Немам таква душа, и нема да дозволам да дојде до тоа. Оставам така како што е, што е пишано ќе си дојде или во принцип што е мое ќе си дојде. Мило ми е што не сум единствената на која ова и се десило, и ова ќе го гледам како бурна летна авантура. Животот иде понатака, а вакви работи никогаш во мојот живот нема да направам. Ви благодарам што постоите како форум да ме посоветувате и да ми дадете подршка. Срцки сте навистина ми значи ова
Секому може да му се случи, важно е да не му придаваш големо значење, зошто и сама кажа дека било само за сексуални односи. А кога стигна тој да се жени јас стварно не знам... ти продолжи си со животот и верувај ќе се најде некој и за тебе што ќе те сака и почитува
Вака накратко, ова не е мој проблем но е премногу чест и сите го знаат, но никој не обрнал посебно внимание, а сите мислат дека само за тоа и се зборува. Дечко и девојка. Нормален пар,и тој средно убав и таа средно убава. Е сега, за женските не знам, ама кај машките секогаш постои една трета девојка што тој секогаш ја посакувал, таа е поубава од неговата девојка, таа е секси, недостапна е за сите, се движи со "високо" друштво итн. И за него таа е недостапна. Во овој случај знаеме дека секогаш и секаде е вака(и тој умира да биде со неа и тоа не го кажува пред девојка му но сепак таа го знае тоа), па неговата девојка се почувствува навредена, се погазува нејзината гордост на некој начин, опаѓа нејзината самодоверба... И сега? Навидум ова е мал проблем, но што си мисли таа третата особа за девојка му? (Со оглед на тоа знаеме каква е денештата младина, секој сака што повеке да се докажи и да им прави мајтап на некој начин не се сите поштени и фини.) Дали пред нејзините другарки таа третата личност се докажува, кога ке ги сретнат низ град пример, еј еве го овај што ми се пушташе, па го откачив нормално кај одам јас со онај...па онаа како оди со него за грев. БУКВАЛНО овие зборови ги употребуваат, ги имам слушано мал милион пати,ако сакате доказ ке ви наведам и пример. Сигурно сте и вие запознаени со оваа ситуација. Дали да се остане да се биде со него, да се трпат омаловажувања од сите, цел град откога ке дознае за истото, или да се раскине и да се сети дечково што прави,на што мисли, дали некогаш девојка му му дала повод да се почувствува и тој исто како неа или воопшто не размислува и незнае каде е проблемот? И секако дека таа третата девојка не мора да биде поубава од девојка му,но сепак...е ставена цената. Како би постапиле? ...
Самата девојка треба да си процени дали дечко и сеуште ја посакува таа што никогаш ја немал или не. Тука веќе е во игра егото на девојката, бидејќи колку и да и тврди дечко и дека нејзе ја сака, девојкава секогаш ќе се осеќа малку поинфериорно во однос на таа недостижната. Ако може да си расчисти со егото и доколку сфати дека дечко и ја љуби неа може да се одржи врската. Ако не никому ништо. Само многу е зафркнато што таа недостижната шири такви муабети. Ќе мора некој да и ја затне муцката. И плус и ние женските сме имале некој таков можен дечко кој ни бил преубав и плус бил фраер ама нели сме го одбиле заради некоја причина. Тоа се вика минато.
Чудно ми е како не си знаела дека има девојка... Мање битно тоа, нема никаква потреба официјално да го откачуваш. Вие сте се гледале за секс, не сте биле во врска, нели бивши ти бил. Продолжи си со животот како ништо да не било. Ако случајно те побара, и ако имаш ронка совест и самопочит, фино лепо ќе го одбиеш и тоа е тоа.
Не знам од каде да почнам.Најпрво имаме онака мали слатки кавги, но сега не разбирам што се случува...најпрво премногу сум нервозна а не знам ни јас од каде па тоа...најпрво му скршив еден детал од домот-уметничка слика потоа телефонот.И сега ми бара пари не сум вработена да му најдам а родителите ако дознаат ќе ме убијат
Не знам прво како си успеала , мислам за да скршиш цела слика не е само да ја поткачиш и да падне може стаклото да се оштети ,скрши , ама пак цела слика па уште уметничка верувам дека треба многу , друго исто и за телефонот , колку пати и домашен и мобилен ми се случило да ми падне па не се скршиле , зар не мислиш дека и ти треба малку да внимаваш па и тебе некој да ти скршел нешто така нема да те караат прво тебе од дома ? Може и пред неговите му е целата ситуација незгодна и тиа си ги сакаат работите назад , јас да сум го сторела тоа самата ке се понудам да дадам пари иако не сум вработена ке објаснам на моите , сега нема да бидат импресионирани ама ако веќе не можеш да кажеш дека кај дечко ти си скршила кажи кај другарка ти . Може да размислиш дали тоа што си скршила може да се поправи и само поправката да ја платиш , ако не не знам како поинаку ...
Како бе така успеа цела слика да скршиш?Ајде за тел разбирам,ама за сликата.. Не е можеби во ред што бара пари,ако сте во врска подолго време,ама културно е да се понудиш да ја поправиш штетата. Што ако неговите родители се колекционери на уметнички слики,можно е сликата да вреде цело богатство,па затоа ти бара пари. Објасни му дека немаш во моментот,извини се на него и неговите,и понуди се за поправка на штетата. А тој треба да биде уште по културен,и да одбие
Епа како нема пари да тражи? На мене не ми е јасно како можеш да влезеш во туѓа куќа и да кршиш се по ред, сепак тоа е негов личен имот Нема друго освен да побараш пари од родителите, кои и да не ти дадат, не би ги обвинила.
Ти во нервоза си му ја скршила сликата и телефонот? Девојко, пред да направиш нешто размисли. Секој би се налутил ако скршиш нешто лично. Сликата можеби е скапа. Можеби него многу му значи? Па не ти била доволна сликата па и телефонот. Извини, но мислам дека дечкото е во право. Нема некој друг да го плаќа тоа што ти си го направила во нервоза. Си требала самата да му понудиш пари, а тоа од каде ќе ги најдеш е твој проблем. Така е кога не се брои до 10. И да те изнервирал или понижил ќе изброиш до 10 и ќе се заминеш. Ти си паднала на негово ниво. Ај да не зборам многу, кога не знам што се случило. Кажи барем дали претходно нешто ти направил за ти вака да постапиш?
Ајде сега сите за телефонот и сликата ! Емоционалните проблеми се многу побитни од материјалните, причината што девојката ја довела во ваква ситуација е сигурно грда. А каде е она се што е мое е и твое? или исчезна некаде во времето па сега, машките и женските ќе се гледаат ради реда, секс, и потреба од илузија некој да те сака. Always незнам зошто толку паничиш, што те натерал да патиш,плачиш и да си нервозна..незадоволен од работите ти како девојка што можиш да му ги понудиш не ја заслужува ни плунката твоја. Вредиш повеќе од материјалното !
Никој не ни спомена дека емоционалните проблеми се побитни од материјалните,ама кој како си сфаќа.. Девојката не ја ни спомена причината за кршењето на работите,можеби не станува збор за емоционален проблем ,можеби едноставно била несмасна. И кога и ти не ја знаеш причината,не не напаѓај со намера да се расправаш. Ако сликата е семејно наследство,од генерации на генерации,како дечкото да објасни на неговите за кршењето од страна на девојката? Значи зборот ни е да внимава малку кога оди во туѓа куќа,и дека е културно таа сама да се понуди да ја плати штетата,а не тој да и спомене.Не станува збор за материјалност,туку за внимателност.
Лани летото случајно додека бевме излезени со другарка ми се запознавме со едни машки. Супер се согласувавме, беше мн забавно. Се дружевме секоја вечер, шетавме со нив, не запознаа и со останатите од друштвото. Ѓи засвиѓавме а мислам дека и они не засвиѓаа. Се смувавме неколку пати ама нон стоп бевме заедно. Седевме со друштвото, игравме карти, постојано се допишувавме на фб. Ама крајот на летото едни љубоморни кучки зборуваа за нас глупости и почнавме да се оддалечуваме. Финтата беше што ние не знаевме дека сето тоа зад грб ни се работи. Кога дознавме зборуевме со едниот од нив рече дека не поверувал. Но сепак заради обврските поретко се гледавме и некако и се одалечивме. А другиот успееа да го изманипулираат и ги прекинавме контактите со него. Помина веќе 1 година не зборуваме со нив ама кога ке се видеме ке се изнагледаме и никако не можеме да ги заборавиме. Сме имале и други ни се свиѓале и други во текот на оваа година ама на крај пак се се сведува на нив. Но мислеме и ние дека они нас не немаат заборавено, сакаат да започнат контакт со нас но неможат поради се што се случи и помина толку долго време...... Совет како да ги обновиме контактите со нив или како да ги заборавиме???
А и гледам во темата собирам пари за ... дека си пишала дека имаш настрана пари на дебитна картичка и плус на друго место за порачување ова она , значи дека и не е неопходно да кажеш дома а и воопшто не е фер според мене што не си се понудила дечкото може заради тоа со неговите си има проблеми
Сепак поминала една година,ако толку тие сакале да стапат во контакт со вас,ќе стапеле. Нема што да направите,освен да ги заборавите,било поминало. А единствен начин да заборавиш некој,е да избегнуваш да го гледаш.
Ако имате број побарајте ги или на фб започнете разговор... тие сами ќе ве викнат на кафе ако толку многу се бендисувате. Ако саката да ги заборавите едноставно почнете да излегувате со други деца.
Врската ни беше сериозна уште од првите 3 месеци.При самото погледнување на неговите очиња зелени знаев дека е искрена љубовта.Одам кај него на гости, на ручек со неговите и тој иде...тоа е нормално затоа што врската ни е долга.Во право е девојката дека уметничката слика е вредна и сето тоа но тоа беше додека се каравме и беше сосема ненамерно.Прво целата се нишаше и постојатно кажуваше дека треба да ја зацрстат со татко му. Падна откако замавнав со раката.Сликата не е голема. Но навистина е убава.Жал ми е за тоа што го направив.Но дали има цена нашата врска, дали таа слика ( не знам ни дали му е подарок ни дали купена ) има цена ви благодарам на сите кои пробувате да ми дадете некаков совет но...не знам мислам дека негова вина е...како одеднаш целата љубов да испари