Не дека мене ми беше сеедно, ама така нејќам да се распраам... Сеа еден убав маил му пратив па нека мисли што ќе врати. За варање гарант не ме вара тоа знам, него не знам што му е не можам да го сфатам стварно... Поклони ми изнакупува ко 5 години да идеме и сеа го снема, се лути демек...
Kako bi postapile vie? Znaci devojki vaka. Imam momce i zaedno sme 1 godina . Momceto e 26 godini, a jas sum 19. Toj uste na pocetokot na vrskata si kaza sto saka. Si kaza nema izleguvanje nema druzenje i znaete natamu..Pred da pocnam vrska so nego imav momce edna godina postaro od mene i imavme kako da recam edna labava vrska 2 godini, on si izleguvase so drugari, i jas isto taka. Bev zaljubena vo nego ali on pocna i da me laze i pocna da zema drogi i jas raskinav so nego i za 1 mesec vlegov vo ovaa vrska sto sum sega.No..nekako ovaa vrska pocna da me gusi i da mi stvara tezina, jas sakam da izleguvam da se zabavuvam so drugarkite oni me vikaat stalno.. i nekako sum ljubomorna sto oni mozat da izleguvaat a jas ne.. Pa pred nekoe vreme pocnav da se dopisuvam so bivsovo momce i on mi veli kako se smenil kako nema da me laze kako ke se posveti na mene i sve dr raboti..Jas probav da raskinam so segasnovo momce , a on place kazuva kako ke sum izleguvala kako ke se smeni se .. nekoi raboti pocna da gi pravi pocnav da izleguvam ali..se slusam so bivsovo momce ... bivsovo momce mn povejke me privlekuva fizicki,a segasnoto neznam sto tocno me privlekuva on e bezobrazen pa se derel na mene a nekogas i krenal raka toa mi e odbivno,no imalo i ubavi denovi koi nikako nemozam da gi zaboravam.. mn sum zbuneta ve molam za sovet sve e dobrodoslo MI TREBA POMOS!
Kako bi postapile vie? Не ти треба тебе девојче помош, ти треба татко ти да те истепа ко магаре. Дечко ти те тепа, ти се допишуваш со бившиот и не знаеш шо да праиш, на форум бараш помош? Жити све пукај си у колено и дојди прашај нè дали да одиш у болница пошто си збунета?!
Абе сериозно немате памет и после несреќни во врска се жалите дека сте. Ако сакате нечиј роб да бидете- изволте. Не верувам дека некогаш ќе се смени и верувам дека за 10 години пак ќе пишуваш по некој форум како да се спасиш од лошиот брак. Мислете со време!
Значи девојчето побара помош ако можете помогнете и, дајте и некој совет и сл. А овие ком. татко ти те нема тепано и бла бла, се непотребни. Значи ако еднаш си раскинала со бившиот и тоа поради голема причина (што сметам дека си во право) не се вракај пак кај него, бидејки биди сигурна дека не престанал со тоа, само ке си направиш поголеми проблеми, а додека пак оној сегашниот можеш комотно да му раскинеш, бидејки те тепал те навредувал и слично. како за бивсиот така и за сегашниот.. бивсиот земал дроги, сега како демек се откажал-лаже,... сегашниот те тепал и навредувал,никој не ти гарантира дека утре нема да го прави истото.. Спојлер тоа се во исто време, на исто место две срања Мој совет едноставно раскини му на сегашниот, и не се вракајј на бившиот, ке си најдеш подобар кој те заслужува. позз
Tешко е да не мислиш на некого кого си го сакал,а ако уште и те привлекува-трагично,знам какво е чувството .Aма ќе ти дадам еден совет:Aко сакаш да успееш во животот,не дозволувај никој да ти поставува услови ,а посебно ако не се нормални,бидејќи вистинската љубов ослободува и не се плаши од ништо!E така,па сега ти сама заклучи што да правиш,по мое не треба да си ниту со еден од нив,имаш само 19 години алоо кога ќе шеташ ќе запознаваш свет,кога ќе уживаш со другарки .Jас на твои години кога имав дечко,не дека бев препаметна но на секој негов ненормален услов јас си излегував со другарките и не го фермав ,а беше љубоморен и такви ми ти изговори,но секогаш ми беа другарките на прво место ,и имав свое јас ,не се менувам за некој си .Aко те сака некој нема да те ограничува
најдобро е да се тргниш од двајцата, да си најдиш некој што ќе те заслужува и нема да ти наредува и ред други работи. Поздравче
Девојки со дечко ми сме заедно 2 месеца , незнам што да правам јас сакам да му раскинам оти стварно не ми е убаво веќе со него...е сега има проблем јас не сум веќе невина тој ме скина и сега некои ми викаат воопшто да не му раскинувам зошто сме имале секс и јас незнам веке што да правам...ако може да ми кажете некој совет
Твоја грешка шти си трчала веднаш кај него во кревет. Али тоа ти е нема бегање. Раскини му штом не го сакаш, зошто да бидеш со него кога не ти е убаво ? Немаш потреба. Ќе научиш нешто од ова, лекција за друг пат.
Со два месеци врска,одма губење невиност.. Ајде бидело веќе,небитно. Епа вака,поради сексот ќе останеш во врска со него,т.е ќе се измачуваш? Ако не го сакаш,нема зашо да одолговлекуваш и да бидеш со некој со кој не сакаш да си.Не е фер и спрема него. А за невиноста,не се замарај воопшто,денеска на машките баш и не им е битно дали си невина или не(се извинувам што генерализирам,ама поголем дел од тие што ги имам запознаено,го делат мислењето)
Претпоставувам дека си 17 (а не 27 како што ти стои на профилот). Најпрво ми е чудно зошто воопшто си легнала со дечкото ако не ти било убаво со него? Сметам дека два месеци се прекраток период да запознаеш некој навистина, а не пак да станеш интимна со него. Сепак ако не ти е убаво, нема зошто повеќе да бидеш со него. И според ова што си го пишала “и сега некои ми викаат воопшто да не му раскинувам зошто сме имале секс“ како на пола град да си раскажала дека си имала секс, па сега од сите бараш совет. Ако сметаш дека не оди и пред се, бидејќи тебе не ти е убаво со него, раскини му и тоа е тоа, сепак, мој совет ти е следниот пат размисли што и со кого ќе правиш!
Ауу ептен добар совет ти дале алал да му е тој што те советува вака, абе како може некој вакви совети непромислени да дава, што маж ли нема да најдеш, стара мома ќе останеш, брее прост народ. Тој што вистински те сака нема да му биде важно дали си невина или не, а да се измачуваш да бидеш со некој што не го сакаш тоа е глупост.
Кога успеа за 2 месеци да го запознаеш да легнеш со него и да сватиш дека не е за тебе? Но која сум јас да судам, се е тоа твој личен избор. Околу тоа дали да останеш со него ако не ти е убаво најдобро е да му раскинеш што се случило се случило, назад нема, но и не е крај на свет. Тоа што си изгубила невиност со него не треба да ти е пречка за да продолжиш понатаму, ќе најдеш дечко на кој нема да му е битно што не си невина, но внимавај следниот пат не се залетувај веднаш нека помине време па дури тогаш имај нешто повеќе со некого.
Дали да раскинам? Вака, со дечко ми одиме 13 месеци, јас сум 16 а тој скоро 18 години и веќе почна да бара да му дадам, јас на тоа цврсто решив да му речам дека нема да го направам тоа најмалце пред 17 години, а тој рече дека не може да чека толку, но и ми вели дека нема ни да замине со друга, туку упорно ме убедува да го направиме тоа. Дајте совет како да му ддокажам дека нема да се предомислам и да свати дека или ќе ме чека или ќе раскинеме, но да свати сепак дека не ми е сеедно пошто он мисли дека мене и не ми е гајле.....
Дали да раскинам? Ако јас се наоѓам во твојата ситуација би му рекла ако ме сакаш ќе ме чекаш.. Нема што тука за размислување.. едноставно не си спремна.. Не дозволувај да те присилува.. поздрав
Дали да раскинам? Фала многу, знаеш и јас истото му го реков или спремен си да си ја потисниш потребата и да ме чекаш мене, или замини и прај си ќеиф. Но мене ме збуни малце тоа што тој вика значи мене не ми било гајле дали ќе ме чекал, но нема право така да мисли фала богу дека не ми е сеедно, Фала уште еднаш
Дали да раскинам? Немој да потклекнеш на ваквите убедувања. Ако не си спремна ти лично ,физички и психички што сака нека каже џабе му е Јас имам дечко скоро 2 години, имам 17 тој 21 и никогаш ме нема напнувано за оваа тема. Кога јас сум спремна- тогаш. Напрај си сериозен муабет со него, дека несакаш да те напнува и дека чувствуваш дека не си спремна за тоа. Ако те сака ќе те чека верувај, има време за се На крај краева ако не те разбира подобро раскини отколку да те форсира на овој начин.
Љубов од клас Здраво дечки! Имам еден проблем и ми треба ваша помош.Во класот имаме нов ученик и почнавме многу често да се дружиме,за кратко време ми стана многу добар другар и цело време сме заедно.Во меѓувреме јас имав некои проблеми со дечко ми и додека се каравме,новиот ученик беше цело време покрај мене и ми даваше совети како да постапувам,кои многу ми помогнаа.И покрај тоа што тој ми рече да не раскинам со дечко ми,дека секој заслужувал втора шанса, јас му раскинав.Тоа го направив зошто чуствувам нешто за дрругарот и мислам дека и тој чуствува нешто кон мене.Незнам што да правам, сите викаат глупо било од клас,ама што ако се засакаме....Ве помогнете ми