Ми треба совет И јас го мислам истото...И не почнувај одма со кавги туку чекај го вистинскиот момент.Убаво однесувај се со него и кога ке видиш дека е мирен и дека можете убаво да разговарај те.Ти посакувам среќа
Ми треба совет смее но јас не смеам да одам со нив на одмор на ручек на вечера да шетам исто и тој така значи така си се поставивме уште од почетокот и така е и ден денеска ... ноо јас веќе од него очекувам се пошто потполно е сменет.... тој во мкд ќе си биди на 19 и јас ќе му речам сакам утре да дојдам нешто имам да ти кажам и покажам ии итно ми е ии не можам да чекам ако имаш планови сиг не ти се целл ден ии можиш да одвоиш за мене 1 сат време па после ќе му речам оди каде имаш јас можам и да чекам автобус за назад... паа ќе видам што ќе ми рече ... ии ако рече вака така не можам тогаш е јасно колку му недосигам и колку сака да ме види и колку копнее по мене ....
Ми треба совет Не те разбрав баш најубаво. Но треба да разбереш, колку што не те видел тебе, толку не ги видел ни неговите. И дечко ми не е тука моментално и те разбирам, но дечко ми прво со неговите нормално нека се види, па онда со мене. Е сеа незнам дали неговите во друг град се или како? Според мене ти треба да го причекаш, дали се враќа на 19, па ете да се видите на пример на 20 , тоа ваша работа.
Што би направиле кога „близок“ другар ќе ви каже дека се што кажува, кажува заплеткано и фали една работа за да ги сфатиш сите други што неможам да ја увидам? Нешто што му е глупо да ти го каже а до негде и нејќе, а ќе го каже само да решел некаков проблем. Типов за кој ви зборам може да кажам дека ми е најдобар другар кој има девојка која ми има кажано дека не ја сака. Блиски сме, го сакам многу, само страв ми е да не го изгубам како пријател. И што би значел муабетов според вас?
Зошто близок си го ставила во наводници? Мене ми изледа дека мислиш дека ти му се допаѓаш, или грешка сум? И дали ти сакаш да останете пријатели или и тој ти се допаѓа тебе?
Ти ги прочитав сите мислења и без навреда ми изгледаш како overly attached girlfriend , мислам дечкото рекол дека ништо не знае , дали ке има време дали ке може да се укључи итд не рекол дека со себе назад ке донесе некоја Американка и за жена дека ке ја зима , а тебе те заборава за навек . И како тоа имате договор дека не смеете да излегувате со вашите ? Сериозно ова? Мајка ти 9 месеца те носела се мачела да те раѓа и да те чува а ти сакаш да кажеш дека ако она изрази желба нема да излезета на кафе /вечера пошто дотичниов не ти дава или обратно он да направи така ? Мислам јас да си дојдам после 4 месеци има прво со моите да си се видам па после со дечкото , со 20 години уште многу дечковци има шанси да смениш ама родителите ти се тие . Мене ова ми личи на нездрава врска , кога велам не здрава не мислам дека ти и он не сте нормални туку не здрава во смисол дека ти влијае лошо на психата , на здравјето .Како прво гледам дека си ги изгубила пријателите и дека не излегуваш , крајно неубаво за тие кои со години си се дружела , сум била сведок на многу познанички и нешто помалку другарки кои се одалечиле заради дечкото од пријателите и погоди што и да не им се свиѓа врската остануваат во неа и поминуваат покрај многу работи пошто се друго изгубиле и се премногу зависни од дечкото и обратно . Мислам дека ти преку постов сакаше да кажеш дека он се понаша поразлично од порано во однос на внимателноста и мислиш дека почнал да се лади , тоа е логично на овие години лета паметот а тој бил плус во Америка и видел една друга димензија од животот а и нормално е колку толку да се изладат односите понатаму во врската , мислам не да се изладат буквално туку да добијат една позрела форма , каде што да кажеме срце или кишче или не знам те сакам не се одраз на огромната љубов нели , туку се бараат повеќе дела и взаемна комуникација .Како и да е ти најдобро си го познаваш и ако мислиш дека има промени во неговото однесување , тогаш можно е и нешто да се случува , нели женската интуиција знае да биде проклето во право . Во секој случај почекај го да се врати па после разговарајте , што и да се случи запомни дека си млада , убава и згодна и дека не е ни прв ни последен
Не можам да си поверувам дека читам нешто вакво Како бе така не може да излегуваш со твоите родители,а ни тој со своите.. Тие ти се родители,а тој дечко-значи родителите се за цел живот,а дечкото може само да е минлива работа.Јас стварно не можам да ги разберам ваквите посесивни врски. Забранување до толку.Пх нема ти што да направиш освен да чекаш да се видете и да разговараш со него,и да му кажеш се што ти смета.Дали некој нешто ќе смене,или секој по свој пат ќе си продолже. И дај сменете ги правилата во врската,конкретно овоа,зашо стварно е..смешно..
фала душо ми помогна да сватам мн работи али со еден збор тој е дволичен спрема мене ... тојј беше тој прв кој почна да ми забранува ии сигурно јас нема да останам со скрстени раце бидеќи не му верувам повеќе незнам дали тој ке излези со неговите или со некој друг... ништо незнам веќе но знам едно дека тешко можам да му верувамм ии незнам до каде ќе оди нашетосепак фала многу биди поздравена ии имај убав ден
^^ Дали добро сфатив дека дечко ти не смее да излегува со неговите на ручеци затоа што така сте се договориле дека тоа е забрането ?? Најсериозно мислите дека со тоа што ги чувате ко кучиња на ланец ќе постигнете нешто добро? Баш напротив. На крај само главата од ѕид ќе си ја мавате што не сте мислеле порано.
Девојче,кога и сама си свесна дека е дволичен спрема тебе,зашо да продолжете со оваа фарса? Не знам,ама некако врската баш не ви е стабилна. Да,тој е во Америка а ти си тука,не може секако да знаеш со кој ќе излезе тој,а тој да знае со кој излегуваш ти. Дали далечината си го направила своето-се ладат чувствата,или едноставно не сте спремни за врска на далечина,а не знам од која причина го одолговлекувате нејзиниот крај. Разговарај со него,без тој разговор нема да знаеш на шо си. Поздрав и ти посакувам пријатен ден.. ПС,Па извести не што е било
Како не сум го приметила болдираново. Како може таков договор да сте направиле стварно не ми е јасно. Јас никогаш не би си дозволила на дечко ми да му забранам да оди со неговите некаде, а ни тој па не би можел да ми забрани. Со мајка ми посебно да не искочам или во град претежно за купување ова она. Јас со мајка ми искачам и поминувам доста време, никад збор ми нема речено и неможе! Како си дозволила такво нешто незнам, тоа не е нормална работа. Чекај бе родителите толку години ве чувале, зошто? За да неможеш на вечера или прошетка да искочиш со нив заради некој што ти влегол во живот пред само 1 година. Ама немој молим те! Убаво е да си го сакаш и да те сака ама никогаш, никого не ставај пред семејството!!!!!! Дечко ти може утре да е тука и да не е за тебе, ама семејството секогаш ќе биде. Родителите се незаменливи!!!
Реално нема да ви успее врската. Сум видела и чула за секакви забрани ама оваа е претеризаам. Да не се гледате со родителите. Бреиии. Убаво ти кажа една од девојките имате крајно нездрава врска. Најдобро ќе ти е што поскоро да излезеш од неа.
Се мувавме,ја го блокнав ради годините и плус имаше девојка после неколку месеци го одблокнав почна да ми фали,да ми фалат нашите разговори и се тоа..Негде од Јануари до сеа цело време мислам на него во Јанураи последен пат зборевме после во Јуни он ми пиша дека мислел на мене..Од Јуни наваму се допишуваме цело време не баш цело али се допишуваме едно време стагниравме сеа пак и пред некој ден коа зборевме последен пат цело време ми кажуваше од страна дека сака да биде со мене ама се секира што ќе кажат другите за разликата во години што не е многу 4 ипол години јас имам 16.И незнам мислам дека го засакав,ваљда?Ми збореше нешо се сеќаваш коа с емувавме ова она ми праќа некои слики до зљубени некои и некој такви работи..Искрено мене не ми е гајле што зборат другите зошто е ипак мој живот и јас чуствувам не они,а и не изглеам воопшто ко 16 години.Скоро 1 година се трудам,не е да не али ипак.. Што мислите да продолжам или да се откажам?
4 години не се нешто многу според мене, а и мислам дека е најдобро баш толку 3 4 години да е партнерот постар од девојчето. инаку види како ке реагират и тој ако се трудит, немој да се откажуваш а никако не поради годините
Абе дал да плачам ил да пеам. Типов или е се‘ уште останат во тинејџерството, или очајно му треба мувачица, запекол да не речам. Бјанка, јас те советувам да не му обрнуваш внимание, ете ако ти е полесно и блокирај го да не може да ти пишува. Јас некако не гледам ништо искрено во неговиве постапки туку само подол начин да заведе 16-годишно девојче. Верувај ми, можеш да изгледаш и како да си му врсничка, ама во главчето и во срцето имаш 16 години и ти се чини дека се‘ што лета се јаде. Мила, нема да остане на мување вашето. Ќе си бара дечкото, познати ми се таквите. Мафни го и уживај во тинејџерството со твои врсници
Уште кога сте се мувале,а имал девојка,требало да разбереш колку му тежи паметот. А тебе како би ти било идниот дечко да ти се мува со друга? А да,тоа со љубовни слики.Па види,обично девојчињата на тоа паѓаат.Свесен е за тоа,а плус ем ако знае дека гаеш уште чувства за него,нема полесен начин за освојување. Совет-откажи се. не ти треба таков.
Душо ништо посебно ова со сликиве и слаткоречивоста , за некоја година кога ке имаш повеке искуство ,ќе налеташ на многу такви и ке ти биде смешно сето ова и патетично . Прво нема врска на колку години изгледаш , знам многу машки со толкави брадишта и развиени тела а во главчето се уште деца , не велам сега дека ти си дете ама не велам и дека не си , 4ипол години не е многу ако на пример имаш ти 18-19 а типот 20инешто , ама на овие години се многу . Ти уште си во пубертет , поминуваш низ една многу збунувачка и прилично тешка фаза од животот , тука работите за неколку години драстично се менуваат , тоа што сега го мислиш на 18 ке ти излледа смешно и токму затоа ти велам дека на овие години тоа е голема разлика . Друго дечкото изневерил девојка , таа девојка утре можеш да бидеш и ти , кој си мрда со очињата нема да престане... Плус тој е веке и сексуално активен сигурно , ти имаш 16 години може да се најдеш во ситуација кога тој ке побара нешто повеке од тебе ... размисли си убаво за се
Ma ova tvoevo e luksuz..sloboda..jas neznam zosto ne ste se dogovorile da ne iskacas od soba..onaka da probas da se zaklucis..samo tvoite edna dupka da ti napravat na vrata za jadenje da ti davaat i strogo po lifcinja da komunicirate..i ponekogas slika da prakas za da ne te zaboravat..ama ne mnogu cesto..moze nema da ti veruva deka samo so tvoite komuniciras..mislam najubava ke vi bide vrskata..bozeeee
Сум била во ваква ситуација и сметам дека не треба баш на секои 15 минути да му пишуваш што правиш како правиш со кој си и со кого си... тоа не лични на врска, испаѓа како ти да му се правдаш него. Ако тој работи таму еднаш дневно е сосема доволно за да си пишете, на тој начин се покажува довербата. Ако си дојде за брзо време почекај да видиш како ќе се однесува во живо