Имаше нешто меѓу вас,мување или? Јас разбрав пријателство од 1 год,во кој последните месеци љубов си изјавувате? Имаш причина да мислеш дека помеѓу нив има нешто? Или онака само твоја интуиција?
Имаше само еднаш.. Па така некако пријателство од една година и последните месеци си изјавуваме љубов. Па имам причина таа цело време го трчка што се вика оди по него.. си лајкуваат слики статуси :/ а и во последно време не се однесува како порано. :/
слушај си го срцето! и не се нервирај за глупости разбудија позитивката во тебе, се разбират до одредена граница
До сега што и да се случеше секогаш попуштав...но јас него едноставно неможам да го раберам.Незнае што сака A jaс мислам дека е со неа а не ја сака.
И да не ја сака, избрал да биде со неа. Плус со тебе веќе не се однесува како порано. Некако не ми изгледа дека е загреан за тебе. Сепак можеш да му кажеш подиректно дека си заинтересирана за него за да знаеш на што си.
Да те сакал, да бил искрен тогаш ќе бил со тебе. Не мора да значи дека и неа ја сака, сигурно не ја сака ни неа штом се игра со двете вас одеднаш. Немој да дозволуваш да бидеш нечија играчка и кога ќе му е досадно да ти "се враќа", а после да си оди пак со друга тебе да те прави будала на здрав памет погрешно си сфаќала. Едноставно откачи го, мислам дека и сама си свесна како стојат работите но не сакаш да си признаеш. Што побрзо го направиш тоа, ќе биде подобро за тебе. На него не дека ќе му недостигаш, гледаш и сама, се вртка со други. Подобро најди си некој кој заслужил да те има и кој нема да си игра со тебе и твоите чувства.
Ако те сакал како што ти претставува,до сега ќе имаше нешто повеќе од обично мување. Не ми изгледа дека е озбилен типот,претпочитам да кажам сака да си седи на две столчиња. Може ти да си другаруваш со него,ама само другарство,за нешто повеќе мислам дека ќе бидеш повредена.. Барај некој што те цени,без игри од типот топло-ладно.
Можеби сте во право јас некои работи не сакам да си признаам иако ги гледам :/ едноставно сум таква никогаш не го повредувам саканиот се обидувам да простувам ...А знам дека и тој знае да сака искрено барем порано беше така кога одеше со едно девојче Иначе другарките за овие мои постапки во однесувањето ни малце не ме оправдуваат
И оправдано им е што не те оправдуваат. 18 години имаш, животот е пред тебе, немој да се нервираш за глупости
Ве молам давајте совет!Незнам што да правам..има еден дечко што се познаваме од школо генерација ми е(не учиме заедно)едаш седевме со друштво тој почна да ми се пушта..така беше неколку недели и искочивме но јас несакав никој да знае за тоа,потоа не ми ни пиша ништо немавме никаков контакт,после некое време за викенд пак искочивме потоа пак немавме никаков контакт како да не се познаваме и сега пред недела време за викенд искочивме,но и двајцата немаме никакви чувста еден спрема друг.. што мислите ако имам прилика нареден пат да искочам или да го одбијам,цело време ми се врти во главата дека само ме искористува.. ??
Ако и ти немаш чувства никакви кон него, а гледаш дека немаш основа за никаква иднина или незнам што бараш од некој дечко. Во главно без разлика дали он сака да те искористи или не ако не чувствуваш ништо према него би ти препорачала да не си го трошиш залудно времето.
според тоа што си го пишала барем и другарски чувства да имал ќе се обидел барем еднаш да те исконтактира а не само кога ќе му си потребна да те бара...од моја гледна точка те користи само колку да му помини досадата...не се навредувај и не ме сваќај погрешно само искрено те одговарам...а како што и напомена дека немаш и ти никакви чувства спрема него твое право е дали ќе прифатиш пак да излезите само не дозволувај да изгледаш лесна во неговите очи нека се позаинтересира и тој малце...
Како бе те искористува?Ти сама си се согласила да се видувате повремено без обврски. Тоа подразбира дека взаемно се искористувате Ако веќе не сакаш таков однос,дај му до знање и готово. Нема потреба од комплицирање на нештата
Во право сте иако ми беше интересно за време со него,згрешив не требаше да дозволам така лесно да искочи со мене,сега можеби има погрешно мислење за мене дека секој може да искочи така со мене дека сум лесна(затоа сто така направив со него) но секој прави киксови во животот.. нареден пат нема така да наравам!
какво е неговово однесување? Девојки некој совет добро би ми дошол.пред 2год се мував со тип кој мн го свиѓав и он мене убаво ни беше 2 -3месеци но тој беше тежок за чуства ептен да не зборам па за емоции ( пуста девица во хороскоп) но се привикнуваше на лмене го глеав тоа.Но настана пресврт една лдругарка ме праша како ни е а јас и рек као у стил незнам мн е ладен незнам што сака (при тоа заборавив дека се познаваат тие двајца) уф се случи и тоа да таа "другарка" којзнае што кажала него го снема и знаев што е и ич не го барав.Со тек на време свати што направил почна да ме бара но јас игнорирав цели две год така и на крај излеговме на кафе ме гушкаше како со душа да чекал да ме види ме однесе до дома и седејки во кола се бакнавме с амиот посака да се видимѓ пак а поминаа веќе 5дена го нема незнам што да мислам не сакам да го барам свесен е тој дека ми значи но ете незнам...
то е доказот дека се се уништуват ко ке се вмешат некој трет во љубовта. а штом не те заборавил за тие 2 години сигурно си му оставила добар впечаток. биди малку ладна нека те барат тој па ке видиш ако осеќаш дека му значиш good luck
Леле тие девиците ама се тешки за разбирање ( небил само мојот таков ) а инаку јас мислам дека чека сега ти да го побараш
Оо ептен се тешки мртви ладни дур не те запознаат боље ќе си почекам јас не брзам го сакам и имам трпение ќе се јави тој секако но ако после тоа биде пак вака ке се откажам сепак фала ви
Pinklife пошто и твоето маже е девица може ли да ми кажеш каков беше на почетокот однесување,се праеше ли вака ладен недостижен секој опис добро би ми дошол.