Ах тие чувства што ни прават. Зошто ја продолжуваш приказната на која веќе еднаш си ставила крај, ако било се во ред немало да се разделите. Разговор тука незнам колку би помогнал, ако тој веќе го одбрал тој пат, не велам дека човек неможе да се смени, може и тоа како ако некоја личност вистински ја сака и му значи, а тоа треба ти да го процениш самата дали тој е спремен да се промени. Совет од мене на бивши никогаш не се враќај, тој што те сака ќе стори се за да те задржи додека те има, се другото после тоа е веќе еднаш прочитана приказна.
Знам дека треба да го откачам ама не мозам вака се ставам во уште полоша ситуција не знам каде е не знам што прави не мозам навечер да спијам.многу лоша ситуција а без него како да немам зивот само работам и ништо друго не ме интересира
Вака се смувавме 1 ја го блокнав ради годините пошо бев глупа и после некое време го одблоканв го адднав и збориме пак од јуни па наваму ја го сакам искрено 1 год веќе сум била и со др ама нешо поразлично чуствувам за него..Вчера у 2 саат ме викна да сме се виделе на кратко така како гром од ведро небо и му реков дека неможам да излезам од дома дали може утре и ми вика нема да има утре му викам зашто ми вика мн прашуваш незнам шо да мислам..Стварно сакам да бидам со него да го видам и да го гушнам пошо ужасно ми фали вие што мислите?
Ние мислиме дека тој всушност се зафркава со тебе.И моментот кога ќе те покане на состанок,е моментот кога има вишок на слободно време и се обидува да го потполне со тебе. Сурово,ама искрено..
Јас само ке ти кажам едно и се надевам дека ке ти послужи.. ниту едно машко на Светот не сака кога девојката би му се послужила на тацна, таквите девојки може да ги викаат само по потреба...немој да го сватиш ова како навреда или буквално за тебе (општо мислев ), но ако покажиш дека не си само на повик и дека заслужуваш почит, верувај дека и повеќе ке се интересира, повеќе ке те цени... па и чак може и да те сака дури и повеќе од тоа што ти го сакаш.. знам дека е тешко да одолееш на некој што ти значи, но ако ти му значиш ке се потруди околу тебе и тоа максимум.. верувај се исплаќа, ако е човек што е навистина вреден за твојата љубов...
Заборави го!!! Ако не може да најде 5 мин време утре да се види со тебе нема ни да најде понатака. Тогаш си му се стаила и оп си помислил "штом ја викнам трча". Не, имај гордост, биди ладна и малце недостапна и ќе те бара.
Здраво девојки , можеби ова е глупаво од моја страна но , неможам да се воздржам. Со девојка ми одиме 2 години , скоро 1 месец имаме односи но немаше никакви знаци од химен , да тоа го разбирам, но тоа што ме мачи таа немаше никаква болка и плус голема и е дупло од мојов. Поради тоа што имаше повозрасен дечко се сомневам дека имала со него , но не сака да ми каже зш многу ме сака . Ве молам помагајте совет !
Со разговор се се решава. Кажи и да биде искрена и да не се страми или плаши од тебе. Оти со криење не е убаво во една врска. Направете отворен муабет што како, кажи и што мислиш во врска со тоа - мислам дека така е најдобро. Една девојка може да не искрвари при прв пат или да боли помалку но хименот е тука и се кини. Ако не осети ни ти ништо при односот, како ли да се изразам : ако влегуваше онака слободно без проблем односно без да го осетиш хименот мислам дека не и бил прв пат.. Направете отворен муабет - тоа е тоа
Можи милион пати разговаравме , :/ таа го тврди истото , а иначе да влегуваше без проблем како да не е ништо . Јас и викам поарно да ми каже да не ме лаже , ќе и простам , но таа си останува на истото. веќе незнам што да правам а со сомнеж неможам да продолжам
Мислам дека девојката не ти признава бидејки се плаши од последиците... Ти добро размисли дали вреди да ја раскинеш 2 годишната врска за ова.
Разбирам дека е глупаво но ако ме лажела после две години за ова , што ќе се случи понатаму , не би ме излагала за нешто друго ?
Ги прочитав и другите мислења и според ти тоа што го опиша мислам дека девојка ти претходно имала односи. Тоа се чувствува едноставно. Е сега не е тоа ништо страшно ама страшно е зошто те излажала. И да, добро ти е последново прашање и јас би си го поставила. Меѓутоа ај малку размисли, дали тебе тоа што не си и прв ти претставува инфериорна положба и морало по секоја цена ти да си тој првиот, зошто ако си се поставил и најмалку со таков став дури и еднаш да си и спомнал такво нешто тогаш девојката до некаде ја сфаќам, се плаши да ти каже зошто мисли дека ќе и' пререкуваш или во најмала рака ќе и' раскинеш, тоа сме го имале како пример многу пати низ форумов. Ама доколку ти не си се поставил така и доколку тоа за тебе е небитна ствар тогаш јас би рекла дека девојката или имала лошо искуство со првиот тип, па за неа е тоа болна тема, не сака да разговара и не сака ни да прифати дека со некој таков (под претпоставка дека бившиот и' бил кретен) имала односи (и ова сме го имале како пример низ форумов), или па последна опција е дека нешто си глуми лудило, едноставно е можеби манипулатор или личност што е склона на лажење. Мене искрено последнава варијанта воопшто не ми е верлива, повеќе ми се верливи првите две. Е сега на тебе останува да размислиш убаво и да поразговараш со неа. Ако девојката навистина си ја сакаш, убаво ти е со неа, добра личност е тогаш потруди се да извлечеш искреност од неа. Ама не затоа што ти е битен хименот туку затоа што сакаш искреност пред се од неа во врска со се, вака нагласи и'. Кажи и' директно дека тебе тоа не ти е битно, дека нема да и' раскинеш, разбираш дека не сме 15 век, разбираш дека имала дечко претходно ама дека сакаш искреност само затоа што се плашиш дека тоа лажење ќе се провлекува и на други ситуации понатака во врската. И покажи и' дека може да ти се довери во случај да имала лошо искуство и дека ќе ја сослушаш доколку сака да разговарате. Вака постави се. Пробај одново и одново. Не ја напнувај ама нагласувај и' дека си тука за неа и дека тоа не ти е битно. И друга работа, извини што навлегувам во твојата приватност со прашањево ама кој беше нејзиниот изговор две години уназад за немање односи помеѓу вас двајца? Претпоставувам дека она не сакала.
Ти благодарам за мислењето , да , јас тоа го чувствувам дека е искрена личност и се сакаме премногу јас најпрвин пробав со истото тоа што ми го напиша свесен бев дека така морам да постапам , но на сите прашања беше истиот одговор. А тоа што сме немале две години тоа беше договор помеѓу двајца за тоа да го направиме кога ќе бидиме подготвени , значи пробував максимално да имам разбирање и само што си помислив дека се е во ред , излезе тоа. Мене хименот не ми е потребен , јас се мислам дали би можела две години да ме лаже , Пробувам на секаков начин да го сменам мислењето дури и на ваков за да ја спасам врската но навистина незнам што да правам. Се надевам дека не пречам со приказниве мои па и машко на форумот. Ви благодарам.
Ќе бидам малку подолга, ама еве го моето мислење: ако досега не ти ја кажала вистината, најверојатно нема да ти ја каже ниту сега. Реално да гледаме на тоа: првин ти кажала дека е невина, а сега после две години да ти признае дека имала односи со првиот дечко- не верувам дека ова ќе се случи... Мој совет е да не ја притискаш, ако чувствува потреба таа самата ќе ти каже без разлика колку муабет правите и колку и да ја убедуваш... Ако навистина "хименот" или поточно невиноста, не е мерило за љубовта и цврстината на вашата врска, не и врши притисок, па макар тоа биле опуштени муабети- едноставно остави се да се случува како што било до тогаш; со тие муабети можеш само да ја уништиш врската- еден ден девојка ти ќе ти каже дека и е преку глава од твојата потреба да ја дознаеш вистината која всушност ти сакаш да ја чуеш... Ти си зацртал дека ти не си и првиот, што мислиш дека ќе смени ако таа ти го каже она што ти сакаш да го чуеш: Не, ти не си ми првиот, имав секс со бившиот дечко??? Ако можеш да продолжиш во таа врска со тоа што го знаеш- тогаш во ред, ама ако тој сомнеж те јаде подобро раскинете отколку да ја прашуваш секој ден, истото прашање и да си легнуваш со истиот одговор...
Има еден дечко. Бидна што бидна меѓу нас, ја оплескав работата. Тоа беше почетокот на Август. Од тогаш неможе од глава да ми излезе. Е сега работава е во тоа што тој отиде во друг град. Таму живее и учи. Се враќа само на викенд и тоа во град кој е на едно 10-15 км. оддалечен од мојов. Ама неможам од глава да го извадам, неможам! Постојано, секој ден, цело време, цел ден и цела ноќ... Е не си можам повеќе. Не е ништо озбилно нели? Обична затресканост, се надевам. Вие што мислите, што се случува со мене?
Па многу јасно дека останува на тебе, ние тука можеме по некој совет да ти дадеме. Јас ти го кажав моето мислење од моја, женска гледна точка, и од тоа што го прочитав... Ти кажувам како би постапила јас, ама ниту сум на твое место, ниту на место на девојка ти, ниту сум трета личност во вашата врска... Ти си знаеш на што си... Со среќа
хм љубов ли е што ли е а кога рече бидна што бидна - на што мислеше ? за некого преедноставни работи се сериозни - за некого обратно. инаку возвратени ли се чувствата или само ти го свиѓаш? ако се обострани океј е, ако не тогаш пробувај да не мислиш на него. излегувај почесто, забавувајсе
По ваков опис,јасно е дека не е невина девојката. Не знам од кој причина криела,не сакала да ти каже итн.. Не ја притискај,ако ја потпрашуваш постојано околу тоа,полошо ќе биде. Дај и до знаење на индиректен начин дека и да била со друг нема да ти пречи,минато е тоа,и дека ја сакаш.Дека невиноста не е мерило за твојата љубов кон неа. Едноставно е,девојката се плаши од твојата реакција.
Значи дечко кај некои девојки нема крв,зависно од еластичноста на хименот ништо чудно да и е скинат при некоја повреда...Ете ке ти кажам лично мое искуство и јас искрено верувам дека мене тогаш ми се скина хименот бидеќи се удрив мнооогу силно на тимонот или како и да се вика значи воздух не можев да земам и осетив болка внатре во вагината и потоа ми течеше крв...Ама бев малечка па ми беше страв да кажам...И првиот пат со мојот дечко исто така немаше ни х од химен а ниту пак крв...А јас осеќав само притисок без никаква болка...Јас се плашев да не не ми поверува дека е прв но тој ми објасна дека не мора да има крв и тогаш се сетив на случката што ја пишав погоре... А и уште нешто,големината на вагината нема никаква врска со тоа дали девојката е скината или не... А и плус то не верувам дека би чекала 2 години за да имате односи а не е невина...Така да,уживај си...