Добро бе девојки а што се прави во случај кога дечково е премногу формален? Значи погледи цело време,слатки мали насмевки со поглед у очите,ама никако да се отвори,никако да пријде,да ми даде знак некаков...Постојано ме гледа,не можам да знам што значи тоа гледање,не сум Баба Ванѓа! Од друга страна не сум ни доволно храбра баш директива да го прашам...му се смешкам и ја,возвраќам ама ништо....ќе чекам док не падне плафон!
atopic-па не се правеше тој трчаше по мене а сега кога ми го освои срцето изгледа почна да се прави недостижена и да ме прави љубоморна се плетка со една друга мислам јас (а никако да ми признае дека имаат нешто ) а и плус до дека да се отвори да изјави љубов охохх треба прво добро да те познава.Девиците се многу срамежливи и глупи хахаха едноставно ни тие сами не знаат што сакаат
Gioia-ист случај сме мојов на секој начин ми се пушташе но јас увидов дека се плаши од првиот потег и тргнав у акција најдов негов број и една вечер му вртам ( со мисла излагаме на кафе макар ништо да не се деси) и се согласи одма истата вечер бевме заедно и не се каам што јас прва потегнав уште таа вечер ми кажа колку му се свиѓам и чекал прилика да излеземе затоа биди храбра понуди му кафе да пиете ке видиш како ќе се однесува одма ќе сватиш дали ќе биде или не само храбро и пиши што биднало
Pinklife-можеби те тестира да види како ќе регираш внимавај заклуив дека такви можат да бидат уфф абе тешко нас со девициве
Здраво на сите потребен ми е совет. Пред некој ден дознав ужасни работи од мојот братучед во врска со мој бивши дечко во смисол се фалел како ја и тој сме имале односи (а воопшто сме ги немале) и тоа замислете пред цело друштво.Не сум одмаздољубива но овде се работи за моето достоинство и затоа како јас сега изгледам пред цело негово друштво.Ве молам за совет кажете ми како да го понижам и јас да му вратам со иста мера,да го понижам токму пред неговото друштво. Благодарам однапред
Пих, најдобар начин да го одбраниш твоето достоинство е да ги изигнорираш глупиве фалбаџиски коментари и смирено да негираш ако те прашаат. Не е ни прв ни последен што измислува интимни искуства за да биде фраер у друштво и многу луѓе ја познаваат таа машка тенденција. Ако рекол тој, закон било...пих...уживај и пливај и размислувај само за работите што си ги направила, а не за тие што не си ги направила.
Најдобар начин да му вратеш,а да си го задржеш достоинството-е воопшто да не се замараш. Знаеш како велат-вистината боли,па тоа најверојатно ќе биде причина за докажување на тезата на дечкото.Затоа не се замарај,кога тогаш се' дознава.Доволно е што ти знаеш која е вистината. Инаку како што гледам ти си одлучна за одмазда,така што не би ти дала совет. Само кажав како јас би се однесувала во твојата ситуација. Поздрав!
ех како мразам вакви глупаци немаат друга работа само лаги ќе измислуваат извини ама морав... игнорирај го едноставно игнорирај го кога тогаш ќе му се здосади и ќе престани да кажува лаги...не вреди за такви ич да се нервираш
Не го игнорирај, зошто пред цело негово друшто не му загрееш очи? Ова сепак не е мала работа, барем според мене, не оставај тоа така да остане! Ако не сте имале ништо, зошто сите да знаат дека сте. Кај си го нашла таков неизживеан, за мене овие личности се такви!
Бараш а ништо не даваш. И ја би те баталил. На светов нема машки женски сите сме луѓе. И за крај ако закаш нешто многу силно не дозволувај да ти избега просто БОРИ СЕ За. Никако против!
Ми треба совет Здраво девојки поради големи проблеми воврската мн не висев на форумов едниставно немав желба... како на вага да сум каако на средина како незнам по којпат да тргнам незнам кој е вистинскиот и сакам да ми помогните оти знам дека можите ... Во врска сум една година скоро дечкото замина за америка но се враќа за некој ден значи се помина али како во пекол... пред да замини беше прекрасно со него но после се се смени ... Тој е сменет многу се однесува со мене како да му сум другарка никаде не ме пушта да излезам а ја знам дека тој таму оди некаде без да знам јас... аа секако мене ми вика само работам ншто друго се нештоо ново му излегува кое доведува до кавга ии мене ме најудва виновна јас си го носам а тој се исклучува постојано без бакнеж без срце ниту па да ми посака добра ноќ уште пмалку да ми каже те сакам .... незнам што му е али неговото понашање спрема мене ... тоа што не ме почитува како негова женска јас го чекам тука 4 месеци постојано седам дома висам на интернет и на секои 15 мин му пишувам шт правам како правам зошто само да знае дека сум тука ... аа тој знаетете ли што ми пиша баш сега утре ке си тргне иии незнаел дали ќе се уклучи незнаел ништо ... ии вика абе човек незнам .... првп ат го слушам ова од него мачење ми е ... се мачам ме боли ме повредува душата ме боли ништо не цени што правам барам помош од вас да ми кажите дали ке е најубаво да завршам се ? фала ви однапред
Ми треба совет Чим се враќа за некој ден почекај го, разговарајте, па тогаш одлучи. Немој да избрзуваш.
Ми треба совет дрга јас очекувам од него да реечи не можам сега ке одам со моте ваму ке одам таму аа не сме да оди запомни поштоо така сме договорени ни тој ни јас... значи толку ли не му недостигам ? не ме посакува ? не сака да ме види осети гушни ? толку не му сум важна паа што оставил ме настрана ии си рекол има време за незе не е битна ... ако го речи ова тогаш ? пак ли ја да бидам глупава ?