Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Celebrity3

    Celebrity3 Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    На крај краева ќе се омажам колку само да добијам и после 2 години ќе се разведам..ако ништо друго неможам да направам..
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    За тоа треба да бидеш 100% сигурна.
    Тоа е голем чекор и треба многу добро да размислиш, а после со дечко ти убаво за се да.разговарате.
     
  3. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Види, може грубо ќе звучи, ама ти се уште си многу млада и не дека нема да издржиш, ниту пак дека нема да можеш да живееш без него, но со тек на време ќе се навикнешп на неговото отсуство.
    Инаку да, ти можеш да отидеш во америка ама нема да можеш да останеш. Евентуално да упишеш студии таму, меѓутоа сепак голема ви е одалеченоста.Дај му време на сето ова.Па како ќе биде нека биде.
     
  4. babibaby

    babibaby Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    Имам еден проблем со дечкоми... во врска сме 3 ипол години а на почетоткот од врската направив некои не промислени работи кои ми ги прости... но пред еден година направив уште едно нешто што него го повреди... Отидов на кафе со дечкото на сестраму без он да знае.. бидејќи дечкоми не и ја одобруваше врската на сестраму затоа го направив тоа без да му кажам... по некое време сакав да му кажам ама сетраму и дечкои раскинаа... па денеска направив глупост и му кажав зс неможев да издржам да кријам повеке.. и ми се разлуте :/ незнам што да направам за да ми прости... нешто што највеќе мрази е да му работат зад грб а токму тоа јас го направив... му се извинив го замолив да ми прости ...ама некако ми е страв незнам што уште да направам знам дека уште се лути се плашам дека нема веќе да ми верува ? ве молам за совет што повеќе да направам за да ми прости
     
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Убаво од твоја страна што сепак си му признала, тој сигурно ќе го цени тоа... Можеби сега е лут, бидејќи тоа го повредило многу, ама бидејќи сте во подолга врска, добро се познавате еден со друг, веројатно по некое време ќе се смири....
     
    На babibaby му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139

    Си погрешила ито многу. Тоа и сама си го знаеш. Види нешто купи му не мора нешто многу нека биде мало ама да го зиненадиш. Отидете на некое место кое најмногу го сакате и двајцата.. малку романтика таму.. па незнам што друго..штом ти простил неколку работи сигурно има меко срце и добро се познавате еден на друг не се малце 3 и пол години врска ..
    Можеби малце ти помогнав :*
     
    На babibaby му/ѝ се допаѓа ова.
  7. babibaby

    babibaby Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6

    пробелемот е што јас секогаш знам да претерам и дури ми рече да размислам дали јас стварно сакам да бидам со него ... мн пати му погрешив и тоа без размислување ама дури од коа ќе го направам сваќам дека него највеќе го повредувам... ми рече како ќе било и он од сеа да одел на кафе со која ќе му текнело како ќе ми било мене ... а јас не ни сакам да помисламмм .. а не сакам да го изгубам зс без него неможам, неможам да замислам да бидам без него и ако му го кажам воа мн пати му го имам кажано ама мислам дека нема да ми верува... се плашам дека ќе ја изгуби доврбата коа го прашав дали ке ми верува ми рече ти што би направила на мое место... и јас му викам незнам ... валјда ќе ти верувам зс ти ми го кажа а не некој друг вика епа тогаш и јас ќе те верувам ама мислам дека не беше искрен знам дека е многу повреден и лут можеби поарно ќе беше никогаш да не му кажев ама неможев да го кријам не се чуствував убаво а вака малку полесно ми е што знае ама се плашам во идниа дека повеќе ќе верува на други од него мене ...:(
     
  8. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139


    Знам те разбирам како ти е и мене ми се има десено такво нешто. Ние женските многу брзаме. Предолг ни е јазикот. Можеби некогаш ќе е подобро да почутиш од колку да кажеш све ти мислиш дека е подобро да кажеш, а уствари грешиш сама си созаваш проблеми. Ќе се среди све, направи како што ти кажав погоре. Мислам дека нема ништо да погрешиш. Срце ти посакувам среќа :* па кажи што ќе направиш да не те мислиме :)
     
  9. babibaby

    babibaby Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    Фала ти многу :* ке напавам нешто само ќе биде тоа другата недела зс сега не е тука на терен е а мислам уште подобро дека е таман ќе помине време и бар малце белки ќе му помине лутината... па коа ќе дојде ќе му непаравам некое изненадување :*
     
    На zaljubena18 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    А бре јас се нервирам кога ќе видам вакво нешто, а не па тој дечко ти златен што го имаш, и што ти ги простува сите глупости што ги правиш.
    Немаш ти проблем со дечко ти, имаш проблем со себе, не знаеш да го цениш тоа што го имаш покрај себе. Што мислиш? Уште колку пати ќе ти прости? Уште колку пати ќе ти прогледа низ прсти? Зарем не размислуваш ни малку како му е? На кафе со дечкото од сестра му???? Божеее!!!
    И сама кажа дека нема да ти биде сеедно ако тој излезе на кафе со некоја, тогаш зошто излегуваш ти со некој?
    Не велам дека е страшно што си испила едно кафе, но во очите на дечко ти тоа изгледа многу поинаку, верувај, разнишана е довербата,а тоа и сама знаеш, не е нешто што лесно се добива, но затоа лесно може да се изгуби.
    Па и во краен случај, што ѓавол те натера бре, после една година да му кажеш?? Сама си комплицираш.
    Извини што те искарав, можеби бев груба, но ако ти прости и овој пат, искористи ја главата следниот пат пред да направиш било што!!! :!: Не е фер бре, не дозволувај да го изгубиш поради своите непромислени постапки!
     
  11. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Со дечко ми од време на време знаеме да си искоментираме за некоја типка, нешто ко у стил еј леле оваа е убава, еј големи цицки има :D ама секако, тоа не ни е никогаш тема на муабет, туку онака само, ако понекогаш искоментираме. Јас немам никаков проблем со тоа, ама од таквите коментирања и други муабети, сфатив дека јас едноставно не сум „девојката од неговите соништа“. Немам црвена коса, тетоважа, не сум презгодна... + периодов сум поприлично напната заради факултет и многу други работи, па можеби и не сум најзабавната личност за дружење... и, пред некој ден излеговме, јас не бев баш расположена заради проблемите што ги имам. Сретнавме една негова другарка и луѓе не знаете како ја изнагушка. А имаме правено муабет за типката пред неколку месеци и он тогаш не ја знаеше лично. Значи... поентата ми е дека, познавајќи го дечко ми и неговиот „говор на телото“, нешто ми кажа дека оваа типка му е посебно симпатична. И типката беше расположена, зрачеше, а јас бев тажна и се мислев како да си ги решам проблемите.. Си направив некоја споредба и ужасно се осеќав. Не е проблем толку типката, туку толку колку што мене самодовербата ми падна на 0. Поминаа неколку дена од ова и јас не можам а да не се понашам чудно пред него. Цело време ми се врти во глава: Џабе што ме сакаш, кога тебе повеќе ти се свиѓаат други девојки, тебе ти е побитно да покажеш дека имаш згодна другарка отколку дека си со мене ако не сум ти привлечна тогаш ова, она бла бла. Е сега, ви пишувам за да ми кажете 1. ако сметате дека моите маки се оправдани, што да правам, дали да го направам малце љубоморен за да го потсетам што има и што ќе изгуби и 2. ако мислите дека само преувеличувам и се занесувам, да престанам да го правам тоа :D
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.036
    Допаѓања:
    134.427
    Фреја, ај вака утрински со кафе да си направиме муабет.
    Исто и мојот дечко, гледа по жени и коментира. И не можеш да не коментираш, кога и јас се вртам да изгледам некоја со добра нога или убави ци*ки, па ги коментираме. Или пак со некои ектремни хулахопки, или тетоважа на гради...И јас ги сфатив истото што и ти: не му се допаѓаат девојки како мене! Се врти по ситни девојчиња, многу помлади, со црвени или црни коси, со тетоважи, неекои даркерски облеки, тетоважи...сосема спротивни на мене. И јас бев збунета, си реков, па што бара овој со мене кога не му се вклупувам во профилот на девојки?? И го прашав :) И ми рече дека дека може не сум како девојките со кои досега бил, ама дека му се свиѓам ваква. И сега, знаејќи колку можат да бидат шкрти мажите со зборови кога ти се најбитни, јас вака си преведов у глава: тие се само за да ги изгледа од глава до пети, не за да ги сака. АКо бишите биле подобри, ке останел со некоја од нив. АКо јас сум несредена поради обврски, секако дел од тие обврски ми бил и тој за да го направам среќен. Веруј, не се мажите секогаш толку плитки да им е битен изгледот. Ти секако потруди се да му бидеш убава, ама не си ја мачи главата со глупости. Има зошто е со тебе.Некои жени се само за гледање, а некои за сакање. Биди во вторите.
     
    На Freya123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    babibaby
    Тоа идењето на кафе навистина е многу глупаво.
    Прво што си мислела кога си отишла со него на кафе, да го утешиш?
    Многу си згрешила, мораш да му дадеш време да подразмисли.
    Како и да е, по некое време ако не те побара, побарај го ти него.
    Ако мислиш пак да правиш глупости и непромислени работи не се смирувај, само џабе го разбеснуваш.
    Ако сакаш да се смириш тогаш многу подобри се, и многу да му се извиниш.
    Единствено добро во ситуацијава е што ти си му признала, а не дознал од друга особа.
     
  14. KatWonderland

    KatWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Може ке ви изгледа глупо ама битно ми е. Како да му кажам на дечко ми дека лошо се мува т.е без јазик ама да не го навредам??
     
  15. Audrey16

    Audrey16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    Постојат два начина: или ќе бидеш директна или ќе заобиколуваш. Ако се одлучиш за првиот, ќе мораш да бидеш внимателна кои зборови ги користиш и со која интонација говориш. Ако се одлучиш со вториот, гледај да паднете на тема и демек коментираш нешто (во тој фазон) ќе му дадеш до знаење дека тоа што го прави не ти се допаѓа и ќе се поправи :) good luck ;)
     
  16. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Воопшто не те разбирам што сакаш да прашаш, жими тебе :^)
    Какво е тоа мување без јазик?? А и ова, ем ти е дечко, ем се мувате... :^) Хмм...

    Како и да е, што и да сакаш да му кажеш, немој да бидеш многу директна и груба за да не го навредиш, едноставно кажи му (или уште подобро покажи му) како ти е тебе убаво и како ти се допаѓа.
     
  17. Ivoncica

    Ivoncica Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки (и момчиња).
    Мојот „проблем“ е следниов. Мојата долгогодишна врска ( скоро 6 години) заврши пред некое време, на некој начин по желба на двајцата. Не заврши мирно со договор, прилично бурно, но во секој случај во тој момент беше заедничка желба. Веќе долго време јас се осеќав изгубено во врската, не осеќав никаква физичка привлечност кон него што со тек на време почна да ја намалува и емоционалната приврзаност иако не можам да кажам дека не чувствував повеќе ништо. Тоа резултираше со слаб интерес од мене кон него и нормално на крај доведе до тоа тој да почне да контактира со други девојки, а и јас со други момчиња. Немаше изневерување, за мене сум сигурна, а 99% за него (барем тој така тврди). Веќе неколку недели скоро и да не контактираме, официјално и не сме заедно, но сеуште не е некако дефинитивно. Знам дека сеуште ме сака, но јас не сум сигурна. Се осеќам како да не ја разбирам љубовта. Тој ми беше најголема поддршка во се, за секој проблем можев да му се отворам и се обидуваше да ми помогне колку што може, ме опсипуваше со љубов, знам дека беше целосно посветен на мене. Но од друга страна, ние никогаш немавме некоја забава, нашата врска беше на некој начин досадна. Ако излегувавме, излегувавме само ние двајца, или секој со свое друштво едноставно немаме заеднички пријатели, кога излегувавме не правевме ништо забавно, едноставно бевме како досаден стар пар. Мојот главен проблем е, се плашам да продолжам понатаму иако мислам дека не чувствувам повеќе ништо за него. Тој ми беше прв партнер, поминавме низ многу заедно, секогаш беше тука за мене буквално за се. Уште во врската ми се допаѓаа други момчиња но чисто онака, физички, сега со еден од нив и остваривме некаков контакт но не помислувам сеуште да преземам некаква акција, особено затоа што и тој е во некоја слична ситуација на мојата. Едноставно не сум сигурна и си оставам време. Првите денови по раскинувањето ми беше тешко, се осеќав осамено, ми фалеше, но сега некако остана само стравот да продолжам понатаму. И тоа ме кочи. Дали вреди да ризикувам врска што многу би рекле дека е идеална со оглед на целото внимание и љубов кое го добивав од него, но во исто време јас не осеќав скоро никаква страст, се со цел да ја најдам таа страст и физичка привлечност со друг кој нема да ме третира на начинот на кој ми одговара (а реткост е да се најде некој кој така би се посветил, како тој на мене)... Се надевам дека некој поминал низ истото и може да сподели, како да се надмине стравот од промена после долга врска, како да продолжам понатаму без да размислувам што било? Едноставно пред него можев да кажам и направам се, без никаков срам, исто и тој пред мене, бевме најдобри пријатели... Инаку и двајцата имаме по 23 години (скоро 24) и на двајцата ни е ова прва сериозна врска (нормално со оглед на тоа што сме заедно од 18 години). Ниту јас ниту тој не преземаме никаква акција во моментов, нити да се смириме нити па дефинитивно да раскинеме. Не ни е прво раскинување, но дефинитивно е најсериозно до сега. Ќе ми беше многу полесно ако тој ставеше дефинитивен крај, но знам дека нема да го направи тоа, а некако ни јас не сум храбра како што пишав погоре.
     
  18. Rejch

    Rejch Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    52
    Zdravo,

    Pred nekoj den slucajno vlegov na forumot pa vidov deka mnogu pisuvaat za nivnite problemi. Sakam da go spodelam mojot problem i da ve prasam za sovet. Ima edno dete sto mnogu mi se dopaga veke 2 godini ama toj nisto ne znae, do pred 1 mesec ne me ni znaese. Go gledav sekoj den na faks ama otkako zavrsi i poretko go gledam. Mu ponudiv pred 2 meseci prijatelstvo na fb i me prifati. Nemase nisto drugo od moja strana, nitu like, komentar a za razgovor da ne stanuva zbor, se dodeka edna vecer toj prv ne mi pocna da mi pisuva na chat. Zapocna so muabet za fakultetot dali planiram master da zapisuvam, deka ne me znael, pa kade sum izleguvala bidejki ne me zabelezal do sega... Potoa sledniot vikend jas ne izleguvav i kaj 11h me prasa dali ke izleguvam i koga mu kazav deka ne izleguvam pocna da me prasuva zosto... Od toj razgovor poveke mi nema piseno, a jas ne planiram prva da mu pisam bidejki ne sakam da si pomisli deka jas sama mu se nudam za nesto. Neznam sto da mislam, dali ima nekoi cuvstva ili cisto taka mi pisuvase na chat. Epten cudno mi bese koga pocna na chat da mi pisuva bidejki moze so koja saka so taa da bide. Zbuneta sum...
     
  19. Audrey16

    Audrey16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    51
    Ако некој ти пишува на чет не мора да значи дека сака нешто со тебе. Од друга страна пак ако не го интересираш нема да ти обрнува внимание...ова може да се протолкува различно, ама јас мислам дека треба да се потрудиш да го запознаеш повеќе и да му дозволиш тој да те запознае, а после да дозволиш да си се одвиваат работите сами. Според мене сеуште сте на она "основно" ниво кога може си се свиѓате, ама далеку сте од сериозно. И немој да се потресуваш дали ти прва ќе направиш чекор или ќе му дадеш до знаење дека ти се допаѓа. Тоа не е ништо страшно, а и ние не сме веќе деца...во ред е се, само да не биде нападно :) имај повеќе храброст и самодоверба :*
     
    На Rejch му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Срцка, мое мислење е дека типот почна разговор со тебе со причина, можеби му се свиѓаш, но неможеш да бидеш сигурна, сепак ако не ти пишал има и оправдување, или пак можеби чека да види дали си загреана, пробај со лајк на некоја песна, не некоја ептен љубовна, па почекај не му пишувај веднаш, остави го како демек не те интересира. Кога ќе го добиеш првиот лајк од него па почекај некое време половина час можеби, можи да му пишиш као демек Ејјј па кајде си ти ,ново, старо некои општи муабетчиња, па потоа нека те нема едно време и тебе, ако е заинтересиран за повеќе ќе ти пише, после тоа, ако не нема потреба од напнување од твоја страна. Се што треба да биде ќе си дојде, но покажи поголема самодоверба. :*
     
    На Rejch му/ѝ се допаѓа ова.