Мене ме мачи веќе долго време нешто,па се решив да пишам тука,можеби некој ќе ми даде добар совет. Пред една година запознав еден дечко,и се почна совршено. Се однесуваше како да сум принцеза,ми угодваше за се.Бевме заедно месец дена,но проблемот беше дека јас не чувствував ништо за него. Ми беше преубаво ,но не сакав да го искористам тоа и затоа му кажав искрено дека не сакам да го повредам ,и дека не знам дали ќе се појават некогаш чувства..После тоа јас се разочарав од една негова постапка,мислејки дека сето тоа беше само манипулирање и лага колку само да ме искористи. Му се налутив ,го блокирав,избришав број и една година не се слушнавме воопшто. Во меѓувреме јас не можев никако да заборавам на него,скоро 8 месеци..Кога решив дека е крај со него и дека морам да продолжам напред,повторно ми пиша кажувајки приказни дека тогаш ме саакал и дека сакал пак да биди со мене.... После долго убедување ,се видовме конечно..Прекрасно беше чувството да го видам повторно,прекрасен беше денот со него поминат.Скоро совршен.Ми призна дека не чувствувал исто како лани ,но сепак имал некои чувства..Го прифатив тоа,со оглед на тоа дека имал друга женска во меѓувреме..Другиот ден ми рече дека не сака да биди со мене.Дека веќе не е тоа тоа... Премногу ме погоди тоа што го рече,бидејќи јас почнав да имам чувства за него и тоа му го кажав,но како да не беше важно тоа. Поминаја два,скоро три месеци ,но никако не можам да го заборавам..Се решив дека вреди повторно да пишам и да се потрудам за него,како што тој правеше лани за мене..Се уште не ми одговорил конечно,вели дека не сака да оди против него ,но не сака и да ме повреди...и дека не се исти чувствата,но можеби е скриено негде во него.. Не знам дали вреди да сум упорна,бидејќи премногу ми значи,беше предобар со мене,а сега е ладен.. Премногу ми е тешко...Како да ги поправам работите не знам...Дали вреди да му кажувам какви чувства имам кон него...
Јас мислам не. Остави што било да остане во минатото, за се што завршило си има причина за тоа. Не ги форсирај работите кога очигледно не сте еден за друг, само можеш да бидеш повредена. Поминало многу време, дури и да имало љубов или некој вид занес, нормално е да се оладат работите, луѓе сме а времето чуда ни прави. Знам дека ти е тешко, но мислам дека ако расчистиш со самата себе дека тој е само минато и дека не треба да мислиш на него, туку да гледаш напред, ќе ти биде многу лесно и да го оствариш тоа. Верувај така ќе биде подобро. Подобро нов почеток, отколку закрпување стара и неуспешна љубов. Ти држам среќа.
Се согласувам со Lovely93, според сето ова што го напиша и јас мислам дека треба да свртиш нова страница и да почнеш нешто ново, наместо да губиш време обидувајќи се да обновуваш стари работи. Мислам дека и двајцата не сте сосема сигурни во вашите чувства. Ова некако вака ми иде Јас те сакам тебе, ти ме сакаш мене, јас и ти се сакавме, но не во исто време Ова треба многу да ти каже: Се уште не ми одговорил конечно,вели дека не сака да оди против него ,но не сака и да ме повреди...и дека не се исти чувствата,но можеби е скриено негде во него.. За да не бидеш повредена, мислам дека е најдобро да го оставиш минатото таму каде што припаѓа.
newme со сила убавина не бидува. Мислам дека треба да го оставиш на мира, да почекаш... Ако тој навистина чувствува нешто кон тебе ќе ти пише, ако не почни нова страница од твојот живот.
Што ќе биде потоа? Луѓенца морав да се исповедам вака, ве молам доколку некоја имала ваква случка нема ми каже мислење.. Значи идеме со дечко ми 1 година и 9 месеци а во Декември тој мора да оди во Америка со мајка му за да може да добие виза треба да седи таму 2 години, да не искочи од Америка..Од друга страна кога зборевме не е уште одлучено ама колку што знам и двајцата сакаме да останеме во врска со тоа што јас во Септеври би одела во Америка..дотогаш би поминале 8 месеци..На него само му претставува проблем тоа што јас би искачала и да не сум се мувала со друг..Му објаснив дека искрено не чувствувам потреба за мување или гледање со друг поради тоа што го сакам него, поради тоа што едноставно на 10000 начини ми покажал колку ме сака и колку му значам и има некои работи кои никогаш нема да можам да ги заборавам(во позитивен контекст)..Толку ми значи што стварно не ми иде у глава да се мувам со друг и слично..Од друга страна тој ми е прв дечко, прва личност на која можам се да и кажам, прва личност за која би направила се, толку ми значи што искрено незнам дали ќе можам да го издржам неговото отсуство..Уште сега ми е премногу тешко, а можам да замислам како би ми било потоа..На нова година нема да е тука, кога ќе правиме 2 години пак нема да е тука за мојата матура исто нема да е тука и тоа многу тешко ми паѓа..
Што ќе биде потоа? Имам искуство со тоа што дечко ми е отсутен. Секако дека не е лесна одалеченоста, тешко е. Да, постои интернет ама не е исто. Дека нема да издржиш, ќе издржиш, ќе бидеш со другарки, ќе се дружиш, е само ако нема големи испади на љубомора и ако не се осеќаш како загушена. А чекај не те разбрав и он мора таму 2 години без враќање или само мајка му? Како и да е ако навистина го сакаш толку, тогаш ќе издржиш, ќе се слушате, на скајп и ќе ти помине времето.
Што ќе биде потоа? И он треба да седи 2 години..Инаку мене ми зависи од тоа дали матурскиот испит ми е во јуни или август..пошо јас незнам едни едно ми викаа други друго после откога ќе го положам тоа би идела и јас..
Што ќе биде потоа? Матурата е во јуни, само треба да научиш убаво за да положиш. И ако идеш ти кај него, тогаш уште побрзо ќе ти помине времето, само опуштена треба да бидеш, без напнатост и љубомора од двете страни.
Што ќе биде потоа? ^^Матура полагаш во јуни, а доколку не ја положиш , тогаш во август. Ама да се одеше така лесно во Америка како што си планираш ти, сега сите ќе одеа...
Епа и јас имам проблем И искрено ми треба совет бидејќи во случајов сум на два ума. Уште летоска почнав да чатувам на фб со еден тип кој доста ми е симпатичен. И се као демек кафе а никако да испадне. Разманивме броеви и нормално ко женско мислев дека ќе се јави, ама ете не се случи тоа. Уште пред да размениме број цело време како да целеше кон тоа јас да го поканам да пиеме кафе.. Цитирам: Ајде па чекам да пишеш да пиеме кафе. И незнам кој црв ме тераше вчераа го начекав онлине и му пишав, имаше најнормален однос. И нормално го спомна кафето но овојпат со негов додаден епитет ИСТОРИСКО кафе. Правевме подолго време муабет, имал долга врска раскинал пред некое време итн итн. И пак ми рече пиши кога сакаш ќе пиеме кафе... И јас мн отворено му кажав дека мене ми е незгодно и немам храброст јас да го викнам.. И тука следеше као демек па не јадам јас луѓе пиши кога сакаш, нема зошто да ти е незгодно. И пак остана на ова. Сеа мене двата ума ми се следниве. 1. Дека не е заинтересиран и тоа е тоа ја можам само да си сонувам дека ќе излеземе. 2. Да почнам да ги земам работите во свои раце да му пишам и да целам кон тоа да се запознаеме па понатаму што биде нека биде. Благодарам за светите однапред.
Незнам што му е финтата, но тој ако толку сакал самиот ќе те поканел на кафе нема тука некоја филозофија.
Што ќе биде потоа? Duffi лесно се иде ама тешко се останува..ама по тоа што се распрашав мислам дека и за да останам имам можност..инаку фала ви за оваа информација..
Што ќе биде потоа? Неможеш да останеш, тоа е многу тешко. Треба прво да почекаш он да ги добие сите документи и да се среди па ти да одиш.
Епа тоа ми е мене првпат вака ми се случува и искрено незнам што да правам, од една страна си велам дека немам што да изгубам а од друга се прашувам зошто воопшто се замарам... Стварно незнам што да превземам и дали воопѓто да превземам нешто
Е тоа штом до сега не се случило нема ни да се случи се кладам во што сакаш. А ем јасно му објаснив дека ми е незгодно јас да го викнам стварно незнам... Мн лошо.
Дечково е од оној тип на луѓе,препотентни и со его. И да,неговото его не дозволува да те покани за кафе,дека смета тоа е понижување за него.И очекува да попуштеш,со што ќе му го набилдаш егото. Искрено ако тој гаел чувства кон тебе,ќе те поканел..
Дали мислит дека може да се простиш после помалце од месец дена од како сме разделени? Го сакам многу и знам дека ме сака, сите другари негови и братучед му што живеат у иста куќа го немаат видено, вчера братучед му се видел со мајка му кажала дека многу работел....Знам дека ја сум крива и го повредив и не знам што да направам....Му се извинив 100 пати на маил ама џабе(дека тел не уклучува никако а нема нов број, стално коа нејке никој да чуе така праи) и кога живеевме заедно стално беше недостапен, ама барем се глеаше со другарите и братучед му, преку мене го добиваа нормално....И сега што можам да напраам....please ppl