Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    149
    Единствено нешто што можам, да го направам во врска со цигарите е да не пушам многу пред него 1до 2.. а да ѓи откажам зошто тој така сака :^) .. не.. ке се навикнее.. :D :*
     
  2. yayo

    yayo Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Нова сум на форумов девојки и очајно сакам да споделам што ми се случи и некој да ме советува
    Имам 18 години, со дечко ми сум 5 месеци, тој има 23 години , премногу се сакаме , не сме сексуално активни но имаме здрава врска која се темели на душевно склопување
    Скоро никогаш не се караме
    Почнав да размислувам во одредени насоки , па за да имам една грижа помалку го прашав да направи хив тест и премногу се навреди
    Не знам дали е до мене, ама јас стварно не гледам причина за навреда, додека тој вели дека во живот поголема навреда нема слушнато и дека со ова му докажувам колку немам доверба во него и колку не го почитувам
    Очајна сум, ве молам за совет :(((((((((
     
  3. mar.i

    mar.i Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Отворете..

    Хмм..Епа вака за темава сакам да ми кажете ваше мислње. Имам 17 год. и сакам еден што има 23год. :worried: Знам дека некои ќе речат дека е голема разликата но сепак секој има различно мислење. Тој не знае дека чувствувам нешто кон него. Другарките ми викаат да му дадам некој знак, но незнам мислам дека ќе ме одбија и дека немам шанси кај него. :worried: Што мислите што да правам?
     
  4. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Не гледам причина зошто би се навредил- едноставно тој има 23 години и менувал сексуални партнерки, а ти си невина. И не само хив- тест, секое машко би требало да направи повеќе тестови во врска со квалитетот на спермата, СПБ и секако хив. Незнам зошто кај нас е општо прифатено дека само жените треба да одат на гинеколог- си има соодветен лекар и за половиот систем на мажите. Ама ајде да не излегувам од темата.
    Причина за навреда нема, ти внимаваш на твоето здравје и тоа е сосема во ред, објасни му го ова што го напишав погоре, причина за лутење и навреди нема, тој пред се тоа би требало да го направи за себе. ;)
     
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Апсолутно никакво право нема да се налути. Се работи за твоето здравје, а доколку не сакаш да ризикуваш немој да правиш исклучок и држи си се до твоето барање и мислење. Нормално дека он со неговите 23 години имал повеќе сексуални партнерки. Иако во сексот нема правила, и со една само да бил можно е да префати нешто. И од еднаш и од прв пат се случуваат несакани работи. Реално, ако самата не си го чуваш здравјето никој нема да го направи тоа за тебе.

    Е сега освен ако твоето прашање или барање било во навредлива конотација, што не верувам.

    Како и да е, обиди се да му објасниш. Дека едноставно ти не си искусна и не знаеш како идат тие работи. Седнете разговарајте. А ако продолжи со однесувањево тогаш размисли со каква личност си имаш работа. Сепак сте само 5 месеци во врска и сигурна сум дека не сте нешто премногу блиски и поврзани. :)
     
  6. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Отворете..

    Па кажи нешто повеќе.Од каде го познаваш?Доби ли повод за вакво нешто?Зборувај-па ќе добиеш совет! :)
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.232
    Ама битно душевно се склопивте. Оттаму оваа недоверба, нели?!

    Ок е секој да се грижи за своето здравје, доколку е основана грижата... ама праноја е тотално непотребна работа.
    Мислам да бидеме реални како функционира светот. Не верувам дека сите луѓе носат негативен тест од ХИВ не постар од 6 месеци со себе или дека ова го прават сите луѓе или парови, особено не пак такви кои ДУШЕВНО СЕ СКЛОПИЛЕ (леле ќумрам :D ).
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Немој, уште си млада :rofl:
    Јас мислам дека требала и тест за хепатит да му побара да направи, за да се склопат уште повеќе.
    А за да биде љубовта уште поцврста и ренген снимка нека направи на цело тело, што знаеш, може има метална шипка во главата или пенисот, па ако треба да летаат со авион за меден месец, ќе им титка тоа машината кога ќе поминува за проверка.

    Ама да бидам реална, во денешно време мора да се биде претпазлив, ама па кога не требало, сексуално преносливите болести не постојат од вчера. Затоа кога запознаваш некој и кога си сигурна во него, ќе му веруваш. Ако не си доволно сигурен во некого имаш решение-презерватив, тако зван кондом (има потреба за топол дом :rofl: )
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Најпрво треба да поработиш на својата самодоверба, затоа што ти од старт заземаш негативен став: мислам дека ќе ме одбија и дека немам шанси кај него.
    Ако сакаш да успееш кај него, мора некако да му дадеш до знаење дека ти се допаѓа, од кај знае тој ти што мислиш??
     
    На mar.i му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Мое мислење е дека секој сексуално активен човек треба да оди на преглед и да е свесен за ризиците кои ги носи сексот. Како што жените одат на гинеколог и се грижат за своето здравје тоа треба да го сторат и мажите.
    Објасни му дека тој преглед е пред се` за него,па за тебе како негова идна партнерка.
    Биди истрајна во одлуката,мене твоето размислување ми е за поздрав.

    Не гледам како твоето барање го навредило и воопшто не се работи за прашање на доверба. Се работи за грижа кон самиот себе. Ако некој сака да е сексуално активен треба да ги преземе и ризиците кои ги носи сексот.

    Инаку во Хера ,има бесплатни и анонимни тестирања за полови болести,плус можете заедно да разговарате со стручно лице што ќе ве посоветува и ќе му укаже дека кога станува збор за здравје нема страв,срам и доверба. http://www.hera.org.mk/
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  11. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.628
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Tи не кажа дали си била интимна до сега,посебно ако не си,тогаш имаш поголема причина да се грижиш за здравјето,и баш убаво што така размислуваш оти сексот не е само задоволство туку и одговорност треба да се превземе.Aко одбива да направи тест стварно би било сомнително одкаде да знаеш кој што носи во себе што викаат од прељубници нико није сигуран :wasntme:
     
  12. mar.i

    mar.i Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    па еве му лајкнав некои слики а тој мене ми нема ни една лајкнато..:/
     
  13. lalitas

    lalitas Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    епа ако често се среќавате, погледни го и насмевну му се онака за кратко, ако тој ти врати со некој знак тогаш ок, ако не пак ок..
    не се случува се наеднаш, може ќе ти врати само треба да почекаш..
     
  14. mar.i

    mar.i Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    okey ..:)
     
  15. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    А мислиш дека тоа е паметно да правиш затоа што он така сака? Јас мислам дека тоа е огромна грешка бидејки доколку еднаш успее да те победи тогаш утре ке бара нешто друго и се така до недоглед. Тоа ти е исто како кога еднаш ке му дозволиш да ти залепи шамар потоа ќе го кркаш ќотекот секој ден.
    Мој совет пуши онолку колку што ти се пуши а него ако му смета покажи му ја ратата, или пробај тој да се откаже од нешто заради тебе и ќе видиш дали ќе го направи тоа. Него машкиве ќе најдат будали и наивни девојки па си се играат со нив како што сакаат и што е нај трагично кога ќе им здосади изживуванјето ќе ги шутнат.
     
  16. Venera.13

    Venera.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    А зошто баш и не пробаш да се откажеш? Ете полесно ќе ти биде бидејќи тој не пуши. И не биди сигурна баш дека ќе се навикне јас се откажав од цигари, а мојот дечко пушеше,некое време ми беше ок но потоа како што си поминуваше времето почна да ми мириса неподносливо неговата облека, коса,соба, уста со еден збор душата му мирисаше на цигари и фино лепо му кажав дека неможам тоа да го трпам дека ми е одвратно и не ми е убаво и виде не виде си ги остави и он цигарите ,плус му бев најјака подршка и малце полесно ја помина таа борба. Така да пробај доколку сакаш да ги оставиш или ти е во план ете ти прекрасна шанса.Со среќа ;)
     
    На kika.dragan му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Мислам дека нема потреба ти да се одкажуваш од нешто, посебно не уште веднаш. Штом уште сега се дрзнува да ти наредува, ќе сака секогаш да доминира, ако му попустиш уште сега тешко на тебе ќе бидне. Сега бара цигари да оставиш, па ќе почне да му смета како се облекуваш, па ќе му смета што излегуваш со другари, одкако ќе се одделиш од нив, ќе му сметаат и другарките па и без нив ќе останеш . И кога ќе се освестиш ќе сватиш дека си изгубила доста време.
    Оваа не го зборувам на памет познавам ваков пар, се почна со тоа не пуши и не пиј.
     
    На kika.dragan му/ѝ се допаѓа ова.
  18. misel23

    misel23 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    10
    Бев девојка која што секогаш велеше дека нема да се смени поради некого бидејќи некој ако те сака ке те сака со сите твои доблести и мани... Но се појави он му сметаше што пушам му сметаше со имам мушко друштво му сметаше што знам со саати да пијам кафе со другарките што многу сум седела на фб... И замислете сакав ова да го сменам се заради него а он имаше секогаш некоја замерка... Вчера не беше цела ноќ достапен дури во 5 часот наутро и тоа уште он навреден бидејќи јас не сум прашала што се случува туку веднаш сум направила свој филм... Толку се чуствувам бедно очајно уништено и цел ден не се ни потруди да ме побара и да каже нешто ке полудам навистина ке полудам!
     
  19. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Бидејќи е навикнат да му угодуваш. Смени го тоа, или ќе почне да се труди околу тебе или не ти го ни треба.
    Ќе научиш да си без него, и подобро ќе ти е. Тешко е, но посреќна ќе си.
    Кога некој не го цени сето онаа што некој го прави поради некој друг тој некој
    и не ти го ни треба.
     
  20. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Ма откачи го и око да не ти трепне!
    Ми изгледа како тотален кретен дечково вака како што го опиша, и нема потреба да се чувствуваш очајно, едноставно не може бре да му смета се` што правиш, па всушност ти и ништо лошо и погрешно не правиш... Му смета што со саати пиеш кафе со другарките? Што седиш на фб? Што имаш другари?? |(
    Не менувај ти ништо, само смени го типот и решен проблем, тој е некој посесивен примитивец на кој тешко дека ќе успееш да му угодиш! ;)
     
    На dushiche му/ѝ се допаѓа ова.