Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Charlottexo

    Charlottexo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    19
    Не знам дали ова да го пишам али ајде.. Идеме една година со дечко ми. Признавам дека не бев најсјајна првите неколку месеци, но не се каравме, не бев лоша, имаше слобода, имаше се што ќе посакаше од мене на тацнам, правев се за него, го сакав.. и наеднаш бум.. фатална караница..Тоа беше на 7миот месец... од тогаш до сега (веќе пет месеци) постојано се караме, јас сум таа што константно врти после караници, се извинува, плаче, се труди, тој е тотално незаинтересиран. Од тогаш ми раскина преку 5 пати, за најглупи причини.. Ја уште будала коа он ми раскинуваше трчање по него, не сум го пуштала... сум стоела.. сум идела од еден град до друг (бев тој период надвор од Ск) избезумена само за да го вратам.. ИАКО ИМАШЕ КАРАНИЦИ И РАСКИНУВАЊА - КОМУНИКАЦИЈАТА БЕШЕ ОКЕЈ.
    Сега... веќе две три недели, не ѕвони, го мрзи да се видиме, не прави муабет на телефон, игра по цел ден, не се става на фејсбук,.... дреме.. не доаѓа.. не знае веќе ништо за мене, незаинтересиран е, ме вреѓа.. едноставно преку глава ми е :doh: преку глава ми е од тоа што само јас се трудам, зборам, плачам.. А кога водам друга политика т.е. кога глумам дека не се замарам ондак он е бетер. Дај кажете некоја тактика, техника, да се среди врскава.. некој дејт, некој разговор, друга политика? ЌЕ ПОЛУДАМ
     
  2. devojka54

    devojka54 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    44
    Раскини му. Сама си си одговорила дека е незаинтересиран. Најди некој кој ќе го заслужи твоето ''замарање''.
     
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ако е незаинтересиран како што викаш, те бара, не сака да се видите тогаш, најубаво да си продолжиш даље. Вака само ќе се нервираш а он ќе си ужива, додека ти го бркаш, молиш он ќе си живее свој живот.
     
  4. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681

    Значи вака. Разбирам јас врска, голема љубов, приврзаност и се тоа. Но за тоа се потребни двајца. Треба двајцата да ја одржуваат таа врска, да има љубов, согласност, посветеност и разбирање од двете страни. Како тоа трчаш по него ? Зар немаш гордост ? Велиме да ја прегазиме гордоста за да ја спасиме љубовта, но твоите постапки се над крајната линија. Тој видел дека го сакаш премногу и се ќе направиш за него и затоа така ти прави. Ти уште на почетокот си згрешила не треба така да навикнеш некое машко. Ако сака да си оди слободен пат, ако те сака ќе се врати. Нема тука тактики и техники кога е во прашање љубовта. Ако те сака нема така да ти прави. Како бе тоа да не доаѓа да се видите, да не ти се јавува ? :x Се гледа дека дечкото не те сака, бар така заклучив јас. Така да мислам залудно не труди се девојко, отвори ги очите. Било што било, остави го. Заврти нов лист, среди си го животот. Никогаш не е доцна за тоа. Ќе се појави некој кој ќе те сака, цени и заслужува.
     
    На Charlottexo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Charlottexo

    Charlottexo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    19
    Шта буде нека буде.. Ова неговото сите граници ги пројде, најдобро ќе биде да не го гледам некое време, па колку и да е тешко..
     
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    17 години имаш? Ај те молам прибери се, седни малце, размисли со ладна глава што правиш од себе заради еден недоделкан мочко.
    И ај одговори дали болдираното тебе ти личи на љубов или не? Сама си опишала се, ете според тоа одговори си. Според мене нема ни Љ од љубов од негова страна, а па ни од твоја, само опсесија ти е и си замислила самата дека не можеш без него и готово. А и според годините не ќе да си нешто премногу зрела за сериозна врска и вистинска љубов, без навреда.

    Како бе е можно толку да се нема самопочит не ми е јасно. Како се дозволува вакво нешто, зарем не се сакате себеси? Кога не иде, не иде и крај. Што со сила нешто само форсирате колку да се рече дека сте во врска и имате дечко. Не знам...
     
  7. Charlottexo

    Charlottexo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    19

    Не е колку да имам дечко, реално секој може да има. Да не ме интересирало, да не сум го сакала, ќе сум ставела крај пред 6 месеци.. И сеуште не можам да ставам крај. А и тој не беше ваков, мене тоа ме мачи што е сменет. Премногу е сменет. Врската од совршена и зрела ми прејде во .. кошмар.. Не сакам да се измачувам и јас во врскава, гледам да сум што е можно поискулирана (барем пред него) ама не знам.. Премногу го сакам ама и премногу го мразам. Кој ќе ме сфати :D
     
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Последниот пасус не беше наменет конкретно за тебе туку општо. :)

    И самата си кажуваш дека на почетокот ти не си била баш најсјајна. Што е тоа што ти го правеше на почеток? Можеби тоа довело до врската да ви стане кошмар, можеби затоа он се сменил... Гледај го прво коренот на проблемот. Затоа ти пишав седни малце и размисли, не само со глава во ѕид упорно. Можеби баш тоа што ти цело време трчаш по него е проблем. Можеби досадно му станало, а може па и едноставно повеќе не те сака. Мора да има причина за неговото вакво ладно и незаинтересирано однесување, затоа што според твојот пост он воопшто не покажува никакви знаци дека сака врска со тебе. Пак ќе ти речам по трет пат, размисли која е причината (мора да има причина), и доколку вреди викни го, седни го, и на смирен и јасен начин прашај го дали има надеж сеуште за вас, доколку има што треба да се смени за да биде подобро и дека сакаш да си на чисто, или-или, а доколку мислиш дека не вреди едноставно остај и крај.

    И може малце изгледа дека те карам ама добронамерно е. Мораш да имаш самопочит, самодоверба, карактер, гордост итн. Ова што ти си го правела секоја граница ја има поминато. Мора да си поставиш прво на себе, а со тоа и на другите една црвена линија која не смеат да ја поминат, инаку почесто ќе ти се случуваат вакви работи и секој ќе ти прави како на него ќе му текне. Во врска со сите луѓе зборам, не само дечко и другарка може да биде. :)
     
  9. Charlottexo

    Charlottexo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    19
    Искрено не знам каде толку сум „грешела“ во почетокот на врската, тоа уште беа фазите на заљубување па ваљда тогаш пошо сме се упознавале сум му била поинтересна, сеа после тој период можда и не сум... А за муабет да правам со него, правам.. Константно зборам (полека, најсмирено) дека некои работи што ги прави не се океј и треба компромис ама, од едно уво низ друго.

    А за самопочит, имав и си ја изгубив благодарејќи на него.. Папучарка си станав, тешка.. :@ Ама ќе го сменам тоа, морам...
     
  10. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    биди смирена, размисли со ладен мозок и од сите страни разгледаја ситуацијата а не само од една и тоа од негативната :)
    размисли и одлучи и секогаш имај си свој став и свое јас :)
     
    На Charlottexo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Твојот проблем навистина ми го привлече вниманието , бидејки за разлика од многуте ситни и тинејџерски проблеми овде ти навистина си пред животна одлука . Најпрвин неговите сестри се мажени , им се мешате ли вие во бракот ? Си се средиле тие , си имаат дома маж што ги чека а мешаат прсти кај братот , можеш некому да му пуниш глава за девојка/дечко првите неколку месеци до пола година , но 5 години се период , колку и да сметам дека изборот е погрешен од почит кон личноста која ми е блиска ке го прифатам неговиот избор .Знам дека до сега многупати сте разговарале но овојпат ако треба и групно или одделно како сакаш мора да разговараш прво за нивниот однос , штом 5 години тој не попуштил на нивна страна значи дека љубовта ви е вистинска и едноставно сте се бореле и сте дошле до каде што сте , сега тој има фирма а тебе ти се нуди работна можност , се разбира дека не можеш цело време на спиеш на тоа уво дека тој ке е тука и неговата фирма и нели еден ден дека ке се земете , мислам дај боже , јас искрено ви посакувам се најубаво , ама нели мора да се разгледаат сите можности . Значи објасни му колку си исплашена како прво за својата иднина , зошто во време кога луѓе не само со диплома туку и магистратура немаат работа , ти имаш можност да се вработиш и дека секако тоа ке го сфатиш сериозно , штом сте 5 години заедно се разбира и си имате веројатно некои посериозни планови за во иднина , но повторно ке кажам објасни му дека мора да ги разгледаш сите можности и ако утре не дај боже не завршите заедно , ти зар да седиш невработена дома ? Сакам да кажам дека ова е една од оние одлуки кои човек мора сам да ги донесе , никој не е во твоја кожа да знае низ се што си прошла и колкава е твојата љубов и што овде попрво ке жртвуваш :!: љубовта или кариерата ? Ако пробаш како што велиш на кратко да се оттргнеш а работава ти тргне а сепак нејкеш да ставите крај , ке се најдеш уште во потешка ситуација , што и да одлучиш , само храбро и се ке се среди кога тогаш :)
     
  12. Babylon

    Babylon Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Треба отворено и смирено да поразговарате. Со бурни и непромислени реакции нема ништо да се реши. Размислете како би ви функционирала врската доколку ја прифатиш работата, а и тој треба да поразговара со своите дома и да си го разреши проблемот. Требало и досега тоа да се среди со оглед дека сте заедно веќе 5 години. Штом се возрасни, со оформени сопствени семејства, треба да бидат доволно зрели, да сфатат дека сте во сериозна врска и да разберат дека нема зошто да ви се мешаат. Се надевам ќе ти се среди ситуацијата :)
     
  13. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Девојки имам проблем и имам потреба за совет од ваша страна.
    Во врска со сум дечко веќе 6 месеци,но тој не живее во мојот град.
    На почетокот се гледавме често но со текот на времето нашите гледања се намалија т.е сега се гледаме стварно многу ретко.Ова е најдолго и не сме се виделе 2 ипол недели.Се слушаме постојано по повеќе пати во денот но сепак не се гледаме често.Причината за која не се гледаме е финансиите.Односно во моментов и јас и тој сме во слаба финансиска состојба.Еве веќе 6 месеци како треба да дојде да живее во мојот град,но има проблеми со работата.Чекаме да почне со новата работа но тоа многу се одолговечи.Го сакам стварно но неможам да поднесам врска на далечина.Буквално сум љубоморна на секое негово излегување од дома и тоа е пак поради тоа што не се гледаме.Сите околу мене ми викаат дека он намерно не доаѓа дека не ме сака ама јас пак сум сигурна дека ме сака и незнам што да правам.Дали да му раскинам или да продолжам да чекам да се пресели во мојот град и нашата врска да почне нормално да тече,а не на овој начин.
     
  14. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    ако стварно чуствуваш дека си сакана, остај другите што ти викаат ;)
    а и во различни градови штом живеете колку и да имате финансии немат секој ден два да се гледате.
    ако се гледате на недела две океј е немат место за паника по мене :) ајде ко ке си бидите заедно во исто гратче ке им докажите на сите дека и то успеват :) бидете силни верни и полни со доверба еден во друг
    good luck :*
     
    На Buterfly2576 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Врска на далечина по дифолт не мора да значи дека нема да успее,ако не се гледате често,т.е преку еден ден,два.три или осум.Секогаш се присутни и финансиските бариери.
    Ако тебе и покрај реткото гледање ти е добро во таа врска,и се чувствуваш сакана,почитувана,тогаш ќе мора да издржиш малку.И како што спомена претходно феминката,не ги слушај другите,ако тие немаат надеж во таква врска или не им успеала,не мора да значи и дека тебе нема да ти успее.
    Разговарај со него и кажи му дека си љубоморна,нормално е тоа,само не претерувај.
    Инаку не спомена знае ли се од прилика за колку време тој би се преселил во твојот град?
    Се надевам за брзо време се ќе се среди :)
     
  16. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Па во секој момент чекаме да се пресели.Еве веќе 4 5 месеци треба да се пресели но се некој проблем и класиката на 1 вика на 15 на 15 вика на 1.Јас разбирам дека не е ни до него.И он го презеде тој ризик да напушти сигурна работа и да дојде на ново место поради мене.И имам разговарано со него (иако он го има тоа приметено) .Јас знам дека немам причина да бидам љубоморна,а и он ми го кажува тоа.Се труди и он да прави што е можно помалку ситуации во кои јас би била љубоморна,но јас малку претерувам искрено..И се трудамм да не бидам толку љубоморна и да го разбирам како он мене што ме разбира за се.Искрено и кажувам јас да сум на негово место не би била во врска со мене.Незнам како ме трпи.Пробувам да го сменам тоа ама како појако од мене да е.
    И фала ви на добрите совети.Ми ја вративте самодовербата да не се откажувам. :*
     
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Сама си одговори :)
    По напишаното,не гледам простор за сомнежи од било каков аспект.
    Но,ќе мора да се стрпиш.Трпение спасение :)
     
    На Buterfly2576 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pinklife

    pinklife Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    2
    девојкии...Ве молам дајте ми совет.Се познаваме повеќе од една година а последните неколку месеци си пишуваме секој ден , го засакав навистина а и тој ми рече дека ме сака најмногу од се :| но една му се буташе цело време и јас се нервирам и мислам дека сега одат ама цело време ми негира дека тоа не е точно.А сега ми вели дека сме биле само другари и дека сум погрешно сфатилаа...премногу го сакам неможам да живеам без него... После кавгата ми прати текст на кој пишуваше ќе бидам твој само твој.. Нешто од внатре ми вели дека и тој ме сака но незнам што да мислам и да правам повеќе :?:
     
  19. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    А имате излезено или..?
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Ако се сакате толку зошто не сте пар ? Мислам дека треба да преземете таков чекор ако се сакате. Предложи му врска, ако ја прифати твој е :D
     
    На pinklife му/ѝ се допаѓа ова.