Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    кажи му во лице дека сеуште го немаш преболено бившиот и дека не можеш да продолжиш понатаму се додека не го сториш тоа затоа што на тој начин го повредуваш и него, и себе...
    не би сакала да ме сфатиш погрешно но подобро расчисти со тоа што побрзо, затоа што сепак животот е круг...и се врти..
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Зезната е оваа болес, и не е едноставна како инвалидитет или слично, па ке се помирис со ситуацијата и тоа е тоа. Епилептичните напади не се баш толку едноставни како обично пагање во несвест. Проследени се со грчеви, тресење.... Мислам тука треба да вложиш голема жртва за да успее таа врска, а ти за тоа верувај ми не си спремна. Тоа нема да биде само врска туку очигледно тој толку ќе се поврзе со тебе што ќе сака да влезете во брак. Спремна ли си да го жртвуваш целиот живот за некој што вчера си го запознала? Затоа бегај подалеку додека е време се додека не си се довела себе во непријатна ситуација, затоа што верувај ми несакаш да видиш како тоа изгледа. Тие напади може да се јават во било кое време и на било кое место, не постои начин да се контролира каде и кога ќе се случи.
     
  3. Smaragdna

    Smaragdna Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20

    Ако само болеста е причина за двоумењето дали да бидеш со него или не,јас мислам да пробаш,да видиш како ке оди.Ако не оди ке си прекинеш .Медицината е напред отидена многу,ако он си прима лекарства редовно тие напади сигурно ретко ги има.Не се согласувам со мислењеето на Strumka 'воопшто.Но ако се двоумиш и ради други причини тогаш не пробувај.Епилепсијата верувај не е толку трагична болест ако е под контрола.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Кај епилептичен, и емоционално нестабилен го направи човекот. Како заклучи така, што е толку очигледно?
    Дали според тебе луѓето кои страдаат од епилепсија треба да бидат одбегнувани само затоа што ете постои можност (која, искрено, баш голема и не е; другарка ми има сестра која боледува од епилепсија и два пати во животот добила напад: првиот пат кога и и‘ ја констатирале болеста и вториот пат пред 10 години, може и повеќе има, секојдневно си пие апчиња девојчево) да добие напад? Еми ај тие со епилепсија нека си истетовираат на челото ЕПИЛЕПТИЧАР, нека си се дружат само со епилептични, нека си имаат посебни кафичи и нека се спаруваат само со епилептични, м?
     
    На Smaragdna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Како што разбрав вие сте се запознале скоро и сеуште не го познаваш доволно за да знаеш дали твојата заљубеност е минлива,меѓутоа по ова што го прочитав многу си возбудена во врска со овој дечко, многу ти се допаѓа... Првин нема да е лошо да истражуваш малку повеќе за болеста, да провериш на интернет или да се посоветуваш со докотор, да се дознаеш што и како се случува со болните од епилепсија. Потоа веројатно ќе можеш да заклучиш самата дали си спремна да дадеш таква жртва од твоја страна и да продолжиш со него.
     
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Јас имав колешка на факултет што имаше епилепсија, не се грижи, болеста се контролира со апчиња, значи ако си пие апчиња редовно нема зошто да се плашиш, ако чувствуваш нешто кон детето дозволи да запримети, ако не сакаш да му кажеш директно. :D
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Ve molam za pomos...

    Vo vrska sme godina i pol...
    Do pred 2 meseci se bese kako podmackano, no nesto pocna da se slucuva. Dali e do mene ili do nego ne znam, no stom sme zaedno mora da se skarame, malku ili mn.
    Se smiruvame brzo, ama kolku dosega imam isplakano "bez pricina" tolku toj kosa nema na glavata.
    Ne mozam veke, dusata ke mi pukni, go sakam mnogu, no ne znam sto da napravam za pak da bide po staro.
    Ponekogas i me navreduva, ne e kojznae sto, no prethodno ne ni znaev deka kaj nego postojat voopsto navredlivi zborovi.
    Ne znam, navistina. Od strana lugeto mislaat i gledaat na nasata vrska kako od bajkite, no jas si znam kako mi e. Da izmisluvam, ne izmisluvam, go cuvstvuvam toa na svoja koza. Nesto ne odi.
    Sakam nesto da promenam, da ja osvezam nasata vrska, budejki toj e prezafaten i so rabotata, a koga se gledame veke e mrtov umoren..Mozebi e i za toa taka, no jas ne go mislam toa.
    Ve molam za pomos feminki.
     
  8. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    883
    Ve molam za pomos...

    diamonds.in.the.sky па женско си :) Што има да те учиме ;) Штом се карате за глупости значи малку врската станала монотона. Не го напнувај, остави го малку на stand by, биди малку поладна, не простувај лесно навреди така се опушта уште повеке, кога ке те навреди биди лута некое време и не попуштај.... јас така би играла :lol:
     
  9. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Девојки ве молам за совет... И ако можете да споделите ваше искуство..

    Вака заедно сме повеке од година ипол, но последниве неколку месеци малце се задушивме во правила и свашта, до толку да ми ги мери до милиметар длабочината на деколтето и да му бројам до минутка колку бил излезен со другари без мене и решивме - вака ништо не правиме. Го навредив во момент на нервоза, и ми рече дека веке не сака да биде со мене, и се разделивме. Но сепак премногу се сакаме и уште следниот ден излеговме така другарски, па другарско гушкање, другарски бакнежи итн и свативме дека ни другарство не е опција. Сега се договоривме да си живееме кој како сака, кој каде сака да си излегува со кого сака и слично, и пак да сме си заедно, едиствено правило е да не се изневеруваме и да бидеме тука еден за друг кога сме си потребни. За еден месец јас заминувам на студии на страна така да ова можеби ке ја отежни работата, но има и скајп а и ке си дојдам пак за 2 месеци.

    Моето прашање е, дали ке успееме вака, од врска полна со правила и прописи, да преминеме во врска скоро без ограничувања и да бидеме срекни? Јас искрено сум сега срекна, бидејки кога тој следниот викенд ке тргне на работа во еден кафич, јас ке си облечам слободно деколте и ке си излезам со другарките - кога тој ке заврши само ке си одиме заедно.. Но сепак има во мене еден страв дали оваа промена ке биде добра...

    Ве молам и сум благодарна на било какво мислење :inlove:
     
  10. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Воопшто не си во право, распрашај се добро за оваа болест па тогаш ке сватиш во што е проблемот. Инаку другаркати или те излажала или не се работи за таа болест камо среќа да беа толку ретки нападите. Нејзино право што ке прави но јас сакав само да ја предупредам дека ке треба да жртвува многу и пед да влезе во таква врска треа добро да се запозае со болеста за да е се доведе себе во епријатна положба.
     
  11. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Никогаш не помислев дека Анистон ќе побара совет :lol:
    Договорот за промената ви е супер, само незнам колку ќе успеете тоа да го реализирате, не рабирам зошто толку ограничување доволно е да имате доверба еден во друг и глупаво е некој на некого да му наметнува ставови како треба да се облекува или пак колку време да биде излезен со другарите, секој има право на избор да живее како што сака, поставувањето забрани и од едната и од другата страна не води никаде. Промената верувам дека добро ќе ви дојде на двајцата
     
    На Aniston и Hipica им се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Голема грешка ти е тоа што си дозволувала некој да ти каже дали може да се облекуваш на некој начин и со кого да се дружиш... Тоа не личи на врска. Тие правилата што ги имате жива глупост. Јас мислам дека нема да ви биде подобро зошто како што гледам тој е многу љубоморен и на секое ќе ти се јавува и ќе те прашува со кој си како си итн. Значи нема да ти верува и ти ќе почнеш да се сомневаш во него. Не знам можеби грешам јас, треба да оставиш времето да покаже. :)
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ТОТАЛНО сум во право и, верувај, и повеќе од доволно сум информирана за болесва.
    Другарка ми не ме лаже, ја познавам и сестра и‘ и многу добро знам дека се работи за епилепсија.
    Не би понатаму да дискутирам и да се докажувам на темава, си го кажав тоа што имав да го кажам, а тебе ќе те посоветувам ТИ малку подобро да се информираш за епилепсијата.

    Поздрав и секое добро :)
     
  14. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Имајки епилептичар во фамилијата, доволно сум информирана мислам и се зависи од степенот на епилепсијата - некој имаат неколку напади неделно, некои имаат 1 напад во животот и толку. Што е исто така интересно, може на секој да му се случи - на девојче/момче од 20 години, може ништо да не му е и само да падне еден ден и да му се констатира оваа болест..

    И јас се соочувам со слична болест, (повеке маана одколку болест но не е важно) и многу ги презирам оние здравите - правите, кои едноставно не бројат до 3 кога прават нешто во однос на мене. На секој може да му се случи проблем со здравјето и треба лугето којшто можат да му помогнат, а не да го избегнуваат. Ако некоја раскине со дечко заради неговата епилепсија, и посакувам се најлошо.
    Подобро би било да се распраша што во случај дечкото да добие напад, него ли да се препукува колку напади како и што.

    оф топик - благодарам за мислењата за мојот проблем :*
     
    На Hipica и sweetyB им се допаѓа ова.
  15. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Драги мои, би сакала од вас да ми дадете ваше мислење, совет за мојата ситуација..
    Во врска сум веќе три месеци (знам не е многу), претходно бев во врска од 2 години, каде што тогашниот дечко ме искористуваше на секој начин. Дечкото со кој сега сум во врска, напочетокот ме гледаше како капка вода во дланката.. Секогаш ми велеше дека јас сум неговата женска верзија. На почетокот јас го гледав само како другар, воопшто не го сакав, но секој поминат ден со него си го правеше своето. Го засакав и тоа многу.. Така поминаа 2 месеца, и тој замина во Италија кај неговите.. Секој ден поминат без него, пеколно ме болеше.. Дури на календарот секој поминат ден го прецртував и броев уште колку малку има.. Се беше океј.. Се додека не се врати.. Сега кога е тука, тој е друга личност.. Веќе нема време за мене и тука почнаа караниците, љубомора од моја страна.. Оваа недела додека е тука, ми е пеколна.. Пред некоја вечер зборувавме на телефон, и ми кажа да не се надевам на долга врска, ми кажа дека има големи веројатности да раскинеме во иднина, кога го прашав за причината ми рече дека животот би бил причина.. Тоа што ми го кажа е многу поинакво од тоа што ми го велеше пред да отиде во Италија. Ми кажа дека тоа што ми го зборува е само реалност, дека на тој начин ме подготвува доколку се случи тоа раскинување.. Јас за прв пат се чувствував сакана.. Не знам како да го сфатам ова, не знам како дасе однесувам сега.. Ми треба ваше мислење, совет.. Дали далечината си го направи своето, или пак (јас мислам) му треба слобода да излегува со други..
    Знам дека ова што го напишав е долго, но сепак ќе ве замолам за внимание. БЛАГОДАРАМ!
     
  16. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Раскини, пред да бидеш откачена. Типот кој те гледал како на дланка сигурно немал излезено од границите на нашата мала државичка во која секој бара спас во секој. Кога излегол и видел каков е светот сигурно се заслепил од лудилото кое може да му ги овозможи таквиот живот, пари, gold diggers итн.. но сепак во темнината не се гледаат светливите коли ;) запамти го ова како борба која си ја преживеала и биди горда што си се извлеква посилна од новото искуство. А кретенот ќе падне во само создадената кал.
     
    На lav4ence.e.e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Camellie

    Camellie Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    107

    Претпоставувам дека ти е многу мачно и дека си многу приврзана за тој дечко бидејќи ти покажал како изгледа љубов. Затоа и на секој начин се обидуваш да го вратиш тоа со караниците и љубомората, но верувај дека тоа не е одговорот. Така само ќе го одвратиш од тебе. Штом се случила таа промена и тој ти наговестува раскинување, тешко дека ќе има назад. Не очајувај и опушти се, дај му ја слободата и види како ќе течат работите. Ништо нема да можеш да исконтролираш и да смениш кај дечкото ако тој самиот не сака.
    Претпоставувам дека ти си девојка која дава многу љубов, но и бара (што е најнормално) и само треба да почекаш да се појави некој вреден за тоа (а ќе се појави), некој што ќе те сака и ќе ти го покажува тоа па макар да бил отсутен и една година. Опушти се, не се замарај, не се занимавај со него за да видиш како ќе изреагира.
     
    На sweetyB му/ѝ се допаѓа ова.
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    4.722
    Секогаш ги сакаме оние кои не игнорираат. Ти симнал ѕвезди, се било во ред ама ти не си била заинтересирана. Но кога почнал тој да не се интересира, ти си таа што се заинтересира. Можеби тој сфатил дека ти не го сакаш дотолку, и во периодот што бил надвор од државата, се помирил со тој факт. Како и да е, седни направи муабет. Ако неговиот одговор е дека ТЕ СПРЕМА за раскинување, речи му АДИОС.
     
  19. Ella89

    Ella89 Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Луѓе пак јас со мојот досаден проблем. Ама стварно многу ми е тешко не знам што да правам. Го сакам овој дечко заљубена сум во него и мислам дека ќе умрам ако не се смириме. Ниту тој ниту јас не напишавме први и подобро за мене е да умрам. Знам ќе речете напиши му и ќе видиш што како ама не можам не можам никако да напишам попрво светот ќе пропадне отколку тоа да се случи. Сакам да се смирам со него а не знам како, ме боли и тоа што тој не се труди да се смири со мене, ако му значев ќе ме побараше. Можеби е навистина срамежлив и се плаши да го одбијам, девица е во хороскоп затоа можеби вака се однесува. Тешко му беше да ги искаже неговите чувства и да се отвори а не сакаше ни да брза. Јас сум крива за се што престанав да му пишувам можеби си мисли дека не сум заинтересирана и брзо се откажав од него, а тој е срамежлив и не е толу отворен да пристапи сам и да проба да ја среди ситуацијата. А од друга страна ако стварно му се свиѓав ќе пробаше да се смириме. Не знам што да речам, плус многу е горделив. Дајте ми ве молам совет и начин како да се смирам со него ама не можам прва да му пријдам. Откако го немс целиот свет ми се сруши, престанав и да учам и да работам немам воља за живот повеќе.
     
  20. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Тој планира кога тогаш да раскине со тебе според тоа што ти го кажал и ти си свесна за тоа. Пробај да се одалечиш од него, знам дека е тешко но не и невозможно. Направи го тоа за тебе, не дозволувај и понатаму некој да те искористува, ќе се појави некој што навистина ќе те сака
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.