаснувајќи ни што всушност сакало да каже девојчето.
    Ама не е до нас,може толку ни е капацитето за перцепција на нештата,или пак ти имаш висок IQ коефициент.
    Инаку ако поентата е тоа,можела да избере по соодветни термини за да објасне,зашо поими од типот 'ситуиран',асоцира на нејзина материјалистичка амбициозност.
    За друг пат да сме на јасно :?:
     
    На tessie и Marie.m им се допаѓа ова.
  10. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Ајде дојде време и јас да се исповедам! :)
    Вака, доволно сум возрасна значи 20+ али сепак можам да кажам доста неискусна што се тиче љубави :) У смисла не сум имала некоја сериозна,долга врска,се било онака лабаво,речиси ништо...Проблемот е што тешко искачам од оклопот и кажувам директно што чувстсвувам,се плашам да ме одбијат,не знам после како ќе ја гледам во очи таа особа..(иако да сакаш некого е најубва работа и нема потреба од срамење ама таква сум скроена).
    Е сега конечно запознав некој што ме привлече многу и физички и карактерно(колку толку што успев да го прочитам за кратко време и со таа мала комуникација).Тренер ми е на базен,иста возраст сме,проблемот е што комуникацијата ни се сведува на ништо!! Тој ќе ми каже што да пливам,ќе ми се насмее,ќе ме гледа постојано под окце,а ја не знам како да најдам начин и време да свртам некој др.моабет...еве вчера кога доаѓав накај базен така ме глеаше,после и се заврте да ме глеа,само на мене не ми вика итн :D ..Е сеа гледањето не значи ништо нели?
    Толку е професионален на базен што не знам стварно како да најдам начин да дознаам дали има нешто повеќе од тие погледи...Знам каде излегува речиси секоја вечер ама што? Ќе одам ќе седнам таму и ќе се видиме,ќе ми каже здраво и тоа е...не знам...збунета сум многу...
    Се изнаслушав совети па еве и вашите се добредојдени..
    Благодарам!
     
  11. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Не знам каде друго ако не тука да прашам... Целиот свој живот не сум била заљубена во никого, мислев нема никогаш да се заљубам. Запознав еден дечко што ми е таман по вкусот, како јас да сум го цртала и креирала. Ми одговара во се. Никој не успеал толку брзо да ми влезе во срцето. Многу ми се свиѓа, ептен, премногу... Како никој досега. И во карактерот и во однесувањето. Не сакам да го изгубам. Многу ми е мил... Со секој поглед ми го топли срцето. Многу ми се свиѓа... Денес ми кажа дека има епилепсија. Не ме интересираше. И кажав на сестра ми испаничи. Јас стварно не знам не сум многу информирана за оваа болест ама знам само дека се добиваат напади, се паѓа во несвест. Е сега колку често и што може да предизвика напад не знам, значи ништо не знам. Не знам како би функционирала нашата врска, се плашам кога е со мене да не добие напад како треба јас да постапам тогаш? Се плашам да не е и оваа заљубеност кај мене минлива па да му давам лажна надеж и да се заљуби и да го повредам. Не сакам ни да прекинам да се гледам со него. Значи ништо не знам што да правам...
     
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    комплицирана е ситуацијата..
    Јас на твое место не би се впуштала во таква врска,не дека сум себична и дискриминирам,туку од причина што мислам дека не би се снајдела во таква ситуација,таква врска.И секако,мојата неинформираност е една од причините.
    Гледам на профилот,имаш 24 години.Доволно си зрела и искусна за да размислиш правилно.Ако навистина мислеш дека го сакаш момчето и сакаш да бидеш со него,и ќе можеш да се носеш со сите работи кои ќе произлезат од ова,во ред е.Во спротивно,не го повредувај момчето.Не му давај лажна надеж.
     
  13. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Доколку си сигурна во своите чувства,ќе седнеш и ќе размислиш прво убаво...Го сакаш ли? вреди ли да се залагаш за една таква врска со копликации? која ти е целта итн...Кога ќе си ги одговориш овие прашања и ќе расчистиш со себе си ќе ти биде полесно за понатаму со оглед на тоа што ќе знаеш шо сакаш! Доколку јас би се нашла во ваква ситуација би го следела срцето,ќе се распрашам за болеста,сигурно си постојат методи за ублажување на тие напади,би му била поддршка до крај! Но сепак,секако дечкото пред се мора да го заслужува тоа внимание...не по секоја цена да го подржуваш само затоа што е болен! Ти велам ако се работи за љубов иди даље! Само храбро и со среќа! ;)
     
  14. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    ЗБУНЕТА СУМ ...веке 6 месеци сум со дечко ми, одреден период бев кај мои роднини и се сретнав со другар му на мој братучед кој го познавам од порано и одсекогаш ме привлекувал а и јас него му се допаѓам. Сепак помеѓу нас нема ништо само сме пријатели. Кога се вратив дома и се видов со дечко ми некако воопшто не чуствував ништо иако го немав видено 9дена. Истата вечер имавме и односи но јас само што ке ги затворев очите помислував на друагарот на братучед ми. Веќе неколку денови размислувам дали врската со дечко ми постанала навика и дали сеуште го сакам. Јас знам дека тој ме сака а и јас не сакам да го оставам не затоа што тој многу ме сака туку едноставно мислам дека можеби ова ми е нешто минливо, но сеуште не знам. А и кога така помислувам некогаш иако е во моите мисли но како да го изневерувам децко ми а тоа никогаш не сум го ни правела, а ни сакам да го направам... Ми треба некое мислење. :(
     
  15. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Шест месеци се релативно мал период, од искуствата на многу луѓе што ги познавам (притоа сметајќи го и своето двапати), баш тогаш уште е почетокот на врската, подлабокото запознавање и интересното, ако можам така да го наречам. Навика според мене се создава кога двајцата се подолго време заедно, да речеме со години, вака не.

    Дај си уште малку време, можеби стварно се работи за нешто минливо, а и сеуште сигурно си под влијание на средбата со тој човек (со кој имате взаемни симпатии), ама и самата си свесна дека не можеш да бидеш со него. Можеби ти фалело малку флерт, малку слобода, ете си ја добила и сега ти е потешко да се вратиш назад во реалноста. Но, ти си зафатена имаш дечко кој те сака, прашањето е дали ти го сакаш него?
    Одговорот единствено самата можеш да си го дадеш. Ако сфатиш дека не со тек на време, тогаш решението на проблемов ќе го знаеш и самата, но доколку се воспостави другото, тогаш ви посакувам мноогу среќа!

    Имај убав ден :hai:
     
    На female.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Неговата болест нека не ти пречи во процесот на расудување. Гледај го како човек, најобичен, и дали сакаш да бидеш со него или не.
    Епилепсијата може да биде незгодна, да, во случај кога не се прима терапија.
    Но, доколку си зема секојдневна терапија (терапијава вклучува пиење апчиња секој ден; тоа ти е како што пијат луѓе апчиња за притисок секој ден), нема да има никаков проблем.
    Не ми се верува колку предрасуди имале луѓево за болесва :o
     
    На HurremSultan, Westlife и Savana93 им се допаѓа ова.
  17. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Навика од 6 месеци неможи да тие, освен ако си го откачила цело друштво да си само со него. Нема ништо полошо од тоа да имаш однос со некој, а да мислиш дека е друг, се изложуваш сама на срадања. Ако го сакаше дечкото, нема ни да помислиш на втората личност. Сега сама свати си што треба да направиш ако сакаш да си вистински среќна...
     
  18. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Во врска сум неколку дена, но денес решив дека веќе не сакам да бидам. Мене преубаво ми е со него, си се лапаме, гушкаме, уживеме, буквално се правиме и изгледаме како заљубен пар, но реалноста е поинаква. Јас не сум заљубена. Но, тој не се откажува. Премногу ме сака и мене жал ми е што го повредувам. Денес му реков да ми даде време да се средам и тој рече ќе те чекам јас. Но, вистината е дека јас не сакам повеќе да излегувам, затоа што уште повеќе ќе го повредувам. Многу добар каракетер има значи подобар човек немам запознаено досега, но јас сум поинаков човек. Тешко заљублива сум по природа и претходно што имав еден многу ме повреди и сеуште не сум го преболела до некаде.. ;( Во почетокот со овој бев пресреќна, но со време почнав да сфаќам дека не сакам да го повредам.... Тој смета дека ќе се заљубам во него, но јас искрено не знам... Дали во ред посатапив вака што направив? Но, не знаев како поинаку. Но, како сега тој да се откаже од мене? Пак ќе кажам многу ме сака.
     
  19. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Сакам да бидам со него и ништо друго не ме интересира. Зарем болеста да биде причина да не бидеме заедно... Иначе немам предрасуди навистина само не бев доволно информирана за болеста и малку бев збунета.
     
    На Gioia и Hipica им се допаѓа ова.
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Штом си сигурна дека сакаш да бидеш со него, go ahead :)
    Абе види, тој може да те сака колку сака, ама со сила убавина не бидува. Не си ти крива што не можеш да му возвратиш. Ама ќе бидеш крива ако го маткаш и ако не му кажеш дека навистина не сакаш да бидеш со него. Кажи му дека сакаш да прекинете и стој си цврсто на зборот ;)
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.