Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. L.u.n.a

    L.u.n.a Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Martina1993 Внимавај што правиш! После ке се каеш ама касно ке биде.Десет пати размисли па одлучи.Не секогаш правилно размислуваме и не секогаш разумно се однесуваме,но кога ке сфатиме веќе е касно.Постави си неколку прашања,одговорите само ти ги знаеш.

    Srcence1607 Никогаш не треба да премолчиш.Се тоа се собира во тебе и некој ден ке се исфрли.Убаво што се си му кажала.Тоа е најпаметно.Се се решава со разговор.Многу работи можат да се променат.Не собирај во себе,туку разговарајте,не си ја мачи душичката.
     
  2. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    224
    Ве молам за совет.
    Како да заборавам машко?
    Не сум била во врска со него, али бевме заедно летово (не беше она тинејџерски летни лудории, бар не со овој), тој не е тука, студира во странство, така да не го гледам. Но многу ни беше убаво, кога и да се сетам ми буди убави чувства и спомени. Далеку од тоа дека си го уништувам животот, и дека не можам да престанам да мислам на него, никогаш нема да дозволам да "паднам" во животот за машко.
    Во почетокот имавме контакт, веќе не, едноставно престанавме да контактираме. Понекогаш помислувам да му пишам, али сепак мислам најдобро не. Ако он сака да ме чуе, да ме праша како сум и сл, ќе го стореше тоа, но не.. сигурно ме заборавил.
    Но не е работата за него. Што да сторам за ете потполно да го избришам и иако не го гледам вака на секојдневна база, сепак иако само делче, ама ме мачи, што и да постирам на фб или пишам или било што гледам како би изгледало тоа од негови очи, едноставно уште се замарам, а НЕ сакам да се замарам, сакам да е тоа минато и да ми е гајле.. Можеби вака се однесувам бидејќи се уште имам капка надеж дека ете, еден ден пак ќе сме заедно...а шансите за тоа се мнооогу мали, да не речам непостоечки.

    Совет?
     
  3. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Во врска со твојот пост- сама си одговори на прашањето и сама си кажа што мислеш дека е најдобро за тебе. Но бришењето од фб нема да те направи да заборавиш на личноста само ќе те натера да му го отвораш профилот 24/7 и да гледаш што постира иако не сте пријатели. Според ова што го прочитав ти имаш некое чувство кон типот но го туркаш тоа. Најдобро ќе биде да се соочиш со реалноста. No pain , no gain. Нели бевте другари зошто да не му пишеш, немаш што да изгубиш и онака...
     
  4. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    E вака, имам еден проблем пишував и порано но сега станува се поинтензивно. Незнам дали до мене или до него е проблемот но ова повеќе не се трпи. Знам јас што треба да направам, свесна сум дека можеби да пресечам ке биде најдобро но... секогаш постои едно големо НО НЕМОЖАМ. Сигурна сум дека го сакам.Ама девојки верувајте неговите постапки неможам да ги поднесам повеќе, одвратен ми станува со тоа што мајтапот кој ги правиме кога сме сами, тој за да биди интересен пред другите го кажува па и пред луѓе кои прв пат ги запознаваме, без разлика дали биле мои пријателки или негови пријатели. Само за да биди интересен тој користи некои изрази и почнувам да мислам дека мене ме става на второ место. Пробав да разговарам со него... не слуша, се лути и јас испаѓам виновна го нема 3 дена да се јави. Ни јас не му ѕвонам. Сепак заслужвам почит ако не повеќе. Совет да барам, не барам, бидејќи и самата сум свесна што е најдобро и дека пред се една женска треба да се почитува а потоа да се сака. Јас почнувам да ладам кон него, а неговите постапки се стварно не фер.. ова го пишувам бидејќи ми е олеснување, ми треба личност во мојот живот што ќе ме разбери. Се чувствувам толку сама, толку разочарана. Секогаш сите другите се подобри од мене, секогаш пред некои претежно девојчиња кажува, колку јас не сум добра и сум наивна и што уште не, како да сака да стави до знаење дека не вредам и дека можи која сака да ја има. Стварно сум во една ситуација без излез. И ми е потребно разбирање ... :(
     
  5. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Toгаш соодветна тема за овој пост е СДК ;)
     
  6. rosi-princess

    rosi-princess Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    6
    Здраво феминки.
    Сакам да ми помогнете а воедно да ми дадете и едно мислење. Заљубена сум во еден дечко но типот цело време нешто оладува па пак ме сака и незнам веќе.
    Со него сум во контакт од 5 Јули и прво преку фб. постојано ми даваше комплименти и ми праќаше срциња и кисови. Јас него го знаев од школотоо еден час имав со него, но тогаш не бев толку многу зљубена во него. Сега сум многу заљубена во него си даваме лајкови на фб. понекогаш ми пише прв понекогаш јас но повеќете пати он. Но сега не го гледам на училиште бидејќи е префрлен во друго школо.
    Ми треба ваш совет/мислење како да направам тој да ме покане на состанок или некако случајно да се сретнеме како да направам? :( :(
     
  7. iveflower

    iveflower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    12
    Искрено ако ти си за посериозно спремна, од таков тип сериозност не очекувај штом викаш дека така оладува те сака/не те сака. Барај си сериозен позрел дечко :hai:
     
  8. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    224
    Да, токму така! За чувства имам, но сум многу ојачана во емоционален поглед, нормално, со искуство се доаѓа. Летото се запознавме, бевме другари на почетокот, потоа се засакавме и бевме заедно се додека он не си замине. Свесни сме и двајцата дека врска нема шанси, уште па и на далечина, а и не се знаеме доволно, ниту пак имаме поминато доволно за да се одлучиме за таков потег. Така да тука заврши се, дали ќе продолжи незнам, но најверојатно нема, животите ни се многу различни.
    Се соочувам со реалноста, но сакам да ја убијам и таа тронка надеж што ја имам, едноставно да не ми е гајле и да не се замарам повеќе, да го сметам ко било кое машко што го имам на фб.
    Немам што да изгубам да, али глупо е, зашто би му пишала? Другари баш не сме..ете имавме контакт во почетокот, па и на скајп неколку пати зборевме и се гледавме, али од тогаш ништо..ми нема ни пишано, а пишуваше.. можеби и девојка си има кој го знае, можда бев само девојка за летото за него, незнам, иако како што реков, не беше така, за свиѓање, стварно се свиѓавме и двајцата (да не речам сакаме, али тоа е многу силен збор за мене). Па си реков, кога ќе си дојде назад, за нова година би требало..ако сака да ме види, ќе ме побара....макар што не е во ред тоа, вака да немаме никаков контакт, не мора ништо посебно, али најобичен контакт, што праиш ова она... али разбирам, незгодно е, пошто ипак имавме повеќе од другарство, не може туку така да си праиме пријателски муабет ваљда.. :?:
    Така да ова е чисто психолошки момент. Како да си помогнам?
    Пробав и со тоа : Ако он не се замара со тебе, што има ти за него да се замараш?
    Ама ете, сеуште го сталкам на фб, и на скајп гледам кога е уклучен итн итн.
    Што да си ставам во главата за да ставам крај на сите надежи??

    Ти благодарам на одговорот
     
  9. Mashnichka

    Mashnichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    26
    Ми треба помош.... со "дечкото" сум заедно 1 месец, не сме во врска, само така ... мување. Ми значи многу, ми доаѓаат мисли да му кажам дека го сакам ама на можам. Не знам што чека за врска, а знам дека ја планира, барем знам дека со мене. Денеска, бевме излезени, друштво сите. Случајно се сретнав со другар со кој се немам видено одамна па застанавме да размениме 2-3 збора, отидовме до фонтана и на крај краева кога се вратив дечкото беше лут. Си замина без да се поздравиме и на тоа остана сега засега... не би сакала да му се правдам од причина што сметам дека не сум крива, не сме во врска а со другаров се знам 2 години.... не знам што да правам сега со таа негова лутина.
     
  10. tweety93

    tweety93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    8
    Девојки сакам да ве прашам за совет. Во врска сум три години со дечкото досега ни беше преубаво,но последнава недела само кавги и кавги, оваа вечер бев на моминска на блиска другарка требаше да одам на диско, ама откажав и стасав дома порано од предвиденото. Пред тоа додека уште бевме во кафана се слушнавме со него и ми посака добра ноќ, јас му кажав што планираме. Сега кога стасав дома имав потреба да го слушнам и да му кажам дека сум си дома, но тој почна да ми вика, од пред една недела почна да му смета ако го разбудам среде ноќ, сега ми кажа ако уште еднаш ми се повтори ќе сме раскинале. Не ми се верува дека е тој човек, ние не се бевме ни скарале, а не пак вака да ми се зафалува. Јас толку го сакам што мислев дека подобро ќе се чувствува ако знае дека сум си дома, сакам ваше мислење за мојот проблем, сигурна сум дека ме сака, но полека откривам дека се повеќе работи мрази кај мене, како да си помогнам веќе да не му ѕвонам, не знам дали толку згрешив за да ми прави вака, премногу ми е тешко, јас и да не сакам раката сама го крева телефонот, ве молам за помош...
     
  11. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Да, дури летото се запознав и со неговите. Незнам како можев толку да се сменам, толку горда личност бев и не потклекнував пред ниедно машко, а сега.. Тој не ми е прв дечко, ама со него бев цело лето заедно, бевме неразделни 24/7, ми оддаваше толку големо внимание, се грижеше за мене, а јас бидејќи не сум имала подобар и сметам дека никогаш нема да најдам таков. Бевме разговарале за секс и јас на шала му викам ќе ти дадам, и тој Не, уште си малечка несакам уште сега. Ова ми е некако најсилен доказ дека ме сака, ама има уште илјада причини зошто Не. Не бива ни со него, ни без него.
     
  12. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    [/quote]
    Да, дури летото се запознав и со неговите. Незнам како можев толку да се сменам, толку горда личност бев и не потклекнував пред ниедно машко, а сега.. Тој не ми е прв дечко, ама со него бев цело лето заедно, бевме неразделни 24/7, ми оддаваше толку големо внимание, се грижеше за мене, а јас бидејќи не сум имала подобар и сметам дека никогаш нема да најдам таков. Бевме разговарале за секс и јас на шала му викам ќе ти дадам, и тој Не, уште си малечка несакам уште сега. Ова ми е некако најсилен доказ дека ме сака, ама има уште илјада причини зошто Не. Не бива ни со него, ни без него.[/quote]

    Сметал дека си мала и те оставил да созрееш. Можеби е доказ дека те сака, ама потоа сепак ти покажал дека тој не може без секс и почнал да шетка наоколу,а тоа не е доказ дека те сака. Ако видел дека има потреба од тоа и ако стварно те сакал ке разговарал со тебе за тоа па можеби и ти ке си сакала и покрај годините да имаш секс со него. Незнам колку имаш години, не видов, ама ако си навистина помала, можеби и ке сватиш дека една врска не треба да функционира на тој начин. Мој совет, животот е пред тебе и не треба да си го упропастуваш со таков. А подобар од претходниот, верувај ми секогаш можеш да најдеш, ако сакаш.
     
  13. jasakam22

    jasakam22 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    ja sakam mnogu девојка ми

    Здраво! Имам голем проблем па добро ке ми дојде и вашата помош.
    Имам девојка постара е од мене 4 години.Јас имам 18 а таа 22 години. Со неа сум веке 5 месеци,но мајка ми не ја обожава а јас многу си ја сакам.Заради мајка ми сега се скарав со девојка ми и сме пред раскинување а можеби и раскинавме.И сега треба да изберам помегу мајка ми и девојка ми. Не сакам да ја отфрлам мајка ми а да изберам девојка ми,сепак таа ми е мајка и неа ја сакам.Но не сакам ниту пак девојка ми да ја отфрлам. Ви се молам помагајте
     
  14. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    ja sakam mnogu девојка ми

    Како прво испитај се дали стварно толку се сакате и дали вреди да жртвуваш било што за неа. Потоа разговарај со мајкати која е причината зошто таа не ја сака, можеби постои оправдана причина поради која мисли дека таа не е за тебе,зошто кога сме вљубени ни лета паметот и не можеме некогаш да ги согледаме ни најосновните работи. А ако мајка ти е како и многу други себични мајки и не сака да те дели со друга и сака засекогаш да те задржи покрај себе и затоа и изнаоѓа маани, верувај дека за секоја наредна ке ти го кажува истото. Затоа се убаво испитај и ако не ја сака девојка ти без причина, биди маж и соочи се со мајкати и кажи и дека сам си го живееш животот. Ти си машко и ке треба да имаш жена покрај себе а не да седиш секогаш покрај мајчиниот скут. И една запамти никоја девојка не сака МАМИНИ СИНОВИ.
     
  15. tatjan

    tatjan Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    ja sakam mnogu девојка ми

    хм |( а дали таа те сака како што ти ја сакаш :?: дали те побарала во последните 24 часа дали си недостигате еден на друг дај си малку време и на тебе и на другите околу тебе добро размисли зошто еднаш во животот се прават такви одлуки да бираш помегу мајка и девојка која во иднина и треба сопруга да ти биде
     
  16. jasakam22

    jasakam22 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    ja sakam mnogu девојка ми

    мајка ми и девојка ми работат заедно,потоа јас дојдов во истата фирма да работам и така ја запознав девојка ми но изгледа тие и не биле баш во добри односи.
    мајка ми се ми вика таа не е за тебе таа е таква онаква а тоа ме нервира и некој пат и се скарам со МАМА :@
     
  17. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    А да не си ти многу зависен од МАМА ? Мислам не ми е прв пат да слушам како родителите кои знаеле што е најдобро уништуваат убави врски а после децата им страдаат . Ако девојката не е за тебе и ако мајка ти те смета за доволно паметен нема што да те потценува и да прави избори место тебе , туку ке го почитува твојот .И јас прва би раскинала ако дечко ми уште не е пуштен од сукњата на мајка му , а и на девојка ти која патем е постара сигурно не и треба некој кој за свенешто МАМА ке ја прашува . Зошто мајка ти мисли дека она не е за тебе има ли некоја посебна причина ?Мислиш ли можеби ти дека она не е за тебе ? Ако мислиш раскини и готово , ама сакаш ли утре во бракот да ти се меша мајка ти ? Според мене љубовните врски и родителите се нешто што нема потреба да се меша и двете страни ако те почитуваат тебе првенствено и да не се поднесуваат заради тебе да не ти ја отежнуваат ситуацијата нема да те вртат едни против други . Треба да си ги расчистиш овие работи и со мајка ти и со девојка ти и да им објасниш дека немаш намера меѓу два огна да стоиш .
     
  18. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Девојки сакам да ве прашам нешто и малце ми е глупо ни сама не знам како да постапам. Имам 22 години и се смував со еден 19 годишен. Со детево се знам подолго време и мн сме блиски и не знам како се затрескав во него али и он има некои чувства... По цел ден сме на телефон , на фб , по кафиња ... Од страна да не види некој ќе каже дека сме маж и жена. Сите ми викаат дека мн си одговараме ,, повисок е од мене али ме мачат мнооооооогу годините. Сите блиски различно ме советуваат. Ве молам за помош :(
     
  19. MiaJ

    MiaJ Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    18
    Искрено мислам дека ако ти е тоа единствен проблем, мој совет не се ни мисли... Ја сум 14 разлика у случајов он е постар али не е ни битно, битна е љубовта, хемијата итд.
    Ако дечково(зашто не го познавам лично) е дозреан нема што да се секираш за годините, е нормално проблем е ако се понаша ко недозреан тинејџер, ако е таков мој најдобронамерен совет не си троши време со него и батали го додека не си се заљубила ептен....У спротива фати си го за дечко, доста се муваш :D
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Хмммм со ова ми го смени мислењето за 360 степени :D Фалаааа ти наааааааајвише за одговорот ова ми требаше :* :* :* :*
     
    На MiaJ му/ѝ се допаѓа ова.