Здраво девојки! Многу сум збунета и потребно ми е ваше мислење. Пред 1 година го засакав другарот на братучед ми. И постојано мислам на него, значи не поминува ниту 1 ден, без да помислам на него и постојано сум тажна. Јас сум многу срамежлива а и тој исто така е срамежлив. И никако да напрајме муабет. Бев кај братучед ми неколку дена на гости и тој кога ќе дојдеше јас уста не отварав. Тој понекогаш ќе ме прашаше нешто и јас ќе одговорев ама од моја страна НИШТО! Но тоа беше пред 7, 8 месеци. И од тогаш кога ке се видиме, само едно “здраво“ и толку! Јас иначе живеам во странство, но често сум во Македонија. Пред 3 месеци дојдов пак тука и кога се видовме за прв пат ова лето, тој ми рече: “Пак дојде? Готово, ќе те мажиме тука!“ Потоа бев на крштевка и таму беше и тој. И еден мој братучед и другар негов постојано му велеа: “Оди, фати се до чупето да играш!“ А тој цело време се смееше и едно време дојде и се фати до мене и сите почнаа да не сликаат. Но тој ден ни еден збор не зборнавме еден со друг. Тој на сите “здраво“ му рече, само мене не. На крајот пак не се поздравивме. И сега не знам тоа што значи. Дали премногу се срами, затоа што му се свиѓам или затоа што воопшто не се интересира за мене? Другарка моја (и таа го знае) ми вели, да му пишам на ФБ и ако ми прај муабет добро, ако не да го заборавам, затоа што веќе 1 година се мачам и не знам веќе што да прам. Но јас мислам, доколку тој беше заинтепесипан, тој би ми пишал прв. Ве молам да ми го дадете вашето мислење на оваа тема...
Овака се немавме видено околу 10дена и стално ми зборуваше колку му недостигам, колку сака да се видиме, дека се навикнал на мене затоа што една недела бевме нон-стоп заедно, ама од различен град сме и немавме шанси да се видеме па од понеделникот јас тргнав таму на школо и се договоривме јас да не си одам туку цел ден да сме заедно, и се видовме беше мн. изнервиран затоа што не го примале во тој смер што сакал, и од дома му викале и ми кажа дека не му е добро ќе поседеме саат време и ќе си оди и мене тешко ми падна ама ништо, океј што можам да направам. После 5минути ми вика не, ќе одам јас кај другар ми што ќе правам дома, и поседовме само 10,15минути најмногу од кој тој 5минути на телефонот разговараше.. Цел ден, цела недела ми е утната, стално на тоа мислам, тешко ми е ептен. А и порано стално ми ѕвонеше по 10пати во ден сеа еднаш до 2пати најмногу, стално зборевме за нешто сеа само молчиме и двајцата и нема што да си кажеме, го нема ни да потсети да останам да се видиме.. Знам дека мора да разговарам со него на оваа тема ама страв ми е од одговорот, што ќе биде ако се налути нешто, ако ми каже дека е крај, дека не му е интересно со мене?
Спојлер Конкретно,во оваа ситуација јас не гледам знаци на допаѓање од негова страна. Така што не би се замарала.
Нема зошто да се плашиш од одговорот.Подобро да ти каже за што станува збор,одшто така да се мачеш и да размислуваш премногу. Некои одговори се едноставно болни и пресудни,во мора да бидеме силни. Единствено што можеш да направиш е да разговараш со него,за да знаеш ги причините за неговото однесување.
Девојко нема што да се замараш си имала супер прилика на типот да му го видиш вистиското лице и вистинските чуства!!! -Зошто го напишав ова: -Бидејки бил "изнервиран затоа што не го примале во тој смер што сакал" дома му викале и ми кажа дека не му е добро ќе поседеме саат време и ќе си оди:"лага зошто"? -бидејки одеднаш му текнува да каже:"После 5минути ми вика не, ќе одам јас кај другар ми што ќе правам дома, и поседовме само 10,15минути најмногу од кој тој 5минути на телефонот разговараше".. Девојче вреди ли да мислиш зошто и како ? не... Значи и да решиш да разговараш и да добиеш одговор штоо не ти се допаѓа сфати го ко олеснување незнам како ке ме разбереш и сфатиш но размислувај за нешто подобро и покорисно а не нешто што во иднина може да ти донесе големи главоболки....
Па искрено 1година е долг период за размислуваање досега некој требало да потегне прв... Нему можеби му е незгодно од братучедти
Значи јас да го направам првиот чекор или сепак да чекам на него? Или можеби од негова страна не постои интерес?
ja искрено мисла дека ако имаше интерес од негова страна, за време од една година би имало реакции а и плус не ти е тука, би ти рекла да си го тераш животчето натака ехе да потрошиш една година думајќи се за некој што можит и воопшто не размислуват за тебе не вредит have fun,друштво излегување ова она
Девојки повторно јас со мојот проблем... Кога дечко ви ќе ви каже дека не е сигурен во себе, дека не е сигурен дали сака да продолжи оваа врска или не, тогаш врската е одамна прекината зарем не.. Ми вели дека му требаат уште неколку дена за да размисли, му дадов рок до недела. Ми вели дека не треба да си донесам свои заклучоци... Девојки кога влегов во оваа врска мислев дека ќе ми се промени животот, дека за прв пат ќе бидам среќна, сакана... бидејќи пред оваа врска бев скршенаа, уништена едноствено што беше во мене беше болката.. Овој ми помогна да станам пак на нозе, тој ме натера да влезам во врска ветувајќи ми дека ќе бидам среќна, сега ми вели не е сигурен... Толку многу ме боли душата.. толку многуу... ја мразам оваа болка..ЈА МРАЗАААМ!! Затоа што сфакам дека никогаш не исчезнала од мене, туку била скриена и чекала момент кога пак ќе излезе... Исто како да играв рулет ставив се што ми остана, се што имав и сега пак ќе останам празна.. До кога вака?!? Зарем е толку тешко да најдам некој кој што некој шо ќе мисле на мене ... шо ќе му биде важно да ми биде убаво не сакам врскка во која морам да пазам што правам за да не бидам повредена Ама изгледа таква врска не постое..... Офф леле колку боли...
Секоја врска по дифолт не значи-најсакана ќе си,најсреќна, и се нај нај. Значи во секоја врска-некој ќе биде повреден на било кој начин. Инаку мислам дека ти треба малку да го гледаш животот од друга перспектива. Тебе тој повеќе ти е навика.Барем мене така ми изгледа. Имаш запоставено се,поради него. Епа да,реалноста е дека не е тој центарот на светот. И кога сам не е сигурен во себе,што очекуваш од тој човек?После толку време му текнало дека уствари он не е сигурен во себе,во врската ваша итн. Остај го на мира,а и на себе си дај време.Пробај да си го вратеш стариот начин на живот-изглегување со друштво,стари пријатели,спортување и сл. И не живеј во спомените.Мислам дека и сама си свесна дека работите се сменети,но оправдување ти е минатото-кога бил најдобар.Било,поминало.
А зошто мораш постојано да си со некој? Имаш фобија од осменост, или се чувствуваш празно без дечко? Кога некој ќе те повреди тоа е лекција дека треба да внимаваме на кој му веруваме и на кој се препуштаме. Сите ја знааме онаа поговорка клин со клин се избива, ама тоа одамна престана да важи, уште од времето кога мажите престанаа да се мажи. Што сакав да ти кажам е дека скршеното срце значи trust no one, а не прегратки на првиот кој ќе ти ги симне ѕвездите утешна награда за твоје поразе, заради тоа што не си можела да ги сносиш сама. Нема поубаво нешто од тоа да сакаш и да си сакан, разбиран...ама брзата кучка слепи кучиња раѓа. Така да престани да цимолиш и да се влечкаш, чекаш некој кој не те заслужува, наместо тоа застани на силни нози, главата горе и со насмевка која вели да и ова го преживеав
Јас највеќе мразам паузи и рокови и несигурности , поаѓам од себе кога сум била вљубена ма какво размислување бре дали сакам или не , го сакам па спремна сум да се борам ! Тебе сигурно секогаш рози не ти цветале а си била спремна да се бориш ,значи си го сакала , си ја сакала таа врска , не можам да сфатам јас тоа не е сигурен , што сум јас маичка што ја видел на излог да не е сигурен дали му се свиѓа , како ке му стои , дали ке најде комбинција за неа , абе ајде ! Зборувам од лично искуство , кога ке ми кажел дека не е сигурен гледам колку е саат и нема што да се влечеме , тешко е , не велам не , многу е тешко не можеш никогаш да отсакаш и да не мислиш на некој што ти бил секојдневие , но од почеток ке се навикнеш дека мора да го сакаш од страна и во себе , веке си поминала низ ова и можеш пак . Јас сфакам дека сега мислиш дека е најубаво да се смирите , ама дали ке се чувствуваш мирна и сигурна и сакана покрај дечко што еднаш се запрашал дали сака да е со тебе ? И зашто мора секогаш да си со некој? Што си ти мало дете па мора секогаш некој да мисли на тебе и да гледа да ти е убаво , сама не знаеш да мислиш на себе и да правиш некои работи што те исполнуваат?Некогаш годи и да си салободен , да си ги разбистриш мислите и да се забавуваш со погрешните додека да налеташ на вистинскиот
Здраво. Прво добревенајдов, нов сум на форумов, се надевам нема проблем бидејќи сум машко, а идам на женски форум за помош . Значи вака.Се работи за сестра на мој добар другар, го сакам другаров како брат.Се случи што се случи се заљубив во неа, исто и таа во мене, но тогаш кога можеше да биди нешто јас одбегавав поради тоа што не се чувстував здрело(имаше доста обиди, но како што кажав не се чувстував здрело) и не сакав да се расипам пријaтелство со другарчето.Дојде време се чувстувам здрело(помина доста време, не зборувам за 5-6 месеци), се видов уште неколку пати и сеуште знам дека има шанси спрема разговорот кој го теравме и уште некои ситници но малце е потешко за комуникација бидејќи фб и е деактивиран, а број немам.Единствено што можам да направам е да одам дома кај него и да и речам да излезиме доколку е во моментот тука.Значи само да ја извадам надвор, после се надевам ќе биди полесно.Но незгодно ми е од другарчево, не знам како ке реагира, не сакам да си го расипам другарството ако свати поинаку. Другарчињата ми викаа: Абе ке ти мине, друга ќе се најди( бев уште со две девојчина одкога се запознав со неа но џабе, умот сеуште кај неа ми остана и додека бев со нив), значи го сакам девојчето многу, можеби бидејќи имаме доста заеднички работи, да не речам премногу, не знам што да правам, ве молам за некаков совет. Благодарам.
Ако другарти зна е каква личност си ти и ако му одговараш за дружење зошто не би му одговарал и како зет !D Мислам зар подраго ке му е некој друг да се мота околу сестра му , или пак дргарот што го сака како брат . Викни ја да излезете ако веќе си почувствувал нешто кон неа ,зошто да не го истражиш тоа чувство и да видиш што понатаму ? Ајде чекаме да видиме како прошол првиот состанок
прво спомни му на брат и, и види како би реагирал тој па ако видиш некоја реакција од нејзина страна пукај - прашаја да излезите a то што и е деактивиран facebook-от немат врска уште поубо, очи вочи ке е поканиш да излезите и ке и земиш број
Благодарам за советите, искрено тоа и јас планирав да го направам, но од една страна ми е страв, несакам да го изгубам другарот, а од една неможам ни без неа Ке пишам за најбрзо време што можам како поминало, се надевам добро ќе биди
Девојки во тесно сум помагајте! Не сум доволно паметна и незнам како да постапам Пред некое време барав совет од вас...и ќе се потрудам во најкратки црти да опишам. Имавме големи проблеми во врската со дечко ми заради неговите две сестри кои се мажени и мајка му.По толку напори и совети применети не ме сакат за жива глава, поради тоа што дечко ми има свој сопствен бизнис и додека да се фати со мене во буквална смисла ги издржувал, им купувал и сл. а со тек на време тоа се смени.Поголемиот дел од вниманието го пренасочи на мене, што мислам и дека е нормално . Да биде уште поголема ситуацијата..кога ја отворил фирмата дечко ми ја назначил поголемата сестра за директор затоа што тој бил сеуште студент.Меѓутоа таа истата фирма што ја води дечко ми 100% сам за 6 год. прерасна во доста познат бренд, и колата што си ја купи, простории, плацови, беа на таа фирма и тој самиот се смени на чело директор.И уште толку почнаа проблемите. Сестриве се мешат во се и сешто, мајка му и она по нивен памет тргнала..едноставно не не оставаат на раат, т.е. дечко ми да продолжи понатаму! Многу пати се каравме за нив и он е свесен дека се работи само за љубомора од нивна страна, ама ме молеше да не дозволам да не ни ја уништат врската, дека се ќе се среди!А јас веќе година ипол седам дома дипломирана без работа и мислам дека несака да ме земе во неговата фирма за да не настане уште толку инцидент! И од сите тие работи и двајцата станавме нервозни, се караме за се и сешто.Страв ми е дека во скоро ке се разделиме Деновиве ми понудија работа во друг град каде што ке треба да се преселам доколку прифатам.. Кога се консултирав со дечко ми ЗБЕСНА! И незнам што да правам.Мислам дека подобро ќе биде да ја прифатам работава и да се отргнам барем на кратко од се, затоа што неможам повеќе да седам дома и да се замарам со неговите луди сестри. Ама страв ми е да не биде крај со нас Многу го сакам и сите овие работи ги трпам 5 год. заради него. Ве молам девојќи помогнете ми незнам што да правам ...за работава треба да се одлуќам до другата недела.