Како очекуваш ние од тука да ти помогнеме, ти дадовме совет ти несакаше да го прифатиш. Пиши му сега и одма ако не го направиш тоа сега, кога? Времето си минува, а ти плачеш и кукаш тука на фемина место да се бориш за тоа што го сакаш, па и да не те сака што губиш си пробала, ќе знаеш на што си а не вака. Јас собрав храброст и му пишав дека имам чувства за него, тој не ми врати ништо, букавлно ништо, но барем знам за што сум, имам храборост да ги искажам своите чувства и не се каам за тоа зошто знам дека ништо не игубив
Девојче нема друго решение, собери храброст јави му се на телефон па што ќе биде нека биде. Во љубовта нема гордост. Таква игра си е таа, кога сакаш некој да придобиеш назад си ја забораваш за момент гордоста. Ако стварно го сакаш како што пишуваш ќе му се јавиш, немој да викаш дека Светот ќе пропадни. Значи јави му се
Ок во право сте ќе му напишам па што сака нека биде. Ќе му речам вака "Зошто веќе не ми пишуваш? Дали те здосадив?". Сега ќе му пишам...
Нема да поверувате што се случи. Му напишав и ми рече па и ти не ми пишуваш, му реков јас мислев дека ти не сакаш да ти пишувам веќе тој рече јас го мислев истото. Потоа продолживме со муабет и открив се, се работеше за големо недоразбирање. Тој всушност бил лут и решил да се тргне од мене поради еден нејасен муабет. Му кажал на другар му за мене а овој му рекол дека јас имам дечко веќе неколку години, па овој мислел дека го лажам и маткам цело време. Потоа разјаснивме дека другар му ме има помешано со друга женска па ми се извини и тој и другар му преку фејсбук. Му кажав дека уште еднаш треба директно да ми ги кажува работите за да знам и јас за што се работи а не само да бега. Иначе има уште интерес за мене и му се свиѓам а вечер треба да се видиме. Јас не знам како да ви заблагодарам што ме убедивте да му напишам прва, јас сум тврдоглава и кога еднаш ќе одлучам никогаш не го менувам мислењето. Си реков ќе патам вечно ако трба и нема да му напишам. Вие ме убедивте да му напишам. Да не дојдев на форумов синоќа веројатно никогаш немаше да дознаам што бил проблемот и ќе го изгубев засекогаш. Многу ви благодарам и ви посакувам се најубаво во животот. На мојата среќа и нема крај.
Драго ми е за тебе, кога прочитав исто како мене да ми се случило нешто убаво. За друг пат да си знаеш треба да се бориш за тоа што го сакаш
Не значи ако некогаш прва пристапиш,дека се понижуваш.Напротив,тоа значи дека си храбра и се бориш за тоа што сакаш да го имаш. Неизвесноста убива нели,ова нека ти е за лекција. Драго ми е што е надминато недоразбирањето,па сега ќе очекуваме да не издрадуваш со уште подобри вести. Со среќа нека е
Ќе бидам кратка и нема да должам. На некои од овде сум им кажала за дечкото, па ете да известам дека продолжив да се гледам со него и ќе продолжам уште некое време додека официјално не се заљубам, па ќе видиме како ќе одат работите. Но, има еден мал проблем. Комуникацијата. Тој зборува како навиен, а јас не можам да се опуштам. Мислам зборувам и јас не велам не, ама јас повеќе сум на оние лабави зезања. Но, секако не можеме да останеме само на тоа? Пример тој ќе каже нешто, јас кратко и јасно одговарам или некоја шала ќе кажам. Или со да и со не или нешто многу кратко. Значи не давам образложение. А, тој ми раскажува се во детали. Се плашам дека нема да ни успее понатаму и досадна ќе му станам ако продолжам вака. Но, не можам како со другарка да се однесувам. А, пак со дечкото ако не разговарам за се со кого ќе разговарам? Јас по default сум човек кој малце потешко се опушта. Едноставно не можам со секого. Мислам се опуштам, ама со тек на време. Понекогаш ми треба долго време. И, се плашам да не го изгубам дечкото заради овој глупав проблем. Зашто, ете веќе една недела сме заедно и јас сеуште не можам ,,да тепам муабети''
Сигурно до сега тој тоа го забележал ама сигурно се чуди во што е работата, за да му ги разјасниш дилемите кажи му отворено дека не се опушташ премногу бргу и сите други работи што ни ги кажа нам. Тој сигурно ќе те разбере и ќе биде стрплив, подобро на време да му кажеш отколку да ви се разруши врската.
Не сум запознаена со претходниот твој проблем ама би ти дала еден совет за ова овде што го напиша. Една недела? Мислиш ли дека една недела е доволна за да се зближиш со некого? Јас мислам дека е премалце. Не се оптеретувај со вакви прашања. Јас би ти рекла дека ова што ти го наведе за проблем односно дека би било понатамошен проблем е впрочем добра страна на вашата врска. Еве запрашај се што би било кога двајцата би збореле како навиени? Ќе не можете на ред да дојдете од дрдорење. Или па и двајцата да ќутите или да бидете кратки во разговорите. Цела врска во тишина ќе ви помине. Значи мора едниот да биде по дрн, дрн, а другиот да биде по смирен и по конкретен. Тоа е целта на врската, надополнувањето. Тоа што ти го немаш да го има он и обратно. Така ќе бидете комплетни и се ќе биде умерено, од ништо нема да има премногу или премалку. Барем јас вака ја гледам врската и мојата така си ја терам, па како што гледам до сега овој рецепт одлично се покажал. Затоа смирено, стисни стоп на ваквите мисли, опушти се и уживај. Ако на вас карактерите ви се совпаѓаат биди сигурна дека дури и да не сакаш се само по себе ќе си дојде на свое место.
Ви благодарам многу. Секако дека ме сфаќа тој знае дека сум повлечена малце и сега за сега не му смета тоа Инаку имам и една друга мака. Па.. тој живее во село и мене малце незгодно ми е. Родителите постојано ме прашуваат каде живее, а јас не им кажувам. Моите се многу преценети и не знам како би реагирале на тоа. Одма ќе почнат со тие глупави муабети, каде го најде вака - така... Многу тешко ми е за ова...
Ако он те сака нема да помисли за крај да ти збори , или нешто се случило таму или едноставно оладил ама појди од себе еве твоето оди накај заљубување , дали би ти паднало на памет да му збориш за крај? Ја мислам дека не е до тебе искрено ...
Не сакам да должам ама имам проблем. Се гледам со бивши ми за секс, а денеска дознав дека ќе се жени. ШОК, ОМГ!!! Сега проблемот е што незнам како да постапам, сакам да го откачам и тоа јас да бидам прва што ќе го откачам но незнам како, некое советче плус добро би ми дошло... П.С. Не ни знаев дека има девојка.
господеее! е баш шок, нокаутирање од страна на дечкоти, т.е на бившиот дечко што сте се гледаме само за однос.. откачиго кажиму не су играчка! додуша мисла не ни било правилно што сте се глеале на тој начин после раскинувањето ама ај секој со својто мислење и немат што да му се думаш крај и то е то, ете тој со женичката а тебе животот те чекат
А зошто па си шокирана, да не имаш грижа на совест што ти завршува сексот со него ?!?! А во крајна линија зошто и да го откачуваш, мислиш дека ќе биде верен и во брак како што бил верен во врска
Веднаш престани на секаков можен начин да контактираш со него и најди си некој нов. Запознај нови луѓе прави се за да не мислиш на него. Сигурно не би сакала да имаш надимак како швалерка или нешто полошо. Позз
бубалче истото го доживеав јас минатото лето-се на се во врска 4 години откако заврши се се мувавме еднаш и случајно му пратив порака емотивна ми се јави тогашната девојка за да ми каже дека се година дена заедно-беше преголем шок за мене не можев да се воздржам плачев ко бебе на цел глас а од несудената му снаа дознав дека девојката е бремена и наскоро ке се жени-пред 2, 3 месеци се ожени контактираме со таа што требаше да му биде снаа па ми кажа а муфљузов ми прати и покана за пријателство кога ке го видам фацата сакам да му ја скршам а не пријател да му бидам совет:обиди се да се смириш да не паднеш во депресија или не дај боже полошо од тоа бидејки не вреди да страдаш за некоја машка кукавица која нема три чисти да ти каже во лице и дружи се излегувај со другарки/друштво, ако имаш можност запиши се на јазик, јога-може многу да ти помогне, пилатес верувај дека со време ке ти биде подобро а на таквите ко него Господ ке им пресуди со време ке го надминеш верувај
Кажи му дека не сакаш повеке да се гледаш со него и готово. Па не си била ти во врска со него па да му ја мислиш толку како ке му рскинеш( да не го повредиш или нешто сл), сте се гледале само за потреби.. Глупак. Јас да сум на твое место и на девојка му би и кажала, чисто да си знае со каков си има работа за да не и биде после касно.