Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски

    Како да се читам себе, но неколку години назад. Истата бројка, 6тата. Истата ситуација, монотонијата. Истата грешка КРАЈОТ. Бев, можам да си дозволам да речам во потполно иста ситуација. Искусив се низ што поминуваш и знам колку очајно ти е потребен некој што те разбира, бидејќи лесно е другарки и некои од страна да кажуваат, а сигурна сум ги има многу и во твојот случај. Имам само еден совет за тебе, кога читав во срцето ме погоди сето ова и овај совет како на родена сестра ќе ти го кажам. Страста се враќа, монотонијата се разбива. Но ако не сакаш да го изгубиш, мораш да седниш и да ги отвориш сите карти. Да му кажиш се што тука напиша, без ништо да криеш. НО, ако сакаш да ставиш дефинитивен крај, како што направив јас едноставно продолжи, немора да се јавуваш и да бараш да расчистите, ако тој ѕвони ќе најдиш сила за да не крениш, оти ако се видите, верувај, сето тоа ќе се повтори, емоции кои може да ве лажат поради една навика и страв од ВТОР партнер, еден страв и несигурност во себе и се друго. Потполно исто се случуваше и со мене раскинувавме и поради овие причини повторно и повторно истата грешка. Крајот може да биде „благослов“ ако вашето е само навика и веќе одамна сте изладени. Но може да биде пекол ако вистина постои љубов. Размисли, пред се каде се гледаш ти во иднина, ако имаш и најмал сомнеж дека ти не сакаш да си со тој човек, немој да бидиш, чекори напред и не гледај назад, оти ако се свртиш секогаш ќе најдиш можеби ситница која ќе биди пресудна да се вратиш. НО едно големо но ако имаш повеќе причини да останиш. БОРИ се со монотонијата, бидејќи секогаш во животот па и во брак идат вакви проблеми и сигурно на првата препрека од монотонија не се разведиле многумина. Верувај му само на твојата интуција и ЕДИНСТВЕНО мисли на тоа што го сакаш ти, ако не го сакаш ти не е битно дали тој е подготвен се да направи, ако ти не си во состојба да го возвратиш тоа. Верувај еден да сака малку е во врската. Позз и те молам извести ме за крајниот резултат . :*
     
    На LaraSolare и Thallia им се допаѓа ова.
  2. Rejch

    Rejch Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    52
    Fala vi mnogu za sovetite, ke se potrudam da imam poveke samodoverba :*
     
    На Audrey16 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. letaa

    letaa Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Cao feminki!
    Imam eden mnogu ozbilen problem i neznam sto da napravam so nego.
    Vaka, jas sum vo Slovenija kade verata ne e tolku bitna, znaci ima prvoslavci, muslimani, siptari, katolici znaci sekakvi. Pred 5 meseci se zapoznam so eden prekrasen covek. se viduvavme cesto i pocna nasata vrska. se bese fenomenalno,se dodeka ne stasa toa do mojte doma. On e musliman a jas sum pravoslavka. Tatko mi koga slusna zamalku da me ubie. Mi rece deka ako prodolzam da bidam so nego ke me isele na ulica. I nemozam nikako da mu dokazam deka veke religijata ne e tolku vazna kako sto bila vo staroto vreme. Toj e besen. A nie se gledame uste. Dobro mi e so nego i custvuvam deka e ljubov pomegu nas, znaci nikoj dosega tolku vnimanie i neznost mi nema posveteno. Toj saka da gi zapoznae mojte no jas mu objasniv kakva e situacijata doma i razbira. No jas znam deka koga togas ke moram da im kazam na moite i se plasam od nivnata reakcija. Tatko mi e mn lut. Mi rece deka ke me ubie. Mi e strav :( :( :(
     
  4. mici123

    mici123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    јас мислам дека сепак има врска верата..... има безброј филмови и книги што го опишуваат реалниот живот особено и во земји каде „не е битна верата“ , но сепак на крајот излегува дека има многу значење и дека кога тогаш секој ќе си побегне на својата страна.

    Јас искрено го подржувам татко ти и мислам дека треба да пробаш да се одалечуваш од тој човек, иако сум сигурна дека сега ти е многу убаво, особено кога си сама во друга држава и ти треба љубов....

    да не ме сфатиш погрешно, ама сепак мислам дека можеш да си најдеш некој од својата вера....а во други околности прашај го него дали сестра му (ако ја има) би и дозволил да биде со човек од друга вера.....

    поздрав ова е само мое мислење, о среќа што и да одлучиш понатаму....
     
  5. letaa

    letaa Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Fala na mislenjeto,
    Tatko mu i majak mu ne se ista vera pa se zaedno veke 30 godini, znaci uspevaat i takvi vrski samo znam deka e tesko i deka ima mnogu razlicni raboti no sepak... Moram da donesam prava odluka do deka e na vreme...
     
  6. mici123

    mici123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    ne velam deka ne uspevaat i takvi vrski, no treba od start da bides spremna deka kako ti taka utre i tvoite deca ke naiduvate na niza ocekuvani i neocekuvani prepreki vo zivotot za koi ke treba da bidete spremni da se soocite so niv...... nema da bide lesno veruvaj.... kako za tebe, taka i za tvoite deca pa i za partnerot

    neznam razmisli si ubavo, a na krajot na kraistata zosto da bide komplicirano koga moze da bide ednostavno......resi go brzo i na vreme
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Не се лажи дека религијата нема важност.Има,и те како.
    Сеа е само врска,а за нешто посериозно,ќе покаже заби.
    Седи си мирна и слушај го татко ти.
     
  8. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    па не сте ни толку време во врска за да одма одиш на тој ризик бе девојче.
    немој да си правиш проблеми за џабе.
    Ако беше за да ги мешаме вериве немаше ни да постојат истите.
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Каде и да си религијата е битен фактор.
    Има исклучоци каде што религијата не претставува препрека, амам во многу случаеви е.

    Мој совет е да ја прекинеш таа врска со време.
    Секој со свое нека си тера.
     
  10. supergirl333

    supergirl333 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    А зашто се брзаш со одлука. Мое мислење е дека треба да почекаш да видиш понатаму како ќе ти се одвива врската, ако успеваш добро да се криеш, па ако по некое време ви се зацврсти тогаш ќе биде друго.
    Самиот факт дека сакал да се запознае и со твоите кажува дека му значиш на дечкото, и можеби сте навистина еден за друг, и според мене не би требало религијата да ви биде пречка.
    Мој совет ти е да криеш, односно можеш и да измислиш некој друг дечко пред татко ти, а ти види во кој правец ќе се довива вашата врска. Бидејки одлуката да прекинеш не треба да биде насила и заради меслењето на други донесена, туку само твоја.
    И мојот дечко е муслиман, јас сум православна, и и јас имав слични проблеми и ми беше многу страв како ќе реагираат моите најблиски. Татко ми кога се посомнева , ми се закани дека ако е навистина така ќе ја смени бравата, ќе ме остави на улица, ќе се откаже од мене преку весник и слично.
    Тогаш јас реагирав малце невкусно, односно, му се заканив, дека не знае мојот дечко што како работи и дека ако он така ми направи и се откаже и на тој начин ми нашетети и ми го уништи животот, тогаш и јас ќе зборавам дека ми е татко и ... Не е битно што реков, поентата ми е дека, и да не ми е мене добро или да ми е, јас одлучувам за мојот живот. Поготово во мојоѕт случај , каде што татко ми е атеист, и не верува во ништо, се налути што имам дечко муслиман. Јас ги делам луѓето по карактер, и не е важно дали некој кога се моли на Бог се прекрстува или клекнува се додека верува во Бог и е добар човек. Религијата треба да не учи на добри нешта, да сакаме, да бидеме почовечни , а не да не разделува...
    Сите сме од крв и месо , и Бог е еден, сеедно како го викаме и како му се молиме...
    Се најдобро, позз
     
  11. mici123

    mici123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    како не бе бегај таму додека не се создале повеќе чувства,....после ќе биде се потрешко и потешко....
     
  12. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    149
    Не знам дали ова е соодветното место за моето прашање, но има потреба поместето го.. Значи вака.. Пред околку две недели се запознав со едно момче, кое можам да кажам ми се допадна уште на прв поглед.. До вчера си пишевме само на фб но денес се слуснавме и на тел. и некако осетив по муабетот дека тој е повеќе заинтересиран за мене, него ли јас, Инаку работиме на исто место.. Се убаво.. многу е убав добар и се... има еден проблем ( што овој случај претставува ПРОБЛЕМ само за мене, за него никако(така вели)) што тој е помал од мене 2 години :@ :@ ...навистина ми се допага многу, и многу ми е криво што е така..а вечерва сака да излезам да се видиме.. многу сакам но ме кочи единствено тоа.
    Секаков совет е добредојден.. поздрав :) :* :* :*
     
  13. kig

    kig Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    207
    нема врска што е помал од тебе 2 години .....јас мислам дека годините не се важни ..Ако ти се допаѓа дечкото излези со него.Јас имам другарки што имаат дечко помал од нив па одат со години :D :D
     
    На kika.dragan му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Зошто годините би ти претставувале проблем? А и 2 години не се некоја голема разлика. Братучед ми има жена 3 години постара од него па што :D Годините нека не ти бидат пречка ;)
     
  15. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    149
    фала мн одам :)
     
  16. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Убав помин :) Па да не известиш како помина :P
     
  17. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    149
    МНогу убаво си поминав се додека не решив да запалам цигара.... :?: :o тој не пуши и сака и јас да не пушам....еејј луѓе се налути...толку многу му сметат..но ако сака тој да биде со мене како што вели, ќе се навикне.. инаку не знам... подобро е сега на почеток да си знае дека не може да ми забранува некои работи, зошто подоцна може да биде касно.. инаку се беше суперр :) :hai: :* :*
     
    На cheetah.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Mила твојот проблем со самодовербата не е нешто што треба да го занемариш ,прво заради себе , после и заради дечко ти затоа што не може другите да те сакаат ако самата не се чувствуваш вредна за тоа . Најпрвин да кажам дека воопшто не се согласувам дека има девојки за гледање и сакање , можеби има некои за гледање што немаат никаков карактер , но не значи дека девојката под дифолт ако е убава за око не заслужува љубов . Значи се чувствувам компетентна да ти зборувам за самодовербата бидејки бев личност која собираше пари со желба да направи 7 пластични операции кога ке наполни 18 , самодоверба на нула , за да дојдам до тој степен пред некој ден да ми кажат дека посамоуверена личност од мене не сретнале . Ако од нешто си задоволна пробај да го поправиш , почни да вежбаш , промени ја бојата на косата ( јас по долги години иста боја решив да ја сменам и си се гледам себеси како по позитивна и поведра со новата боја ) , промени нешто во облеката , биди и ти девојка што кога ке се погледне во огледало ќе се чувствува секси , убаво , која ке привлекува внимание и комплименти . Секој го заслужува тоа , ама ако не поработиш на себе нема да падне од небо , ако не почнал дечко ти ќе почне да ја чувствува твојата несигурност , може да те доведе до стадиум да станеш параноична без потреба , зошто кога можеш да поработиш на себе и да се чувствуваш убаво ? Околу дечко ти не знам како да го оценам тоа ти најдобро си го знаеш , нели велиш по говорот на телото си забележила , ако навистина е така ниту јас не би се чувст вувала убаво , ама многу е можно твојата намалена самодоверба и перцепција за себе да прави да ги гледаш работите со други очи па од обично гушкање да си правиш филмчиња :D Секогаш е така кога сакаме некого се ни изгледа како big deal . Kако и да е ако си сигурна дека има нешто можеби и најдобро е да разговараш на таа тема , ама пред било што да направиш поработи на себе , секој е посебен по нешто , пробај да го извлечеш најдоброто од себе :D
     
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Леле и јас со бившиот го имав истиот проблем. Јас пушев, тој не. На почетокот ми дозволуваше да пушам, после се повеке и повеке му сметале цигарите. Еднаш испаднавме со друштво, јас сакав да запалам цигара тој ми се налути на масата никој не пушел како сум се осудила. И дома си пушев, а во негово присуство не. Го разбрав , бидејки на некои стварно им сметаат цигарите.
     
    На kika.dragan му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Па ако му сметаат нека не пуши :) Не може да ти забранува тебе. Тоа си е твоја одлука. Си пушела пред него а ако те сака ќе те сака тебе. Цигарите не би требало да бидат пречка за љубов or.. :?:
    A што ако беше обратно ситуацијата демек тој би ги откажал цигарите заради тебе? I don't think so..
     
    На kika.dragan му/ѝ се допаѓа ова.