Ти стварно имаш 22 години? Прашувам дека муабето на дечко ти делува како на наапан 15-годишњак,шо по иницијатива на другарите фатил женска,па сеа мисле дека може да ја врте околу малиот прст. Не знам ваква несериозност како толерираш.
Апсолутно се согласувам со коментарот пред мене , нема он 15 години па да не знае , а ако навистина имаш 22 мислам ако он не знае ти треба да бидеш таа што знае и убаво ке му објасни дека не идете ако мисли да се понаша вака детски . Гледам дека имаш 18 што значи колку толку дека се поодминати оние чувствителни години кога ни изгледа дека се што лета се јаде Значи не знам колку сте разлика , јас познавам девојки кои се тука негде со мене во годините а имаат дечковци по 10 години постари и сега не знам како функиционира тоа ама кога се веке подолго време заедно очигледно функционира . Е сега проблем е што вие имате различни цели , на пример твоите се поврзани со факултет , со забава ,со некои понеофицијални работи , додека дечкото доколку е веке накај 30тина години веројатно ке го интересира и сериозна врска и брак . Пред да се впуштиш во било што размисли прво дали си спремна на такви посериозни работи на овие години , не само да се повредиш и самата себе и него доколку се впуштиш во нешто повеке . Ако твојот одговор е потврден и мислиш дека едноставно таа личност вреди да жртвуваш некои работи ,пробај види како ке иде , нема зошто да изгубиш личност која многу ти одговара заради годините .
епа 8 години сме разлика ама незнам што да правам дали е тоа во ред, го сакам стварно ама незнам дали да продолжам...
итни итно итно!!! ве молам за помош,незнам каде да се обратам морам тука нема никој кој да ми даде некое мислење бидејки не вреувам на мн луѓе.Oн има 26 години. јас 20 за негови год. знам дека треба да бидеш многу созреан и да размислуваш али он неможам никако да го опишам. Iма некој свој стил има многу тежок карактер,многу е самоуверен во све сто и да прави знае дека е победник.. секогаш кажува како он бил само со невини женски како сите го сакале никогас не го оставиле секогаш он ги оставал ... Jас се запознав со него на погресно место со погресни луѓе,никогаш сум немала срека во љубовта секогас сум била оставена сум имала врски кои траеле 1 год и никогас не сум згресила али пак сум била исмејавана и оставена ... Nезз мозе е до мене мозе јас се поставувам така .. со него сум 1 ипол година и секогаш он е во право , јас не сум смеела да имам пријателки ни пријатели сите другарки ги оставив за него мн бесе лубоморен , и сме сто правев му сметасе ке одев до продавница зошто толку се задржуваш, а јас што и да му кажев него он ке ми кажеше сто се мешас ти сто ти е гајле ти не си ми ништо за да ми кажуваш .. значи знам дека не сум невина и не сум крива јас сто некој пред мене си играл и ме оставил секогаш сум му го кажувала тоа ... A за мене не се слушаат баш најубави зборови повекето мислат дека сум **** или нешто друго ... не ме однесе никаде ни да ме показе ни ништо секогас кога му викав дека го сакам он ништо ... понекогаш он ке ми кажесе самиот дека ме сака и дека нема да ме остави .. и дека ќе биде со мене ... и секогаш употребуваше некои нежности кон мене али само кога он сакаше ... кога ке се скаравме он нонстоп ме бркасе и врегасе нонстоп ми викше дека нема никогас да биде со таква како мене ... никогаш кога и да се скараме не ми се јавил само јас сум го молела буквално сум го молела ... и нонстоп ми простуваше ми се извинуваше и ми веруваше дека нема да ми прави така и дека нема да ме остава ... Oдеднаш стана како да ме мрази како да сум му одвратна иц не му меше гајле , пред една недела се скаравме одеднаш ми рече јас тебе не те сакам не сум те ни сакал нема никогаш да те сакам ,ти кажав усте од почетокот дека ништо нема да ми бидеш ти си таква ваква ... незнаете колку ми е тешко во моментот мислам дека незз цела се тресам ... мн одеднаш ми се деси ова .. знам дека некој ке каже дека ејјј па сеа нема да ти се сруши цел свет .. ама девојки мене ми е мн тешко затоа што мислам дека цел свет ке му го дадев ... вчера се видов со него и му кажав дека сум направила фб и он се налути и почна да ми збори еднаш ***** засекогасш ***** незнам што да правам он секогаш испаѓал тоа сто сака да биде а јас со наведната глава и повредена и навредена сум идела дома .. никогас не сум можела да го спуштам и да го повредам сум останувала без зборови викаат кругот се врти ама кај него никако да се сври од моја страна .... зашто така се деси неможам да поверувам како можеше да ми вика дека ме сака и да поминеме 1 ипол год заедно и после сите тие работи да ми каже дека не ме сака ... и секогаш кога ке му кажев добро зашто ми викасе дека ме сакаш он ке ми одговореше заради тебе за да не досаѓаш ..а тоа ми го казал коа не сум ни го прашала ... неможам и незнам што да правам стварно ....
^Девојко ти си имаш работа со психопат, или не знам како да го наречам. Стварно не ми е јасно која е причината поради која ти сакаш да бидеш со него?! Дали си свесна дека тој тебе само те омаложува??? Биди среќна што си се отарасила од него. Сврти нов лист и подалеку од такви будали!
Па и нема што да се заврти кругот за тебе , сама си крива , ако ти е убаво некој да те омаловажува и деградира и навредува , само напред , не пишувај овде оди јави се и моли го да ти прости . Ќе го сфатев ова да го пишувала девојка на 15-16 години ајде ќе речам пубертет , збунета е , нема уште изградено самодоверба , ама девојка на 20 години !? Па уште некој да ти вика дека си К****? Значи ти немаш почит кон себе со самото тоа што дозволуваш така некој близок да ти се обраќа , па после зошто другите збореле дека си , а дечко ти ги подгева овие глупости. Друго , немаш пријатели заради него , ништо ново , грешка на многу девојки која нажалост во секој случај скапо се плаќа и јас не би сакала другарка што ќе ме шутне заради дечкото . Дечко ти уствари не е некој победник , него огромен лузер . Прво не излегувал он како победник во никој случај ,туку како кретен . Кога двајца се сакаат и се труделе во една врска , детски е да размислуваш кој кого оставил , кога работите не иделе на кого прво му пукнал филм се разбира , јас не гледам никакви победници во луѓе што се дрзнуваат да лажат за толку свети емоции како што е љубовта и за мене се страшливци , а оние кој и покрај тоа што се труделе и сакале и давале знаат достоинствено да продолжат напред се победници . И какво е тоа фалење дека бил со невини девојки , апсолутно е невкусно да се зборува на тие теми , тоа си е меѓу нив двајца нема што да труби затоа наоколу . Ако мислиш дека се обидувам да изгледам како арогантна кучка се лажеш Всушност сакам да те продрмам малку со сето ова и да се свестиш дека треба да застанеш малку , да се средиш , да се засакаш себеси , да се цениш , да пазиш околу кого се трудиш . Знам како е некој да ти каже дека не те сакал , еве пред некое време бившиот ми рече дека никогаш не бил заљубен во мене ниту во никого и баш ми е гајле јас стварно го сакав и не жалам , дури и криво ми е , јас одлично се чувствував на моменти , ако не ме сакал него не му било толку одлично и посебно Гледај на ова како искуство за тоа како не треба во иднина и не покажувај веке слабост пред него , знам дека е тешко ама едноставно гледај да си што подалеку од него
другарите/ките секогаш нека ти бидат пред дечкото! а кога се работи за разбирчив дечко може да се направи некоја еднаква линија ама во овај случај ? другари не, фб не - тој као најпаметен е во светот. откачи си се од него и почни да си го живејш животот без да се притресуваш вака!
Девојче 8 години и баш не е некоја разлика,значи тој има 26години. Не гледам дека годините се некоја пречка. Ако навистина ти се допаѓа,пробај. Но секако под услов и тој да е слободен! Ти навистина имаш 20 години? По напишаното,како тинејџерка ми изгледаш Е сеа делот со 'неубавите муабети' за тебе не ми е јасен.Како тоа немаш среќа во љубовта,секогаш си била мирна наивна,оставена од секој дечко,а сепак за тебе кружеле муабети?Контрадикторно е тоа.. И шо совет да ти дадеме кога ти година ипол си слушала како те нарекува ку*ва?!
Девојки ми треба совет од вас........вака со едно машко се запознавме на одмор пред два месеци, он не е од Македонија, туку е од Србија. Бевме заедно две вечери се мувавме и толку јас си заминав дома и тој дома. И мислев дека толку ќе биде дека нема да го видам повеќе, ако некогаш онака си пишиме на фб. Но тој почна нон стоп да ми пишува еве дели 2 месеци сме во контакт и нон стоп пишуваме, ми пишува дека му недостигам, декА сакам да ме види и дека ќе дојдел во МК. Почна да ми пишува и дека ме сакал. (што нема шанса такво нешто да е ) И дојде и тоа време и почна дам и пишува во кој град да дојди да се најдиме и кога ќе можам за сега во октомври да се договориме, требаше да почни деновиве смештај да бара и јас да му помогнам да видам и јас. Но, вчера кога пишувавме ме праша дали јас ќе сум била со него да бара смештај за двајцата и му кажав дека ќе спијам јас кај една другарка во студенски, а он ми пиша барем една вечер да сум спијала кај него, би било убаво...... И сега ова како да го сватам сака да иам секс со мене ? Мене така ми делува.... Сепак јас имам 20, а тој 24 А јас и минатиот пат му кажав дека нема таково нешто да се случи помеѓу нас, а и вчера му пишав дека нема тоа да биди, како прво он ми е само едно мување и јас никогаш не би спиела со машко за еден вечер, а ии + досега немам со никој спиено..... Како да постапам, што да му речам, не знам веќе што да мислам......дали тој сака само да ме искористи, или стварно сака да ме види, а тоа дека ќе спијам со него ако мисли за секс нема да се случи.
паа некако очигледно е што сака и секако ти нема да дозволиш тоа, кај си се чувала 20 години нема сигурно на мувач еден да му дадеш невиност. а инаку излезете муабетете јасно ке видиш кој му се намерите дали едно дали друго, па тогаш одлучи
Не знам дали размислувам премногу наивно , ама дечко што е спремен да дојде , приота да плати пат сместување и додатни трошкови за неколку дена за само еден секс ? Како во Србија да нема прилика за тоа , па уште ако е некој згоден...Ке ти кажам искрено веројатно му прошло низ глава , како на секое машко , ама мислам дека тука се работи за нешто повеке .Обично летните авантури остануваат таму каде што почнале , зошто некој би се трудел толку за еден секс кога искрено тоа и не е најтешката работа за добивање денеска . Преспи кај него зошто да не , не мора да имате секс , едноставно оди до таму кај што ти е тебе пријатно , на 20 години не гледам зошто да одиш кај него до одренедо време па да се вракаш у студентски , пак ке нагласам ако нејкеш ништо да се случи нема да се случи . Е сега малку ми е страв околу тоа што не знам колку го познаваш за воопшто да останеш со него вечерта , ако имаш и НАЈМАЛИ сомнежи дека нешто би ти направил тогаш немој , секакви луѓе има , прво осигурај се дека дечкото е во ред , пред да се впуштиш во било што Иииии убаво да си поминеш
Здраво феминки, ми треба совет од вас, се наоѓам во еден период од врската кога ни јас самата незнам што сакам, со дечкото сме заедно веќе 2 години без 1 недела.. меѓу нас немало некој посериозни проблеми, не сме направиле пауза, ниту пак имаме раскинато макар и на еден ден .. Но сега се фаќам сама себе како во последно време ништо да не ми е погодено, и за сите мои мисли што ми се вртат, вината му ја префрлам нему, се осеќам како да се ладам, искрено мислам дека има причина за тоа, бидејки јас сум личност која сака големо внимание а во последно тој многу и баш не ми посветуваше .. сите беа побитни од мене .. Неколку дена се случуваше да не се видиме по ред, и јас ако не речев, тој како и обично имаше план шо не ме вклучуваше мене ..прво ми сметаше а потоа почнав да осеќам како да сакам да се договори со другарите и да не бара да се видиме. Потоа почнав да чувствувам одбивност, како да не ми е гајле што мисли и чувствува тој .. Сега мислам дури и да раскиниме би ми било сеедно.. Му кажав се, не сум личност што крие, бидејки врската според мене не функционира на тој начин. Но според него се тоа биле глупости.. Размислувам многу и стварно незнам што да правам ...
Здраво феминки. Имам еден проблем,па се одлучив да пишам на форумов , со надеж дека некој је ми даде совет. Со дечко ми сум веке година ипол заедно и веке година ипол живееме заедно. имам 23 он 27. Се беше добро се додека не почнав да чепкам во History на неговиот Пс, додека јас имам лап топ. И така јас во секое време кога и да отворам гледам дека гледал порно. Сега знам ке ви звучи смешно , нормално е машките да го прават тоа. но ова е поинаку. Секој пат кога и да излезам , макар и на 5 мин до продавница он веке го направил тоа. било што да правам , се бањам , искачам на 15 мин, он веке си завршил работа. а кога треба да дојде за секс, мислам дека не трае повеке од 3 минути.Веке 2 месеци не ме задоволува..и гледа само он да биде задоволен. Пред неколку месеци , односно да речеме цела прва година беше супер, си имавме односи , и тоа знаеа да траат по саат два, па дури и три. Сите срекни и задоволни. Беше пред некоја недела на испитувања за спермограм(Испитување на живи сперматозоиди во спермата), и му рекоа дека од 75% добри он има 65%. што е добро , но му рекоа и го посоветуваа да прави големи паузи и да заборави еден период на мастурбирање, за да го подобри квалитетот на спермата. Дали пред тоа или после тоа веке неможам да увидам од кога почна да забегува со порно, ама никако неможам да разговарам со него за тоа. На крај ке излезе јас не сум му давала да гледа порно...Чудна работа и стварно не свакам за што станува збор. Доколку има некој сличен проблем или искуство, ве молам советувајте ме, но немојте да кажете да разговарам за тоа со него, зашто ке биде болно и ке ме гледа како да сум идиот..
Те разбирам целосно. И јас поминував низ такво нешто,и мои блиски.Значи период е само,ништо повеќе. Подолго време сте заедно,не дозволувај да изгубиш нешто за кое ќе се каеш,нешто во што си вложувала 2 години. Јас мислам дека не треба да ја прекинеш врската поради моментална емоционална криза.После уште повеќе ќе се каеш.
бидете силни - ке помине и ова. Немој заради тоа што ете не сте се гледале на пример неколку денови по ред да си ја упропастиш врската од цели две години. Трпелива биди и ке се среди а и нека си излегува и со другари мислам дека не треба толку да му замеруваш. Трпение спасение
Вљубена во некој кој го знам подолго време Што сега?Го знам дечкото година и нешто.Порано онака ништо.Зборувавме.Се шегувавме дека си се пуштаме еден на друг, иако тој имаше девојка.Потоа раскинаа.Го немав видено неколку месеци.Сега го гледам скоро секој ден и ме полудува.Не знам како да се однесувам со него, а ако кажам дека не ми е гајле за него-лажам. Значи постојано е околу мене, почнува да зборува понекогаш и за глупости.Ми местеше до сега 2 другари и постојано ме прашуваше што станало.Ме погледнува онака чудно.Во последно време кога ќе се најдам пред него, мора да ми ја допре косата или да ме погали со рацете по глава онака слатко, без да го погледнам јас во очи.Кога е многу блиску до мене избегнува да ме гледа во очи.Еден миг зборува, и е супер со мене, нареден ме игнорира.Ми спушта муабети дека сум сурова-како на шега. Накратко,го познавав толку време и не бев заинтересирана за него.Во последниот месец не го вадам од глава.И не знам што да правам.Помош?!
Јас мислам дека дечкото не е заинтересиран за тебе.И дека ти погрешно си разбрала дека било тоа флерт.Тој имал девојка,и флертувал со тебе-не. Друго,ти местел два другара.И да биде нешто меѓу вас,нема тебе да ти биде незгодно да поминеш 3-ца другари? Бил слободен,ако бил заинтересиран ќе пристапел.Но очигледно не е . А за ситуациите во последно време,само се шегува,или евентуално сака онака само да се смувате.. А што да направиш? Ништо девојче,да бараш друг.Ваљда нема тој да биде третиот..
здраво феминки имам сериозен проблем итно ми е потребно мислење од вас бидејќи не знам што треба да направам.пред 3 години идевме со еден дечко спрема кого имав невероватни чувства и мислев дека е тој вистинскиот.раскинавме поради различни недоразбирања..од тогаш па наваму не мозев да се насочам кон ниедна врска не мозам во никого да се заљубам.со истиот дечко повторно стапивме во контакт излеговме и нешто сега како ние повторно да сме заедно али има една страна од неговиот зивот за која не сум знаела.шета по цели ноќи пие усте дрогирање му фали.јас ги имам истите чувства спрема него се осекам како средношколка.не знам дали да продолзам дали едноставно да направам муабет со него зошто знам дека тоа негово однесување нема да донесе несто нормално во таа врска.ви благодарам однапред
Од разговор нема подобар лек,верувај ми! Само од себе ништо не се менува,барем од мене го научив тоа,дека ништо не постигнувам ако си молчам. Имав и јас слични моментни со еден дечко,но на крај увидов дека јас тука сум грешела што сум била толку затворена и не сум правела никаков разговор во врска со тоа што сакам и што ми пречи. Ти кажав...со разговор или ќе постигнеш нешто ,ќе тргне работава на добро или пак ќе изгубиш се. Пробај,знаеш дека на крајот секогаш се исплати.Ако не друго,барем ќе знаеш на што си и дали таа врска води кон некаде или пак ќе го има истиот крај. Разговарај со него,кажи му дека тоа што го прави е недозреано однесување,дека никаде нема да стигне со тоа.Само не напнувај,него со фино започни разговор,што знам јас тоа ќе биде за негово добро-како што почнал не е на арно. Ако го прифати тоа и се смени,сигурно дека му значиш и барем поради тебе ќе се смени на подобро,но ако пак си тера по старо-откачи го...знам дека е тешко кога имаш многу големи чувства кон некого и не можеш да замислиш да го оттргнеш од себе.